IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Контрола на работата на вработените во училиштата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Контрола на работата на вработените во училиштата

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Контрола на работата на вработените во училиштата
    Испратена: 12.Мај.2010 во 14:41
Читам во Нова македонија и не ми се верува. Се освестиле инспекторите да проверат што и како се работи по училиштата. И пази молимте, откриле дека не се работело како што треба.збунетост
Сите реакции и апели од родителите, учениците па и од многу наставнци за анархија, партизација некако не допираа до никого.
И сега наеднаш демек откриле топла вода. Нешто што мене ме изнасмеја е околу работата на фамозните стручни служби- демек работеле. Доволно е само да се направи една анкета меѓу родителите, учениците и наставниците и ке се добие јасна слика колку работеле. Тие може да си прават досиеја, да тврдат ама доказите се на дланка. Многумина од нив активирани на куп проекти ги нема ни по пола година на своите работни места. Само треба да се видат списоците кога, каде држеле обуки. Ако може во исто време да се на две места тогаш ОК.
Професорите добија единици и двојки
Ако ова не е само моментално заплашување, ке биде добро.
Истото мора да важи и за наставниците/професорите. Ако сакаат да се обучувачи, ментори, координатори мора да се тргнат од настават или обуките да ги закажуваат по часовите . Не може просветен работник да не е на настава, учениците да губат часови или некој да ги заменува реда ради а оној кој за тоа е платен нигде го нема односно го има некаде надвор од училиште.
Убаво е да се направи една анкета и за работата на советниците од БРО и нивната советодавна работа  со наставниците почетници.
Ај со помин, со лесно што би рекле во Шехерезад.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 15:38
Читам и не ми се верува, реагираат граѓаните од општина Карпош зради законско работење на градоначалникот односно почитување на регионализацијата. Зјаат празни училишта а други пренатрупани само затоа што родителите така одлучиле. Факт е дека во некои училишта има подобри услови  но зошто не се потрудат да притиснат па и во училиштата на нивниот реон да се подобрат условите. Истото и со цлодневната настава.
Време е да се стави ред. Ако за наставниот кадар се бара контрола на работата, редно е да се контролиаат сите оние кои не ја почитуваат законитоста. Сакаме ред, ама да не вази за нас туку за комшијата. Е доста е бре веќе!
Првачињата во општински трла
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 08:36
Читам во Дневник-
 Оставки во прилепската гимназија по смртта на ученикот
Меѓу другото интересна е анализата и констатациите дадени од просветниот инспекторат.
1.....трагедијата при изведување програмски активности по предметот Физичко. збунетост
Нејаснотија- Програмски активности по завршетокот на учебната година????
Децата биле упатени на поправен???
2. Оценката била заклучена без да завршат активностите.
Која оценка, крајната, позитивна, од поправен????
3. било сугерирано од некои наставници, поради високите температури, да се одложи програмската активност по физичко,
Наствниците кои сугерираат (зборувам воопшто-како појава) секогаш се на мета на директорите (и нивните послушници) како опозиционери, како кандидати за казна на плата!!!
4.Немало согласност од учениците, а училиштето било должно да ја добие поединечно за водење на програмските активности.
Во училиштата нема согласност од наставниците а камоли од децата или родителите. Факт е дека владее анархија и невиден мобинг.
Банален пример- Одреден наставник не се согласува со
цената, времето на изведување, локацијата на екск*рзијата-таа се изведува и никого не му е гајле
- обуки, семинари- иако многумина не се согласуваат со термините на изведување заради губење настава ..па и заради неквалитетните обучувачи кои обуката ја тераат проформа...или не се компетентни за доменот за кој  обучуваат... или земање на викендот...што е незаконски па дури и казниво и обврзно да се плати дневници- се врши невиден мобинг врз “опструкторите“ тага
5.директорот на гимназијата не покажал никаква одговорност зашто неправилностите утврдени уште при априлскиот надзор не биле досега поставени на дневен ред на Училишниот одбор,
И што дека ќе се постават? Директорите (секој чест на исклучоците) со самото назначување си одбираат училишен одбор од нивни послушници кои никогаш нема да отидат против нивните  одлуки. Со училишните одбори место претседателите раководат  директорите.
Членовите од редовите на наставници треба да ги информират своите колеги со одлуките!!! Преставниците на родителите- родителите.изненадување
6. Уште при априлската контрола е увидено дека токму во класот на починатиот ученик не биле евидентирани резултатите од систематските прегледи од првото полугодие и училиштето не ги зело од медицинската установа. Ниту досието на ученикот, што биле должни да го водат, не било пополнето - изјави Арсов.
Дневникот е документ кој стои во наставничка канцеларија достапен на сите и затоа во него во записниците не се пишуваат податоци ко може да ја нарушат приватноста на ученикот. Записниците од систематские стојат во администрација. Информации за систематските им се даваат на родителите. Впрочем-зошто мора ова да оди преку училиштата. Секој родител нека има обврска да си го носи детето на годишен систематски преглед и нека го инфоормира училиштето за одредени аномалии.
А околу досието- па бично во него се внесуваат податоци за напредокот или назадувањето во учењето. Многу малку се има информации за семејната, здравствената   сотојба на ученикот бидејки право на родителот е дали ќе донесе потврда за тоа. Училиштето нема право да бара нити за здравствената (психичката, интелектуалната) состојба на детето и тоа да го има во досието.


Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 01:26
Добро е да се реагира на ваквите работи,но останува само на реакција,само ќе споменам во некои од предходните теми за какво образование сакаме,наведов одредени работи какво образование треба да имаме според стандарди кои овдешните власти ги заговараат,а само се пуста желба и популизам во одредени случаи.
Во однос на случајот од посочената гимназија во прилеп,можам да го кажам следното,како и секоја работа така и при овој немил настан се изнесуваат многу валканици и на што се завршува само на неколку оставки ,а законска одговорност ,а скапаноста на душата (неодговорноста)што однесе млад живот, па Луѓе дали некогаш ќе се свестиме во овој наш пекол,па тоа училиште го сметаат за наводно елитно училиште во тој град,па таму сал деца на доктори,директори и видни граѓани на прилепа града учат,па некое дете од обична фамилија и ако успее да се запише газено е по секаков основ.
Но има уште една посмрдена работа,таму подрачниот министер за образование(дпмне-овец,ВМРО)на крајот од учебната година оди кај директорот и поединечно ги повикува професорите,да пишуваат петки(5-ки)кај омилените ученици од видните личности,а сега и за извештајот од републичката инспекција,оцената им е за никаде,елитната гимназија има некаде само 1и нешто,за живи бруки, и каде со сето ова ???
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 07:41
Си ја  читам колумната  на некогашниот ми главуш за дејноста од каде вадам лебот за ранење на фамилијата и се чудам колку убаво човекот ’’збори’’ сега од позиција на опозиција.изненадување
Екстерно оценување
Се му е на место, само заборави да каже дека многу од фалинките се од негово време или зародишот го добија тогаш. А и тогаш ние ’’даскалите единичари’’ апелираравме- ГЛАВУШИ СО УСУЛ воведувајте новини. Зарем навистина господинов некогашен пали/гаси во образованието не знае дека истиве реформи ги носат истите луге од негово време кои само сменија партиска книшка, некои работно местозбунетост
Истите тие (кој психолози кои со месеци ги нема на работа -без ден пракса во настава оти не им е тоа работа, педагози теоретичари, советници за градинки кој со деветолетките добија прилика да кажуваат и во училиштата како даскалите математичко да размислуваат  иако учеле  логичка математика кај професори доктори на наука, арно ама логичкото не е математичко размислувањезбунетост, советници кои ’’пребегале’’ од бирото за образование на подоходовно место -изворот на парите -проектите, автори на учебници по предмети кои не ги предавале ни ден и не знаат колку не чинат учебниците  и да не ги бројам) ја кројат капата и сега.
Знае ли мојов некогашен главуш колкав мобинг се врши врз наставниците оти ако не оделе на обуките и не добиеле сертификати (од обучувачи со максимум 10 дневна обука) ке останеле без работаизненадување
Грешат сегашниве, тука нема збор оти не ги засекоа во корен, не ги вратија на местата за кои земаат плата и ги оставаат во име на некои обуки по цела година да ги нема на работа,деца да губат часови,  ама патот го трасираа токму овие кои сега кажуваат како не треба. Тие се мениваат,заминуваат, поидзабораваат, ние кои храбро ги трпиме нивните реформи кои со нивното заминување пак ни ги воведуваат сме тука, памтиме. И арно вели една догогодишна истакната учителка- Ајде дечки горе глава,терајте вие по свое, онака како најубаво знаете оти деца не се учат со солење памет на хартија ами со работа во училница  Тие доаѓаат и си одат, ние сме тука да ги пречекаме, испретиме. Најубаво е чивството кога им го гледаме грбот.голема%20насмевка

Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 15:26
За се што се случува во едно одделение треба да има снимка од сигурносна камера.Како што поставија по болниците. Нека се снима и ходникот и канцеларијата на наставниците. Секаде во светот има камери заради сигурноста на децата.Со неа може да се контролира и времето на часот, и квалитетот, и траењето на часот и .........

Секоја друга контрола е невалидна.

Еве и децата без родители, јавно проговорија за нехигиената и останатото. А каде има чад, има и оган.Да видиме дали нешто ќе се промени?

А за тоа отсуството и учеството на повеќе проекти во исто време имам сознанија дека не се криви професорите, туку се бркаат нечии интереси на оние од ПОВИСОКО.Така да наставниците не се криви што ги пријавуваат и ради реда одат или кобајаги присуствуваат.

Значи тој што треба да прави контрола тој ја крши дисциплината и редот и на кого да вршат притисок родителите?
Кој бара ќе најде.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 07:55
Ова по инерција останато  од заедничката ни татковина... ат не сме само ние...ат не е само кај нас
http://danas.net.hr/hrvatska/page/2010/07/02/0081006.html
Ministru za kaos krivi profesori koji žure na more

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.