|
Најдобрите шопинг центри во светот |
Внеси реплика |
Автор | |
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Март.2011 во 11:47 |
Рај за сите шопинг-зависници. Сакате ли да одите на шопинг? Колку често ги посетувате шопинг центрите? Ви ги прикажуваме 10-те најдобри шопинг центри во светот. Сигурно ќе сакате да ги посетите. 1. Istanbul Cevahir (Истанбул, Tурција) 2. Westfield London Shopping Centre (Лондон, Англија) 3. Beijing Mall (Пекинг, Кина) 4. The Dubai Mall (Дубаи) 5. West Edmonton Mall (Алберта, Канада) 6. Wafi Mall (Дубаи) 7. Tokyo Midtown Mall (Токио, Јапонија) 8. The Grand Canal Shoppes (Лас Вегас, САД) 9. Mall of America (Минесота, САД) 10. Mall of the Emirates (Дубаи) |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лондон - најдобар град за шопинг
Милано Виена Франкфурт и Антверпен |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лондон - најдобар град за шопинг
Лондон ги претрка Токио, Њујорк и Париз и ја понесе титулата град со најголеми приходи од малопродажба во 2010 година. Најновата студија, која опфати 22 големи светски шопинг дестинации, која ја спроведе британскиот Центар за истражување на малопродажба, покажа дека Лондон во текот на минатата година оствари малопродажба од 64,2 милијарди фунти (103 милијарди долари), што не вклучува продажба на храна. „Се претпоставува дека клучот на успехот на Лондон е во квалитетот и квантитеот на продавниците во британската престолнина, во комбинација со огромниот број на туристи кои престојуваат во тој град“, изјави директорот на маркетинг сајтот „Kelku“, Крис Симпсон. Во Лондон се наоѓаат вкупно 26.000 продавници во кои се нудат 138 од 250 водечки светски малопродажни брендови, според просекот од 90 брендови во останатите градови опфатени во истражувањето. Главниот град на Британија годишно го посетуваат 14,1 милиони странски туристи, што е околу четири милиони повеќе од неговиот најблизок ривал. Втор на листата на градови со најголеми примања од малопродажба, не
вклучувајќи ја храната, минатата година беше Токио со приходи од 61,4
милијарди фунти, а следат Њујорк со 47 милијарди фунти и Париз со 46,6
милијарди фунти. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголемиот трговски центар Кога Џон Сандерс и Френк Лови во 1959 година го отвориле нивниот прв трговски центар наречен "Westfield Place" во Сиднеј кој содржел само 12 продавници, два департмани за облека и еден супермаркет, тие сигурно не ни помислиле дека 43 години подоцна ќе поседуваат цел ланец, вклучувајќи го и "Westfield Stratford City" - најголемиот урбан трговски центар во Европа. За изградбата на овој сензационален мини-град беа потребни неверојатни 1,7 милијарди евра, а тој ќе содржи 300 продавници почнувајќи од "Primark", завршувајќи со "Prada" кои ќе се протегаат на неговите 176,500 квадратни метри. По исцрпните прошетки и шопинзи низ огромните продавници, уморните потрошувачи ќе може да седнат во едно од седумдесетте кафулиња и ресторани, вклучувајќи ги и "McDonald's" и "Burger King", а тие ќе може дополнително да се забавуваат во 3D кината, огромната куглана со 14 патеки за куглање или пак да се обложуваат во казиното "Aspers" кое ќе биде најголемо казино во Британија. За оние кои нема да успеат да го обиколат целиот трговски центар за еден ден, ќе постои можноста да преспијат во една од 617-те соби кои се дел од хотелските услуги на луксузните "Holiday Inn", "Staybridge Suites" и "Premier Inn". Отворањето на новиот трговски центар следува по изненадувачкиот успех на центарот во Вестфилд Лондон кој беше отворен во 2008-та година и во првата година привлече 23 милиони посетители, а неговиот раст годишно се зголемува за 20%. Свеченото "сечење на црвената лента" ќе се одржи денес, а на оваа церемонија ќе настапат ѕвезди како Пикси Лот и поранешната членка на Пусикет Долс Никол Шерцингер, а среќните посетители кои ќе успеат први да влезат во центарот ќе добијат подароци од "Adidas", "Top Shop" и други познати брендови. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само 300 продавници? Исто ко во ГТЦ (скоро). Имам чувство дека таму има 5000 продавници.
Изменето од LiDivio - 13.Септември.2011 во 14:05 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобри шопинг дестинации во Европа
Рим Рим е еден од најстарите трговски центри на светот, а моден центар е веќе еден век. Сите најдобри дизајнери на светот се во Рим. Piazza di Spagna - Шпанските скали - Via dei Condotti. Најбогатата улица воедно и една од најјаките за шопинг. Продавниците на најголемите светски имиња на модата, Армани, Прада, Версаче, Долче и Габана, Гучи. Via del Corso е убедливо најпопуларна улица за римјаните и туристите затоа што може да се најде место и за вашиот џеб, а за пребирливите тука е и продавницата на Ферари, како и Сваровски кристалите. Viale Marconi – е улица за млади купувачи, тинејџери и трендсетери. Барселона Барселона се наоѓа на листата најдобри шопинг дестинации на светот и шопингот таму преставува туристичка атракција. Во Барселона постои автобус „Barcelona shopping line“, кој ги превезува патниците низ најзначајните шопинг зони во градот. Познатите домашни модни куќи Манго и Зара се натпреваруваат со другите познати брендови. Милано Престолнината на високата мода, Милано преставува една од топ шопинг дестинации. Продавниците на модните куќи Армани, Версаче и Д&Г се доволна причина за планирање на посета на овој град. Милано често пати го нарекуваат и шопинг мека, а главната причина се бројните Outlet трговски центри кои даваат големи попусти. Париз Париз е град кој е создаден за „шопинг од соништата“. Париз е најголемиот центар на модата во Европа. Имињата како Диор, Ив Сент Лорен, Шанел, Луи Витон, во Париз ги имаат своите најголеми бутици. Во градот на љубовта, може да се пронајде сè, од тренди продавници до уникатни предмети. Во Париз постојат бутици каде сè е уникатно - по едно парче, па затоа Париз е најоригиналниот град за разлика од Рим и Милано каде понекогаш сите носат тренди и исто. Виена Австрија има најголем шопинг центар во Европа - Shopping City Sud каде бутици имаат најпознатите модни куќи. Покрај овој трговски центар, Виена ја краси и убавата улица Mariahilferstrasse која е исполнета со интернационални продавници. Оваа улица е особено интересна за љубителите на накит и скапоцена гардероба. Лондон
Еден од најдобрите европски градови за шопинг, Лондон им дава можност на посетителите да шетаат по улиците Oxford i Regent и да обиколат некои од најлуксузните продавници. Исто така, доаѓањето во Лондон не може да помине без посета на најпрочуениот трговски центар на светот Harrods. Со преку 330 продавници кои се протегаат на површина од 90.000 метри квадратни, Harrods нуди сè што може да ви затреба, од храна до мебел. За гурманите предлагаме да отидат во Kemdena Camden маркетот кој уште го нареkуваат и море на забави. Толку продавници со уникатни работи, ресторани, барови, пабови, сè на едно место, а ветува и добра забава. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прошетајте низ најпосетуваниот трговски центар
Грандиозниот трговски центар во Америка годишно привлекува по околу 40 милиони посетители, по што Блумингтон, Минесота важи за еден од најпосетуваните градови. Голем број на луѓе уживаат во игрите, продавниците и оброците кои ги испробуваат тука, благодарение на многубројните продавници, кафулиња, аквариуми, па дури и забавни паркови. Во склоп на трговскиот центар спаѓа и огромен, 25 метарски ролеркостер, аквариум, 520 различни продавници и над 50 ресторани и барови. Има над 12.000 вработени лица кои се грижат за хигиената и уредноста, во кои спаѓаат и водичи кои може да ве прошетаат без да се загубите во сите атракции кои постојат. Во фото галеријата откријте како изгледала една прошетка низ најпосетуваниот американски трговски центар. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас би го вбројала Villagio Mall во Доха - Катар.
Имаше пожар во еден дел од трговскиот пред некое време, ама мислам дека сега е пак 100% во функција. Плафонот им е како небото, ќе изгубиш осет за време |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобрите шопинг центри во Европа според ИдивидиСите ние кои одиме на патување, секогаш проверуваме кој шопинг центар може да го посетиме во местото каде што одиме, за да се вратиме со некое ново парче облека. Токму затоа ви ги нудиме едни од најдобрите шопинг центри кои постојат во Европа. Овој шопинг центар се наоѓа во самото срце на Париз. Во 2009 година токму во овој центар е забележан промет од милијарда евра! Самиот центар е сместен во зграда од 10 ката, а секојдневно им нуди на своите посетители бесплатни ревии и услуги од стилисти и козметичари, кои ќе го претвораaт шопингот во прекрасно искуство.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |