|
Кањони ... |
Внеси реплика |
Автор | ||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Декември.2010 во 21:47 |
|||
Сите сме слушале и гледале фотографии од славниот Grand Canyon и неговата совршеност над конк*ренцијата. Но, дефинитивно постојат повеќе чуда од овој вид расфрлани низ целиот свет. Погледнете ги 10-те најголеми ривали на најголемото чудо од Аризона. Меѓу нив и нашата Матка. Antelope Canyon - Navajo Nation, AZ, USA Blyde River Canyon - Mpumalanga, South Africa Charyn Canyon - Kazakhstan Colca Canyon - Arequipa, Peru Copper Canyon (Barranca del Cobre)- Chihuahua, Mexico Glen Canyon- Utah/Arizona, USA Kings Canyon - Northern Territory, Australia Matka Canyon - Macedonia Waimea Canyon- Kauai, Hawaii Yarlung Zangbo Grand Canyon - Tibet, China |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
sepak...na grand canyon mu nema ramen!
.. Glass Bridge over Colorado River (Grand Canyon Skywalk...samo,...ne mi e jasno koj ti kazal deka i matkava e megju desette.... |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Матка ...си е Матка.
|
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
a shto drugo bi bila?
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
aman be, vazno e i nie imame konj za trka!
|
||||
always look on the bright side of the life!
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"На брза кањонот" .. некое сликиче и малки текст
Гранд Кањон Гранд Кањонот е стрмен кањон создаден од водите на реката Колорадо. Ова е еден од првите национални паркови во САД. Целиот кањон е долг 446 километри, широк и до 29 километри, а на места достигнува длабочина од 1,83 километри. Реката Колорадо го пробивала својот пат низ теренот речиси 15 милиони години, со што се создадени прекрасни засеци и се гледаат различните слоеви од карпи. Интересно, иако на места во кањонот не може да се најде вода, ова подрачје било населено до домородни индијански племиња кои живееле во околните пештери. Првите европски освојувачи кои го посетиле кањонот ги барале митолошките Седум Градови од злато. Денес кањонот е многу позната туристичка атракција, и многу луѓе доаѓаат да го посетат. На неколку локации има зони за кампување, а особено популарни активности се кајак по водите на Колорадо, планинарење и трчање. На Западниот Раб е изградена платформа за разгледување, основата е од стакло, и се добива впечаток дека се оди по воздух над кањонот. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Bryce Canyon - Utah - USA
Havasu Canyon - Arizona - USA |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Патување низ една од најопасните патеки во светотКлисуратата Mont-Rebei е најубава клисура, создадена од реката Noguera Ribagorçana кога таа се врзува во Sierra de Montsec – планински венец во Шпанија, која што формира природна граница меѓу провинциите Арагон и Каталонија. Тоа е единственото големо дефиле во Каталонија, кое е недопрено од пат, железница или електрична линија. Овој пат се преминува само низ тесен обележан простор што се „печати“ на ѕидовите на кањонот во 1980 година. Денес, патеката го привлекува вниманието на авантуристички расположените туристи кои се радуваат на неверојатната глетка. Ѕидовите на клисурата се високи над 500 метри во некои точки, а тоа е со широчина не повеќе од 20 метри во дијаметар. Постоел и друг делумно изграден пат, кој е изграден и отворен во 1924 година, за да се олеснат врските меѓу долината и селото во планината. Тој, сепак, бил преплавен при ослободувањето на браната. Така новиот пат е откриен во 1984 година, и се наоѓа во средината на вертикалниот ѕид и доста над максималното ниво кое би ги достигнало водите на браната. Ако тргнете по неа, ќе се восхитувате не само на неверојатна глетка, туку и ќе се судрите со бројни птици како грифон мршојадци, орли, египетски мршојадци како и многу видови на лилјаци. |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа. Кањонот Антилопа во АризонаОвој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот. Клисурата Вердон во ФранцијаКлисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна. Големиот кањон во АризонаГолемите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата. Трите мали клисури во КинаТрите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација. Кањонот Брус во ЈутаФасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар. Клисурата Тароко во ТајванКлисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта. Кањонот Вулингјуан во КинаКањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот. Клисурата Тодра во МарокоКлисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето. Бакарниот кањон во МексикоБакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз. Кањонот на реката Тара во Црна ГораКањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот. |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тиркизна долина -ова е најубавиот европски кањон Gorges du Verdon или кањонот Вердон е сместен во јужна Франција, долг е 25 километри, а на одредени делови е длабок околу 700 метри. Од француската ривиера оддалечен е околу два часа возење со автомобил, па многу често се наоѓа на листата на туристички атракции на посетителите кои патуваат во Франција. Не само што туристите имаат можност да крстарат со брод или да кајакарат по ова природно чудо, туку можат да уживаат и во неговите спектакуларни карпи кои најмногу ги привлекуваат бројните авантуристи. Прекрасната река Вердон е опкружена со варовни карпи, а можете да истражите 150 различни видови на пешачки патеки. Ова подрачје има умерена медитеранска клима, а особено е убаво во пролет, кога бадемовите дрвја ќе расцветаат и за време на летниот период кога аромата на цветот на лаванда сѐ повеќе се чувствува во Грасеу, подрачјето околу кањонот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неверојатен кањон кој долго време бил опасен за јавноста – сега е мирен, тиркизен „убавец“ кој привлекува безброј туристиСтанува збор за скриена скапоценост на Исланд која што својот неверојатен облик го добила од силното делување на реката Јокле која што е долга 150 километри. Од десната страна се пружа поглед на брдовитиот пејзаж полн со овци и локални фармери. Поради својата сила и водостојот ова место долго се сметало за опасно, па никој не одел таму ниту пак светот знаел за него. Дури по 2009-та година подигната била хидроелектрана, па ситуацијата се променила. Вoдостојот на реката опаднал, па повеќе кањонот не претставувал опасност за луѓето. Некогашната река која што со својата моќност течела низ кањонот, носејќи еден тон пластика и кал, сега е мирна, тиркизна убавица. Таа дава неверојатен поглед и доживување - поради тоа кањонот денеска привлекува многу туристи од светот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |