IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Домашни ликери
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домашни ликери

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 15:01
cali..go znam...sum go pravelaда
da.... se cedi kokosot ann
vivi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2015 во 16:31

Пригответе домашен ликер од ореви – Ореовка

Пригответе домашен ликер од ореви – Ореовка

Производството на ракија во домашни услови е традиција во Македонија, а исто така и правењето на ликери од неа. За многумина најубав е оној со ореви, специјалитет кој само старите мајстори знаат како да го приготват. За љубителите на „ореовка“, денес го откриваме рецептот:

Состојки:

– 40 оревчиња
– 300 г. кафеав шеќер
– 1 литар домашна ракија

3700603_orig

Подготовка:

1. Младите оревчиња избоцкајте ги со чепкалка за заби на 2-3 места.
2. Ставете ги во голема стаклена тегла, каде ќе го додадете и шеќерот.
3. Затворете ја теглата и оставете ја на сонце 40 дена.
4. Потоа во теглата додајте ја ракијата и размешајте да се стопи шеќерот.
5. Процедете и ликерот складирајте го во стаклени шишиња.
6. Се пие по потреба, а се препорачува на луѓе кои имаат проблем со тироидеата бидејќи ликерот е богат со јод.




Изменето од Valerija - 10.Јуни.2015 во 16:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 20:42

Одличен летен ликер: Направете домашно лимончело


Лимончелото е познат италијански ликер со цитрусни ноти кои се одлична идеја за освежување во летните периоди. И токму така, за оние кои едноставно не сакаат само лимонада за освежување, туку сакаат и алкохолен, а сепак освежителен пијалак, може да се одлучат токму за овој рецепт.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-01.jpg

Не мора да одите до Италија за да го купите, туку сами може да го подготвите. Можеби малку ќе треба да го почекате, но тоа вреди. Ќе добиете одличен ликер кој можете да го консумирате како чист, така и за правење на одлични домашни коктели.

Потребни состојки:

  • 11 Лимони
  • 1750ml Вотка
  • 560g Шеќер
  • 630ml Зовриена вода

Начин на подготвување:

Исечкајте ја кората од лимонот и притоа внимавајте што е можно помалку од белиот дел да зафатите и лимоните оставете ги за друга употреба.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-001.jpg

Додадете ги корите од лимон во шише кое собира 1l течност заедно со вотката.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-2.jpg

Оставете го шишето да седи 3 дена, а откако ќе поминат тие 3 дена во него ќе го додадете шеќерниот сируп. Тој претходно го подготвувате на тој начин што во зовриената вода го додавате шеќерот и го мешате се додека не се растопи целосно.

Шишето ставете го во ладилник цел еден ден. Потоа исцедете го лимончелото и фрлете ги корите лимон.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:28

ЧОКОЛАДЕН ЛИКЕР ОД ВОТКА И МАРС

liker

Потребни состојки:

6 чоколади марс

700 мл. вотка

Припрема:

Истопете ги чоколадите на пареа со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган и со непрестајно мешање додајте ја воткате. Треба да добиете хомогена смеса.

Процедете ја смесата со цедилка и прелијте ја во шише, па оставете ја да отстои во замрзнувач да отстои преку ноќ.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.