IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Македонско Еколошко Друштво-МЕД
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонско Еколошко Друштво-МЕД

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонско Еколошко Друштво-МЕД
    Испратена: 26.Мај.2010 во 10:53
Малку повеќе за активностите и проектите на МЕД
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 10:55
Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година со мисија за обединување на еколозите од Македонија, развој на екологијата и поефикасно решавање на проблемите во животната средина.
Друштвото е формирано како членка на Сојузот на друштвата на еколозите на Југославија, под името „Друштво на еколозите на Македонија“. Со пререгистрацијата од 1998 година го носи денешното име. Со промената на Статутот од 12.03.2010 година променета е и мисијата на МЕД:
- Да ја унапредува еколошката наука, науката за животната средина и биолошката разновидност и нивната заштита, како и да промовира еколошки оправдано користење на природините ресурси.
Во истиот Статут е прикажана и визијата на МЕД:
- МЕД сака да ја види Македонија како општесто во кое еколошката наука и пракса е на високо ниво, економскиот развој почива на принципите на одржливост, а стандардите за заштита на животната средина и природата се на ниво на Европската Унија.

Во МЕД членуваат околу 100 активни членови со различно поле на интерес.
Основните цели на МЕД се:
- Промовирање на екологијата како наука;
- Заштита и унапредување на животната средина и природата;
- Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование; и
- Промовирање на принципот на одржлив развој.

Од 1993 година МЕД го издава списанието „Екологија и заштита на животната средина”, а секои четири години организира и конгрес на еколозите на Македонија, кој има меѓународен карактер.

Македонското еколошко друштво:

- е член на Европската еколошка федерација
-е член на Централно-источноевропската работна група за заштита на биолошката разновидност
- е партнер на Европскиот центар за заштита на природата
- е подружница (Affiliate) на BirdLife International во Македонија
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 10:57
2010 година е прогласена за Меѓународна година на биолошката разновидност.

“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” оваа година во Македонија се организира од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД), UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку мрежата на организации за зачувување на биолошката разновидност во земјите од Централна и Источна Европа - (CEEweb), www.ceeweb.org

Низата презентации на тема вредностите на биолошката разновидност и исполнување на обврските за членство во Европската унија, како и традиционалниот пикник ќе се одржат на 20 мај 2010 година, во хотел Славија на Попова Шапка. На 26 мај 2010 година во Природонаучниот музеј во Скопје ќе се отвори изложбата на тема биолошката разновидност, каде ќе бидат доделени и наградите за најдобри фотографии.

“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” е кампања за подигнување на јавната свест за зачувување на биолошката разновидност во која се вклучени повеќе засегнати страни. Истата е поддржана од Програмата на Обединетите Нации за Заштита на Животната Средина (UNEP) - Регионалната Канцеларија за Европа и од сите земји учеснички и корисници. Слични вакви настани во рамките на оваа Пан-Европска кампања беа организирани во текот на 2008 и 2009 година во Азербејџан, Луксембург, Германија, Молдавија, Естонија, Романија, Србија, Литванија и Македонија.

Идејата за организирање на “Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” произлезе од дискусијата на тркалезната маса на Корисниците на биолошката разновидност организирана со здружени напори преку пан–Европската стратегија за биолошка и пределска разновидност и Европскиот ЕКО Форум на белградската конференција која се одржа во октомври 2007 година.

“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” има за цел:

·        Да го подигне нивото на политичката и јавната свест за биолошката разновидност преку организирање различни настани на национално ниво за Меѓународниот ден на биолошката разновидност;

·        Да го продлабочи познавањето за придобивките на биолошката разновидност за благосостојбата на човештвото;

·        Да привлече различни корисници и засегнати страни за зачувување на природата;

·        Да го подигне значењето на биолошката разновидност во глобалните политики преку промовирање на Пан-Европската иницијатива со вклучување на повеќе заинтересирани страни во рамките на меѓународните настани и во медиумите.
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 23:41
Дај те молам пиши како да ги контактира! вебстраница адреса телефон  било што
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 20:33
Originally posted by Генерал Митре Генерал Митре напиша:

Дај те молам пиши како да ги контактира! вебстраница адреса телефон  било што


Линк од страната на МЕД
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 20:40
ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА МРШОЈАДЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА



БРОЈНОСТ НА МРШОЈАДЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2010 ГОДИНА

Белоглав мршојадец – 19-21 двојка, во колониите во Мариово, Демиркаписката Клисура и на Тиквешкото Езеро.

Египетски мршојадец – 25 (26-28) двојки, главно во централните и јужните делови на Македонија.

Брадест мршојадец – исчезнат вид, не гнезди од 1985 година. Последен пат набљудуван во 2004 година.

Црн мршојадец – исчезнат вид, не гнезди од 1980-тите години. Последен пат набљудуван во 2005 година.

Историски, во клисурата Матка се регистрирани сите четири видови мршојадци, од кои белоглавиот, црниот и египетскиот мршојадец биле обични видови кои тука и гнезделе.
Во 20 век е забележан силен пад на популацијата на мршојадците, исчезнување на брадестиот и црниот мршојадец и драстичен пад на гнездечките двојки од египетскиот и белоглавиот мршојадец. Меѓу најзначајните закани за мршојадците на Матка се убивањето и труењето. Труењето предизвика пад на популацијата од осум на три-четири двојки во 1992 година. Популацијата опадна и понатаму, и од 1996 година беше присутен само еден пар на белоглави мршојадци, кој исчезна во 2006 година. Популацијата на египетскиот мршојадец е исто така многу мала, во клисурата гнезди само еден пар. Вознемирувањето, уништување на живеалиштата и недостатокот на храна се уште претставуваат сериозни закани за последните парови мршојадци на Матка.
Клисурата Матка нуди одлични можности за спроведување на проекти за надополнување на популацијата на мршојадците или нивна реинтродукција, а близината до Скопје нуди можност за развој на еко-туризмот.

Цели и задачи на проектот
Долгорочната цел на проектот е зголемување на бројноста на колониите на белоглавиот и египетскиот мршојадец на Матка на стабилен број парови (8-10 двојки белоглав мршојадец и уште неколку двојки египетски мршојадци) и намалување на заканите.

Изменето од sanja-a - 24.Јануари.2011 во 20:41
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 21:30
zoshto mrshojadec koga leshinari megju pticite ima povelje?збунетост

...shto mufali na orel-ot...bog te pita!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,461 секунди.