IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Како потона Титаник??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како потона Титаник??

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 17:09
Со години не убедуваат дека Титаник потонал, а тоа е лагазбунетост

За најголемиот брод на светот Титаник многумина говореа дека не е можно да потонал. Сепак, на 15 април пред 100 години се докажало спротивното. Титаник удрил во лед и потонал, при што во големата трагедија животот го загубиле 1.517 лица. Сепак, изгледа не е се онака како што знаеме со години.

Писателот Робин Гарднер објави нова книга за најголемата бродска трагедија во која тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник. Неговата книга говори за теориите на завера и тој вели дека се се совпаѓа со тоа дека Титаник не можел да потоне. 

- Преживеаните опишале дека шетале по палубата на бродот. Сепак, на тоа место според нацртите требало да има кабина. Тоа е така бидејќи ништо од ова не се одвивало на бродот. Тој вели дека патниците всушност биле на друг брод и вели дека замената на бродовите останала мистерија.

Олимпик бил сестрински брод на Титаник, па затоа и било многу тешко да се воочи разликата меѓу нив.


Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 18:08
Постојат повеке теории на заговор за потонувањето на Титаник но според една бродот е намерно потонат под палката на банкарските манипулатори од тоа време со цел да се елиминираат некои луѓе кои отворено им се спротиставија на нивните манипулаторни политики а "случајно" се наоѓаа на тој брод.
На времето се правеа диверзии на бродови ,возови...денес се ништат цели држави.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2015 во 09:35

Имав 25 минути да се спасам


Роуз Амели Икард е една од 745-те луѓе кои успеале да го преживеат страшниот бродолом. Починала во 1964 година, како Французинка која најдолго живеела од сите преживеани Французи од бродот Титаник. Нејзиното семејство ги продала нејзините писма на аукција и така нејзините зборови за прв пат достигнале до јавноста.

Легендарниот и неповторлив Титаник потонал во 1912 година, на своето прво и последно патување. Г-ца Роуз Амели Икард била слугинка на богатата американка Марта Стоун, сопруга на претседателот на Канадските телефонски компании.



Заедно се качиле во Титаник и тргнале кон далечните Соединети Американски Држави. Двете успеале да побегнат од бродот кој тоне и да се спасат во еден од малобројните чамци за спасување. Еве како ја опишала токму таа ноќ:

Како што се наближуваше 11 часот, г-ѓа Стоун и јас си легнавме. По 3 часа подоцна, додека бродот се движеше со полна брзина, не разбуди застрашувачки удар. Сакавме да дознаеме што се случува, кога дојде еден офицер и ни кажа „Не е ништо, вратете се во кабината“. По враќањето во кабината, видов дека нашата сосетка од спротивната кабина се врати во кревет. Нејзината ќерка дојде во паника викајќи: Мамо брзо, брзо, стани, многу е сериозно. Треперев од страв во својот фустан за по дома. Го земав капутот, појасот за спасување и отидов со нив до палубата.



Ја чувствувавме палубата која се стремеше кон длабочината. Сакав да се вратам во кабината за да го земам накитот на г-ѓа Стоун, но за среќа тргнав по погрешни скали и се вратив на палубата на половина пат до таму. Среќа за мене, бидејќи никогаш немаше да се вратам ако отидев до кабината. Во овој момент, сведоци сме на незаборавни сцени каде што хоророт е измешан со најголемите јунаштва. Жените, некои се уште во вечерни тоалети, некои директно од кревет, едвај облечени, разбушавени, збунети, се туркаа до бродовите за спасување.

За некое чудо, г-ѓа Стоун и јас се најдовме на ист брод за спасување во кој имаше околу 30 луѓе. Офицерот ни кажа „Веслајте силно, имате само 25 минути за да си го спасите животот.“ Го земав веслото и веслав со толку голема сила што рацете ми беа крвави, а зглобовите парализирани, бидејќи моравме да бидеме брзи за да го избегнете огромниот амбис кој Титаник ќе го отвори додека тони.

Во тој момент забележав дека некој клечи под мене. Немав сила да откријам кој е тоа. Никогаш не дознав кој беше човекот, кој на тој начин си го спаси животот. Додека се движевме покрај веќе мирното море, со малку осветлен фенер кој го држеше офицерот во раце, не можев да си го тргнам погледот од светлата на Титаник. Изненаденост, целосна темница, ужасни извици, бука од брод кој пука и тоа беше сè. Понекогаш, уште имам кошмари.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2015 во 08:39

Контроверзниот чамец за спасување „Бр. 1“ од Титаник криел тајна


Реткото мени од Титаник со списокот на јадења сервирани пред самото потонување на бродот, би можело на аукцијата кон крајот на септември да достигне цена до 70.000 долари.

Менито го преживеало потонувањето на бродот во џебот на богат патник кој се спасил.

Менито, отпечатено е на жолта хартија и нуди стек на скара, пилешко „a la Maryland“ и филети ромб. Датумот е од 14 април 1912 година, денот кога славниот патнички брод удри во санта мраз и потона на пат отод Саутемптон за Њујорк.

Менито на копното стигна со патникот од првата класа Абрахам Линколн Саломон, кој ја преживеал трагедијата во контроверзниот чамец за спасување „Бр1“ познат како „чамец за пари“. На чамецот се спуштиле само 12 лица, богаташи и покрај тоа што неговиот капацитет изнесувал 40 лица.

Аукцијата ќе се одржи на 30 септември

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.