IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Хокејот повторно се игра во Скопје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хокејот повторно се игра во Скопје

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хокејот повторно се игра во Скопје
    Испратена: 27.Јануари.2011 во 00:39
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 21:07
Македонија се враќа на светската хокеарска сцена

     
Во февруари треба да се одржи првото државно првенство, се најавува настап на репрезентацијата во Софија и во Сараево, а во иднина и клуб во регионална лига и националниот тим во светскиот систем на натпревари

     
Хокеарите тренираат под водство на Томислав Атанасовски
Хокејот на мраз се враќа во Македонија. Првпат во историјата можеме да добиеме машка хокеарска репрезентација, која ќе нé претставува на светско првенство и можеби некогаш и на олимписки игри. По периодот од 60-тите до 80-те години од минатиот век, кога македонските клубови настапуваа во тогашната југословенска лига, повторно се прават напори хокејот да заживее во Македонија.

- Се сеќавам кога во 1980-тите години во Скопје имаше 100.000 пара лизгалки на 300.000 жители. Лизгалиштето беше преполно со лизгачи. Хокеарските мечеви имаа одлична посетеност - вели тренерот на репрезентацијата во повој, Томислав Атанасовски.

Најбрзата игра на мраз има многу љубители во нашата земја, а доказ за тоа е сé поголемиот број млади што се занимаваат со овој спорт. Плановите хокејот да ги врати стариот сјај и популарноста постојат веќе 7-8 години. Сепак, малку луѓе кај нас се запознаени со работата на хокеарската федерација и знаат дека воопшто постои школа за хокеј.

- Не сакавме да разгласуваме за нашите планови затоа што има многу скептици, кои мислат дека не можеме да успееме. Сакавме пошироката јавност да биде запознаена во оној момент кога ќе имаме подготвени играчи што би можеле да играат за репрезентацијата и да се натпреваруваат. Сакаме хокејот да се врати на голема врата - вели претседателот на Македонската федерација за хокеј на мраз, Никола Тасев.

Плановите и целите на репрезентацијата се големи како и нивната желба и љубов кон играта.
- Планираме да имаме јуниорска и сениорска репрезентација, како и клуб што ќе настапува во регионална лига. Годинава ќе се одржи и првото државно првенство во хокеј на мраз, кон крајот на февруари, кога лизгалиштето зад салата „Борис Трајковски“ ќе биде пуштено во употреба - најави Тасев.

Според овие планови, Македонија идната година треба да игра на Светското првенство во Третата дивизија, заедно со уште некои од балканските репрезентации, како и Турција, Ерменија, и Јужна Африка. Услов за учество на светски првенства е да се одржува државно првенство две години. Постоеше можност Македонија да биде и домаќин на тоа СП, ако имаше ледена сала. Салата „Борис Трајковски“ не е предвидена за лизгалиште и не постои можност да се постави подлога за хокеј на мраз.

Многумина сметаат дека репрезентација има голем потенцијал, особено ако се земе предвид колкав е бројот на иселениците со македонско потекло што играат хокеј во Северна Америка и во Европа и кои имаат желба да играат за македонската репрезентација. Како и во другите спортови, тешко е да се најдат спонзори, а најголем проблем на репрезентацијата е недостигот од опрема.

- Тешко е да се привлечат спонзори. Сметаме дека е потребно репрезентацијата да го одигра првиот натпревар, по можност на гости за да привлече внимание. Потребен е годишен буџет од 100.000 евра, со кои би добиле првенство и еден клупски претставник во регионална лига. Половина од тие пари би оделе на опрема за играчите, која ни претставува најголем проблем во моментов. Опремата за еден играч чини илјада евра, а за голманите и повеќе. Играчите сами се снаоѓаат, многумина од нив играат во стара и некомплетна опрема. Многу е важно да добијат опрема каква што заслужуваат - додаде Тасев.

Атанасовски: Хокејот едноставно влегува во крв
- Хокејот е спортска игра со најмногу разновидност. Сé се решава во еден момент. Брзината, силата и подвижноста се елементи што се најизразени. Хокејот може да извлече скриена способност од играчот. Хокејот едноставно влегува во крв - вели Атанасовски. - Сакам да ги повикам сите што сакаат лизгање и забава, да дојдат на скопското лизгалиште. Кој ќе дојде да види, останува - се надоврза Тасев.
Се надеваме дека државата ќе ја препознае важноста на овој спорт и ќе им помогне на хокеарите да ја остварат својата желба, да ја претставуваат Македонија на светско ниво. Според нивната желба, посветеност и љубов кон играта тие секако го заслужуваат тоа.

Ветераните на помош
Репрезентацијата во хокеј на мраз планира подготовки и прв меч во Софија (Бугарија), а постои и покана за турнир во Босна и Херцеговина, во март годинава. Присуството на овој турнир зависи од тоа дали ќе се обезбеди потребната опрема. Македонија во моментов има пет млади играчи, кои се подготвени веднаш да заиграат, седум играчи би дошле од странство и заедно со поискусните хокеари, како што се Ѓорѓи Грчев, Емил Белев и Ристе Аиновски, би имале подготвена репрезентација.

Nova Makedonija
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2011 во 20:06
и Лу, како оди хокејов? среќа


размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.