|
Што мислите за поговорката :фрли рипче фати крапче |
Внеси реплика |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Април.2010 во 16:27 |
Оваа позната поговорка ,како да поттикнува за подмачкување ,за да се постигне посакуваното.
Дали во неа има нешто морално и доблесно.Да видиме со гласање.Како мислат граѓаните, дали сите се спремни да фрлат рипче? |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога правиш нешто,прави го тоа од срце ...без да очекуваш да ти се возврати неколку кратно повеќе.
Јас лично не ја практикувам! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никако.
Во длабочината на оваа поговорка или изрека, се крие една материјалистичка тенденција. Можеби пали кај лица кои се материјално настроени или кои од се нешто очекуваат добивка. Јас сум тип кој безрезервно дејствува без да очекува ништо, ни крапче ни кондура скината. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поговорката гласи - Рационален Егоизам . . .
И тоа материјален егоизам... |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фрли рипче, фати крапче може да има една подлабока димензија. Се разбира, многумина а особено политичарите и бизнисмените се фаќаат за површната бидејќи така им одговара во моментот.
Јас ја сфаќам поинаку: фрли ги старите работи за да има простор да дојдат поубавите, подобрите. Т.е. нека не ти биде жал за „рипчето„ што повеќе нема да го имаш, не се врзувај за него, оти само така може да се ослободи простор или создаде услов да дојде „крапчето„, да има што да „загризе„. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не се согласувам со оваа констатација, мислам дека тука се крие човечка лакомост, желба за брза добивка (нешто како во кладилница, 50ден ставаш (рипче), 5000 ден добиваш (крапче)). Сепак, во најдобар случај, ако гледаме лингвистички, поговорката би гласела: "Остави го рипчето, фати го крапчето". Така би имала смисла за тоа што го зборуваш. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |