|
Проблеми со глава |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Која храна предизвикува, а која смирува главоболка?Болката
може да се јави од разни причини. Можеби предолго сте гледале во
компјутерскиот екран, има голема бучава во соседството, ПМС, несоница...
За среќа, освен храната која што може да поттикне развој на главоболка,
постои и онаа која ја отстранува. За да знаете на кој начин да се борите против главоболката, клучно е
да сфатите како била предизвикана. Понекогаш, станува збор за храната. Ако главоболката е последица на воспалителен процес, зголеменото
внесувањето на омега-3 масни киселини со време може да ја намали
болката. Рибата како што е сардината или лосот како и ленот, јаткастите
плодови и зелениот лиснат зеленчук се добар избор на омега-3 масните
киселини. Главоболката е често поради дехидрација, или затоа што пиете премногу малку вода или поради тоа што минатата ноќ сте испиле премногу алкохол. Обична вода е одлични решение. Но, исто така може да се јаде храна богата со вода, како што лубеницата, краставиците и доматите. Освен вода, од свежиот зеленчук ќе добиете важни минерали како магнезиумот. Спанаќ Бананата има 74 отсто вода, а остатокот најмногу отпаѓа на
јагленихидрати и диететски влакна. За да спречи главоболки бананата е
добра бидејќи содржи и многу калиум и други минерали како магнезиум,
калциум, флуор, фосфор, железо, цинк и бакар. Таа, исто така содржи и
бета-каротин, Б група витамини, витамини Ц и Е. Ако главата ве боли
поради глад или недостаток на калиум, бананата ќе ви помогне брзо. Кафе има двоен ефект врз главоболка. Оние кои не ја добиле својата
дневна доза на кофеин може да добијат главоболка поради недостатокот.
Сепак, ако претерате со кафето можна е појава на главоболка. Сепак,
кофеинот во мали количини може да ја смири главоболка. Старо сирење, брза и масна преработена храна и некои од јаткастите производи. Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 07:25 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Tret den so Benalgin sum
|
||||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Природни начини за лекување на главоболкаПогледнете дел од најпопуларните природни лекови: Ладна облогаСтавете ладна облога. Ладните облоги делуваат како локален анестетик. Не мора да имате мраз, едноставно земете замрзнат зеленчук и завиткајте го во крпа. Таквата ладна облога ставете ја на челото или слепоочниците. Можете да искористите и обична крпа намокрена со ладна вода. Етерично масло од нанеМасирајте се со етерично масло од нане на слепоочниците. Етеричното масло од нане ја намалува главоболката. Но, освен на слепоочниците, со масирање нанесете го и на вратот и рамената за да ја намалите напнатоста. Кесички чај од нанеСтавете кесички чај од нане на затворени очи. Земете две кесички чај од нане и потопете ги во топла вода. Потоа легнете, затворете ги очите и ставете ги кесичките врз очните капаци. Лежете 10-тина минути. ЛавандаПотопете ги нозете во топла вода со неколку капки масло од лаванда. Топлата вода ќе предизвика во нозете да надојде повеќе крв и со тоа ќе го намали притисокот во крвните садови насекаде низ телото, вклучително и во главата. Маслото од лаванда со својата арома помага за релаксација и олеснување на болката. Чај од камилица, рузмарин или ѓумбирНапијте се чај од камилица, рузмарин или ѓумбир. Направете 15 минути пауза, направете си чај и пијте го бавно во тивка соба. Чајот од камилица содржи супстанции кои ќе ви ја намалат болката и ќе ви помогнат да се опуштите. Се верува дека чајот од рузмарин го спречува зголемувањето на болката. Ѓумбирот се користи за лекување на главоболка и вртоглавица, а особено помага при појава на мигрена. Ставете две парчиња ѓумбир во половина литар жешка вода, покријте го садот и оставете го да врие многу тивко половина час. Напијте се кафе (или кафе со лимон).Повеќето луѓе уште при првиот знак на главоболка се фаќаат за шолја кафе. Да, навистина кафето помага против главоболка, но не треба да претерувате. Една до две шолји кафе можат да ви помогнат, но сè што е повеќе од тоа може да има негативен ефект. Многумина тврдат дека кафето со лимон помага уште повеќе. Па, не е лошо да се напиете силно турско кафе со малку лимон. Две чаши водаНапијте се две чаши вода. Верувале или не, водата може да ја отстрани главоболката. Една од најчестите причини за појава на главоболка е дехидратацијата. Па, консумирањето на вода е еден од наједноставните начини за лекување на главоболката. За да го спречите појавувањето на главоболка од дехидратација, пијте редовно вода во текот на целиот ден, а особено ако вежбате или кога времето е жешко. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |