IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Проект – Да живееме заедно како Црква
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проект – Да живееме заедно како Црква

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Проект – Да живееме заедно како Црква
    Испратена: 13.Февруари.2010 во 01:37

П  О  К  А  Н  А

 
Проект – Да живееме заедно како Црква – Црковна Општина Св. Георгиј – Чаир
 
 
Ве покануваме и известуваме дека од 18-ти февруари – четврток,  повторно започнуваме со интерактивни заеднички предавања, средби и дружења во црквата – молитвениот дом св.Ѓоргија во населбата Чаир и тоа секој четврток од 18.00 часот.
 
 
За полесно да не’ пронајдете, Ви предлагаме, следете ја оваа мапа
 
 
Одговорен за мисионство и одржување на средбите:
презвитер ИВИЦА Тодоров
 


Изменето од Pravoslavie - 13.Февруари.2010 во 01:38
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 01:43
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Секоја чест за “средбите“
вакви работи несостасуваат кај нас!!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 02:00
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Секоја чест за “средбите“
вакви работи несостасуваат кај нас!!!!
па организирајте намигнување 
потребна е иницијатива секогаш... верувај ми!!! големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 02:04
“кај нас“ мислев на МПЦ, а не во мојот град...големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 22:23
za pofalba....samo napred.....
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 09:34
Да Ве потсетам за утре...  големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 10:03
da da ........zosto narodot brzo zaborava dobri raboti....трепкање
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:19
Дај некој нека кажи како си помина од овие што биле?
За што се дискутираше - некоја тема... нели идејата е :
 
Проект – Да живееме заедно како Црква,
 
зарем тука ќе застанеме со темава...збунетост
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 03:38
Ако даде Господ, ќе бидам жив и ќе објаснам утре... големо%20гушкање

Изменето од Pravoslavie - 21.Февруари.2010 во 03:43
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 19:06

Фала Му на Бога, даде да бидам жив и да објаснам! љубовголемо%20гушкање

Проектот “Да живееме заедно, како Црква“ неформално започна уште во времетраењето на претходниот “семестар“ на средби во Чаир во Црквата “Свети Ѓорѓи Победоносец“, а формално се роди за време на зимскиот распуст. И во претходниот период, а и сега, целта на проектот НЕ била информирање на луѓето (сфатено само за себе) во форма на предавања, на кои предавачот предава, а присутните само слушаат пасивно и скраја да е, им доаѓа да заспијат голема%20насмевка , за да НА КРАЈОТ НА СРЕДБАТА бидат поставени прашања и секој си замине дома. Со зборување куќа не се гради. Со зборување Црквата не може да се возобновува. Денес има толку многу зборувачи, што на овој свет му е вкрвавено од зборови. Потребно е да се дејствува на ДЕЛО! 
 
Отец Ивица Тодоров го води целиот овој проект, на кој му помагаме ние - живите и активни членови на Црквата и сите ние ЗАЕДНО дејствуваме како ЦРКВА, како Организам. За да се запознаеш со Ивица дојди кај нас во Чаир, но и види го 7.миот коментар на линкуваната страница, кој коментар го напишав јас за него, познавајќи го многу добро - се знаеме од крајот на 2004 година.
 
Некои од целите на проектот се (вака срочени малце поглобално) :
- ЖИВА обнова на ЖИВИТЕ личности кои се наоѓаат внатре Црквата, кои ја гледаат како свој ДОМ, меѓу кои има и такви кои не ја разбираат целосно или делумно Црквата и Верата,
- приведување на нови луѓе во ЖИВАТА Црква, сфатена како БогоЧовечки организам, во кој секој од нас си имаме своја функција
- труд и напор да ја реализираме на дело секој својата функција во Црквата, за да ЈА ЖИВЕЕМЕ ВО ЖИВО ЦРКВАТА!!
 
Тоа е суштински!
Тоа е Христијански!
 
Во таа смисла, добар број од средбите кои одсекогаш па до денес сме ги имале со брат Ивица, средбите немале за цел да бидат САМО информативни, туку во голем дел од нив, во времетраењето на целата средба, во живо СЕ РАБОТЕЛО на ОБНОВА НА ЛИЧНОСТИТЕ кои присуствувале. Сме имале работилници со живо учество на сите, сме имале разговори едни со други, активни и интерактивни вежби едни со други и на тој начин СИТЕ кои сме присуствувале сме имале многу добра шанса да растеме и да напредуваме во Христијанскиот Подвиг.
 
На претходната средба во четвртокот на 18.02.2010 година, имавме една многу интересна работилница: четири двојки имаа своја задача во која активно учествуваа, а сите други присутни беа во близина и следеа. Седнати еден до друг од една страна на масата бевме четири члена на Црквата, кои го познаваме Символот на Верата, а на другата страна на масата, наспроти нас седеа други четири луѓе кои беа послабо запознати со Символот. Задача на нас кои го познаваме Символот ДОБРО, беше да им ја објасниме колку што се може повеќе Христовата Вера, преку секој од членовите на Символот на Верата. Тоа е нешто кое не се предава во стилот да му го искажеш на човек како диктат и тој да го запамети тоа на памет и готово. Кога се проповеда за Верата на некоја личност треба да се има на ум дека: пред мене стои ЖИВА ЛИЧНОСТ, човек со свои добри и силни страни и слабости, разбирања и неразбирања, знаења и незнаења, способности, полуспособности и неспособности, и дека спрема таа личност треба да се пристапи ЛИЧНОСНО, избирајќи го вистинскиот пат и начин!! Не по принципот: човек да му зборува на компјутер и тој се’ да складира во својата меморија и од тој момент натаму почнува да функционира механички како машина, туку со сознанието дека пред себе имам таков и таков човек, таква и таква личност, избирајќи го вистинскиот пат и начин, да се потрудам да се втиснат на вистински начин вистините на Верата, најпрвин во умот, за да се создаде подлога и пат за потоа полека полека нештата да слезат во срцето на таа личност и од срцето сфатено како срцевина, како двигател на целиот личностен организам на личноста, сето добро кое го знае и го поседува човек во себе - да може да го реализира и надвор од себе во својот живот: во односот кон Бога и во односот кон ближниот. Во таа смисла, кога се Евангелизира (БлагоИзвестува) некоја личност, подобро е во тој околу на пример половина саат време, колку што го имаме, да се стигне да се измине само првиот член од Символот на Верата, ама тоа што ќе се каже да ОСТАНЕ во таа личност и да РОДИ ПЛОД, па да продолжиме со исто темпо полека полека следниот пат, внимателно избирајќи го методот на кој таа личност нештата би ги примила баш како што треба, отколку да го изминеме полуобјаснет или необјаснет Символот на Верата целосно, па таа личност да го знае напамет како песничка, ама да НЕ ЈА РАЗБИРА СУШТИНАТА И СМИСЛАТА НА КАЖАНОТО ВО СИМВОЛОТ!!! Така, јас лично започнав разговор со личноста и “спонтано“ и ненаметливо и неизнасилено преку прашањата од типот: Колку време си во Црквата? Дали си Крштевана и кога? Дали и кој ти ја пренесол и ти ја објаснил Верата? Дали знаеш од каде се’ ние ја црпиме Верата? Дали знаеш во каков Бог веруваме ние Православните Христијани?... итн... па преку одговарање на овие прашања едно по едно и преку систематски разговор со личноста која стоеше пред мене и преку сослушување на нејзините знаења, мислења и ставови и преку исправување на евентуалните погрешки кои таа ги има или ги прави, дојдовме до некаде, што потоа треба да се продолжи некој следен пат.
 
Символот на Верата е едно исклучително значајно четиво, во кое од збор до збор, значи апсолутно секој еден збор си е на свое место, кажувајќи, објаснувајќи, содржејќи многу големи и важни суштини за Верата.  За следниот четврток во 18:00 часот остана да се измине целиот Символ на Верата и да се изанализира целиот до крај.
 
Духовните Средби, кои се дел од нашиот проект, немаат некој детерминиран пат во смисла на темите за кои се разговара, туку доста често се договараме на крајот на тековната средба за темата на која сакаме да зборуваме следниот пат. Брат Ивица, како што вели така и прави, а тоа е што секогаш препушта на водството и волјата на Светиот Дух.
 
За проектот “Да живееме заедно како Црква“ веќе се издаде првиот број на списанието “ДоброВестител“ (вестител на проектот), а во подготовка е и вториот број. Списанието го делиме (бесплатно) во рамки на Црковната Општина во Чаир. А започнато е и со реализација на веб страница на проектот, која во еден дел е готова, и подготвен е нацрт дизајн кој треба малку да се ажурира и потоа, да се доиспрограмира веб сајтот и ќе биде поставен на интернет, а на еден дел од сајтот ќе стојат и броевите на списанието во форма за печатење, кое секој ќе може бесплатно да си го превземе, испечати, умножи, и дели меѓу оние на кои може да подели. Се планираат и други активности, па со Божја Помош онолку колку што ќе допушти и отвори Господ патишта ќе дејствуваме за Слава на Бога и за доброто на сите нас. Ако даде Господ ќе бидеме живи и ќе го работиме сето ова.
 
На фејсбук профилот на брат Ивица го пишува следново:
 
braka i sestri, od 18. 02. 2010 (cetvrtok) zapocnavme povtorno so predavanjata i duhovnite sredbi vo crkvata Sv. Georgij - Cair. Znaci, sekoj cetvrtok od 18 c. prodolzuvame so predavanjata, a od 13 c. so individualnite sredbi (moznost za razgovor, sovet, podgotovka za ispoved, ispoved. . .) Vo podgotovka e i vtoriot broj na spisanieto "Dobrovestitel". vas, o. Ivica T. p.s Liturgiite vo Nedela zapocnuvaat od 9 c.
 
 
Повелете, дојдете, видете...
Христос помеѓу нас!! Од сега па до бескрајот на Вечноста! Амин! љубовљубовљубовголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 00:28
Да Ве потсетам за денес (четврток).
Повелете од 18:00 часот во Чаир големо%20гушкање


Изменето од Pravoslavie - 25.Февруари.2010 во 00:29
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 00:30

Минатава сабота неколкумина луѓе од Црквата (браќа и сестри од Црковната Општина “Свети Ѓорѓи Победоносец“ од Чаир, од кои еден добар дел сме активни членови во проектот “Да живееме заедно како Црква“) се договоривме да направиме еден излет на Водно. Идејата потекна од член на проектот “Да живееме заедно како Црква“ и наиде на одзив кај уште петмина браќа и сестри и како за прв пат поминавме многу многу добро! Настаните кои ни се случуваа цело време ме поттикнаа да направам споредби и да го поврзам искачувањето на планините и искачувањето на Духовната планина. Така и настана текстов кој е пред Вас.

Во текот на искачувањето сфатив дека движењето по планините е многу слично со движењето по Духовната планина, односно со Духовниот живот. Искачувањето по планините е тешко бидејќи се напрега телото и волјата и се одвива мошне полека, а надолу е лесно зашто не’ привлекува силата на тежата на Земјата и МОРАМЕ да вложуваме напор да “кочиме“ за да не би паднале и да не би се повредиле или скраја да е - загинале. Исто е и во духовниот живот. Мораме со многу напор и полека да се искачуваме, бидејќи душата во некои ситуации е прилично слаба и бессилна кога треба да направи подвиг на Духовен напредок и промена. Наспроти ова, водена од страстите, пороците, подтурната од проблемите, грижите и од разни лоши ситуации и привлечена од сласта на гревот многу лесно душата може да почне да пропаѓа и завлегувајќи од грев во грев да оди се’ подолу и се’ полошо и тоа пропаѓање оди брзо, зашто злото и гревот многупати се слатки и привлекуваат. Друго нешто... Човек движејќи се нагоре по планинските терени мора многу да внимава да не згазне на каменче или накриво, за да не би се лизнал или си ја свиткал ногата па да падне и можеби да загине, па затоа мора грижливо да одмерува каде би згазнал и не само да гледа половина метар пред себе, туку да гледа и неколку метри напред, и неколку метри во дијаметар околу себе за да го избере најповолниот пат и за себе и за оние со кои оди. На сличен начин, и во Духовниот живот човек мора да внимава како се движи и да гледа перспективно пред себе за да не би се случило да избере пат кој го води кон паѓање, а да внимава и на околината за да не би се случило да и оние кои заедно со него се спасуваат не би биле доведени во опасност од искушенија, можности за паѓање и пропаѓање.

При нашата прошетка сфатив колкава е неопходноста од движење по планината заедно со други луѓе, т.е. колку е битно да се спасуваме ЗАЕДНО како Црква. Поискусните браќа и сестри од Црквата ги помагаат своите браќа и сестри на својот Духовен пат, исто како што и на нашиот излет блиските кои беа стигнале два-три метра погоре беа тука кога требаше да се подаде рака на некого за да се подискачи по некој пострмен дел од патеката. Во еден момент еден од браќата кога виде дека почнува да врне, а бевме блиску под самиот врв на Водно побрза и кажа “Одам да ја сопрам славината :)“, а по кратко кажа и “Одам да Ви приготвам место... (во планинарскиот дом)“. Ова потсетува на оние состојби во кои Духовно попораснатите браќа и сестри својата поголема Духовна зрелост и пораснатост ја користат за да им се најдат и да им помогнат на своите браќа и сестри во Црквата. И што ќе се случи кога ќе стигнеме погоре на планините и ќе подзастанеме да земеме здив? Погледнуваме назад надолу каде што сме биле и сме радосни на успехот кој сме го постигнале и се’ додека не стасаме на врвот на планината не ни доаѓа на ум да се вратиме нешто поназад, па да го почнеме од ново тој дел од трасата. И не само тоа... Планинарот тука не го завршува своето искачување, ниту пак почнува да се однесува возгордеано, разуздано, невнимателно, негрижливо, туку продолжува напред со исто, па и со уште позасилено темпо на концентрација, напор, трпение, силна волја. Така е и во Духовниот живот: кога човек ќе стигне на повисок Духовен степен и ќе погледне назад - сигурно нема да му падне на ум да се врати подолу на поранешниот грешен начин на живеење каде што бил порано, туку му се радува на постигнатиот Духовен успех и со не помала, ами и уште поголема посветеност, концентрација, внимание, трпение продолжува да го гради своето Спасение.

Денешниот живот нуди одење по права, рамна, хоризонтална патека, при што голем број од нас се затрчуваме и тоа ни прави да се исцрпиме, премориме и дури и да престанеме да внимаваме на брзината на трчањето, а кога сме залетани сопирачките веќе ни се надвор од контрола, а може и да се случи да ни се сплеткаат нозете или да се сопнеме на некое мало каменче на патот и потоа да паднеме и страшно да се повредиме. И во Духовниот живот е така: кога е се’ мазно, рамно, без пречки, без проблеми, сите се залетуваме и тогаш не’ напаѓа гордоста и стануваме разуздани, па и невнимателни и се случува било поради нашата гордост или поради еден најмал проблем ние страшно Духовно да паднеме. А оние кои се искачуваат по планините и по Духовната планина одат многу внимателно, полека, сигурно, за секој чекор размислуваат систематски и од сите аспекти и не им се случува ништо лошо и никакво зло. Останувајќи на нозе, неисцрпени, исполнети и пресреќни стасуваат на врвот на планината.

А што е тоа што ги привлекува планинарите да стигнат на врвот? Ги привлекува можноста што им се дава да бидат блиску до небото и до облаците, да го дишат чистиот воздух кој го има само на врвот на планината, да имаат широк поглед на целата околина и стасувајќи во топлиот планинарски дом, пречекани од домарот ќе добијат свое место и згрижување и ќе можат да се пресоблечат од испотените алишта, да седнат и добро да се одморат, да се нахранат на трпеза, и да можат да заедничарат и да си поразговараат со домарот, со оние со кои се движеле заедно, но и со другите планинари кои стасале пред нив, а и со оние кои ќе стасаат по нив. А што ли ги привлекува пак Духовните подвижници да стасаат на врвот на Духовната планина? Ги привлекува фактот дека горе, на самиот врв ќе се сретнат и ќе се видат со својот Господ лице в Лице јасно и тогаш ќе ја знаат целата вистина јасно, како што се вели во Павловиот Славопој на Љубовта, и ќе имаат апсолутен поглед (од сите гледни точки и од сите правци и насоки на гледање) на целото Постоење. Додека се искачувале тие стасувале се повисоко и гледале се’ повеќе, а сега пак на врвот гледаат се’ и знаат се’. Таму, на врвот, ги пречекува Домарот - нивниот Господ, кој ќе им подари место и ќе ги згрижи како Вистински и Добар Домаќин, ќе ги седне на Духовната трпеза и ќе ги послужи со Духовна храна и пиење, кои се состојат во Божјата Благодат и во тој Дом ќе се сретнат и со другите свои браќа и сестри дојдени пред нив и со оние кои пристигнале по нив и ќе заедничарат сите заедно и ќе се чувствуваат прекрасно и самиот Господ и сите браќа и сестри - неговите чеда.

Исто за двата вида на искачување е тоа дека треба да се има волја. Друго, по патот се наидува на пречки и проблеми, но наидувањето на нив, па понекогаш и малите паѓања и слизнувања не’ прават поискусни. Подобро е некогаш да се падне ама да се научи нешто и да се стане поискусен и поспособен и за таков и за слични проблеми на тој кој не’ фрлил на земја, отколку не паѓајќи никогаш и одејќи по права и рамна патека, да останеме незрели, полуспособни и неспособни.

Единствена разлика помеѓу искачувањето по планините и по Духовната планина е тоа што планинарите откако ќе поминат неколку часа горе на врвот на планината си одат дома за да се видат и за да останат со своите ближни, бидејќи топлината на домот е сигурно поголема и попријатна од топлината на планинарскиот дом, додека пак Духовните планинари се искачуваат на Духовната планина за да ОСТАНАТ во Домот на врвот на планината, при Господ - Домарот и Домаќин и при своите браќа и сестри - Духовни планинари, бидејќи знаат дека поголема љубов, топлина, мир, радост, исполнетост и Благодат Божја нема да најдат никаде на друго место.

Така ние, по малку позитивно откачени секој на свој начин, кој не му пречеше на никого од нас, секој својствен на самиот себе, секој дополнувајќи ја атмосферата со свои идеи, иницијативи, креативност, позитивности и убави пикантерии, сите исполнети со едно многу пријатно расположение, благодарение на Се’Добриот Господ кој беше во нас и помеѓу нас и беше околу нас да не’ штити од секое зло, поминавме една прекрасна сабота, која, според нашиот договор е почеток на низа саботи во кои планираме да планинариме повторно и повторно заедно едни со други, но и со секоја една душа која сака да дојде со нас и да ги искачува паралелно и истовремено и Духовната планина и планината Водно (или можеби понекогаш и некоја друга македонска планина, по братско-сестрински договор...)

Секоја сабота 09:00 часот - Скопје, училиште “Кочо Рацин“ - последна 50ка. Тоа е нашето зборно место. Повелете сите и повикајте колку сакате придружници за да почувствувате сите што значи да се живее и да се извршува подвиг низ животот заедно како Црква! Академското чекање (кое е “стандард“) е 15 минути, ама ние чекаме најмногу 10 минути... што вели еден брат од Црквата, парафразирам: “да се обидеме да бидеме подобри од другиот дел од светот, да бидеме над стандардите“. Зошто и да не?...

 

Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 00:53

Од фејсбук профилот на отец Ивица Тодоров (http://www.facebook.com/home.php?#!/profile.php?id=1068158303&ref=ts) :

Povtorno zapocnuvame so sredbite/ predavanjata vo Sv. Georgi - Cair; vo Cetvrtok od 18 c. Individualnite sredbi se povtorno vo Cetvrtok od 13 c. Dokolku ima vozrasni kandidati za krstevanje so podgotovka i vocrkovuvanje, mozat da se prijavat na 2622 455/ 070 380 817. Krstevanjeto e so potopuvanje vo bazen, vo grupa ili oddelno, po izbor!
 
Повелете сите кои сакате и кои сте во можност и повикајте кого сакате и колкумина сакате и кажете им на сите! Има место за сите! Добредојдовте! големо%20гушкање
 
Каде да не’ најдете?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 01:26
Потсетувам за денес (четврток).
Кој може и кој сака нека дојде.
Кој дојде - добре дошол!

Изменето од Pravoslavie - 15.Април.2010 во 01:26
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.