IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - solena soba
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

solena soba

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: solena soba
    Испратена: 16.Јануари.2010 во 16:45
40мин. ВО СОЛЕНА СОБА = 4 ДЕНА ПРЕТСТОЈ НА МОРЕ


Само здрава личност е убава, среќна и задоволна.

За прв пат се отвара ново поглавие во областа на природните терапии во служба на здравјето и убавината на телото и духот.

ДОКОЛКУ ВЕ МАЧАТ:

- БРОНХИТИС      
- БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИ
- АСТМА      
- АРТРИТИС
- ЧЕСТИ ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ И НАСТИНКИ      
- ДЕПРЕСИЈА
- КАШЛИЦА      
- ХРОНИЧЕН ЗАМОР
- АЛЕРГИИ      
- НЕСОНИЦА
- БОЛЕСТИ НА ГОРНИ ДИШНИ ПАТИШТА (ринитис, ларингитис, отитис, тонзилитис, синуситис…)      
- СТРЕС
- КОЖНИ ПРОБЛЕМИ      
- ХИПОТИРЕОДИЗАМ
- СЕБОРЕА      
- ГАСТРИТИС
- ДЕРМАТИТИС      
- НЕДОВОЛНА ЦИРКУЛАЦИЈА НА КРВ
- ПСОРИЈАЗА      
- ПРЕТЕРАНА ГОЈАЗНОСТ

Тогаш за ВАС е само нашата СОЛЕНА СОБА во која ќе ја доживеете ТЕРАПИЈАТА СО СОЛ -ХАЛОТЕРАПИЈА

СОЛЕНАТА ТЕРАПИЈА Е:

    *потполно природна и без нуспојави
    *клинички испитана и докажана метода за олеснување и отстранување на респираторни и кожни проблеми
    *совршена метода за јакнење на имунитетот
    *метода за прочистување на дишните патишта и за санирање на проблемите со алергии
    *метода за редукција на долготрајната употреба на лекови, таа е комплементарна терапија, која не ја заменува медикаментозната
    *влијае на подобрување на циркулацијата и лимфната дренажа
    *ефикасна метода за отстранување на премореност и стрес
    *помошна метода за одвикнување од пушење
    *докажана метода за виталност, за одржување на сексуалноста и либидото
    *солта е витална за сонот, таа е природен хипнотик.

      НЕМА ИНТЕРАКЦИИ СО ЛЕКОВИ

-метода прикладна за сите возрасти: деца,трудници и постари особи
-ХАЛОТЕРАПИЈАТА освен на луѓе со горенаведените проблеми, посебно се препорачува на:
-СПОРТИСТИ - пред и после напорни тренинзи и натпревари
-ПЕАЧИ - пред и после настап
-ПУШАЧИ - за полесно дишење и искашлување

И МНОГУ ВАЖНО

ХАЛОТЕРАПИЈАТА ПРУЖА ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА ОД БОЛЕСТИ, НАСТИНКИ И ГРИПОВИ

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА:

    *инфекции со покачена телесна температура
    *лица заболени од рак
    *лица кои имаат или прележале туберкулоза
    *лица со слабо срце и превисок притисок


ТЕРАПИЈА ВО СОЛЕНА СОБА - ХАЛОТЕРАПИЈА
Што е тоа халотарпија?

Природните начини на лечење се најстари и постојат колку и самиот човек. Отсекогаш луѓето барале лек за своите болести во својата околина. И покрај огромниот напредок на современата медицина, природните методи на третирање не само што не се забораваат, туку се повеќе се актуелизираат.

Една од најприродните к*ративни терапии е ХАЛОТЕРАПИЈАТА - ТЕРАПИЈА ВО СОЛЕНА СОБА, со научно докажани здравствени и релаксирачки вредности. Се заснова на дозиран претстој во атрактивно дизајнирана солена соба, која е изработена од природна камена сол. Во буквална смисла (halo грчки збор за сол) значи терапија со сол, чии благотворни дејства биле познати со векови, за што постои изобилна медицинска литература

UСТОРИЈА НА ХАЛОТЕРАПИЈАТА

Историски гледано халотерапијата се развила од СПЕЛЕОТЕРАПИЈАТА, која ги користи само природните услови на солените пештери или рудници на сол. Халотерапијата ја користи модерната технологија за создавање терапевтска микро клима, со услови кои се прилагодуваат на секој клиент, што значи дека во солената соба се пресликани условите и микроклимата од солените пештери и рудници.

Лековитото дејство на солта било познато уште во средниот век, кога монасите ги носеле болните во солени пештери, за да ги изложат на специфична микроклима. Со цел да го засилат ефектот дробеле сталактити од сол и создавале солена прашина, која болните ја вдишувале.

Во Европа терапијата со сол станала популарна во 18 и 19 век

Во 1843 год. полскиот лекар Feliks Bochkovski прв дошол до сознание дека воздухот во рудниците за сол има лековито влијание на луѓето со пулмонални и респираторни проблеми и дека рударите не заболувале воопшто од болести на дишните патишта.

Понатаму, историски гледано, почнале да се отвараат многу санаториуми за астматичари во природните пештери и рудници за сол, а во еден рудник за сол во Карпатија била основана и болница за алергиски болести. Во денесно време спелеотерапијата е нашироко позната како к*ративна метода низ цела Европа, која со тек на време се усоврсувала и развивала се до денешната Халотерапија.

Основно во халотерапијата е изработка на солена соба или солена комора со специфицен тераписки фактор - микроклима со сув аеросол натриумхлорид, со одредена влага и температура. Сувиот аеросол се создава со помош на посебна опрема со која се врши дифузија на создадените аеросоли во солената соба.

Благодарение на широкиот дијапазон на позитивни влијанија и резултати што биле забележани и научно докажани, денес оваа терапија се применува во многу здравствени установи, велнес и спа центри, лекувалишта, рехабилитациони центри, хотели, па дури и во детски градинки и приватни домови.

ЗОШТО ДА ДИШЕМЕ СОЛ

Неколку точки поврзани со солта

Солта е стара илјадници години, а древните народи ја сметале за “божји дар”. За неа се поврзани бројни верувања. И денес меѓу нашиот народ, на прагот на многу домови ќе ве дочекаат симболите на мир и гостопримство - леб и сол.

Солта има многу други функции од есенијална важност за човековото здравје, отколку само регулирање на содржината на вода во организмот. Ова се само некои од другите витални функции на солта во телото:

   1.спротивно на погресното сфаќање како предизвикувач на висок крвен притисок, солта е суштински битна за регулација на крвниот притисок и во содејство со водата е најефективна во стабилизирање на неправилната работа на срцето
   2.солта е витална за екстракција на вишокот на киселост од клетките во телото, посебно на ќелиите на мозокот
   3.солта е витална за балансирање на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и директно поврзана со дијабетисот
   4.солта е витална за комуникациските и информациони процеси меѓу нервните клетки
   5.солта е витална за абсорпција на хранливите состојки во интестиналниот (цревниот) тракт
   6.солта е витална за создавање на хидроелектрична енергија во клетките на телото
   7.солта е витална за прочистување на плуќата од мукозен леплив секрет, особено при астма, бронхит и цистична фиброза и таа е природен антихистамин
   8.солта е апсолутно витална за цврстината на структурата на коските, а остеопорозата во најголем дел е резултат на недостиг на вода и сол во телото
   9.солта е витална за сонот, таа е природен хипнотик
10.сол на јазикот ќе сопре јака, досадна сува каслица
11.солта е витална за одржување на сексуалноста и либидото


АЕРОСОЛИ

Што се аеросоли?

Дифузираните микро честички сол (1-5 микрометри) кои се вдишуваат во солената соба се нарекуваат АЕРОСОЛИ и се состојат од неколку елементи, од кој секој на свој начин позитивно влијае на здравјето на човекот:

НАТРИУМ - влијае на функционалноста на срцето и на оптималниот крвен притисок и ја подобрува состојбата на кожата.

КАЛИУМ - го намалува крвниот притисок, ги спречува срцевите заболувања, ја подобрува функцијата на кожата, има диуретичко дејство и помага во одржување на метаболизмот и исфрлање на токсини.

МАГНЕЗИУМ - го ослободува организмот од стрес, ги ублажува нападите на астма и хроничен умор, ја смалува нервната напнатост.

КАЛЦИУМ - го гради имунитетот, има антиалергиски дејства и е основа на скелетниот систем.

ЖЕЛЕЗО - есенцијален елемент на хемоглобинот, лекува анемија, ја поттикнува работата на мускулите, ја подобрува концентрацијата и намалува склоноста кон инфекции.

ЈОД - одговорен е за правилното функциониранје на тироидата, која го регулира растот, метаболизмот, тежината и развојот.

ЛИТИУМ - превенција од склероза, болести на срце и дијабет.

СЕЛЕН - моќен антиоксидант, ги штити ќелиите и ткивата од оштетувања кои ги предизвикуваат слободните радикали, го јакне делувањето на имунолошкиот систем и ја штити кожата од стареење.

БАКАР - го подобрува метаболизмот, ја олеснува апсорбцијата на железото и го помага создавањето на хемоглобинот.

Сувите АЕРОСОЛИ делуваат како БРОНХИЈАЛНА ЧЕТКА ЗА ДИШНИТЕ ПАТИШТА

Микроклимата во солената соба е богата со сите горенаведени минерали и претставува идеално место за релаксација, превенција и зачувување на Вашето здравје.

И она што е НАЈБИТНО-НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВИ КОНТРАИНДИКАЦИИ

ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ЈОНИ

Уште една причина повеќе да дојдете во ВИТАСОЛ И ДА ВДИШЕТЕ ЗДРАВЈЕ

Во просек секој човек дисе околу 81,4 кг. воздух што е еквивалент на пливачки базен и тоа секој ден. Студиите покажуваат дека 56% од нашата енергија ја примаме од воздухот што го дишеме, што е повеќе отколку енергијата примена од храната и водата. Дишењето чист воздух не само што не одржува живи, туку и ни дозволува да мислиме побистро, да спиеме подлабоко и да сме поздрави.

Воздухот содржи многу честици со различно електрично полнење (позитивни, негативни или неутрални честици), а неговиот квалитет зависи од видот на електричното полнење и концентрацијата на јоните.

Позитивните јони во воздухот се молекули кои во процесот на загадување загубиле еден електрон. Животната средина во денешно време има далеку повеке извори на позитивни јони отколку во минатото, со што се создава електричен дисбаланс во воздухот. Овие позитивни јони се продуцираат од различни активности на човекот, од електрицните апарати кои ги користи,к ако на пример: тв, радио трансмитери, компјутери, високо волтажни мрежи, системи за греење и ладење, чад од цигари, издувни гасови од возила итн.

Во природата негативни јони се создаваат од ветар, сончева светлост, водопади, дождовни олуи, а најмногу ги има на планински врвови и покрај море. Тие даваат свежина на воздухот, која толку благопријатно влијае на човекот, што со право се нарекуваат ВИТАМИНИ НА ВОЗДУХОТ.

Аеросолите кои се дифузираат во солената соба се со негативно полнење и затоа солената терапија е толку благопријатна. Серија од научни испитувања докажуваат дека во солената соба бројот на негативни јони се зголемува за повеќе од 200 %. Исто така има бројни студии за тоа како негативните јони влијаат на здравјето и психофизичката состојба на човекот. Др. Алберт Круегер - микробиолог и патолог на Универзитетот Калифорнија, открил дека многу мала количина на негативни јони може да убие многу бактерии (Kruger, A.P. "The action of air ions on bacteria" Journal of Generalphisiologs, Berkeles, University of California 1957)

Исто така многу истражувања, како на пример во Св. Бартоломеј – болница во Лондон, Национален Универзитет во Австралија, Павлов Институт во Русија итн., докажуваат дека се подобрува капацитетот на белите дробови и се ослободува од симптоми на астма доколку се изложи пациент на мала количина негативни јони.

За да се види како негативните јони влијаат на нивото на серотонин, кој е хемиски поврзан со расположението и стресот, би можеле да го спомнеме Европскиот истражувачки проект од 1985 год. кој вклучувал повеќе од 100 пациенти од ментална клиника, кои биле изложени на негативна јонизација само 40 мин дневно. После само неколку третмани, биле забележани следните екстремно позитивни резултати:

    *50% од депресивните пациенти се вратиле во нормала
    *на 75% од пациентите со главоболка, таа им исчезнала
    *80%од пациенти со несоница се вратиле на нормално спиење
    *кај 100% од пациенти со анксиозност таа исчезнала.

Од сето ова можеме да заклучиме дека каде и да се наоѓаат негативните јони, било природно, било на вештачки начин да се продуцираат, тие секогаш давале извонредно позитивно влијание на здравјето на човекот. Имајќи во предвид дека и аеросолите дифузирани во солената соба се со негативно електрично полнење, нивното присуство ги врши следните влијанија:

Анти-инфламаторно, анти-алергиско, го регулираат минералниот метаболизам на телото, го забрзуваат оксидиранјето на серотонинот и придвизувањето на респираторниот епител, го елиминираат стресот, ја подобруваат менталната концентрација и активност, го подобруваат нервниот и имуниот систем итн. со тоа што негативните јони се врзуваат со позитивните и така го неутрализираат нивното штетно дејство, всушност делуваат како антиоксиданти во организмот и комплетно го ослободуваат телото од негативното влијание на позитивните јони.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.