IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За познанието на Бога
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За познанието на Бога

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За познанието на Бога
    Испратена: 23.Јануари.2010 во 11:44
За познанието на Бога

Така нè возљуби Отецот, што ни Го даде Својот Син. Но и Самиот Син посака, и се воплоти, и поживеа со нас на земјата. И светите Апостоли и многу луѓе Го видоа Господа во плот, но не сите Го познаа како Господ. А мене, многугрешниот, ми се даде преку Светиот Дух да познаам дека Исус Христос е Бог.

Господ го љуби човекот и му се јавува кога што Он Самиот ќе посака. И душата, кога ќе Го види Господа, смирено се радува на милосрдието на Владиката, и повеќе ништо друго не може да возљуби така како што Го љуби Својот Создател. Дури таа и сè да гледа, и сите да ги љуби, најмногу од сè Го љуби Господа.

Душата ја знае таа љубов, но не може да ја пренесе со зборови: таа се познава само преку Светиот Дух, кому ќе му Го даде Господ.

Душата наеднаш Го гледа Господа и Го познава. Кој ќе ја опише таа радост и веселие?

Во Светиот Дух се познава Господ, и Светиот Дух е во сиот човек: и во душата, и во умот, и во телото.

Така се познава Бог и на небото и на земјата.

Господ, заради Својата безмерна милост, ми ја даде мене грешниот таа благодат, за луѓето да Го познаат Бога и да се обратат кон Него.

Молам, во името на Божјото милосрдие.

Да, навистина.

Сведок ми е Самиот Господ.

 

 

Господ нè љуби како Свои деца. И Неговата љубов е поголема од љубовта на мајката. Затоа што и мајката може да го заборави своето дете, а Господ нас никогаш не нè заборава. И Самиот Господ да не го дадеше Светиот Дух на православниот народ, и на нашите големи пастири, тогаш ние не би можеле да знаеме за тоа, колку многу Он нè љуби.

Слава Му на Господа и на Неговото големо милосрдие, оти Он на грешните луѓе им ја дава благодатта на Светиот Дух. Богатите и царевите не Го знаат Господа, а ние бедните монаси и пастири Го знаеме Господа преку Светиот Дух.

За да се познае Господ не треба да имаме ниту богатство, ниту ученост, туку треба да бидеме послушни и воздржливи, да го имаме смирениот дух и да го љубиме ближниот, и Господ ќе ја возљуби таквата душа и Самиот ќе ѝ се јави. И ќе ја учи на љубов и смирение, и ќе ѝ даде сè што е полезно, за таа да го најде покојот во Бога.

 

Колку и да учиме, сепак не можеме да Го познаеме Господа ако не живееме според Неговите заповеди. Бидејќи Господ не се познава преку наука, туку преку Светиот Дух. Но мнозина философи и научници поверуваа дека Бог постои, но не Го познаа. И ние монасите се учиме на законот Господов дење и ноќе, но не сите Го познаа Бога иако веруваат.

Едно е да се верува дека Бог постои, а друго е да се знае Бог.

 

Еве ја тајната: постојат души што Го познаа Господа. Постојат души што не Го познаа, но веруваат. А постојат и такви што не само што не Го познаваат, туку и не веруваат. И помеѓу нив има дури и образовани луѓе.

Но, неверието е од гордоста. Горделивиот човек со својот ум и преку науката сака сè да познае. Но не му се дава да Го познае Бога, зашто Господ им се открива само на смирените души. На смирените души Господ им ги покажува Своите дела. што се недостижни за нашиот ум, туку се откриваат преку Светиот Дух. Само со умот можно е да се познае само земното, и тоа делумно. А Бог и сè небесно се познава преку Светиот Дух.

Некои целиот живот се трудат да дознаат што има на сонцето, или на месечината, или нешто друго. Но ете, душата нема полза од тоа. Ако се трудиме да дознаеме што се наоѓа внатре во срцето на човекот, тогаш ќе видиме дека во душата на светиот е Царството Небесно, а во душата на грешниот темнина и мачење. И добро е тоа да се знае, зашто ние вечно ќе пребиваме или во Царството, или во маките.

Мрзеливиот се моли љубопитно истражувајќи сè што гледа на земјата и на небото, а Каков е Господ, за тоа не знае и не се труди да дознае. И кога ќе го слушне учењето за Бога, тој вели:

“Па, како е можно да се знае Бог? И од каде ти Го знаеш Него?”

Ќе ти речам вака: Светиот Дух сведочи. Он знае и нè учи.

“А зарем Духот е видлив?”

Апостолите Го видоа како слегува во огнени јазици, а ние Го чувствуваме во себеси. Он е посладок од сè земно. Него Го имаат вкусено Пророците, и му зборуваа на народот, и народот ги слушаше. Светите Апостоли го имаат примено Светиот Дух и на луЃето им проповедаа спасение, не плашејќи се од ништо, оти ги крепеше Духот Божји. Апостолот Андреј, на царскиот намесник, кој му се закануваше дека ќе го распне ако проповеда, му кажа:

“Кога би се плашел од крстот, не би го ни проповедал.”

Така и сите други Апостоли, а потоа и мачениците, а по нив и светите подвижници, со радост одеа на мачење и страдање. И сè заради тоа што Светиот Дух е благ и сладок,и ја гони  душата да Го љуби Господа. И од сладоста на Светиот Дух, душата не се плаши од страдање.

 

Мнозина свети маченици во страдањата Го познаа Господа и Неговата помош. Мнозина монаси прават големи подвизи и  многу се трудат заради Господа. Тие Го познаа Господа и се борат за да ги победат страстите во себеси. И се молат за целата вселена, и благодатта Божја ги учи да ги љубат непријателите, бидејќи, кој не ги љуби непријателите, тој не може да Го познае Господа, Кој умре на Крстот за непријателите, и ни даде образ во Себеси, и заповедта да ги љубиме непријателите.

 

Господ е љубов. И нам ни повела да се љубиме еден со друг, и да ги љубиме непријателите. И Светиот Дух нè учи на таа љубов.

Душата што не Го познала Светиот Дух, не разбира како е можно да ги љубиме непријателите и не сака да го прими тоа. Но, Господ ги сожалува сите, и кој сака да биде со Него, должен е да ги љуби непријателите. Оној што Го позна Господа преку Светиот Дух, станува сличен на Него, како што има кажано Јован Богослов: “И ќе бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме Каков што Е”, и ќе ја гледаме Неговата слава.

Ти велиш дека многу луѓе страдаат од секакви беди, и од лоши луѓе. Но, те молам, смири се под крепката рака Божја, и тогаш благодатта ќе те научи. И ти ќе посакаш да страдаш заради љубовта Господова. Ете на што ќе те научи Светиот Дух, Кого ние Го познавме во Црквата.

Оној што ги кара лошите луѓе, и не се моли за нив, никогаш нема да ја познае благодатта Божја.



Ако сакаш да познаеш колку нè љуби Господ, намрази го гревот, и лошите помисли, и усрдно моли се, дење и ноќе. Тогаш Господ ќе ти ја даде Својата благодат, и ќе Го познаеш преку Светиот Дух. И по смртта, кога ќе дојдеш во рајот, таму ќе Го познаеш Господа преку Светиот Дух како што Го позна на земјата.

И на небото и на земјата Господ се познава само преку Светиот Дух, а не преку наука. И децата што воопшто не учат, Го познаваат Господа преку Светиот Дух. Свети Јован Крстител, уште додека беше во утробата на мајка си, Го осетил доаѓањето на Господа. Симеон Столпник, Дивногорец, беше на седумгодишна возраст кога му се јавил Господ, и тој Го познал. Преподобниот Серафим беше возрасен кога за време на Литургијата му се јави Господ. А Симеон Богопримец беше во длабока старост, кога Го позна Господа, земајќи Го во своите раце.

Така, ни се прилагодува Господ, за што повеќе да ја утеши секоја душа.



Љубовта Господова не може да се познае поинаку освен преку Светиот Дух. А мирната душа, што има чиста совест, преку созданијата Го познава Бога, дека Он ги создаде небото и земјата. Но, и тоа е дело на благодатта, иако овде таа е уште мала. А без благодатта, нашиот ум не може да Го познае Бога, туку се врзуваме за земното: за богатството, за славата, за задоволствата.

 

Колку што љубовта на Исус Христос беше голема, толку беа големи и Неговите страдања. Тие беа толку големи што ние не можеме да ги разбереме, бидејќи малку Го љубиме Господа. Но оној кој повеќе љуби, ќе може повеќе и да ги разбере Господовите страдања. Постои мала љубов, постои средна, и постои совршена љубов. Колку е посовршена љубовта, толку е посовршено и познанието.

Воопшто, секој од нас, може да расудува за Бога во онаа мера во која ја има познаено благодатта на Светиот Дух. Оти како можеме да мислиме и да расудуваме за нешто што не сме го виделе, или за нешто што не сме го слушнале, или за нешто што не го знаеме? Ете, светиите велат дека Го виделе Бога. А постојат луѓе коишто велат дека Бог не постои. Јасно е дека тие зборуваат така бидејќи не Го познале Бога. Но, тоа воопшто не значи дека Бог не постои.

Светиите зборуваат за тоа што навистина го виделе, и за она што го знаат. Тие не зборуваат за она што не го виделе. На пример, тие не зборуваат за тоа дека виделе коњ што е долг илјада метри, или параброд, долг десет илјади метри, што не постои. Јас мислам дека да не постои Бог, за Него не би можело ниту да се зборува на земјата. Но, луѓето сакаат да живеат според својата волја, и затоа зборуваат дека Бог не постои. И со тоа, докажуваат дека Он постои.

Дури и незнабошците чувствуваа дека Бог постои, иако не знаеа како да Го почитуваат Вистинскиот Бог. Но, Светиот Дух ги научи Светите Пророци, потоа Апостолите, потоа Светите Отци, и нашите Епископи. И така, вистинската вера дојде до нас. И ние Го познавме Господа преку Светиот Дух. И кога Го познавме, душата се зацврсти во Него.

 

Душата што Го позна Господа, невидливо Го чувствува присуството на Својот Создател, и во Него е многу спокојна и радосна. И со што може да се спореди таа радост? Таа може да се спореди со возљубениот син, кој после долга разделба се враќа од далечната земја во татковиот дом, и до ситост беседи со милиот татко и со возљубената мајка, и со милите браќа и сестри.

 

О, луѓе, созданија Божји, познајте Го Создателот. Он нè љуби. Познајте ја љубовта Христова, и живејте во мир, и со тоа зарадувајте Го Господа. Он милостиво ги чека сите да дојдат при Него.

Обратете се кон Него сите народи на земјата, и вознесувајте ги своите молитви кон Бога. И молитвата на целата земја ќе се крене кон небото, како прекрасен, тивок облак, осветлен од сонцето. И тогаш ќе се зарадуваат небесата, и ќе запеат песна величајќи Го Господа заради Неговите страдања, со коишто Он нè спаси.

Познајте, народи, дека ние сме создадени заради славата Божја на небесата, и не се прилепувајте кон земјата. Бидејќи Бог, нашиот Отец, нè љуби како свои деца.

 

 

Милостивиот Господ Го даде Светиот Дух на земјата. И преку Него се утврди Светата Црква.

Светиот Дух ни го откри не само земното, туку и небесното.

Преку Светиот Дух ние ја познавме љубовта Господова. Љубовта Господова е огнена. Светите Апостоли исполнети со љубовта, ја заобиколија целата вселена, и нивниот дух жеднееше сите луѓе да Го познаат Господа.

Со Светиот Дух се насладуваа избраниците Божји – Пророците. И затоа нивниот збор беше силен и пријатен, оти секоја душа сака да го слушне Словото Господово.

О, чудо! И мене толку многу грешниот Господ не ме презре, но ми даде да Го познаам преку Светиот Дух.

Дај ми го и мене, Господи, смирениот дух за секогаш да Ти благодарам Тебе, за тоа што Го даде Светиот Дух на земјата. И јас се сеќавам на Него. Он Самиот ми помага да се сеќавам на Него.

О, Духу Свет! О, Цару Голем! Со што ќе Ти возвратам Тебе јас, грешната земја? Ти ми ја откри недостижната тајна. Ти ми даде да Го познаам Господа, мојот Создател. Ти ми даде да познаам колку безмерно Он нè љуби.

 


Господ нè љуби толку многу, што тоа не е можно да се објасни. И таа љубов се познава само преку Светиот Дух. И душата необјасниво ја чувствува таа љубов. Господ според природата е благ и милостив, кроток и љубовен, и Неговата добрина не може да се опише. Но душата без зборови ја чувствува таа љубов, и сака секогаш да пребива во таа тивка состојба.

Он рече: “Нема да ве оставам сираци”. И ние гледаме дека навистина, не нè остави, туку ни го даде Светиот Дух.

Светиот Дух на невидлив начин ѝ дава знаење на душата. Во Светиот Дух душата наоѓа спокој. Светиот Дух ја весели душата и ѝ ја дава радоста на земјата. Каква, пак, радост и веселие ја чекаат на небесата? Преку Светиот Дух, ние сме научени да ја знаеме љубовта Божја, но таму, таа ќе стане совршена. О, јас сум немоќен човек. Јас само ја познав љубовта Божја, во нејзиното совршенство, но не можам да ја достигнам. Мојата душа плаче секој ден, и сè размислувам: “Јас уште не го добив тоа што го бара мојата душа”.

 
 

Кога Светиот Дух слезе на Апостолите, тогаш тие преку опит познаа дека постои љубов Божја и љубов спрема човекот.

“Чеда мои, кои пак со мака ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос”, вели Апостолот (Гал. 4, 19).

О, колку би се радувал кога сите народи би Го познале Господа.

Господи, Ти Самиот дај им да Те познаат Тебе преку Светиот Дух, како што им Го даде Светиот Дух на Апостолите, и тие Те познаа. Така и на сите луѓе дај им да Те познаат преку Светиот Дух.

 

            Свети Силуан Атонски

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2010 во 12:21
Свети Силуан Атонски: Тага по Бога


Разберете вие, сите народи на земјата, многу ве љуби Господ и милостивно ве повикува кон Себе:

“Дојдете при Мене и Јас ќе ве успокојам”.

“Ќе ве успокојам на земјата и на небото и ќе ја гледате славата Моја”.

“Сега не можете да го раберете ова, но Духот Свет ќе ви даде да ја разберете Мојата љубов спрема вас”.

“Не се забавајте, доаѓајте кај Мене, Јас желно ве чекам како мили деца, и ќе ви го дадам Мојот мир, и вие ќе бидете во радост и радоста ваша ќе биде вечна”.

Мили мои браќа, со солзи ги пишувам овие редови,

Кога душата Го познава Господа преку Светиот Дух, тогаш секој миг непрестано се восхитува на милосрдието Божјо, и на Неговата големина и сила. Самиот Господ со Својата благодат, милостиво, како мајка љубеното дете, ја учи душата на смирени, благи помисли, и ѝ дава да ја чувствува Неговата присутност и близина. И душата во смирение Го созерцува Господа без никакви помисли.

 

Господ го љуби човекот и Неговата благодат ќе биде во Црквата до времето на Страшниот Суд, онака како што била во поранешните времиња.

Господ го љуби човекот, и иако го создаде од прав, го украси со Светиот Дух.

Преку Светиот Дух се познава Господ. Преку Светиот Дух се љуби Господ, а без Светиот Дух човекот е грешна земја.

Господ ги воспитува Своите деца со Светиот Дух и со Својата Пречиста Крв и Тело и сите што Му припаѓаат на Господа, слични Му се Нему, својот Отец.

Светиот Дух нè сроди со Господ, и знај дека ако во себеси чувствуваш мир Божји и љубов спрема сите, тогаш твојата душа му е подобна на Господа.

Благодатта Божја нè научи на тоа, и душата знае кога е збогатена со благодатта. Исто така душата чувствува кога ја губи благодатта, го чувствува и доаѓањето на непријателот.

Порано јас не го знаев тоа. Но кога ја загубив благодатта, тогаш, од опит тоа ми стана јасно.

Заради тоа, браќа, со сите сили чувајте го мирот Божји којшто ни е даден на дар. И кога некој ни здодева, макар и да се принудуваме, ќе го љубиме, и Господ, гледајќи го нашиот труд, ќе ни помогне со Својата благодат.

Така велат Светите Отци, и многугодишниот опит покажува дека трудот е неопходен.

Благодатта на Светиот Дух секој човек го прави подобен на Господ Исус Христос, уште на земјата.

Кој е во Светиот Дух, тој Му е подобен на Господа уште овде на земјата, но кој не се кае и не верува, тој е подобен на ѓаволот.

Господ нè удостои да бидеме подобни на Него, а Господ е толку кроток и смирен. И да Го видеше Него, тогаш од многу радост ќе сакаше да кажеш: “Господи, јас се топам од Твојата благодат”, но сега ти не можеш да кажеш ниту еден збор за Бога, оти твојата душа се измени од изобилието на Светиот Дух. Така преподобниот Серафим Саровски, кога Го виде Господа, не можел да зборува.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 14:36



    Najvaznoto soznanie


Najvaznoto soznanie sto mozes da go dobies e kako da vlezes vo eden ziv odnos so Bog,odnosno da bides spasen ili novoroden, kako sto Biblijata go narekuva toa.

Kakov e Bog? Problemot e vo toa sto mnogumina imaat pogresna idea za Bog; tie veruvaat deka Bog praka vojni,deka dozvoluvuva lugeto da gladuvaat itn. Ti moras da svatis deka deka na svetot ne postoi samo Bog, tuku i GAVOL.

   Mozebi ke reces:"Zarem Bog ne e semoken?" Bog ne sozdal tebe i mene so slobodna volja i Toj ne ne prinuduva na zivo opstenje so Sebesi. Koga lugeto go odbiraat zloto, toa zlo se zdobiva so mok. Ona sto go sees toa i go znees! Toa e zakonot na prirodata. Taka e so se vo zivotot.

       Kakov e Bog ?

    Biblijata ni dava jasna slka za toa kakov e Bog.

           "Koj Me vide Mene[Isus],
              Go vide i Tatkoto."

    Onakov kakov sto bil Isus, i kakov sto e,takov e i Bog, Zatoa e vazno da citame za Nego vo cetiirite Evangelija, koi ni govorat za Bozjata dobrina sprema sekoj od nas.

            "Onoj Koj ne go postedi ni sopstveniot Sin,
             tuku Go predade za site nas,kako ne ke ni
             podari i se drugo zaedno so Nego?

     Bolnite, nemoknite i gresnicite se sobirale okolu Isus. Toj im govorel za zivotot-vecniot zivot. Toj gi oslobodil i mnogumina od niv stanale Negovinepokoleblivi i smeli ucenici. Tie bile obicni luge, kako ti i jas, no tie ja izmenile svetskata istorija, bidejki tie Go ljubele Isus i ne se plasele da gi dadat i svoite zivoti za Nego.

        Patot , Vistinata i Zivotot

     Isus veli:" Jas sum patot,vistinata i zivotot.:Sledstveno, Isus e PATOT kon Bog, ZIVOTOT vo Bog i VISTINATA za Bog.

     Golema razlika!

    Ima nesto dobro vo site religii i site nie sme religiozni bez ogled dali se narekuvame ateisti, agnocisti, budisti, muslimani ili materijalisti[a mnogumina od nas se, zarem ne?]. No golelemata razlika e vo ova: Osnovacite na site religii se mrtvi, so EDEN isklucok:i Isus umrel, no Toj voskresnal od mrtvite, grobot e prazen, a Toj i denes e ZIV!
    Ti ke ja dozivees mokta na Negovoto voskresenie koga ke Go primis i koga ke zapocnes da zivees soglasno so Bozjoto slovo. Isus jasno veli:"Onoj koj saka da Me sledi ke znae dali ucenjeto e od Bog ili od lugeto."Znaenjeto e iskustveno. Hristijanin e sekoj koj ima ziv odnos so ziva licnost- Isus Hristos, Bozjiot Sin.

    Isus skapo plati za toa

   Spasenieto ne e eftin proizvod. Isus Go cinese se koga na krstot umre za grevot i bezakonieto na covestvoto, no ti go primas toa skapoceno spasenie bez kakov i da e trud, bez plakanjeili kakvo i da e dostiganje. Edinstveno preku blagodet i vera toa stanuva tvoe.

    Nema razlika

Za site e podgotven patot do Boga. Toj ne pravi nikakva razlika megu lugeto. Toa ne zavisi od bojata na nasata koza, nasata rasa, nasata nacionalnost, pari ili inteligencija. Bozjata ljubov e podednakva za site luge, bez ogled kade ziveeme na zamjata.

    Bog te pocituva

   Bog te pocituva, Toj ne te prisiluva na spasenie i vecen zivot, tuku ti go nudi toa. Toj saka da bide tvoj Tatko. No izborot e tvoj- ti mozes da kazes "da' ili"ne"."Da"za Isus e da ja izberes Negovata blagodet i dobrina i da sorabotuvas so Bog za Negovoto carstvo da dojde na zemjata.Bog ima dlaboka pocit sprema tebe i tolu mnogu kopnee po zaednistvo i prijatelstvo so tebe. Toj tolku mnogu te ljubi.


      Izborot e tvoj

    Nekoi luge velat deka se premnogu mladi,drugi pak deka nemaat vreme ili cekaat posebo iskustvo ili povik. Koga ke go citas ova ke go znaes patot do Boga i ova e povik od Bog za tebe. Izborot e tvoj- denes e denot na spasenieeto, denes mozes da Go najdes Bog.

Biblijata ne veli deka si spasen koga ke se pocustvuvas kako hristijanin. Ne, ti ke bides spasen koga ke poveruvas deka Isus Hristos e tvojot Gospod.



       








Изменето од Blagoj_s - 05.Февруари.2010 во 14:37
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.