IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Понижениот Крал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Понижениот Крал

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Понижениот Крал
    Испратена: 22.Април.2011 во 21:40
Драги мои,

Кога во умот ќе ни светне поимот крал веднаш помислуваме на некој од династијата на Луј или пак на англиското кралско семејство. Вообичаено кралот е човек опкружен со сјај и раскош, богат и славен, седнат на неговиот престол каде сите поданици се поклонуваат на Неговото Височество.

Но, ако сите други денови во годината светските кралеви уживаат внимание и почит во земјите каде владеат но и пошироко, денеска е посебен ден и би сакал на овој ден на Велики Петок да размислуваме за Понижениот Крал- Исус Христос, Кралот над кралевите, Синот Божји Кој се отелотвори и беше понижуван низ Неговиот живот се до смртта, па и по смртта.

Поранешниот даночник Матеј во неговото евангелие во кое го опишува животот на Исус, во 27мата глава, во стиховите од 27 до 31 дава ваков опис за дел од страдањата и понижувањата на Богочовекот: ,,Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници. Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка. Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: ,,Здраво, еврејски царе!’’ Го плукаа и со трската Го удираа по главата. Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го одведоа на распнување.’’(Матеј 27:27-31).

Станува збор за Кралот над кралевите, драги мои. Зборуваме за Месијата Кого Изралеците со векови Го чекаа. Пред нас стои Оној Кој беше ветен веднаш после Падот. Оној преку Кој е создадено се, Оној Кој има право повеќе од сите светски владетели да седи на највисокиот трон. Безгрешниот, Светиот, Предвечниот Син Божји. Да, да токму за Него зборуваме. Оној Кој стана човек и Кој живееше како еден од нас, Кој ги исцелуваше болните, на слепите им го враќаше видот, на грешните им нудеше прошка. Зборуваме за Спасителот на светот!
Оној Кој имаше целосно право да осуди и да отфрли, Оној Кој можеше сосема со право да се подбива со нас додека гориме во вечниот оган, токму за Него ви зборувам денеска. Но, наместо да се подбива Тој дозволи со Него да се подбиваат. Наместо да отфрли, Тој дозволи да биде отфрлен. Наместо да осуди, Тој прифати да биде осуден. Токму за Него и за Неговите понижувања и страдања сакам да размислуваме денеска. Велики Петок е ден со Величествена порака за сите нас. Да не дозволиме да се претвори во само еден ден во кој вршиме некакви ритуали, без суштина, без содржина и без смисла. Каква порака ќе ни упати денеска Бог преку Неговото Свето Писмо? Која е поуката за нас од Христовите понижувања? Ова нема да биде само едно прозаично дело кое естетски убаво ќе изгледа, туку ќе биде дело во кое ќе биде вткаена пораката од Бог до тебе, пријателе/пријателке. Што за тебе лично значи Христовото понижување?

Најпрвин, зошто Христос беше понижуван? Зошто Синот Божји, без трошка вина на себе, без ниту еден грев сторен во својот живот, сепак беше понижуван, страдаше и умре распнат на крстот? Зар не треба да добие слава овде на Земјава како еднаков на Небесниот Отец? Зар не треба Безгрешниот да живее во изобилство, во мир и величествие какво што доликува на Син Божји? Зошто воопшто Бог дозволил Неговиот Единороден Син да страда и да умре во мизерија, напуштен од сите? Зар не требаше Бог да се грижи за Него? Зар не можеше Оној Кој е Семоќен да се одбрани од сите напади? Зошто сите маки? Зошто сите клевети и понижувања? Зар Кралот дозволи да биде понижуван?

Зошто сево ова? Зар мораше да биде вака?

Навистина, не мораше да биде вака! Христос не мораше да умре, Христос не требаше да умре! Според Светото Писмо платата за гревот е смртта, а Исус беше безгрешен па следствено на тоа Тој не мораше да умре. Како Син на Творецот на Универзумот, Исус можеше да живее на најубавото место во Универзумот, или можеби и надвор од истиот. Или ако веќе реши да дојде на Земјата требаше да го има највисокото место, над сите земски владетели. Кога веќе реши да живее во Израел, Тој сосема со право можеше да побара и да добие место на Цар на Евреите и нивен Првосвештеник. Наместо земни телохранители можеше да има на располагање цела гарда со ангели кои соврешно би го заштитувале Неговиот телесен и морален интегритет.

Сепак, наместо сиот овој сјај и слава, Исус ОДБРА да живее како сиромашен дрводелец, да се мачи да оди од град во град и од село во село. Наместо да седи на маса со Римскиот Император, Тој одбра да биде понизен и дури во една ситуација да им ги измие нозете на Своите ученици. Наместо да биде обожуван од сиот народ, Тој прифати да биде отфрлен речиси од сите.

Стои сеуште она моќно прашање: ЗОШТО???

Пријателе, пријателке, ако сакаш да ја видиш вистинската причина поради која Исус прифати да живее вака а не онака, те молам земи огледало и погледни во него. Она што ќе го видиш таму е причината за Христовите страдања и смрт. Да! Исус умре за тебе. Ме замени мене и тебе. Ја плати казната која ние ја заслужуваме. Преку Сопствената смрт Безгрешниот ни подари нам грешните живот вечен. Исус ја зеде на Себе вината за гревовите на грешниците кои реши да ги спаси од пеколот кој го заслужуваат.

Ете што сторија нашите гревови. Ако сакаш да видиш што сторија твоите гревови, те молам прочитај го текстов уште еднаш, полека и со целосно внимание: ,,Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници. Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка. Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: ,,Здраво, еврејски царе!’’ Го плукаа и со трската Го удираа по главата. Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го одведоа на распнување.’’. За подобра визуализација на текстот можете да го погледнете овој извадок од филмот The Passion of the Christ http://www.youtube.com/watch?v=fKy8mop7h34

Се започна во градината. Адам и Ева живееја во совршена Рајска градина која Бог ја посади и во која ги постави да живеат и да Му бидат понизни и верни. Смееја да јадат од секое дрво од градината освен од дрвото на познавање на доброто и злото. Се им беше дозволено освен тоа. Им одолеаа на искушенијата на Сатаната, му поверуваа дека ќе станат богови доколку јадат од забранетото овошје. Наместо да останат среќни поданици на Кралот, тие сакаа да станат кралеви. Наместо да Го љубат својот Бог, тие решија да станат богови. Оттогаш па наваму човековата историја е напишана со гревови. Наши и на нашите предци.

Зар не ти тежат гревовите пријателе? Зар не чувствуваш вина, пријателке?

Нашиот Бог е Бог на нови почетоци. Наместо да го отфрли Адам и Ева засекогаш и да им го даде заслуженото место во пеколот, а со нив и целото човештво, Милостивиот Бог даде Нова можност, нов почеток, нов старт. Откога Адам и Ева паднаа на искушението и згрешија, Бог вети дека од нивното потомство ќе произлезе Спасителот, Семето на жената Кој ќе се спротивстави на Сатаната и ќе го победи еднаш засекогаш (за ова можете да читате во трета глава од 1. Мојсеева книга (Битие)- првата книга од Библијата).
Божјиот одговор на човековиот грев не е ,,Аха, готово, еве стори грев и сега е готово со тебе. Подготви се за пеколот!’’. Бог даде ветување дека ќе испрати Спасител. Понатаму и низ другите Старозаветни пророци ветувањето за Спасителот постоеше. Во вистинското време ова ветување и се оствари. Платата за гревот е смрт. Штом некој згрешил, мораше таа казна да биде платена за да се задоволи Божјата правда. И ете, наместо мене и наместо тебе, драг читателе, Бог реши да завземе човечки облик и да ја понесе нашата казна. На тој начин, правдата е задоволена. Казната е извршена. Исус плати наместо грешникот кој верува во тоа. Наместо грешникот кој сакаше да биде крал, Кралот стана грешник и ја понесе казната за гревовите за кои ни малку не беше виновен. Наместо мизерните луѓе кои сакаа да бидат богови, Бог се отелотвори и стана сличен на нив, живееше меѓу нив и дејствуваше меѓу нив, дозволи да биде исмеван и подбиван и ја плати казната која тие и те како ја заслужуваа. Во оваа епизода од Неговиот живот, Го гледаме Јагнето Божјо понижено и измачувано. На Неговото лице, на лицето на Исус можете јасно да видите што стори гревот. Каква мизерна работа е гревот! Гледате ли што заслуживме? Гледате ли како требаше ние да завршиме? Јасно ли ни е што правиме и каде одиме? Свесни ли сме за тежината на гревовите кои ги правиме?

Кралеви и кралици кои (мислите дека) суверено управувате со вашите животи, богови и богињки кои (мислите дека) сте центар на светот, видете какви кралеви и кралици, какви богови и богињи сте вие! На вашата глава стои круна кралу, но таа круна е од трње. Твоето тело кралице е обвиткано во најубава свила, но тоа е само за да ја скрие твојата расипана внатрешност, кралице! ,,Богу’’ во твоите раце стои жезол од трска, но со него не владееш ни над самиот себеси! Богињо, мислиш дека убаво зборуваат и дека те фалат, но зар не сфаќаш дека тоа се плуканици кои ги плукаат кон тебе? Ако не беше Исус да го заземе нашето место, ете како вие ќе изгледавте! Ако Бог не интервенираше ние ќе бевме тие кои ќе беа измачувани и понижувани. Од кого?- можеби се прашувате. Одговорот е: Од гревот! Гревот е тој кој ќе ве направеше вакви кралеви и вакви богови. Понижени и напуштени, субјекти со кои ќе се поигруваше Сатаната. Фала Му на Бога за Неговата премудрост и милост, фала Му и слава Му што реши да не не остави без решение, без надеж, без Спасител.

Погледнете го понижениот Крал, вие вообразени кралеви и кралици кои го правите она кое го бара вашата грешна природа. Погледнете на Богот кој се симна да живее во мизерна околина. Погледнете и гледајте во Него вие кои сте виновни за Неговата состојба. Оној Кој се здоби со рани за ние да бидеме здрави, Оној Кој беше плукан, навредуван, исмеван, Оној Кој наместо златна круна доби трнов венец, Оној Кој наместо да биде обожуван одбра да биде прободен, предвечниот Исус Христос и Неговите страдања Ти носат порака денеска.

Драг читателу, денеска имаш уникатна можност, која ја немаат милиони и милијарди други. Верувам дека не случајно го читаш овој текст. Би сакал сериозно да ги сфатиш моите зборови, зашто од твојата реакција по овие зборови ќе зависи твојата судбина- не само од оваа страна на смртта, туку и после смртта. За вечноста се работи!

Ако не го прифатиш Исус Христос за свој Спасител во овој живот, не очекувај да добиеш вечен живот по смртта. Денеска е твојата можност. За утре ни јас ни кој било друг не може да ти гарантира. Но, ако денеска го читаш овој текст, немој да се потсмеваш со напишаното и да го отфрлаш. Размисли, што ако навистина е така? Што ако Библијата е во право? Што ќе се случи доколку утре го напуштиш овој свет, а во твоето срце не живее Исус? Ќе живееш ли сеуште? И што ќе Му кажеш на твојот Создател? Зошто не си го прифатил Неговиот подарок кој Тој ти го праќа денеска? На овој ден, кога Исус умре, прифати ја оваа порака и живеј! Не мораш ништо да правиш, не мораш со ништо да плаќаш. Никакви ритуали, никакви дела нема да те спасат. Поверувај во ова Слово, покај се за гревовите твои, и помоли Му се на Твојот Творец. Нека во срцето твое се редат овие зборови: ,,Господе, јас сум голем грешник! Многу грешев во теков на мојот живот. Денеска ти благодарам што ми ја даваш оваа можност, да научам нешто за Тебе преку овој текст. Фала Ти Боже што Го прати Твојот Син Исус Христос, да дојде на Земјава, да биде понижуван, да страда и да умре на крстот Голготски наместо мене. Јас сум тој кој требаше да ја плати таа казна поради гревовите мои. Искрено ми е жал и се каам за моите грешки. Те молам Боже да бидеш милостив над мене грешникот, поради милоста Твоја, не поради делата мои да ме помилуваш и да ми простиш. Не затоа што јас така заслужувам Боже, туку затоа што Твоето ветување во Светото Писмо е такво. Те молам прости ми за се и прими ме во Твоето Царство, во Твоето Семејство, во Твојата прегратка... прими ме како Твое чедо, како Твој слуга. Отвори ги Небесните порти и прифати ме Боже! Поради ми нов, бел лист хартија, сосема нов почеток подари ми. Со светата и скапоцена крв на Исус Христос измиј ме и исчисти ме од моите гревови. Со Твојот Свет Дух исполни ме, живеј во мене и владеј над мене Господе! Умртви ја во мене целосно грешната природа која кон грев ме води, создај ги во мене Твоите плодови, направи ме да бидам човек според ликот Твој. Промени ја Боже мојата природа, преобрази ме и со Ликот Твој сообрази ме. Целосно трансформирај ме Господе! Владеј над мене, води ме по Твојот пат на светоста и праведноста. Помагај ми во секојдневните искушенија кои ќе стојат на мојот пат. Давај ми волја и сила да живеам според Твојата совршена и света волја. Сега се предавам во Твоите Татковски раце. Сиве овие мои молби јас понизно ги испраќам до Тебе во името на Мојот Спасител и Господ Исус Христос. Амин.’’

Ова не е крајот, драг пријателе, ова е тек почеток на твојот христијански живот. Побарај Библија и читај ја редовно. Доколку не можеш да најдеш обрати ми се слободно, ќе ми биде задоволство да ти подарам примерок од Новиот Завет. Исто така, имаш он-лајн Библија и материјалите можеш да ги користиш бесплатно- http://www.svetopismo.com.mk Моли се често. Побарај и најди Црква која се држи до Библиските правила. Труди да живееш живот кој ќе биде угоден на Твојот Бог. И шири ја оваа порака насекаде. А Великиот Бог, Понижениот Крал, ќе те води и ќе те чува на твојот пат. Амин и амин!    
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 22:02
http://samarjaninot.blog.mk/2011/04/22/ponizheniot-kral/
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 00:03

 Ponizhen vo ocite na drugite lugje, no vozvisen i dostoinstven- Kral nad site kralevi - ISUS.
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 00:21

Сите горди кралеви ќе одминат, но Тој од БОГА поставен и од Срце понижен Крал - и Неговото Кралство - ќе постои засекогаш!


ХалелуЈАХ!



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 00:27
Originally posted by spiros spiros напиша:


Сите горди кралеви ќе одминат, но Тој од БОГА поставен и од Срце понижен Крал - и Неговото Кралство - ќе постои засекогаш!


ХалелуЈАХ!











ХалелуЈАХ!  големо%20гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.