|
Физикална медицина |
Внеси реплика |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Февруари.2010 во 23:35 |
да се запознаеме прво општо.......
што се подразбира под физикална медицина ........ кои здравствени проблеми решава за да може темата да тече....... Активностите се одвиваат во рамките на три организациони отсеци: • Отсек - специјалистичко консултативна амбуланта • Отсек - терапевтски • Отсек - болнички (во подготовка за отпочнување со работа) Електротерапија Се спроведуваат следниве електропроцедури: • галванотерапија и електрофореза • интерферентни струи • дијадинамски струи • електростимулација • термотерапија (солукс, КТД) • ултразвучна терапија • магнетотерапија • ласеротерапија и тенс Термотерапија со парафинотерапија и криотерапија Потребно е припрема на казаните за загревање на парафинот и спремно е за парафинска терапија.... Единица за Кинезитерапија Во единицата за кинезитерапија се врши рехабилитација на пациентите, индивидуално или групно по соодветни методи. Помошни средства за изведување на кинезитераписките процедури се: • душеци за вежбање, • шведски скали, • екстензомат, • огледало, • анатомски и медицински топки, • еластични (тера банд) траки. Отсек терапевтски Се изведуваат групни вежби за деца со сколиоза, групи - вежби со пациенти со дегенеративни заболувања, групи- вежби за пациенти со остеопороза, групи- вежби за ревматолошки болни. Работна терапија Со успешно спроведување на функционална и окупациона работна терапија се рехабилитираат големи број на пациенти ....... Единица за мануелна масажа Масажата се изведува мануелно со помош на талк или антиревматични масти на дел од телото или екстремитети одредена од лекарот физијатар.По доаѓање на пациентот се прегледува од лекар специјалист-физијатар кој му одредува терапија и се упатува во соодветната единица за физикална терапија и рехабилитација. Лекарот физијатар врши специјалистички преглед ... поставува дијагноза и одредува терапија со физикални процедури и рехабилитациски третмани... Изменето од bijonse1 - 25.Февруари.2010 во 23:41 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЛКА ВО ПЕТИЦАТА .......
Причините за болка во петицата општо може да се диференцираат според местото на болка и клиничките наоди. Понекогаш е потребен Ртг........ Најчеста болна состојба, особено кај лица со поголема телесна тежина и кај оние што многу одат. Честа причина е напрегнување, понекогаш од ревматоиден артритис..... При палпација, болката се лоцира централно, антериорно на петицата. Болката најакутно се чувствува при станување од кревет, понекогаш по истегнување. Половина од симптоматските пациенти имаат коскен шилец на Ртг. Овој калус, кој е формиран во ентезата на плантарната фасција, се среќава и кај 15% од лица без симптоми......... ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ..... Третманот се состои од парче пластична пена или влошка во облик на U што го олеснува притисокот на болната регија. Пациентот може сам да го направи или да му го направи ортотичар. Можеби е најдобар метод силиконско перниче за петица. Треба да се намали оптоварувањето и да се почне со земање нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). На интервали од 3 недели може да се дадат кортикостероидни локални анестетски инјекции во болната регија. Меѓутоа, како спротивен ефект може да се јави дегенерација на перничето на петицата. Лекот треба да се инјектира доволно длабоко, не во перничето на петицата. Не е сигурна долготрајна корист од третманот со инјекции. Два пати дневно се изведуваат вежби на дорзифлексија за да се истегне плантарната фасција. Истиот ефект го има носењето ортотска шина преку ноќ. Шилците во петицата видени на Ртг се последица, не причина за состојбата и не бараат хируршки третман. Операција треба да се земе предвид кога сите други третмани не биле успешни. .... Анамнезата треба да вклучува прашања за утринска вкочанетост, болка во грбот и во задникот и осетливост на лигаментарните инсерци во екстремитетите, треба да се испитаат зглобовите и SE. ПОТФАТЕНОСТ НА НЕРВОТ Дифузна ирадијациона болка БОЛКА ВО ПЕРНИЧЕТО НА ПЕТИЦАТА Болката е лоцирана повеќе постериорно отколку болката при плантарен фасцит.Третманот се состои од привремено намалување на телесната тежина, ставање влошка или капа за петицата. ФРАКТУРА НА КАЛКАНЕУС Се јавува обично кај воени регрути како последица на стрес на коската како резултат на невообичаено напорно трчање или одење. Повремено се среќава и кај бремени жени. Калканеусот е осетлив на латерален притисок. За приближно 3 недели од почетокот на симптомите на Ртг може да се види слаба склеротична кондензација. Третманот се состои од привремено намалување на телесната тежина. АПОФИЗИТИС НА КАЛКАНЕУС Вообичаено кај адолесценти (8-12 години). Болната точка се лоцира во инсерцијата на Ахиловата тетива каде што често се палпира грутка. Обично не треба Ртг............... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТРОХАНТЕРИЧЕН БУРЗИТИС или причина за болка во колкот - бутина...
Го имате кога болката ирадира проксимално и дистално од трохантеричната регија и болка при одење.... причина е преголема телесна тежина. ТРЕТМАН Третман на избор е инјекција во најболното место (употреби 4-8 sm игла во зависност од длабочината и од дебелината на бутината), Кортикостероид 1 ml + 4-5 ml1% лидокаин). Инсерирај ја иглата до контакт со коската, потоа подигни го врвот на иглата наназад за околу 5 mm. Инјектирај половина од солуцијата на местото на болка, а остатокот во различни насоки. Бурзите може да се лоцирани на неколку sm еднододруго....... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АНКИЛОЗАНТЕН СПОНДИЛИТИС....
Интегрален дел на заболувањето е инфламација на инсерциите на лигаментите на ‘рбетот, фасетните зглобови и сакроилијакалните зглобови....... Состојбата речиси исклучиво ги зафаќа HLA-B27 позитивните лица и ѝ припаѓа на групата серонегативни спондилоартропатии заедно со: реактивни ентероартритиси и уроартритиси и Reiter-ов синдром; јувенилен олигоартритис тип 2 (доцен почеток);псоријатичен спондилитис;артропатија придружена со хронично инфламаторно заболување на цревата. Неколку од горенаведените заболувања може да се сретнат во иста фамилија и сите доведуваат до анкилозантен спондилитис. Анкилозантниот спондилитис е речиси еднакво застапен како и ревматоидниот артритис. Нема предилекција по пол, но повеќето пациенти со тежок анкилозантен спондилитис се мажи. Инциденцата го достигнува врвот на 20-годишна возраст, но ....лумбосакрална и глутеална болка, која го буди пациентот наутро. Вкочанетост по мирување и седење. ТРЕТМАН Физикалната терапија (ннд-C) е круцијална (особено за време на инфламаторните фази и веднаш по нив, за да се превенира вкочанет грб). Активните вежби се составен дел на физикалната терапија! Нестероидни антиинфламаторни лекови... Периферните артритиси и ентезопатии се третираат со локални инјекции на кортикостероиди...... Ннд=ниво на доказ |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |