IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - АПОКРИФ НА ЈАКОВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

АПОКРИФ НА ЈАКОВ

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: АПОКРИФ НА ЈАКОВ
    Испратена: 24.Април.2010 во 00:11
Апокриф по Јаков

Веројатно овој текст е напишан околу 150-тата година од нашата ера, додека сеуште постоела можност на присетување на усмените изреки на Исус и запишување на истите...Бројните сличности со “збогувачкиот“ диск*рс од Четвртото Евангелие исто така помагаат при одредување на староста на овој апокриф, но во тој случај треба да се одлучи дали се работи за алузии на конкретниот текст од Четвртото Евангелие или пак само за независни расправии по однос на истите прашања. Во секој случај, овој документ не би можел да настане по 314 год. Од н.е. кога биле завршени прогоните на христијаните а со тоа и ризикот од нивно измачување.


Според овој апокриф, Исус се појавил пред своите ученици на 550 ден од воскреснувањето и ги повикал настрана Петар и Јаков како би ги “исполнил“ и би им го пренел во една серија проповеди Своето конечно и дефинитивно учење кое дотогаш го изнесувал само во параболи. Потоа се вознел до десната рака на Својот Отец а Јаков и Петар се обиделе да го следат-но беазуспешно. Со тој настан завршува апокрифот но посланието продолжува и во истото се наведува дека тоа откровение не е наменето на Исусовите ученици туку на “децата“ кои допрва ќе се родат. Иако учениците поверувале во откровението, сепак, ги жесточела опомената дека тоа е сепак наменето за оние кои допрва ќе се родат, па поради тоа Јаков ги испратил по други земји. Веројатно тоа би требало да послужи како објаснение зошто трактатот не станал дел од апостолските проповеди односно канонските Евангелија?



I I , 1-16,30
Јаков вели: Мир (вам)..Љубов...Милост, Вера, Живот од Светиот Живот!
Бидејќи побара да ти ја испратам тајната книгакоја на мене и Петар ни беше откриена од Господа, неможев да те одбијам ниту пак да те негирам (?), но ја напиша(в) со хебрејски букви и ти ја испратив тебе, и само тебе.Бидејќи ти си носител на спасението на светците (светиите заб.прев), обиди се и погрижи се да не го повторуваш текстов на други-она што Спасителот не сакаше да го открие ниту ан сите меѓу анс, дванаесетмината Негови ученици. Но благословени се оние кои ќе бидат спасени со вера во овие зборови.
Пред десет месеци ти испратив уште една тајна книга која ми ја беше разоткрил Спасителот. Со оглед на околностите, сметај ја таа книга како Откровение дадено на мене, Јаков, додека оваа (следат непреведиви фрагменти) дванаесетмината ученици седеа заедно потсетувајќи се што Спасителот беше кажал на секој од нив, било тајно било отворено и (запишувајќи го тоа) во книги-(Но јас) го запишував она што беше во мојата книга и глеј, Спасителот се појави (откако) не (нас) напушти (додека) гледавме по него. И петстотини и педесет дена по Неговото воскреснување од мртвите Му рековме: “Дали не напушти и се оддалечи од нас?“ Но Исус рече: “Не, но ќе појдам на местото од каде што дојдов. Ако сакате да дојдете со Мене, тргнете!“
Сите одговорија и рекоа: “Ако не повикаш, ќе појдеме.“ Он рече: “Вистина ви велам, никогаш никој не ќе влеазе во Кралството Небесно на мој повик, туку (доколку) сте самите исполнети. Оставете ги Јаков и Петар со Мене насамо, да ги исполнам.“ И откако ги прозва обајцата, Тој ги одведе на страна а на останатите им кажа да продолжат со своите работи.Спасителот рече: “ Примивте милост (3 непреведиви фрагменти) Не сакате ли да бидете исполнети? Вашето срце е опиено, не сакате ли да бидете трезни? Срамете се! Отсега било да сте будни или пак ад спиете, запаметете дека сте Го виделе Синот Човечки, сте разговарале со Него и сте Го слушале. Тешко на оние кои Го виделе Синиот Човечки, благословени се оние кои не Го виделе човекот и кои не се дружеле со Него и кои не разговарале со Него, и кои од Него не слушнале ништо, ваш е животот! Знајте според тоа дека Он ве исцелил кога сте биле болни за да можете да владеете. Тешко ан оние кои се ослободиле од своите болести бидејќи повторно ќе оболат. Благословени се оние кои не искусиле болест и кои знаеле за олеснување и пред да заболат, ваше е Царството Божјо, затоа ви говорам:“исполнете се и не оставајте во себе ниту едно место празно зашто оној кој доаѓа може да ве исмее“
Тогаш Петар проговори: “Еве три пати ни кажа (исполнете ) се (но) ние сме исполнети.“ (Спасителот одговори) и рече (Ви) реков (Исполнете се) за да не посакувате. Но оние кои посакуваат нема(да бидат спасени). Затоа што е добро да си исполнет, а лошо е да посакуваш. Затоа, подеднакво како што е добро да посакувате а лошо да сте исполнети, така оној кој е исполнет посакува а тој пак што посакува не постигнува полнота каква што ја постигнува оној кој посакува, а оној пак кој е исполнет постигнува совршенство какво што доликува. Затоа мора да посакувате за да бидете исполнети и бидете исполнети за да можете да посакувате како би се исполниле себеси уште повеќе. Затоа исполнете се со Духот но посакувајтеразум зашто разумот припаѓа на душата, неговиот карактер е оној на душата.“
Но јас Му одговорив и реков: “Гоподи ќе ти се покориме ако го сакаѓ тоа бидејќи ние ги оставивме своите татковци и мајки и села за да те следиме. Затоа услиши не и не дозволио да паднеме во искушението на ѓаволот , оној кој е зол.“ Господ одговори и рече, "Каква е вашата заслуга ако ја вршите волјата на Отецот со која не ве дарувал додека ве искушува Сотоната? Но ако сотоната ве угнетува и прогонува а вие ја вршите волјата на Отецот...ви велам дека ќе ве сака и ќе ве направи еднакви со Мене и (ќе) бидете сакани преку неговата провидност по своја сопствена волја.   Зарем тогаш нема да престанете да го сакате своето тело и да се плашите од страдања?Или пак сеуште не знаете дека вашите маки допрва следат, дека лажно ќе ве обвинат и затворат во темници, и ќе ве распнат без причина и (срамно) погребаат како што ми го стори тоа и Мене оној кој е зол? Зарем ќе го штедите телотовие кои сте оградени со Духот како соѕид? Ако размислите колку долго постоел светот пред вас и уште колку долго ќе постои после вас,ќе сфатите декавашиот живот е само еден ден, а вашите страдања се само еден час во тој ден. Зашто, доброто нема да влезе во светот. Затоа, презрете ја смртта и мислете на животот!Сетете се на мојот крст и мојата смрт и ќе живеете!“ Но јас Му одговорив велејќи Му: “Господи, не споменувај гом крстотот и смртта бидејќи е тоа далеку од тебе.“ Господ одговори и рече: “Вистина ви велам, нема да биде спасен никој кој не верува во Мојот крст. Но Кралството Божјом им припаѓа на оние кои веруваа во Мојот крст. Затоа барајте ја смртта како што мртвите бараат живот, бидејќи на оние кои бараат ќе им биде откриено. Каков јад може да им зададе тоа? А вие, кога ќе ја истражувате смртта, таа ќе ве научи на избор. Вистина ви велам, никој кој се бои од смрт нема да најде спас зашто Кралството Божје припаѓа на оние кои ќе и се препуштат. Станете подобри од Мнене, станете како син на Светиот Дух
Тогаш Го прашав: Господи, како ќе им пророкуваме на оние кои ќего бараат тоа од нас? Зашто, мнозина се такви кои од нас бараат и очекуваат да слушнат пророштво.“
Господ одговори и рече: “Зар не знаете дека пророчката глава е отсечена со Иван?“
Но јас го прашав: “Господи, зар е можно да се отсече пророчка глава?“
Господ ми одговори: “Кога ќе спознаете што значи глав и дека пророштвото доаѓа од главата (тогаш) ќе разберете што значи '‘лавата беше отсечена“' На почетокот ви зборував во параболи и не разбиравте, сега ви зборувам отворено и (сеуште) не разбирате Па сепак вие бевте тие кои ми служевте како пабабола во параболите, и како што е отворено во (зборовите) кои се отворени.

" Побрзајте да го најдете својот спас пред да ве притисне нужноста на тоа! Бидете горливи по сопсвена волкја и ако е можно стасајте дури и пред мене, Отецот ќе ве сака поради тоа.
"Мразете го лицемерието и злата помисла зашто мислата е таа која раѓа лицемерие, но лицемерието е далекуод вистината. “Не дозволете да избледне Небесното Кралство зашто тоа е како палмино дрво чии лисја се паднати на земја. Тие (паднатите плодови) пуштаат листови и кога ќе изртат веќе ги исушиле своите утроби. Така е и со плодот кој ќе изникне од тој еден корен, кога беше собран (?) плодот го носеа мнозина (?). Тој (плодот) секако беше добар (и) кога сега би можеле да создавате нови билки вие би го пронашле. “Бидејќи веќе сум прославен на таков начин, зошто ме задржувате кога сакам да заминам? 8 Бидејќи после (маката)ме принудивте да останам уште осумнаесет денови заради параболата На некои им беше доволно да го слушнат учењето и да разберат што значи “Пастире“, “Градба“, “Светилките на Девиците“, “Работничка дневница“, “Дидрахма“ и “Жена“. “Сватете го зборот сериозно! Бидејќи првиот дел на зборот е вера, вториот е љубов, третиот пак-дела, од тоа доаѓа животот. Зашто зборот е како пшенично зрно, коха го засеал некој верувал во него, кога изникнало некој го сакал зашто наместо едно гледал повеќе зрна. А кога направил дело се спасилзашто дел му послужил за храна а дел оставил за да го засее повторно.Така и вие можете да го примите Небесното Царство, ако не го примите со знаење нема да можете да го пронајдете. "Затоа ви велам, бидете трезевни, не дозволете да бидете измамени! И многу пати сум ви кажал на сите заедно а посебно тебе, Јакове, Бидете спасени! Ти заповедав да ме следиш и те поучив како да зборуваш пред архонтите. Еве, слегов и говорев и големи искушенија пребродив и круната своја ја носев 9 откако ве спасив Зашто, се симнав да бидам помеѓу вас како би вие можеле за возврат да боравите со мене. И откако ги најдов вашите домови без кровови се сместив во куќите кои можеа да ме примат, тогаш се симнав.
"Затоа имајте вера во Мене мои браќа, сфатете што значи голема светлина. На Отецот не сум Му потребен-зашто на Отецот не Му треба Син но на Синот му е потребен Отец, па сепак јас одам при Него. Вие не сте потребни на Отецот на Синот. Послушајте ја беседата, разберете го знаењето, сакајте го животот и никој нема да ве прогонува нит угнетува овен вие самите.
"О вие јадни, О вие несреќни, О лажови, О искривувачи на знаењето, О вие грешници против духот, можете ли сеуште да слушате кога од почетокот ви приличеше да говорите? Можете ли да спиете кога од почетотот ви прилегаше да бидете будни за да може да ве прими Царството Небесно? 10 Вистина ви велам, полесно е на чистиот да падне в кали човек на светлината да падне в мракотколку вам да владеете или не владете.
“Се присетив на вашите солзи, поплаки и болки (кога велите) “Далеку се зад нас“, но сега вие кои сте надвор од наследството на Отецот плачете кога е потребно и жалете и проповедајте што е добро, зашто Синот доаѓа онакак како што Му доликува. Вистина ви велам, да бев испратен кај оние кои ме слушаа и да говорев со нив никогаш немаше да симнам на земјата. Срамете се поради тоа. "Знајте, ќе ве напуштам и ќе заминам, не сакам да останам повеќе со вас зашто ни вие тоа не го сакавте. Затоа следете ме брзо. Од таа причина ви говорам заради вас се симнав. Вие сте сакани, вие сте оние кои во другите ќе поттикнат живот. Повикувајте се на Отецот и често молете се на Бога и Он ќе ви даде. Благословен е оној кој ве видел со Него кога Он беше прогласен меѓу ангелите и славен меѓу светците, ваш е животот. Радувајте се и бидете среќни како 11 синови Божји. Пазете ја Неговата волја за да можете да се спасите, прифатете го мојот укор и спасете се. Се застапувам за вас кај Отецот и Он ќе ви прости.“
Кога ги слушнавме тие зборови не исполни задоволство зашто зажаливме за зборовите кои ги споменавме. Но кога не виде радосни Он рече: „Тешко вам кои никој не ве заговара„ Тешко вам кои копнеете по милост! Благословени се оние кои отворено прозборуваат и сами ја заслужуваат милоста. Споредете се со странците, какви се тие во очите на вашиот град? Зошто сте вознемирени кога по своја волја се одметнувате и се издвојувате од својот град?
Зошто по своја волја го напуштате своето престојувалиште оставајќи го на оние кои сакаат да престојуваат во него? О вие отпадници и бегалци тешко вам зашто ќе бидете фатени! Или можеби мислите дека Отецот го сака човечкиот род или дека го придобива без молитва или пак дека некому попушта во полза на некој друг или дека го услишува оној кој бара? –Тој ги познава желбите и потребите на телата (или можеби мислите ) дека ова (тело)не копнее по душа? Без душа телото не грешикако што ни 12 души не се спасени без дух. Но ако душата е спасена (кога е) лишена од зло и ако е духот исто така спасен тогаш телото се ослободува од сите гревови. Зашто духот е тој кој ја подига душата а телото ја убива односно таа(душа) се убива самата себеси. Вистина ви велам, тој нема да заборави ниту еден грев на душата ниту пак грев на телото зашто никој кој е од крв и месо нема да биде спасен. Мислите ли дека мнозина го нашле Небесното Царство? Благословен е оној кој себеси се гледа како четврти на небото.
Кога ги случнавме тие зборови, не обзема немир. Но кога виде дека сме вознемирени, Он рече:“Ова ви го кажувам за да се спознаете самите себе. Зашто, Небесното Царство е како пченичен клас кој никнува в поле. Откако ќе зазори тоа го расфрла своето семе наоколу и одново го исполнува полето со класје за следната година. Висе исто така, брзате да го посеете класот на животот за да се исполните со кралството!
“Се додека сум со вас случајте ме и покорувајте ми се, но кога ќе заминам сеќавајте се на мене. Сеќавајте се на мене заради тоа што додека бев со вас не ме познававте. Благословени се оние кои13 не видоа (па сепак веруваат)! "Уште еднаш (ве уверувам) бидејќи вам ви се разоткрив во градењето на куќата, многу полезна зашто во неа науѓате престој и таа че остане да стои покрај куќата на вашиот сосед кога ќе се закани со рушење. Вистина ви велам, тешко на оние заради кои сум испратен ваму, благословени се оние кои ќе произлезат од Отецот! Ве опоменувам уште еднаш вие кои сте-станете како оние кои не се за да можете да бидете со оние кои не се.
"Не правете пустина од Небесното Царство во вас. Не бидете горделиви заради светлоста што ве осветлува но према себе бидете онакви каков што сум Јас со вас. Зашто, заради вашето спасение морав да бидам проколнат. “ На тие зборови Петар одговори и рече? “Господи, во еден миг сесрдно не упатуваш кон Небесното Кралство, а во друг не одвраќаш од него, час не уверуваш и доближуваш до верата и ни ветуваш живот-а потоа не исфрлаш од Небесното Царство.“
Но Господ одговори и ни рече: “Многу пати ви дадов вера, тебе 14 Јакове покрај тоа и ти се разоткрив а вие не ме запознавте. Сега повторно ве гледам како се радувате и покрај восхитот поради вертениот живот, дали сте тажни, жалите ли што сте упатени во Кралството? Преку верата на знаењето вие примивте живот. Според тоа презрете го отфрлувањето кога ќе го слушнете и со тоа радувајте се повеќе кога ќе го слушнете ветувањето. Вистина ви велам, оној кој ќе прими живот и верува во Царството никогаш нема да го напушти дури и ако Отецот посака да го истера.
“За сега тоа сакав да ви го кажам, сега, меѓутоа ќе појдам на местото од каде дојдов. Но вие, вие ме отфрливте кога посакав да заминам и наместо да ми се придружите-вие ме прогонувавте. Но обрнете внимание на славата која Ме чека и со отворени срца случајте ги химните кои ме чекаат на небесата, зашто денес морам ад го завземам своето место крај Татковата десна рака. Ви го кажав и Својот последен збор и сега ве напуштам бидејќи кочијата на Духот ме крева нагоре, и овој миг ќе се слечам за да можам да се облечам. И обрнете внимание, благословени се оние кои го објавија Синот пред Неговото слегување како би, кога ќе дојдам, би можел (повторно) да се издигнам.Трикратно се благословени 15 оние кои ги објави Синот пред да станат тоа, како би и вие имале учество во тоа.
?
Откако го кажа тоа-исчезна. А ние паднавме на колена, јас и петар почнавме да заблагодаруваме и да ги праѓаме нашите срца до небесата. Со свои уши зачувме и со свои очи видовме татнеж на војни и звуци на труба и огромни превирањаа. Поминувајќи крај тоа место ги испративмне своите умови погоре и со свои очи видовме и со свои уши слушнавме химни и ангелски благослови и ангелска радост. Небесните височества пееја пофални песни и нас исто така не обзема радост,
И повторно потоа посакавме да го испратиме својот дух нагоре до Височеството а откако стасавме не ни беше допуштено да чуеме и видиме било што зашто останатите ученици почнаа да не довикуваат и прашуваат: “Што слушнавте од Господарот? Што ви рече? Каде отиде?“
Ние им одговоривме: “Замина и се заколна и на сите нам ни вети живот и ни ги откри децата (?) кои ќе дојдат по нас и побара 15 (од нас) да ги сакаме зашто заради нив ќе бидеме (спасени).
И кога го слушнаа тоа навистина поверуваа во откровението но беа нерасположени кон оние кои допрва ќе се родат. И така, не сакајќи да ги повредам ги испратив сите на различни места. Јас самиот заминав за Ерусалим молејќи се за мој удел меѓу саканите кои јасно ќе се препознаат. И молам да почетокот дојде од вас зашто така ќе бидам спасен бидејќи преку мене тие ќе бидат просветлени, со мојата вера и друга(вера) која ќе биде подобра од мојата зашто би сакал мојата да е помала. Затоа ревносно настојувајте да бидете слични на нив и молете се да добиете удел меѓу нив. Заради тоа што го кажав, Спасителот не ни даде откровение поради нив. Ние навистина објавуваме удел (учество) меѓу оние за кои е дадена објавата, оние кои Господ ги направи Свои синови.

Sosema novo glediste koe pak dosta e povrzano so evangelijata vo Biblijata, mislam deka ovaa diskusija za onaa sto e poraka vo apokrifot ce go osvezi podfroumot i ce donese dosta ubava i solidna diskusija, ve molam da bideme civilizirani i da diskutirame

Изменето од Messenger - 25.Април.2010 во 14:52
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 00:52
Абе ќе ми каже некој после во Апокрифите немало вистина.Има и тоа многу.
Колку убаво кажано-се гледа дека не е од човек туку од Божји Син.
Првите Христијани биле толку Богобојазливи, толку внимавале на текстовите, верувам ги чувале како зеници.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 01:15
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Абе ќе ми каже некој после во Апокрифите немало вистина.Има и тоа многу.
Колку убаво кажано-се гледа дека не е од човек туку од Божји Син.
Првите Христијани биле толку Богобојазливи, толку внимавале на текстовите, верувам ги чувале како зеници.


Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 01:48
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Абе ќе ми каже некој после во Апокрифите немало вистина.Има и тоа многу.
Колку убаво кажано-се гледа дека не е од човек туку од Божји Син.
Првите Христијани биле толку Богобојазливи, толку внимавале на текстовите, верувам ги чувале како зеници.


maria, bi ti predlozhil da go prochitash sekoe apokrifno pisanie koe kje ti dojde pod raka, osobeno onie otfrleni evangelija.

Ako ne drugo, kje znaesh vo shto veruvala drugata polovina od prvichnite Isusovi sledbenici.

Neka ne te plashat dushegrizhnicite, nema da ti fali vlakno na glavata.   

Изменето од Messenger - 25.Април.2010 во 14:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 22:53
Според овој апокриф, Исус се појавил пред своите ученици на 550 ден од воскреснувањето и ги повикал настрана Петар и Јаков како би ги “исполнил“ и би им го пренел во една серија проповеди Своето конечно и дефинитивно учење кое дотогаш го изнесувал само во параболи.



Mozebi ot togash do denes pak se pojavuval
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 22:57
Лично јас верувам дека е така.
Зошто пак да не?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 00:46
Najbitno e sto ima logika vo negovite zborovi, i nekako slobodata e pogolema bezuslovna kako i bozjata ljubov bez site onie uslovi koi organizacijata crkva gi ima nametnato...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.