IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Во очите на питачот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Во очите на питачот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 00:42
... Se nasmeav glasno gledajkji go postarot kako uporno se trudi da go izbegne ledot na ulicata 13-ta .... na sekoj cekor po edno svrtuvanje nanazd za da moze da ja drzi na oko glutnicata kucinja skitnici .... "Uste eden neizmerno dolg den za nego" .... a pogledot i natamu mu bese svrten nanazad .... Se obidov vo igra da mu gi sledam stapkite ... no lesno, bez steganje .... Koga vekje nekoj pravi matematika so gruba procenka kako da ne padne trebase i da se izbalansira ... I onaka denot mi bese ispolnet so zvucite na onaa "Let it snow" .... Igra ... Koj sakase da si igra koga mrazot grizese do krv ..... Jas .... Pak samo jas .... So vekje premrznati prsti, zacrveneta vo obrazi .... stignav do vlezot na mojata zgrada ..... Decinja zastanati so potkrenati glavi, so podotvorena usta gledaa vo svetilkite koi niknaa po balkonite recisi i preku nokj .... Vo ocite im se gledase odsjajot na razlicnite boi, kako se gasnat i se palat ..... Jas ne gi gledav svetilkite a sepak pred sebe ja imav najcistata svetlina ..... Kojznae uste kolku dolgo bi stoela taka .... Tapiot udar i glasana detska smea me trgnaa .... Go vidov postarot spruzen .... Mu ja podadov rakata vo mometot koga i pitacot od kjosot se strca da pomogne .... Ne, ne ja prifati negovata .... stanuvajkji kako da nema nikoj drug mi se obrati samo na mene " Za mig go krenav pogledot nagore " - mi rece .... Se nasmeav pak ..... Mojot pogled go barase pitacot koj se obide da pomogne .... vo negoviot pogled imase mnogu povekje led odkolku na trotoarot .... "Sekoj treba da si go znae mestoto" - procedi niz zabi .... " Za nekogo i novogodisnite sijalicki se premnogu" .... Se svrte i mi namigna .... " onoj koj gi ima zvezdite pred ocite, ne se obiduva da gi prisvoi" ....  голема%20насмевка

Изменето од Blue Scarlet - 15.Декември.2010 во 00:42
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2011 во 18:44

 

Изнајмен стан, кат погоре во старата зграда на улицата  13-та ...  Зад затворената врата во станот маглива светлина од нечистите прозорци и застојан воздух ... Картонски кутии расфрлани по прашнавиот под .... „Живот во картонски кутии“ – се насмевнав во себе ..... Развлечени во потрага по дом, внимателно спакувани како фолдери на веќе изминати етапи ....

Се рашири мирис на чај од нане ....  ми ги рашири ноздрите и вдишав длабоко ..... Зар воопшто е битно што  чајот е во обична пластична чаша кога успева да ја прелие нечистотијата на станот со совршен мирис? ....  Само што ја разлеав топлината низ грлото од првата голтка се слушна звоното на влезната врата .... „Марфи....само поради него не постои совршен миг “ - ми пролета низ главата ....

Пред вратата стоеше питачот од ќошот на улицата, мојот стар пријател ..... Насмевката на неговото лице иако неугледна поради пожолтените заби беше искрена радост .... Во рацете држеше една од моите картонски кутии .... „Ова беше оставено кат подоле, а јас знам дека е твоја“ – ми рече подавајќи ми ја .... „ Таму и беше местото пријателе, овде  веќе нема место за неа“ – му реков - „но сепак благодарам, јас пак ќе ја вратам назад“ .....

Ме погледна збунето со поткрената веѓа, не праша ништо, само потврдно кимна со главата ....

„Имам топол чај од нане, повели пријателе“ – го поканив да влезе ....

„Не“ – заниша со главата – „Не ТУКА, земи го чајот“ ..... Звучеше како да наредува и веќе во следниот миг се сврте и почна да слегува по скалите ....

Го дограбив капутот набрзина, уште една пластична чаша со чај од нане и тргнав без збор ....

Пред влезот на зградата седнат под страта липа меѓу пожолтените лисја веќе ме чекаше со подадена цигара .... „Седни и вдиши длабоко“ – ми рече ....

Се сместив меѓу изгужваните лисја, вдишав длабоко и се насмевнав .... Пријателот ме гледаше со насмевка .....  „Сега можам да ти кажам ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА“ – ми рече ...

Му го подадов топлиот чај и ја запалив цигарата .... „Убаво е да се биде дома“ ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 21:52

.... Уште неколку кратки денови, долги ноќи пред ресетирање на календарот  на Улицата 13-та.  Годинава недостасува мирисот на костени, како да се задушил под густиот слој на чад. Чекор назад, напред два не ми се брза иако надвор студот кине парчиња сирово месо со внатрешен рез на секое вдишување.

На аголот на улицата ме пресретна нешто што наликува на завивање на волк. Ми измами насмевка, го познавам тој глас и без да го видам. Покрај срамежлив оган, заѕидан во картонска кула, полупијан седи Питачот – пријателот мој.

 - Рано ја започна забавата пријателе, зарем и оваа година ќе започнеш со покана за самотниците – му се насмевнав во пресрет.

 - Дојди помогни ми да се присетам зошто еднаш одамна, кога прв пат се досели на оваа улица ти реков дека имаш релјефна душа – ми рече гледајќи низ мене замислено.

 Ја извадив кутијата цигари од џебот и му подадов една. Никогаш не одбиваше, прво ќе ја помирисаше цигарата со длабоко вдишување и ќе запалеше. Тоа беше некој наш сопствен поздрав, посебен ритуал. Се потпрев на ѕидот на мојата зграда и чекав да почне. Не прашувам, само чекам....

-  Тогаш кога за прв пат го подели отровов со мене – рече покажувајќи на цигарата – ти раскажав една приказна нели?

- Да, приказната за двата волка во нашите души. Ме праша кој е волкот кој го хранам? Кој ќе ја добие битката ....

Се насмеа на цел глас, ги сепна минувачите кои не гледаа со негодување ..... Празни погледи без многу значење и рој мисли кои ќе ги забавуваат цела вечер беа згрозени од животот што го гледаа пред себе а го немаа во себе .....

- Ете сега ми текна. Студот е виновен, почнав се повеќе да заборавам – ми намигна – Тогаш од тебе прв пат слушнав дека ги храниш и двата, им даваш доволно за да ја продолжат битката и ниту еден да не победи. Ми рече дека таа битка и дава релјеф на твојата душа нели?

- Обична вистина избегана од шаблонот а тебе и ден денес те забавува, дури и си станал зајадлив пријателе па ме повикуваш со нивното завивање – му се насмеав.

Заврте со главата како знак на негодување. Ја заврши цигарата и ја фрли во огнот. 

- Можеш ли да го држиш огнот доволно долго пред да те проголта? – ме праша со поткрената веѓа.

- Јас веќе му припаѓам пријателе – му ја пружив раката и тргнав накај дома ....

- На следниот свиок те чека духот на Гризлито – ми довикна со гласно кикотење

Знам, знам .... не брзам никаде .... чекор напред, назад два .... 



Изменето од Blue Scarlet - 26.Декември.2012 во 21:53
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.