IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Законот за комунални такси
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Законот за комунални такси

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Законот за комунални такси
    Испратена: 02.Февруари.2010 во 23:08
Фирмарина се бара и од трговци без деловен простор 27.01.2010 - 19:01 |      

* Бизнис Фирмарина се бара и од трговци кои работат на домашна адреса или воопшто немаат деловни простории.Ф Занаетчиската комора бара властите да го преиспитаат Законот за комунални такси по блокадата на 20 илјади фирми за неплатена фирмарина кон Град Скопје.   

- Имаме голем број на луѓе кои немаат канцеларии, паркетари, водоинсталатери, електричари и голем број на други такви дејности во градежништвото и одржувањето на куќите или такви кои во трговскиот регистар ја навеле својата домашна адреса - вели извршниот директор на комората, Снежана Денковска.

Комората ќе бара од владата овие дејности да се ослободат од плаќање фирмарина во следната фаза на регулаторната гилотина.   Актуелниот закон дава можност градот да ја одреди висината на казните, од 4.000 до 8.000 денари за правните субјекти и од 700 до 2.700 денари за занаетчиите. Во обата случаи градските власти го избрале највискиот износ.   - Градот Скопје би можел да размисли за намалување на овие давачки како негов придонес во ублажувањето на последиците од економската криза - вели Денковска.   Градот од фирмите бара вкупно 6,5 милиони евра заостаната фирмарина за 2007-та и 2008-та.   Од друга страна, во собраниска процедура, поддржан и од владејачката и од најголемата опозициска партија, е закон за одложено плаќање на долговите кон општините и државата на јавните претпријатија со отпис на каматите, грејс период од три години и отплата на 120 рати.



http://www.gradskiparking.com.mk/WBStorage/Files/Zakon%20za%20javni%20taksi.pdf

.

Изменето од eptendosadno - 02.Февруари.2010 во 23:57
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 23:25
Сметките на фирмите се одблокирани, а долгот треба да се плати до април

Сања Наумовска


Градот Скопје од вчера ги одблокира сметките на сите должници кои не платиле фирмарина. Се работи за 27.000 фирми кои не ја намириле оваа комунална давачка за 2006, 2007 и 2008 година. Градските власти решија да ја одложат присилната наплата до крајот на април, до кога апелираат фирмите сами да си ја платат заостанатата давачка заедно со пресметаната камата. Во заостанатите долгови за фирмарина, пресметана е и давачката од 2006 година, иако фирмите реагираа дека тоа е застарен долг.

Градоначалникот Коце Трајановски вчера на прес-конференција соопшти дека, по реакциите во јавноста, размислува и за намалување на износот на таксата. Засега не се знае во кои рамки ќе се сведе давачката, бидејќи во моментов се вршат компаративни анализи со другите градови низ Македонија, во рамките на ЗЕЛС. Приходите од фирмарината Градот и десетте скопски општини ги делат во однос 60 на 40 проценти.

Секако, доколку Советот на Скопје усвои некакви измени, тие ќе важат од идната година. Трајановски најави и дека ќе иницира измени во Законот за комунални такси, каде што сега еднакво се третираат малите фирми и големите компании.

„Ќе предложам Советот да донесе одлука со која ќе се изврши отпис на побарувањата настанати до 2006 година. Исто така, ќе барам измени во Одлуката за комуналните такси, во поглед на висината на оваа давачка. Ќе поведам и законодавна иницијатива за измена на Законот за комуналните такси, со што таксата за фирма како јавна давачка би се утврдувала сразмерно на економските ефекти што ги остваруваат субјектите“, истакна Трајановски на прес-конференцијата.

Тој објасни дека фирмите во рокот од три месеци што им се дава до следното блокирање на сметките мора да ги платат заостанатите давачки и за 2006 година, бидејќи и за нив добиле опомена.

„Не може долгот да биде застарен ако фирмата добие опомена за него. Градот преку ’Македонска пошта‘ испрати опомена до сите овие должници. Ако некој не добил, значи дека можеби има промени во адресата или има друг проблем“, истакна Трајановски.

Од вкупниот број 42.828 регистрирани обврзници за плаќање фирмарина, 15.499 или 36 проценти редовно ја намируваат обврската спрема Градот и општините, а 27.329, или 64 проценти обврзници фирмарина немаат платено за три, односно за две години.

#
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.