IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија за време на српската окупација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија за време на српската окупација

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија за време на српската окупација
    Испратена: 05.Април.2010 во 14:33
Ајде да видиме што се’ се случувало:



БРИТАНСКИ ДОКУМЕНТИ: ПИСМО ОД ДАРЕЛ КРЕКЕНТОРП, ВРШИТЕЛ НА РАБОТИТЕ ВО БЕЛГРАД, ДО СЕР ЕДВАРД ГРЕЈ

Белград, 2 јуни 1914 година (бр. 101) Доверливо

Писмо од Дарел Крекенторп, вршител на работите во Белград, до сер Едвард Греј, државен секретар за надворешни работи во Лондон

 

Господине,

Во врска со моето писмо бр. 99 од 26. минатиот месец, имам чест да испратам копие од едно писмо што го добив од вицеконзулот на Неговото Височество во Битола, за цивилните и верски слободи во анектираните српски територии.

Имам чест, итн.

 

Дарел Крекенторп

 

Прилог кон бр. 1

Вицеконзулот Чарлс Грег до г-от Крекенторп

(бр. 40)

 

Господине,

Во врска со Вашето писмо број 6, од 5. овој месец, имам чест да известам за следново во однос на граѓанските и верски слободи во овј дел од српска Македонија:

Во време на српската окупација во ноември 1912 година, вкупниот број на населението во областите на Битола, Прилеп, Кичево и Охрид, беше приближно околу 149.000 лица. Од овие, помалку од 12.000 беа Срби, или уште подобро "србомани", создадени од страна на српската пропаганда во времето на австриската окупација на Босна и Херцеговина. Од друга страна, овде имаше околу 70.000 Бугари или егзархисти и 21.000 прогрчки Македонци; остатокот беше составен од муслимани, Власи и мал број Евреи. Во самиот град и во казата Битола немаше Срби.

Овие бројки се базираат на статистиката објавена во јануари 1911 година од страна на Комитетот на Партијата за единство и прогрес, кој, за уште повеќе да ги подели христијаните, посака од оваа област да биде избран српски пратеник. Спред тоа, овие бројки во однос на Србите се фаворизирани до краен степен.

При окупацијата на Битола, Србите се најдоа среде една непријателска популација, која, генерално, поседуваше една посупериорна цивилизација во однос на нивната и ги гледаше нив како натрапници.

Српската политика веднаш зацрта три основни цели, а тие беа:

1. Креирање на едно етнографско тврдење во однос на окупираните територии, врз база на претпоставка, а не произлезено од историјата, дека сите македонски Словени се Срби.

2. Брза асимилација, на чесен или нечесен начин, на што е можно поголем број христијани - несловени.

3. Присилна емиграција или уништување на муслиманите, и конфискација и продажба на нивниот имот на имигранти заведени да дојдат во Македонија од Австрија и од Новиот Свет.

Параграфите кои следат и кои поодделно ги обработуваат секоја од локалните заедници под сегашниот режим, ќе покажат дека примената на таа политика е обележана со методи кои ја подриваат верската слобода и, пред се, граѓанските и природни права, како и со ужасни екцеси.

 

1. Егзархистите, или пробугарските Македонци

 

Согласно принципот, неоправдан од каква било релевантна евиденција, дека сите македонски Словени се Срби, и дека сите Срби се членови на Автокефалната црква на Србија, егзарсхискиот црковен систем беше подложен на прогон почнувајќи од првиот ден на окупацијата. Егзархистите беа одредени за заканување, парични казни, тепање и апсење. Во јануари 1913 г. беа усвоени уште потешки мерки против нив. Беше известено за случаи на Бугари кои биле терани да потпишат декларација за припојување кон Српската црква и за нивно злоставување доколку одбијат. Изгледа дека на бугарскиот свештеник, учител и на видни лица од Лазарополе, им било кажано дека ќе бидат застрелани ако останат лојални кон Егзархијата. Тогаш егзархиските цркви во Лазарополе, Зрновица и Тресонче, беа насилно затворени. Бугарскиот манастир во Кичево беше одземен, а неговиот намештај продаден. На егзархискиот архимандрит на Галичник му беше забрането да службува. Употребата на бугарскиот јазик беше насилно обесхрабрена. Црковните написи на тој јазик беа избришани. Ништо што можеше да го скрши духот на Бугарите, не беше запоставено, иако Србија тогаш официјално беше сојузник на Бугарија. Жалбите доаѓаа во уверливи форми на мажи претепани до смрт, злоставувани жени, провалени и ограбени куќи од страна на српските комитаџии. Бугарските весници беа и остануваат забранети. Патувањето, дури од едно село во друго, беше забрането, а трговијата и земјо-делството во голема мера беа суспендирани.

За акти на официјално извршени насилства се известуваше секој ден. На егзархиските свештеници им беше забрането да одржуваат комуникација со своите митрополити. Конечно во јуни 1913 г. избувна војната со Бугарија, егзархиските епископи на Битола, Охрид и Струга беа протерани, а нивните свештеници беа натерани да го признаат епископот од Белград.

Вистина е дека промената на припадноста не имплицираше промена во доктрината, ритуалот или во црковниот јазик; но тоа доносе редица понижувања и акти на насилство со коишто егзархизмот беше избришан во српска Македонија, а неговите преостанати приврзаници беа собрани во еден систем кој не беше нивен избор. Вистина е дека Егзархиската црква постоеше само од политички цели, за која религијата беше само потпорна скала; таа ги едуцираше и консолидираше хибридните Словени од Македонија и ги вдахновуваше со национално чувство за што тие бескрајно се жртвуваа, додека српските настојувања во оваа област беа нeзначитзлни. Вистина е дека егзархискиот систем беше инструмент на бугарските територијални амбиции, што Србите беа приморани да го неутрализираат; но српските репресии, како прво, имаа за цел, не легитимна самоодбрана, туку уништување на секој начин на секое несрпско национално чувство.

Избркани од нивните цркви, многу егзархисти се обидоа да се засолнат кај Протестантската и Унијатската црква, но беа принудени да ги напуштат и нив под закана од кофискација на нивниот имот. Меѓутоа, тие упорно продолжија со покажување на своето нзслагање со наложената црковна промена. Дури и на Велигден, кога сите нијанси на македонското христијанство се натпреваруваат меѓусебе во искажувњето на спротивставните верски чувства, тие ги бојкотираа своите поранешни цркви сега ставени во нови услови. Некои од нив ризикуваа со приклучување кон службата на нивните традиционални ривали, православните гркомани, додека властите во конфискуваните храмови можеа да привлечат само безначајно малцинство од 200 до 300 лица, речиси сите членови на дојдените однадвор или на семејствата на службениците. Така беше во градот Битола. Во селата, според сите извештаи, егзархистите не се осудуваа да ги бојкотираат српските цркви. Уште повеќе, според законот на Србија, како што ми беше објаснето од ресорниот инспектор, М. Алимпиќ, преминувањето во друга вера е криминал.

Бугарските училишта ја поделија судбината на црквите. Тие беа затворени, а учителите беа речиси сите прогонети. Зградите беа конфискувани, а приватната сопственост на вработените најдена во училиштата, беше продадена.

 

2. Православните Македонци - гркомани

 

Српските власти, одбегнувајќи веднаш да се судрат со грчкото православие, до сега се воздржуваше дефинитивно да се пресмета со верската слобода на про-Грците. Но, преговорите со Фанар, со којшто српската Влада цели кон таа забрана, се полни со докази за судбината намената за гркоманите при првата прилика. Тие им одговараа на српските интереси да создадат управа каде нема да постојат два верски водачи во едно место, така што српскиот епископ во Битола би го отстранил грчкиот митрополит, Не е дискутирано за диоцезите. Како резуптат од делумната примена на оваа управа, грчкиот митрополит на Битола мора да трпи арогантно мешање на дел од претставниците на белградскиот митрополит, кој поставувајќи се себеси на местото на протераниот бугарски митрополит, продолжува независно да ги дели своите инструкции меѓу грчкото свештенство. Исто така беше направен обид на грчкото свештенство да му се наметне облека од српскиот клер.

Затварањето на грчките цркви, кога и да се случи, ќе остави значителен дел од населението без каков било храм. Исто така, и во други аспекти, правата на Грците беа нарушени. Беа направени обиди да им се одземат училиштата, болниците и другите институции кои беа изградени и издржувани од фондовите на нивната заедница, со монструозен изговор дека сето население е српско и треба сите еднакво да ѓи уживаат добрата. Слични обиди беа направени да им се одземат и фондовите, но засега без успех.

По окупацијата, грчките училишта беа затворени и не беше испуштена ниту една прилика тие да бидат искористени како касарни. Каков и да се најде изговор за ова дека на сличен начин биле третирани и словенските училишта во новите грчки територии, резултатот е катастрофален за многубројните ученици кои се лишени од образование. Не е разумно ниту да се очекува гркоманите да ги посетуваат грчките училишта, ако не за друго, тогаш затоа што таму инструкциите се даваат на туѓ јазик. Но сепак, српските институции се бојкотирани од други причини. Јасно видливата игнорантност и неморалноста која секојдневно наоѓа свој израз во постапките на локалните службеници, сами за себе се опростливо, па дури и достојно за пофалба, оправдување за избегнувањето на еден образовен систем чии плодови се такви. Неколку деца до неодамна земаа приватни часови во една грчка куќа, но сега и тоа е забрането.

Во многу други аспекти гркоманите беа подложени на многу ситни непријатности со нивните природни права.

Неодамна на една грчка театарска група и беше забрането да гостува во Битола, а на неколку лица кои посакаа да присуствуват на свеченоста поврзана со посетата на грчкиот крал на Лерин пред неколку дена, им беше забрането да го напуштат градот.

 

3. Власите

 

Црковните слободи на Власите не беа попречени. Но семејствата на децата кои посетуваат романски училишта се подложени на закани, уцени и прогони од секаков вид. На некои им беше наредено во определен рок да ги преместат своите синови и ќерки од романските училишта; на други им е барано да плаќаат контрибуции за српските школи кои тие не ги користат; на други пак им е забрането да произведуваат храна надвор од нивните села, така што трговските и земјоделските интереси се уништени. Во Белица, влашко село близу Струга, кое тешко страдаше за време на албанските нереди минатата есен, сета популација беше постојано подложена на многу тешка ангарија - мажи и жени од сите возрасти.

 

4. Протестантите

 

Дури ниту малата протестантска заедница не беше оставена на мир. Тие секогаш беа регрутирани меѓу локалните Бугари на кои сега им е забрането да припаѓаат на која било црква, освен на српската. Нивната поранешна верска заедница се уште има право да посетува протенстантска црква, но не може да им се приклучуваат нови членови. Еден Бугарин кој долги години бил приврзан кон нив, бил донесен пред властите и предупреден дека ќе му биде конфискуван имотот ако повторно оди таму.

Колпортерот од локалниот огранок на Британското од странско библиско друштво, бил уапсен во една прилика заради продавање библии без дозвола. Библиите на бугарски и турски, што тој во тоа време ги имаше кај себе, беа одземени, но на мое барање, беа вратени на овој вицеконзулат. Во Битола нема барања за библии на српски јазик. Родителите на децата кои посетуваат училишта на Американската протестантска мисија, во некои случаи добија закани од властите.

 

5. Унијатската црква

 

Унијатската црква ги запазува православните норми, а го признава Папата. Таа ужива француска заштита. Како и Протестантската црква, и таа сега е спречена да прима нови членови. На нејзините стари членови формално им е дозволено да се собираат, но и врз нив имаше притисок. Јас сум информиран дека поради таквиот нетолерантен прогон од страна на шпиони и тајни политички агенти, оваа црковна заедница во голема мера била уништена. Со методи на насилство и тиранија, во основа потполно исти, без разлика дали се применети кон Македонците - гркомани, Власите, протестантите, унијатите, малцинството, кое владее со беззаконие настојува да оствари брза асимилација на што поголем број несловенски христијани.

 

6. Муслимани

 

Уште од окупацијата на оваа област, српската политика има за цел насилна емиграција или уништување на муслиманите и конфискација на нивната земја. Тоа е истата политика што Србија, вообичаено ја спроведува кон муслиманите, доволно несреќни да дојдат под нејзиниот јарем. Не беше пропуштен ниту еден чин на угнетување, којшто можеше да го направи нивното останување овде невозможно. При ваков прогон, самиот живот не беше вреден ништо, да не зборуваме за најелементарните верски и граѓански права.

За муслиманите, чија едукација во најголем дел е базирана на доктрината, и посветена, барем во нејзините најосновни аспекти, на исламските принципи, верската и просветната слобода се едно. Српската Влада ја попречи оваа слобода со:

1. уништување и сквернавење на џамиите, минарињата и гробиштата,

2. затворање и конфискување на училишта,

3. убивање и малтретирање на верските лица,

4. со конфискација на фондовите основани за верски цели; и

5. наложување на присилна работа во петок.

Следните забелешки даваат појаснувања за секој од овие притисоци; тие екцеси се однесуваат на оние што се случиле во мирно време и се извршени без какво било сомневање за провокација од страна на муслиманите.

 

1. Уништување и сквернавење на џамиите, минарињата и гробиштата

Џамиите во Бериково, Ереновци, Кафа, Крушица, Слп, Старовец и Зајас, беа срамнети со земјата. Во Прилеп минарето на џамијата беше уништено -се чини за да се прослави последниот Божиќг. Во Охрид три џамии со имиња: Скендер Беј, Далга Баба, Ејуб Сабри, беа целосно и развратно уништени во последните неколку месеци, а минарињата на џамиите со имиња: Али Паша, Хаџи Касим и Имарет, беа отстранети. Џамиите на Али Паша и Хаџи Касим од страна на српските власти се користат како штали, иако во Охрид има голем број куќи кои се оставени празни поради емиграцијата и кои можат да служат за истата цел. Муслиманските гробишта во истиот град беа претворени во јавна градина. Во Струга, џамијата позната како Ќучук Џамија, исто така беше уништена.

 

2. Затворање и конфискување на училишта

Освен во градот Битола, каде некои од муслиманските училишта се отворени, исламските образовни институции се затворени, а децата воопшто не посетуваат настава. Од Дебар и Охрид добиени се извештаи за обиди за присилување на муслиманите, со вообичаените методи на уцени и парични казни, да ги посетуваат српските училишта. Во многу случаи српските власти ги одзедоа училишните згради без никаква компензација.

 

3. Убиени и малтретирани свештени лица

Муфтијата на Кичево минатиот октомври беше претепан речиси до смрт, а оџите на Слп и Старовец беа искасапени од српските комитаџии.

 

4. Конфискација на фондовите основани за верски цели

Општинските власти во Охрид ги запленија фондовите и записите на вакафите. Во Битола властите, во име на малолетните сираци, ги присвоија парите контролирани од исламската заедница.

 

5. Присилна работа во петоците

Муслиманите се присилени на ангарија дури и во петоците. Не се изземени ниту имамите ниту оџите. Дури изнемоштените и изработени старци се вклучени во ова ропство. Имаше обиди ангаријата да биде проширена и на бегалците, но тие засега се стопирани имајќи ги предвид претставките направени од овој вицеконзулат. Ако српското прекршување на верските права на муслиманите е огромно, дивјачко и лакомо, тоа е ситница во споредба со негирањето на секакво граѓанско и природно право. Ниту животот, честа, ниту сопственоста е почитувана. Тие се подложени на:

1. масовни масакри и кражби или уништување на имотот

2. тортура, тепање, и силување

3. судски апсења, официјални лихви, и уцени

4. присилна работа и контрибуции, и

5. потполно лишување од правдата и од легалната заштита и помош

Следните забелешки даваат појаснувања за секој од овие притисоци; тие екцеси се однесуваат на оние што се случиле во мирно време и се извршени без какво било сомневање за провокација од страна на жртвите:

 

1. Масовни масакри, кражба и уништување на имотот

Во минатите септември и октомври, 22 села населени со муслимани, во реоните на Кичево, Крушево и Прилеп, беа целосно или делумно уништени и ограбени од официјалните банди на српските комитаџии, кои заклаа повеќе од 600 мажи, жени и деца, однесувајќи ја нивната летнина, стоката и другиот имот и изнудувајќи големи суми пари преку уцени и грабнувања. Пред овие масакри, муслиманите беа целосно разоружени и тие беа толку кротки, што не е познато дека и еден Србин добил гребнатинка за време на масакрите. Освен овие оргии, бројот на муслиманите кои "исчезнале", или умреле од ефектите од тепање или од друго злоставување, мора да биде значителен.

 

2. Тортура, тепање и силување

За време на масакрите во минатите септември и октомври, селото Слп беше посетено од една банда комитаџии, предводени од српски војводи и службеници, кои затвориле околу 70 мажи и деца, врзани, во џамијата, а потоа ги запалиле.

Тепањето на муслиманите за изнудување пари е секојдневна злоупотреба на општинските службеници. Минатиот ноември, со наредба на властите од Кичево (под префектот), еден број муслимани беа легнати преку самари и тепани со пиралки се додека нивното месо не беше целосно раскинато, и потоа беа оставени да изгнијат до смрт. Се чини дека изнудувањето пари било цел на овој ужас. Една муслиманска делегација, која неодамна замина од Битола во Белград, за да ја изложи пред српскиот премиер листата на жалби, особено бараше од него да ги заштити нивните жени од злоставувањата. Во моето писмо бр. 34 од 20. минатиот април, беше известено за многу автентичен пример на една муслиманска жена силувана од српски официјални лица.

 

3. Судски апсења, официјални лихви, и уцени

Муслиманите се бессрамно и отворено експлоатирани од општинските службеници, тајната полиција, шпионите и од приватни лица, во содејство со полицијата, адвокатите и службениците. Ако бараната уцена не е платена, жртвата е тепана и фрлана во затвор, каде може да остане неопределено време или може да "исчезне". Кога некој е во затвор, неговите пријатели, загрижени за неговата безбедност, безмилосно се цедени од адвокатите во содејство со официјалните лица од кои зависи добивањето слобода. Дури и во градот Битола, муслиманските куќи се провалувани и ограбувани од шпиони, помогнати од жандарми.

 

4. Присилна работа и контрибуции

Како што е изјавено во првиот параграф, муслиманите, како и останатото население, со недели се присилени да работат на патиштата, без засолниште од временските непогоди и без надомест. Владата дури не доставува ниту храна, ниту облека за овој труд. Во други случаи, муслиманите се приморани да обезбедуваат дрва кои ги пренесуваат од големи далечини без надомест. Тиз се опасни наложувања врз населението од кое е ограбувана речиси сета жива стока и единствено може да се надева да произведува некаква земјоделска култура со ништо друго, освен со свите раце - труд кој го одзема сето нивно време. Бесплатното снабдување со стебла е еден нетолерантен товар за некои планински села со мали или со никакви ресурси за обработка на дрвото, кои тие вообичаено го продаваа. Двојна неправда е направена кога се знае дека на христијаните им е дозволено да сечат и да присвојуваат, за нивна лична употреба или за продажба, стебла кои легално им припаѓаат на муслиманите, додека на последните не им е дозволено ниту да земаат дрва за огрев од нивните сопствени шуми.

 

6. Потполно лишување од правдата и од легалната заштита и помош

За многу од овие грешки, легална помош не доаѓа во предвид, бидејќи тоа се службени грешки. За другите не постои надеж или помош затоа што агресорите се христијани во сојуз со властите. Еден муслиман, ако сакв да ризикува репресалии, можз да упати жалба до Префектурата. Молбата напишана од страна на адвокати за не толку скромен надомест. Нема да има никаков резултат.

Во очите на српската правда, муслиманите и христијаните не се исти. Еден муслиман може да биде затворен и осуден на смрт - за тоа има примери - за недокажани престапи, извршени пред српската окупација, иако српските судови немаат јурисдикција во таквите случаи. Едзн христијанин, пак, не може да биде осуден за престапи извршени против муслиманите во 1912 и 1913 г., бидејќи беше објавена амнестија за тој период, очигледно заради амнестирање на српските комитаџии, војводи, официјални лица, и други насилници, кои тогаш беа зафатени со убивање и грабење. Не е премногу ако се каже дека, ако не е британската добра служба, муслиманската популација од овој дистрикт ќе бешз одамна истребена.

 

7. Евреите

Евреите претрпеа значителни штети кога беа приморани за извесно време да ги затворат нивните дуќани во неделите, губејќи на тој начин два дена во нзделата , а да не зборуваме за безбројните празници во српскиот календар. Пред неколку дена им беше наредено да се откажат од употребата на фесовите. Како и останатиот дел од населението, тие се силно згадени од сегашниот режим кој ја уништи трговијата, го испразни градот и не создаде и не подобри ништо. Нивниот број секојдневно се намалува преку емиграњето во Новиот Свет.

 

Општи забелешки

 

Населението, чија религија и граѓански права на овој начин се фрлени под нозете на владеачкото малцинство, нема свој претставник во српскиот парламент. Меѓутоа, тоа има безбројни обврски - меѓу другите, воена обврска (освен муслиманите) и барања за огромни такси и уништувачка царинска тарифа која е најмалку кадарна да ги покрие сметките, поради речиси целосното замирање на трговијата. Резултатот е финансиска парализа и емиграција, без компензирачка имиграција.

 

(Извор: Британските конзули во Македонија 1797-1915, Државен архив на Република Македонија)




http://www.freewebs.com/edlund/macedoniaethnographicmaps.htm


Изменето од Pat - 05.Април.2010 во 15:45
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 05:54
Dobra tema, aj da vidime kako ke se odviva ponatamu.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 08:34
Има една книга на извесниот писател и револуционер Кирил Прличев - синот на Григор Прличев. Книгата е СРПСКИОТ РЕЖИМ
и РЕВОЛУЦИОНАТА БОРБА ВО МАКЕДОНИJA ( 1912 - 1915 година )

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 23:04
Originally posted by чоли чоли напиша:

Има една книга на извесниот писател и револуционер Кирил Прличев - синот на Григор Прличев. Книгата е СРПСКИОТ РЕЖИМ
и РЕВОЛУЦИОНАТА БОРБА ВО МАКЕДОНИJA ( 1912 - 1915 година )

Сите го знаеме овој сајт и сите книги на него,нешто ново да не имате?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
eptendosadno1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ

Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 23:40
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

Има една книга на извесниот писател и револуционер Кирил Прличев - синот на Григор Прличев. Книгата е СРПСКИОТ РЕЖИМ
и РЕВОЛУЦИОНАТА БОРБА ВО МАКЕДОНИJA ( 1912 - 1915 година )

Сите го знаеме овој сајт и сите книги на него,нешто ново да не имате?


Тоа се субјективни погледи , проценки , кои се од голема корист за науката .

Тешко дека таму ќе најдеш информација поврзани со активностите на Гешов , што е многу , многу важно за целата приказна .
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 19:43

Македонската драма автентично раскажана од српски учител

Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (15)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

„Бугарите истерале нешто од населението и стоката. Дел од населението, најмногу старци и жени, останало. Нивната пропаст овде ја довршуваме ние. Ние, Србите - и ги чуваме. Народот престрашен не' гледа и им се чуди на ’ослободителите‘... Селаните гола сиромаштија. Некои отишле со Бугарите, некои сега се враќаат во селата. Но, ќе го најдат само куќиштето. Зашто постојано се плаќа. Стоката не добива доволно храна, па од селото се изнесува се' што ќе се најде, дрва никаде - па куќите се уриваат за дрва. Грешен свет. Ги ослободуваа и Бугарите и ние, така што сега се ослободени и од најбитните потребности“. Вака ја опишува големата сиромаштија во Македонија, опустошена од војните, српскиот учител Милорад Марковиќ, кој војувал на фронтовите и за време на Балканските војни и за време на Првата светска војна.

Кога ќе се прочитаат „Воени дневници“ на Марковиќ, ќе се дојде до неоспорниот заклучок дека тој е објективен сведок на војните, ослободен од сите великосрпски шовинистички емоции. Ја слика војничката и човечката дрaма на луѓето и на сите оние на кои војната им донесе невидени патила. Се згрозува од злосторствата што ги прават војските и паравојските. За него не постојат наши и ваши, сите што вршат злосторства ги осудува, без разлика на тоа дали се Срби, Бугари, Грци или Турци. Затоа неговите дневници се драгоцено автентично сведоштво на едно страшно време, напишани од човек кој нештата ги мерел со поинакви аршини од аршините на големосрпската политика.

По победата на фронтот, српската војска, враќајќи се дома, пљачка се' што ќе најде во Штипско и во Тиквешко, а соголениот народ, како што пишува тој, немо ја гледа. „Тоа што не избегало со Бугарите, не' дочека нас, сите речиси до смрт преплашени. Без мрморење, гледаат како војниците ги пљачкаат до гола кожа. Сакаат само едно: животот. ’Брате, ние толку се радувавме да дојдете, а вие не' пљачкате‘, плаче една жена. Другите се скамениле и гледаат што се прави со нивниот имот’, бележи Марковиќ, очигледно сочувствувајќи со страдањата на македонскиот народ.

Марковиќ, на кого поважно од се' му е достоинството на човекот, кој цело време додека е на фронтот мечтае за семејството и сопругата Ана, жестоко ја критикува српската власт, воспоставена по победата во двете Балкански војни: „Тешко на овдешниот народ. И данок и ’доброволни прилози‘ за Црвен крст и за народна одбрана, од што добра половина оди во џебот на ’собирачите‘, даночниците и преостанатата власт. Најлошиот чиновнички џган дојде ваму. Тие се однесуваат кон оваа земја исто како Шпанците некогаш во Америка“, пишува Марковиќ.

Српскиот учител педантно го регистрира секој позначаен војнички ден, секој крвав настан. Во своите „Воени дневници“ го осудува и големото злосторство во Струмица извршено од Србите, Бугарите и македонските комити за време на Првата балканска војна, кога бил формиран суд кој по кратка постапка ликвидирал најмалку 700 Турци. „Српската војска е во Струмица. Српска тробојка на нивна куќа. Српска музика свири српски ора. А Турци? Јадни, скршени, измачени, со рацете на градите, со покорно спуштени глави, седат и чекаат пресуда на српскиот суд, кој секој втор го праќа пред бајонет... Поминуваат турските анами. Ги пресретнуваат нашите, им ги симнуваат фереџињата. Турчинките фанатички се бранат, но тоа уште повеќе ги раздразнува граѓаните, па дури ги малтретираат. Толпа е толпа“, пишува Марковиќ за ова невидено крвопролевање за кое македонската јавност речиси не знае ништо.

Пред започнувањето на Втората балканска војна, Марковиќ повторно се нашол крај Брегалница. Тој бил сведок и на колерата што го зафатила тој крај. „Ужас. На местото каде што бил логор, по патот оставени маса луѓе заразени од колера. По еден-двајца, некаде цела група. Напуштени, разголени, помодрени, офкаат, се превртуваат, кукаат, стенкаат, проколнуваат. Поминуваме крај нив - тие се обидуваат да станат, бараат вода, повторно паѓаат. Ги корнат косите, се удираат, молат, проколнуваат. Ние ги свртуваме главите, бегаме, а тие како побеснети викаат по нас, ползат од сите страни, ни се криват, пакосно ни се смеат. Не' плукаат, не' проколнуваат. Страшно, само од нашата батерија околу 40 војници отидоа во болница“, ги опишуваа Марковиќ страдањата на заболените од оваа заразна болест, оставени од нивните.

Марковиќ не ги гледа Македонците ниту како Срби ниту како Бугари, туку како посебна нација. Во Струмица запознал една Македонка, која по професија, исто како и него, била учителка, за која вели дека му оставила впечаток на пријатна жена. „Предаваат бугарски јазик, а во градот и турски. Предаваат турска историја, а скришно и бугарска. Раскажува (учителката н.з.) дека во училиштето ги учат да говорат поинаку од тоа што го говорат дома. Говорот мајчин бил ’простачки‘. Иако тој бил поразбирлив, со него не се служела интелигенцијата, тие што сакаат да се отмени. Бугарската пропаганда далеку дотерала: од мајчиниот јазик се срамат синовите и се учат да зборуваат со тој ’отмениот’ – бугарскиот“, пишува српскиот учител, пренесувајќи ги кажувањата на македонската учителка.

Српскиот учител го однела војната и во Гостиварско и по текот на Радика, каде што дошол до сознание дека тие што се прават Срби таму, не се тоа. „Еве не' во Маврови Анови. Селото Маврово е мало место, каде што се ановите - како некоја оаза меѓу брдата. Има неколку анови. Околните села се српски, малку понатаму арнаутски. Има Срби кои слават празници, велат дека се Срби, имаат црква, поп кој служи словенска служба, а ни збор српски не знаат, ни тие ни попот. Има, пак, во арнаутските села Арнаути кои ни збор не знаат арнаутски - но српски говорат!“, се чуди српскиот учител, кој е свесен дека тоа не се ниту Срби ниту Албанци, дека, всушност, се Македонци.

Интересни се кажувањата на српскиот учител за Велес кога Србите почнале да им ги менуваат презимињата на Македонците. „Овде отворено покажуваат нерасположение. Нашите го протераа владиката, некои учители, попови; убија неколкумина, натепаа доста, им се заканија на другите. И - ги смирија. А по нашите победи!? Времето и воената власт - го сторија своето. Фирмите сите на ’иќ’. Арсеновиќ, Алексовиќ, Борисавлевиќ, итн. Некои од населението и тука го покажуваа својот цинизам: наводно, презимето не можело целото да се смести на таблата - а тие го скратуваа, така што последниот слог на ’ов‘ остануваше во првиот ред - старото презиме, а тоа ’иќ’ го пренесуваа во вториот ред и така стануваше Марков – ’иќ’“.

Марковиќ пренесува еден настан што се случил во црквата во Живојно, кој најилустративно говори за насилничката асимилаторска политика што ја започнала српската власт врз македонското население веднаш по окупацијата, протерувајќи ги тогашните учители и свештеници од училиштата и црквите. „Во црквата полно сиромашни селани. Речиси само старици, поретко по некој старец, висок, сув, тазе избричен и исечен на брадата, ќелав, ковчест, со простодушен, детски лик. И мажите и жените, со ставени раце под појасите, скиснати, побожно го слушаат неразбирливото мрморење на попот и смирено се клањаат кога тој протрча (бесно) низ црквата, покрај нив, поднесувајќи му го на секого под нос кандилото со темјан... Наскоро влегоа двајца наши попови, со господско и величествено држење. Со широко расфрлени раце се прекрстија и еден отиде на местото за пеење, а другиот кај олтарот и по малку се заори крупен, надмен глас, полн со некаква величина и на едниот и на другиот. Но, сега, оној првиот, месниот поп, збунето се свртува и не знаејќи што да прави, отиде во олтарот. Внимателно да не го допре тој кај местото за пеење, ја собра мантијата и повеќе не излезе и повеќе не се слушна неговиот глас. А крупната и величествена фигура на нашиот поп се движеше низ црквата достоинствено и пееше песни со својот задоволен глас, уметнички манипулирајќи со кандилото. Збунетите селани плашливо се тргнуваа пред него за да му направат пат...“, ја опишува Марковиќ оваа непријатна сцена со српските препотентни попови кои со себе ги носела тогашната српска окупаторска власт за да ја изврши својата црковна мисија во Македонија.

Додека е на фронтот, Марковиќ ги поставува прашањата: „Што не' натерало нас стотина илјади да ги оставиме својата земја, домовите, жените и децата и да одиме и сами не знаејќи каде, свесни дека не' чека глад, мака и студ? Што е тоа што ги тера милиони луѓе меѓусебно да се убиваат и не познавајќи се? Што ги тера луѓето да одат во смрт кога ниту еден од тие што одат, што ќе загинат, не го сака тоа. Што ги тера луѓето да пукаат брат на брата, пријател на пријател, другар на другар? Што ги поттикнало милиони луѓе да ги остават своите огништа, удобниот живот и да тргнат да убиваат други исто такви луѓе кои, исто така, ги оставиле своите домови и среќниот живот?“

На секој гроб секоја мајка може да го оплакува синот

Српскиот учител Марковиќ еднаш отишол и на гробиштата во битолско Живојно, село во непосредна близина на фронтот. Во црквата на селото биле погребани стотина српски војници и дваесетина офицери, загинати во борбите околу Црна Река. „Некој убаво ги средил, поставил крстови со имиња и целите гробишта ги заградил со жица. Има многу гробови на француски војници. На сите нив стои натпис: ’Умре за Франција’. Неколку војници беа кај нивните гробови. Запалиле свеќи крај крстовите, седнале на гробот, ги спуштиле главите на рацете – и молчат така со минути, не се движат, не зборуваат. Што ли мислат? Колку скапо ја плаќаме секоја стапка земја, каде се' уште нема наши гробови? Колку гробови уште ќе создадеме? Каде тој, на крајот, ќе падне? Дали некој ќе му го среди гробот? Дали ќе му се знае гробот? Дали ќе му запалат свеќа? Стотина тажни мисли поминуваат низ главата. Каде води сето ова? Колку синови, браќа, татковци и мажи-хранители се овде? И уште колку ќе паднат? И на крајот ќе дојде редот и на нас. Ах, кога ќе биде тоа. Еден Македонец загина на влезот во своето село. Ни сопствената куќа не ја виде. О, не е смртта тешка толку колку патот до смртта.

На гробиштата имаше доста и безимени гробови. На многу крстови бојата веќе беше истриена. И кога ќе заврши се', ќе доаѓаат мајки и сестри на овие гробишта и со солзи ќе ги оросуваат местото и туѓите гробови. Но, тоа нема да бидат туѓи гробови.

На кој било од нив, мајката би можела да го оплакува синот, сестрата братот“, пишува српскиот учител во своите „Воени дневници“, зафатен од црните мисли на војната.

извор





Изменето од Pat - 08.Април.2010 во 19:46
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 04:29
Odlicen osvrt za stradanjata na narodot po proteruvanjeto na turcite od balkanot.
Mnogu losi covecki sudbini, mnogu stradanje za obicniot narod.
Nekoi bile sikanirani zatoa sto se bunele poradi ova ili ona, nekoi poradi toa sto vooruzeno se sprotivstavuvale na novite gospodari.
Vo sekoj slucaj veruvam deka bilo taka kako sto raskazuva ucitelot, mozebi na nekoi mesta i poloso, zatoa sto toa e osvrt na rabotite koi sto toj licno gi videl i doziveal.

Druga e rabotata vo vistinitosta na knigata, odnosno koj i za koi potrebi ja napisal.

Pogotovo kaj nas na Balkanot, vo pogolemiot broj slucai koga se raboti za informacii od domasni izvori, nagolemo se manipulira so fakti i nastani, odnosno se izvrtuva vistinata.

Dobro bi bilo koga bi se postirale informacii od stranski avtori, koi se daleku poobjektivni i ponepristrasni od nasive.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.