|
Хирургија... |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
затегнување на стомак......планирање врз стомакот пред.......и после операцијата ... Изменето од bijonse1 - 20.Февруари.2010 во 17:16 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
donvito
Нов член Регистриран: 21.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ni kaza kako i zosto gi obrezuvaat maskite .A izvini molimte ako znaes kazini zosto i na koj nacin gi obrezuvaat zenskite.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Провокативно ....но сепак еве .....за ФГМ Обрежување жени (би рекла осакатување на гениталиите ) FGM (= Female Genital Mutilation) е распространета пред сé кај многу племиња во Африка. Во Египет, Етиопија, Судан или Џибоути погодени се речиси 100% од жените. Во други земји, се обрежуваат членовите само на некои племиња, така на пример: во Нигерија, Мали, Буркина Фасо, Сенегал, Кенија итн. Но, FGM се појавува и на Арапскиот полуостров (на пр. Обединетите арапски емирати, Јужен Јемен) и во други делови од Азија. Според проценките, во целиот свет, помеѓу 100 и 157 милиони жени и девојчиња се погодени од женско обрежување. Секоја година се придодаваат околу два милиона девојки. Значи, дневно се обрежуваат околу 6000 девојчиња. Обрежувањето кај девојчињата не може да се спореди со она кај момчињата, бидејќи воопшто причинува огромно оштетување на сексуалните органи и многу често има долгорочни влијанија врз здравјето. Поради тоа, тоа не се означува како обрежување ....туку како осакатување на гениталиите...... Изменето од bijonse1 - 20.Февруари.2010 во 18:56 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Различни форми на обрежување :
Зафатот се изведува со најразлични инструменти како жилет, ножици, ножеви и срчи. Се извршува најчесто без каква било анестезија и дезинфекција, понекогаш се користат природни лековити средства. Осакатувањето го вршат бабици или стари жени, поретко машки свештеници или бербери. Возраста на девојчето, по правило, е меѓу 4 и 8 години. Позадина: FGM е стар обичај, кој потекнува од времето на настанувањето на монотеистичките религии. Тој е распространет, како кај муслиманите така и кај христијаните и анимистите. Причините за извршување на осакатувањето на гениталиите се разновидни:
Изменето од bijonse1 - 20.Февруари.2010 во 19:00 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еeee ....сега зошто ????...devito...??највероватно мотив за
осакатување на гениталиите
често се гледа во патријархално структурираните општества.
Осакатувањето служи за контрола на женската сексуалност и треба
да дејствува како
заштита од загубата на невиноста и промискуитетот во бракот...... Да видиме сега какви здравствените последици носи обрежувањето???
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
uf, zalosno i bolno
tesko na tie devojki,zeni...samo eden Gospod znae kolku maki trgale kutrite!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
реконструктивна хирургија....
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Изменето од bijonse1 - 20.Февруари.2010 во 21:55 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ГИНИС РЕКОРДЕРКА ВО ЕСТЕТСКА ХИРУРГИЈА........ Сара Бурџ легнала под нож повеќе од 100 пати во својот живот и гордо признава дека е зависна од корекциите на вредните пластични хирурзи. Со повеќе од 100 естетски зафати, 49-годишната британка Сара Бурџ, мајка на три деца, е апсолутен рекордер по бројот колку пати си овозможила корекција на некој дел од своето тело. Оваа вистинска Барбика не е само зависник од операциите, него и експерт за убавина – козметичарка со сертификат. Се започнало пред повеќе од 4 децении, кога мајката на тогаш 7 годишната Сара ја одвела на “средување” на клемпавите уши. И следело комплетно реконструирање на лицето откако како млада девојка која се пробивала како “Плејбој зајачица”, била претепана речиси до смрт. Според проценките на Сара “Барби” Барџ, за подобриот изглед кој и го овозможила хирургијата досега вложила повеќе од 630.000 евра, а признава дека голем број на интервенции и следувале како “гратис” поради честите посетувања на ординациите. Само нејзините гради чинат повеќе од 36.000 евра и тоа не поради имплантирање на силикон, туку смалување на обемот, подигнување и преместување на брадавиците. Во плеадата интервенции се вбројуваат и фејслифтингот, ласерската дермоабразија на лицето, имплантите во образите и брадата, липосукција на брадата и вратот, ласерското средување на забите, липосукција на колковите и бедрата со импланти во задникот, и многу други. Редовните дермо-козметички интервенции не можат нити да се набројат............... Изменето од bijonse1 - 20.Февруари.2010 во 22:01 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
donvito
Нов член Регистриран: 21.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
sepak blagodaram za iscrpnata informacija
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Болести на ‘рбетниот мозок
Состојби за кои е потрена итна интервенција Симптоми на лезија на ‘рбетниот мозок Одредување на нивото на лезија Причини за лезија на ‘рбетниот мозок Основно правило за сите лезии на 'рбетниот мозок треба да се претпостави дека се резултат на компресија додека не се докаже поинаку......... Состојби за кои е потребна итна интервенција Пациентот со сомневање за компресија на 'рбетниот мозок веднаш треба да се упати во невролошки или во неврохируршки оддел доколку: Лезијата е предизвикана од траума Парапарезата или квадрипарезата се развила за краток временски период (неколку денови)Парезата прогредира до таму, што пациентот повеќе не може да стои или оди, или пак е инконтинентен. Ако компресијата предизвикала тотална параплегија, 'рбетниот мозок треба да се ослободи за 24 часа. Во спротивно, парализата ќе биде трајна............ Симптоми на лезија на ‘рбетнио т мозок 'Рбетниот мозок е дел од централниот нервен систем. Неговите лезии предизвикуваат лезија на горниот моторен неврон. Симптоми: под нивото на лезијата има мускулна слабост и пареза, како и хипестезија. Може да постои и пареза на мочниот меур или цревата. Кога лезијата прогредира споро, пара или квадрипарезата ќе биде спастична. Типични симптоми се: Пораст на мускулниот тонус (спастицитет)зајакнати тетивни рефлекси .....Позитивен знак на Бабински..... Функцијата на мочниот меур е рефлексна; тој често се празни и рефлексот предизвикува инконтиненција од спастичен тип. Кога лезијата прогредира брзо (на пр. кај траума или метастази на 'рбетот), може да настане спинален шок. Ова се манифестира како флакцидна пареза, која личи на парезата на долниот моторен неврон. Мускулниот тонус е намален. Рефлексите се ослабени, а Бабински е негативен. Одредување на нивото на лезијата Некои заболувања на 'рбетниот мозок се локални, други се дисеминирани. Треба да се направи обид да се процени нивото и локализацијата на лезијата. Дали навистина се работи за лезија на горниот моторен неврон? Треба да се исклучат заболувањата на мозокот. Болестите на 'рбетниот мозок не ги зафаќаат кранијалните нерви, свеста или вишите ментални функции(говор, памтење). Кај оштетувањето на мозокот, се присутни барем некои одовие симптоми. Парасагитален тумор, кој расте меѓу хемисферите, може да предизвика спастична парапареза без други симптоми. При процената на нивото на лезијата, најважно е да се прави разлика меѓу пара и квадрипарезата. Ако нема никакви симптоми или знаци на горните екстремитети, лезијата се наоѓа под сегментот Th1. Треба да се направи обид да се одреди нивото на сензорните нарушувања. Кај дифузните заболувања, вакво ниво не постои, но во случаите на компресија на 'рбетниот мозок, тоа вообичаено може да се најде. Лезијата вообичаено е повисока од нивото. Осетливост на перкусија може да укаже на лезија. Анестезија во форма на седло може да укаже на тумор во conus medullaris, кој е најдолен дел од 'рбетниот мозок. Рендгенграфија на 'рбетот може да покаже фрактура, спондилоза или ерозии.Нормалната рендгенграфија не ја исклучува компресијата на 'рбетниот мозок.Лезиите на лумбалниот 'рбет не предизвикуваат компресија на медулата, туку лезија на долниот моторен неврон. Причини за лезија на ‘рбетнио т мозок Компресија на ‘рбетниот мозок.......Трауми на 'рбетниот мозок Обично се познати во моментот на прием на пациентот. Треба да се испратат во трауматолошка или во неврохируршка клиника. Тумори во спиналниот канал , Екстрадурални (25%) Вообичаено метастази, брзо прогредираат, обично се болни. Примарниот тумор може, но не мора да биде познат. Интрадурални (50%) Менингеоми или неуриноми; споро прогредираат. Прогнозата може да биде многу добра. Интрамедуларни (25%) Глиоми Прогнозата е лоша, но оперативните резултати се подобруваат. Епидурални апсцеси Симптомите и знаците за инфекција може да отсуствуваат. Примарното жариште обично е спондилитис или остеомиелит. Спинални епидурални хематоми Можат да бидат компликација од антикоагулантна терапија. Понекогаш се јавуваат по операција или друга процедура во околината. Механичка компресија Спондилоза (најчеста во цервикалниот дел). Медијална хернијација на discus intervertebralis. Инфективни и инфламаторни заболувања Миелитис Може да биде дифузен, трансверзален (лезија во тесна област, симптомите се под ова ниво), или асцендентен. Причини: Вирусни инфекции (ХСВ 2, ХИВ) Специфични микроби (сифилис, борелиоза) МС Болести на сврзното ткиво, како СЛЕ. Саркоидоза Апсцеси Екстрадурални (туберкулоза, бактерии) Интрадурални (протозои) Васкуларни лезии на ‘рбетниот мозок Хематоми Екстрадурални Интрамедуларни Вообичаено предизвикани од артериовенски малформации Инфаркт на a. spinalis anterior. Метаболни заболувања на ‘рбетниот мозок Дефициенција на витамин В12. Дифузна лезија на 'рбетниот мозок, прогредира споро |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |