IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Сакаме промени, а несакаме да ги менуваме навиките
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сакаме промени, а несакаме да ги менуваме навиките

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 11:14
Nekoi momenti ODLICNO ilustriraat kolku e Makedonija daleku od evropskite vrednosti.
I toa, onie vrednosti koi OCAJNO ni se potrebni za da pocuvstvuvame iskra na dostoinstven zivot vo nas.
CUVSTVO NA MORAL, MORALEN INTEGRITET
CUVSTVO NA ODGOVORNOST
KOLEKTIVNA SVEST, VIZIJA ZA IDNINATA, svest za celi nad egoisticnata materijalna dobit.

Sakam da gi zamolam onie koi se so partiska opredelba, baska i sprotivna opredelba od doticnata licnost, da se obidat da go procitaat tekstot so edna NEUTRALNA NAIVNOST. Toa bi ni bilo korisno, za promena.

Оставки

Кај нас министрите и директорите со конопи се врзани за своите функции и нема сила, ниту критика што може да ги натера самоволно да заминат. Ќе се понижат, ќе погазат се' што ветиле, ќе заборават се' што кажале... ама, да се откажат од привилегиите нема шанси

Никогаш не сум гледала толку телевизија како последниов месец. Не се секирајте: не дозволив да бидам „отруена“ од репризите на говорот на Груевски („газиместански“ по содржина, но „минхенски“ по реакциите на публиката) ниту од прекумерните дози на едни те исти вести што не „маѓепсуваат“ од 16 до 23 часот. И така, секој ден личи на претходниот: вооружени пљачки, политички скандали, празна каса, уште една жртва што ја плаќа цената на распаднатиот здравствен систем... и да не заборавам: премиерот, кој не' убедува дека се' тече според планот.

Наместо тоа, во паузите помеѓу одличните документарци (за жал, многу ретко на некоја од нашите телевизии), далечинскиот ме „шеташе“ и на некои од светските информативни канали. Помеѓу вестите за новите тензии на Корејскиот Полуостров и, оние поновите, на Блискиот Исток - впечаток ми оставија две оставки за кои денес сакам да пишувам.

Во два дена, неотповикливи оставки поднесоа германскиот претседател Хорст Келер и британскиот прв човек на државната каса, Дејвид Лос. И двајцата се искусни економисти (Келер беше поранешен шеф на ММФ, а Лос имал долга и успешна кариера во Лондонски сити како потпретседател на ЈП Морган на нецели 30 години!), ценети и во својата професија, но и во својот политички ангажман. Келер стана претседател на Германија во 2004 година со поддршка на речиси сите крупни партии претставени во германскиот Бундестаг. Неговата функција е повеќе протоколарна, но неговиот „минат труд“ му ја зацврсти позицијата и му обезбеди и втор мандат минатата година. Иако предложен од ЦДУ на Ангела Меркел, тој ги уживаше поддршката и почитта и на другите главни играчи на германската политичка сцена како и висока поддршка на германската јавност. Не се либеше да врати назад закони кои сметаше дека имаат сомнителна уставна основа, ниту и' додворуваше на Владата со чија поддршка беше избран. Мала дигресија: мислам дека Иванов имаше една средба со Келер. Штета што ваквиот политички интегритет не е заразна работа!

Британецот Лос, од друга страна, е поизразен „zoon politikon“: го напуштил банкарството за да се приклучи на либералдемократите и тоа во период кога никој не можеше да претпостави дека тие ќе имаат шанси да станат дел од британската власт. Со формирањето на новата коалициска влада во Лондон, Лос ја доби една од најважните и најтешки функции: да се справи со високиот британски дефицит, без да ја загрози владината политика и економското заздравување.

Значи, важни луѓе на уште поважни позиции. Нималку случајни. Нималку неискусни. Што се случи?

Пред извесно време, германскиот претседател даде интервју во кое говореше за учеството на Германија во воените операции во Авганистан (инаку, прилично непопуларно помеѓу германските граѓани). Воедно, тој споменал дека за земја како Германија чија економија зависи од големиот извоз на стоки, воените ангажмани се „неопходни... за да ги одбраниме нашите интереси, како што се на пример коридорите за слободна трговија“. Иако подоцна неговата канцеларија тврдела дека со овој коментар тој се осврнал на патролите за заштита од пиратите околу бреговите на Сомалија, најголемиот број од слушателите тоа го разбрале како одбрана на мисијата во Авганистан. Следела серија на критики во јавноста која го обвинувала дека со ваквата изјава и штети на Германија бидејќи воените акции ги претставува како одбрана на економските интереси на земјата, а не како обид за поддршка на светскиот мир. После неколкунеделната дебата на овие теми, претседателот Келер ги изненади сите (особено канцеларката Меркел) и поднесе оставка како морален чин. Без лутина, без гнев, без обвинувања. Чесно и достоинствено, со зборовите дека му било „чест да биде федерален претседател на Германија“.

Оставката во Лондон беше нешто поконтроверзна. Не поминаа неколку дена по поднесувањето на предлогот за кастрење на дефицитот подготвен и претставен токму од Лос, кога во јавноста излезе информацијата дека секретарот, додека бил пратеник во претходниот Вестминстерски состав, користел државни пари за да си ја покрие рентата за сместување во Лондон. Дотука нема ништо спорно - тоа е право на сите пратеници кои не живеат во главниот град. Но, во случајот на Лос се откри еден ситен „детал“: тој плаќал соба за сместување во месечен износ од 950 фунти (што, споредбено со другите пратеници, е мал износ), но рентираната соба била во станот на неговиот партнер! Британските правила се јасни: државата не плаќа доколку пратеникот или неговиот партнер/ партнерка имаат стан или куќа во Лондон. Лос тврди дека морал тоа да го направи за да не ја обзнани својата хомосексуална врска и за да го заштити својот партнер од медиумски интерес, но се согласува дека тоа не било во согласност со правилата за финансирање. И затоа веднаш го повлече потегот и даде оставка. Претседателот на неговата партија и премиерот Камерон изразија жалење што губат таков човек и надеж дека повторно ќе се врати во политиката. Никој во јавноста не се потресуваше околу веста дека и овој секретар е хомосексуалец (ниту конзервативците во кои се „крстат“ нашиве хомофобични квази-десничари); за прагматичните британци главната тема беше дали правилата за финансирање биле прекршени и дали парите на даночните обврзници биле непотребно потрошени. Две „да“ и Лос одлучи да си замине. Без да чека антикорупциска, без да обвинува за заговор против него од страна на „мафијашки структури“, без да се бара милост од своите шефови.

Има многу разлики помеѓу овие двајца политичари, но нивните оставки говорат во еден глас. Говорат за одговорноста и личните принципи кои не се жртвуваат на олтарот на политичките кариери. Говорат дека во политиката е неопходен поголем, а не релативен морал. Говорат за одговорноста за секој изречен збор, за секој потез, секоја одлука и потпис. Говорат за силата на јавноста пред која секој политичар мора да „ведне глава“. Говорат за сите овие непишани правила кои во Македонија не ги почитуваме дури и кога ќе ги запишеме.

Кај нас? Кај нас министрите и директорите со конопи се врзани за своите функции и нема сила ниту критика која може да ги натера самоволно да заминат. Ќе се понижат, ќе погазат се што ветиле, ќе заборават се што кажале... ама, да се откажат од привилегиите нема шанси.

Кога ќе се сетиме на тие наши „јунаци“ кои не знаат да понесат одговорност ниту за погрешна политика, ниту за лоши одлуки со катастрофални последици, а да не зборувам за недоветните изјави со кои се срамат себе си, но и државата... сфаќаме зошто Македонија уште долго нема да биде европска држава.

Радмила Шекеринска



Изменето од Kali - 04.Јуни.2010 во 11:16
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 15:45
Го прочитав написот во колумната од весник, и навистина ја подржувам во целост.Но ретко кој се однесувал како политичарите во Европа.ЗАТОА СМЕ РАЗЛИЧНИ ОД НИВ - еве веќе 20 години.До кога вака?
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 15:50
do koga?!.збунетост..se dodeka na zborovi ste silni,...ama koga ke dojde neshto realno fizichko,...de ke zavrnelo,...pa , se stemnilo,...ili mozebi ke vrne,..i site opashkite pod ...gazot....dodeka ne se ..."razdeni"!смеење!

alal da im e na ,,....rumunite,..srbite,...slovencite.........hrvatite....
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 16:08
Originally posted by brza brza напиша:

do koga?!.збунетост..se dodeka na zborovi ste silni,...ama koga ke dojde neshto realno fizichko,...de ke zavrnelo,...pa , se stemnilo,...ili mozebi ke vrne,..i site opashkite pod ...gazot....dodeka ne se ..."razdeni"!смеење!alal da im e na ,,....rumunite,..srbite,...slovencite.........hrvatite....

Не за џабе е песната ситна роса зароси, ситно ветре завеа неможев да дојдам...Инаку и Грците за тоа се О.К.
Како и Турците...
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 16:10
....samo balkancive gi kazav,...inache ima mnogu drugi egzemplari vo svetov!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 09:06
Nema samodoverba kaj nas. Realno cuvstvo na vistinska vrednost.
Zatoa lesno narodot se lepi za trogatelen patriotizam i anticki golemini, koi mu davaat nekoe zanesno cuvstvo, ama samo cuvstvo ( bidejki realnosta e daleku pogruba), na vrednost.

Paradoksot e sto, navistina imame sposobnosti i potencijali.
Samo sto prilikite ne im dozvoluvaat da se razvijat, tuku se POTISNUVAAT, OBESHRABRUVAAT.
Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn... i toa kako kje se pokazat realnite kapaciteti na Makedoncite, SEGA I TUKA.
Poentata e sto so antickovo ludilo, nasive drzavnici ni poracuvaat: vasata vrednost e vo minatoto, nego slavete go.

Promenite nema da se slucat samo zatoa sto ocajno ni se potrebni i gi posakuvame, isto tolku ocajno. Tuku, treba da se menuvaat nestata.
Od osnovno samopocituvanje, i pocituvanje kon drugite, do se drugo. 
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:58
Originally posted by Kali Kali напиша:

...................

Paradoksot e sto, navistina imame sposobnosti i potencijali.
Samo sto prilikite ne im dozvoluvaat da se razvijat, tuku se POTISNUVAAT, OBESHRABRUVAAT.
Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn... i toa kako kje se pokazat realnite kapaciteti na Makedoncite, SEGA I TUKA.

.................
sigurno saka da kaze deka ...prilikite,..(t.e...hromozomite!) i na babata ne i dozvolile,...

inache ,...da imashe taa ,....ziher ke staneshe dedo !да


Изменето од brza - 05.Јуни.2010 во 13:59
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:41
hahaha...velis, do MUTACII stignavme? голема%20насмевка
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:50
zoshto mutacii?изненадување...ne be,..ednostavno,...vikash ,..Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn..."
...................i seushte nataka!намигнување


e pa,..nemame...jas vikam!

zatoa i rekov,... i babata da imala ..
sosema isto e....u druga ambalaza!голема%20насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.