|
За Јане Велковски (SMA-SPINALNA MUSKULNA ATROFIJA) |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Април.2010 во 01:31 |
Тежок е патот кон мирот и благосостојбата во овој свет, но е крајно неблагородно и одвратно да се живее во егоизам, самозаљубеност, себеугодување и саможивост. Ајде да направиме еден малечок ама вреден чекор напред заради општото Добро. Да се погрижиме ние за Божјото, а Бог ќе се погрижи за нашето...
На малиот 19 месечен Јане Велковски му е дијагностицирана болеста SMA - SPINALNA MUSKULNA ATROFIJA која се нарекува генетски убиец на деца број 1 во светот и се јавува најчесто во првата година од животот. Децата со SMA имаат недостаток на протеин кој ги храни групата на мускули кои се одговорни за моториката и дишењето. Заради тоа овие деца многу често не можат да проодат и остануваат цел живот во количка со опасност од развивање на пневмонии и други проблеми со дишењето што е главна опасност по нивниот живот. Болеста е дегенеративна, па како Јане расте, така состојбата може да се влоши. За да го спречиме лошиот развој на болеста Јане треба да замине на третман во клиника во Дизелдорф Германија, за што се потребни средства во износ од 10.000 евра. Доколку сте во можност да помогнете, можете да донирате средства на сметка во Комерцијална Банка: Назив на примачот: Јане Велковски Скопје - хуманитарна сметка С-ка бр: 300001000020663
Beneficiary's Banka: Komercijalna Banka AD Skopje или пак на Т-Мобиле: 143 183, VIP: 077 143 183
Да помогнеме ние денес некому кој има потреба. Утре можеби ние ќе имаме потреба од нечија помош. Ако секој од нас фрли само по едно малечко зрнце песок при градењето на една куќа, тогаш од нашата слога и човечност куќата ќе ја дигне Господ и ќе ја дигне брзо. Ве молам оваа порака препратете ја секому кому можете преку и-меил, преку сите медиуми (ТВ, радио, интернет портали, интернет форуми...), ако сте во можност направете флаери и поделете ги секаде и секому, направете налепници и лепете ги секаде во Вашиот град и кажете секому кому можете... направете се’ што е во ваша можност за да овој апел стигне до што повеќе луѓе, оти колку повеќе луѓе ќе чујат, толку повеќемина ќе може да бидат информирани и би помогнале. Ајде да дејствуваме СИТЕ - ЗАЕДНО и СЛОЖНО, за да можеме од овој свет да направиме едно барем малку поубаво и попријатно место за живеење за СИТЕ Нас. Господ нека Промисли! Господ нека Води! Господ нека Благослови! Изменето од Pravoslavie - 20.Април.2010 во 01:56 |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |