IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Mистериозни континенти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Mистериозни континенти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 13:47

Атлантида е на Сардинија!?!


Неколку научници се собраа во Рим за да дискутираат на едно ново откритие, според кое италијанскиот остров Сардинија всушност е изгубениот остров Атлантида.

Оваа теорија е развиена во книгата на Серџо Фрау и привлече внимание од интернационалната јавност, но исто така има и многу критики.

И покрај тоа што се продадени преку 30.000 примероци од книгата во Италија, 250 академски професори поднесоа жалба со 20 точки и ја укинаа книгата, бидејќи ја оспорувала историјата на Сардинија.


Но сепак, оваа теорија не згасна така лесно. УНЕСКО организираше симпозиум во врска со ова прашање во Париз минатата година сугестирајќи дека идејата вреди да се разгледа. Сега, многу професори, геолози, археолози, историчари се собраа во римската национална академија Деи Линџеи за подетално да го разгледаат ова прашање и да се договорат за следни истражувања.

Овој состанок беше временски погоден за презентацијата на идеите на Фрау, кој како основа за неговата книга ги става Столбовите на Херкул за да ја објасни неговата теорија.


Прв пат островот Атлантида се споменува во книгите на грчкиот филозов Платон – 427-347 п.н.е. – кој вели дека островот бил уништен од природна катастрофа, најверојатно цунами.

Според досегашните теории се сметаше дека овој остров се наоѓа некаде на средина на Атланскиот Океан бидејќи Платон пишува дека се наоѓал после Столбовите на Херкул, кои според Ератостен е Гибралтарскиот проток.

Но, Фрау смета дека Ератостен лошо претпоставил за Столбовите. Спред Италијанецот тие се наоѓале не на Гибралтарскиот проток, туку на островот Сицилија.

Фрау оваа теорија ја развила после проучувањето на карта на Медитеранот од бронѕено доба, каде што Тунис и Сицилија речиси се доближувале, многу слично како кај Гибралтарскиот проток.

Фрау ја објаснува грешката на Ератостен, бидејќи во тие 120 години помеѓу Платон и него, грчкиот свет многу се променил, а Сицилија и Тунис не биле веќе блиску, па столбовите биле преместени.


Геолошки поместувања и зголемувања на нивото на морето ја направиле поголемата разлика помеѓу Сицилија и Африка, што го збунило Ератостен.

Доколку Столбовите на Херкул (или Херакле) биле навистина на Сицилија, тогаш идејата на Фрау дека Сардинија е островот Атлантида станува пологична.

Фрау открива дека цивилизацијата Нурагу – именувана според Нураги (камени кули) кои биле градени на островот некаде помеѓу 1400-1200 год. п.н.е.

Тој верува дека некаква природна катастрофа, најверојатно цунами, ги уништила Нурагу луѓето од Сицилија за време на Бронѕеното доба (1178-1175 п.н.е.).

Иако Платон пишува како Атлантида постоела 9000 години пред него, сепак многу научници сметаат дека мислел 900 заради опишувањето на многу бронѕа на островот.

Фрау верува дека доколку навистина Столбовите на Херкул биле преместени од Сицилија на Гибралтар, многу историски книги ќе добиеле повеќе логика.

На пример, Херодот пишува за Корзика и за античкиот град Тартесос во една приказна како тие да се еден до друг. Доколку Тартесос бил позади Столбовите, за да се стигне од Корзика до таму би било потребно еден месец со брод.

Друг писател, Дисеаркус, кој вели дека крајот на Јадранот е подалеку од Грција од Столбовите на Херкул. „Малта и Гозо се во согласност со ова тврдење, но не и Гибралтар,“ рече Фрау.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.