IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Џемаил Хасани-Џемо Хаса
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Џемаил Хасани-Џемо Хаса

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Џемаил Хасани-Џемо Хаса
    Испратена: 05.Март.2010 во 20:52
Џемаил Хасани (албански: Xhemail Hasani; Симница, Гостиварско 1908 - Беличица, Мавровско, 6 мај 1945) познат и како Џемо Балистот, Џем Хаса, Џемо Симница е балист од Македонија, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. Него Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади лека.
Џемо Балистот е роден во 1908 година во гостиварското село Симница. Растел во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи со земјоделие на татковиот имот. Тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавува желбата за војување. Во почетокот заминал во јужниот дел на Албанија да војува. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде започнува со неговите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија. Во почетокот на 1945 година Џемо Хаса и уште триста други души, во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнале борба со партизаните, каде стрелале 7 души. На 6 мај 1945 Хасани е убиен. Претходно, во почетокот од 1945 година, ОЗНА во Македонија организирала потрага по Џемо, кој со вооружени групи се движел низ Албанија и западна Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал заедно со телохранителите да го заработат или ликвидираат Џемо. ОЗНА за возврат им ветила слобода, доколку не продолжат со ограбувањата. Значи тој бил балист кој се борел за голема Албанија,за македонците непријател,за албанците народен херој.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 00:11
Верувам дека оваа тема е отворена, пред се, поради емисијата на Васко Ефтов, посветена на овој фашист.
Истиот Џемо, бил дел од фашистичките сили во регионот, извришил невидени злосторства врз цивилното македонско население, а и дејствувал во СС дивизијата "Скендербег", што доволно кажува за неговата личност.

Еве и повеќе за злосторствата на балистите:



Балистичките ѕверства врз Македонците во западна Македонија по ништо не заостанувале од ѕверствата на останатите окупатори на нашата земја.
Македонски жени и деца биле живи горени од страна на албанските фашисти во времето на нивното оргијање во западна Македонија.

Размислувам околу неодамнешните повампирени идеи за некаква Голема Албанија, прикриено поддржани од страна на некои наши партии.
Таквото размислување ме наведе да се навратам на последните настани во Македонија од времето кога и во практика егзистираше ваквата чудовишна творба.
Но, наидов на одредени пречки.
За ѕверствата на балистите мошне малку е пишувано во публикациите за пошироката јавност.
Сепак успеав да најдам две книги, во кои се опишани само мал дел од злосторствата на балистите.
Читам за еден од најголемите масакри над македонското население - масакрот во село Беличица.
Овој крвав настан делумно е опишан во книгата од авторот Нешо Марковски, кој бил еден од преживеаните партизани кои не успеале да го одбранат селото пред надмоќниот балистички непријател.

МАСАКРОТ ВО БЕЛИЧИЦА

Во оваа книга, под наслов, Беличица во пламен, за големоалбанскиот масакр врз македонското село Беличица, читаме:

Штом видоа дека нема веќе отпор, како гладни хиени фашистите се устремија кон селото, кон селаните и загинатите борци.
Нивниот водач Аќиф Речани, искачен врз купот ѓубре што се наоѓаше среде Горното Маало, со кренати раце гласно извикуваше:
"Ска мал Беличица!" (Је нема повеќе Беличица!).
А потоа нечовештината почна да се покажува во својата вистинска лика.
Ги започнаа своите оргии врз мртвите и беспомошните.
Почнаа да ги палат селските куќи.
Загинатите партизани ги обезличуваа со камења и ножеви, им ги вадеа забите, ги претресуваа и им ги одземаа личните предмети, пукаа со огнено оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да ја однесат како "воен трофеј".
А со неколкутемина тешко ранети и неподвижни, што уште не беа подлегнати на смртоносните истрели, посебно се "пресметаа".

Во продолжение авторот ги опишува убиствата на неколкумина партизани
(меѓу кои бил и еден Албанец).
За убиството на партизанот Борче Кочовски, авторот пишува:

Борче Кочовски се обидоа да го одоброволат за да им каже некои важни информации.
На сите прашања молчеше, а потоа гласно им рече:
"Зарем не гледате, ене погледајте, ене го денот, блиску е кога на сите вам ќе ви суди народниот суд.
Пресудата веќе ви е изречена... Да живее слободна Македонија!"

Веднаш го застрелаа, а потоа со камења му ја обезличија главата.

Саво Тасевски, ранет, но се уште жив, го фрлија во огнот на една запалена куќа и уште пукаа врз него.
Сиот во пламен и со тешки изгоретини излезе од огнот, но по неколку часа почина.

Потоа разулавените балисти влегоа во куќите, безмилосно ги убиваа беспомошните жени и деца и ги палеа нивните домови.
Го почнаа она за кое дојдоа - да го уништат селото.

Една по една куќа вивнуваше во оган.
Беличица беше во пламен.
Со селото гореа и неговите жители.
Старата болна Лиска Јовановска балистите ја застрелаа в кревет. Четириесетиседумгодишната Ана Бибовска се обиде да побегне, но не успеа.
Ја вратија во нејзината куќа и тука ја убија заедно со Параскева Трајковска, а потем и двете ги фрлија во куќата што веднаш ја запалија.

Калина Јовановска, најубавата девојка во Беличица но истовремено многу храбар и активен комунист... загина со крената глава.
Анестија Богуческа и Наталија Богуческа, свекрва и снаа, долго им се спротивставуваа на балистите, заштитувајќи ги трите малолетни деца.
И двете загинаа една до друга.
Тоа им беше малку на балистите, па мртвото тело на Анестија дури го набија на колец.

Старата Сара Богуческа се обиде своите две внучки Ценија и Грозда Богучески да ги засолни во плевната.
Но и тука ги пронајдоа, ја запалија плевната и десетина балисти постојано пукаа, се додека плевната сосема не изгоре, а во неа Сара, Ценија и Грозда.

И Соломонија Јовановска ја снајде истата судбина - изгоре во запалена плевна.

Таа пред тоа неколкупати сета во изгоретини по снагата излегувала од огнот, но балистите пак ја фрлале во пламенот.
Мајката и синот Ленка и Тодор Ѓурчиновски, исто така ѕверски ги убија и ги фрлија да изгорат во огнот на запалената стара трошна куќа.

За балистичките ѕверства среќаваме сведоштва и во книгата на Јован Павловски Судењата како последен пораз (Скопје, 1986).
Од оваа книга ќе го издвоиме сведоштвото на балистот Алија Зибери, кој, подоцна на своето судење, го дал следното сведоштво:

Јас се сеќавам дека учествував во стрелањето на заробени партизани кај село Лавце, над Тетово, како и кај село Жеровјане, Тетовско...
Ги стрелавме со пушки и ги оставивме незакопани.
Кај село Жеровјане стрелавме седум души и во ова стрелање учествувавме јас, Дуло, Риза и Наиф.
Овие групи ни ги даваше Џемо Симница, а тој ги земаше од тетовскиот затвор.

Балистот Ферми Бајрами сведочи:

Една ноќ во почетокот на 1945 година дојдоа во село Горјане Алија, Назиф и Абдула, кои во тоа време беа илегалци и живееја во шума...
Со нив беше и Џемо Хаса од Симница и уште триста други души.
Во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнавме борба со партизаните...
Лично Абдула Амити ми кажа оти кај село Лавце убиле 12 до 14 партизани.
Алија ми кажуваше дека во селото Дуф ја фатиле ќерката на попот и Абдула, Алија и Назиф ја обесчестиле и тоа во нејзиниот двор и се смееле со неа.

ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО КУЗМАНОВСКИ - УБИЕНО ОД БАЛИСТИТЕ

Од истата книга на Јован Павловски читаме и за еден од најкрвавите настани во кои настрадале Македонци од страна на подивените балисти.
Настанот се случил во Тетово на 07.06.1943 година. Притоа читаме:

Беше убава јунска ноќ, некаде околу полноќ.
Во семејството на Јордан Кузмановски, сточар од Тетово, се се смири: помина уште еден ден, исполнет со подготовки за свадбата на ќерка му Марица, која во неделата требаше да се омажи во Скопје.
Беше петок и жените по стариот тетовски обичај се вратија од бања...
Ноќта, топлата јунска ноќ, ја пресекоа повеќе истрели.
Кога соседите истрчаа на улица, тие можеа да видат како четворица луѓе на дрвени скали носат нешто.
Беше тоа железната каса на Јован Кузмановски.
Оние што влегоа во куќата се сретнаа со најѕверското и најподмолното злосторство во Тетово, направено кога и да е: веднаш до дворната врата лежеше избоден со ножеви најстариот син на Јордан, Глигор Кузмановски.
На чардакот една преку друга лежеа мајката Зора и ќерката Марица, заклани со ножеви и убиени со пушка.
А Марица требаше само по 24 часа да го стави на глава свадбеното венче.
Во една од собите стенкаше тешко ранет помалиот син Симо, а домаќинот Јордан Кузмановски збираше душа во дворот...
Соседите на селска кола го натоварија Јордан Кузмановски и неговите два сина и ги однесоа во болница.
Симо умре уште додека го префрлаа во колата, а малку подоцна, на пат за болница, умре и стариот Јордан.
Утредента во Скопската болница умре и најстариот син Глигур.
Имаше само 24 години.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

Дедо ми бил партизан се борел против Џемо и неговите балисти, сетоа ова го имал видено, никогаш не ги заборавил тие злосторства, не случајно и Џемо и неговите соборци ги нарекувал со погрдни термини, според сето ова гое го прочитав, сосема си го заслужиле!



Изменето од Македон - 06.Март.2010 во 00:12
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 16:28
Џемо е невин него хитлер го излажаи затоа сите што не биле ариевци тој само ги чистел.Немал лоши намери дечкото иако и албанците плачело од него ама за тоа не смеат уста да отворат.




Изменето од Македон - 06.Март.2010 во 22:51
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 17:53
Џемо е невин?Мунгос мислиш ли што напиша??Па хитлер не ни знаел дека џемо се борел за голема Албанија,и дека вршел етничко чистење во секое македноско село?Прочитај го постот на Македон се ќе ти стане јасно.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 17:57
Што сведочеле соборците на Џемо?

Џемаил Хасани, попознат како Џемо Балистот, е водач на профашистичката организација Бали Комбетар за Македонија. Италијанците го користеле за борба против македонските партизани, за што му давале месечна плата од 50.000 леки.

За богатиот опус на Џемо во борбата против Македонија може да се најдат низа документирани материјали. Меѓу другото, во книгата на Јован Павловски „Судењата како последен пораз“ е објавено и сведоштвото на балистот Алија Зибери, кој подоцна, на судењето, го дал и следниот исказ:

„Јас се сеќавам дека учествував во стрелањето на заробени партизани кај селото Лавци, над Тетово, како и во селото Жеровјане, Тетовско... Ги стрелавме со пушки и ги оставивме незакопани. Кај Жеровјане стрелавме седум души и во ова стрелање учествувавме јас, Дуло, Риза и Наиф. Овие групи ни ги даваше Џемо Симница, а тој ги земаше од тетовскиот затвор“.

Балистот Ферми Бајрами сведочел: „Една ноќ во почетокот на 1945 во селото Горјане, дојдоа Алија, Назиф и Абдула, кои во тоа време беа илегалци и живееја во шума... Со нив беа и Џемо Хаса од Симница и уште триста други души. Во близината на мостот на реката Маздрача, кај Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнавме борба со партизаните... Лично Абдула Амити ми кажа оти кај селото Лавци убиле 12-14 партизани. Алија ми кажуваше дека во селото Дуф ја фатиле ќерката на попот и Абдула, Алија и Назиф ја обесчестиле, и тоа во нејзиниот двор и се смееле со неа“.

Џемаил Хасани е убиен во пролетта 1945 година. Претходно, во почетокот од 1945 година, ОЗНА во Македонија организирала потрага по Џемо, кој со вооружени групи се движел низ Албанија и западна Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал заедно со телохранителите да го заработат или ликвидираат Џемо. ОЗНА за возврат им ветила слобода, доколку не продолжат со ограбувањата.

Неколку дена пред мај 1945 година, офицерите на ОЗНА заминале за Гора, каде што одржале средба со телохранителите на Џемо, Зибери и Амитија. На таа средба тие на офицерите им ја покажале главата на Џемо, донесена во вреќа. За нивна заштита, ОЗНА објавила дека припадниците на ЈНА го убиле Џемо во акција. Што се однесува до неговите телохранители, тие не го почитувале договорот со ОЗНА, туку се приклучиле кон групата на Шаип Садику. Во 1948 година таа група по налог на албанската тајна полиција Сигурими влегла во Македонија и на Косово и вршела оружени напади врз војници на ЈНА. Во една од акциите, луѓето што го убиле Џемо по налог на ОЗНА биле заробени и осудени на затвор.



Изменето од Македон - 06.Март.2010 во 22:51
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 20:08
Originally posted by Boromir Boromir напиша:

Џемо е невин?Мунгос мислиш ли што напиша??Па хитлер не ни знаел дека џемо се борел за голема Албанија,и дека вршел етничко чистење во секое македноско село?Прочитај го постот на Македон се ќе ти стане јасно.


Пријателе јас знам дека овој е гнаса но во главите на новите албанци тој е невина жртва.

А не Хитлер туку Мусолини е кривецот
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 01:20
Zeksi71, такви анализи на друго место прави, на историја не!

Изменето од Македон - 08.Март.2010 во 01:21
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.