IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Успешни приказни - МОТИВ!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Успешни приказни - МОТИВ!!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Успешни приказни - МОТИВ!!
    Испратена: 28.Ноември.2009 во 12:52
Овде ќе се објавуваат успешно завршените донаторски акции

22.05.2011 - изменето од Pravoslavie:
На оваа тема да објавуваме плус акции и доброчинства кои некој веќе ги реализира(л) и кои вродиле или вродуваат со плод, со цел да бидат мотив за сите кои сакаат да прават добро и да живеат за доброто! (претходното име на темава беше: “Приказни со среќен крај“)


Изменето од Pravoslavie - 22.Мај.2011 во 01:04
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 13:27
На веб страницата на А1 телевизија (на линкот: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114805), беше објавен апел за собирање на пари за Езерџан.
 
=======================
 
10.10.2009 20:30
Итно му е потребна операција во Бугарија
 

4-Месечниот Езерџан е роден со срцева маана. Итно му е потребна операција во Бугарија. Но неговите родители се сиромашни и немаат можност да соберат дел од парите.

Четири илјади евра се потребни за нивното дете да се спаси. Во семејството работи само таткото. Досега потрошиле многу за прегледите во Бугарија. Веќе немаат средства. Со солзи на очите тој моли за помош.

„Јас сум во таква ситуација што и по десет денари кога би ми давале јас би бил среќен, само да ги соберам средствата. На моето бебе ако треба и животот би му го дал само да го спасам“, вели таткото на Езерџан.

Езерџан не може да чека. Болеста напредува, а неговото срце е се послабо. Мора веднаш да биде оперирано. Веќе неколку пати досега имало кризи кои можеле да завршат фатално.

„На устата и на челото е помодрен. Кога ќе почне да плаче неможе да земе воздух“, вели таткото.

Животот на ова бебе е во рацете на хуманите луѓе. Неговите родители се надеваат дека некој ќе им помогне за да може четиримесечниот езерџан да продолжи да се смее во животот.

Телефони за донација:

070 143 402

075 143 402

Жиро сметка 300001000020178 - Комерцијална банка

IBAN: MK07300307046185945

=================
 
 
Со гооолема радост, со Славење на Бога, со Благодарност кон Него, Ве известувам дека парите за Езерџан беа собрани. Тоа го прочитав на веб страницата на ЗевзекМанија. (линк: http://www.zevzek.com.mk/index.php?option=com_content&task=blogsection&id=5&Itemid=28&limit=9&limitstart=0)
 
 
==========================
 
25.11.2009.

ImageБЛАГОДАРИМЕ!
Граѓани и граѓанки, со голема среќа ви соопштуваме дека парите за операција на Езерџан се собрани. Како што знаете, петмесечниот Езерџан Незир има болно срце, кризи во дишењето и неопходна му е операција на срцето во Софија. Четирите илјади евра се собрани благодарение на вас, па семејството и Зевзекманија искрено ви благодарат на донациите.
Колку е убав животот кога живот ќе спасиш...
 
==========================
 
 
Акцијата, како што можете да видите започнала некаде на 10.10.2009, а успешно завршила на 25.11.2009 година. Значи месец и половина биле потребни и доволни за да се соберат само 4000 евра за Езерџан! Колку годе и да сум радосен (а многу сум радосен) сепак во мене постои една гооолема тага, и уште поголем револт што сме многу мрзлив народ за помагање. Иако во оваа наша мила и напатена Македонија ИМА ЧОВЕЧНОСТ - тоа е факт, сепак факт е и дека сме прилично мрзеливи да помогнеме, мрза и тешкотија да посегнеме до мобилниот телефон, кој се наоѓа на 40 сантиметри оддалеченост од нашата рака, за да би завртеле еден телефонски број за да би подариле 100 денари, САМО 100 ДЕНАРИ (без кои, ако гледаме егоистично, нема да умреме од глад и од жед), кои би ги потрошиле за едно пиво на едно искачање во град, или две три кутии цигари (читај: отрови), наместо да ги дадеме таму каде што е најпотребно, да ги дадеме за нечие здравје, да ги дадеме за спасување на живот на некој кои им е ЦЕЛ ЖИВОТ и ЦЕЛ УНИВЕРЗУМ на некои други!! Факт е дека не ни се проблем тие 100 денари, проблем е нашата мрзоволност и проблем е тоа што нас ДЕФИНИТИВНО НЕ НЕ ДОПИРААТ ТУЃИТЕ НЕВОЛИ!! Ние НЕ САКАМЕ да се ставиме во кожата на оние што страдаат, ние НЕ САКАМЕ да бидеме во тага со оние што тагуваат, ние нејќеме да им бидеме рамо на оние што имаат ПОТРЕБА да се исплачат, за да си ја истурат тагата насобрана и насобрана, години и години во своите срца. Е тоа сме НИЕ! Тиња луѓе, суви и студени камења!! Затоа Господ допушта и ќе ни допушта страдања и маки, и како Држава и како Црква и како народ, за да станеме СВЕСНИ што е тоа мака, што е тоа човечност и што е тоа нечовечност, како би можеле да СТАНЕМЕ човечни, или да се измениме, односно да ја обновиме човечноста во нас, да се ослободиме од МРЗАТА, да престанеме да гледаме само пред себе и само пред својот нос, да се ОСВЕСТИМЕ за сето тоа што ни се случува на секого од нас во животот поодделно и на сите нас заедно и да СФАТИМЕ дека околу нас има многумина кои СЕРИОЗНО СТРАДААТ и се наоѓаат во ТЕШКА И ГОЛЕМА МАКА и на кои сме им МНООООООООГУ ПОТРЕБНИИИИИИИ!!!

Ако бевме поинакви од тоа што сме, тогаш овие четири илјади евра за Езерџан ќе беа собрани за МНОГУ покусо време.
Една проста математика:
4 000 евра = 240 000 денари = 2 400 телефонски повици по 100 денари.
Само толку требало... 2 400 пати да се крене телефон, да се заврти едно бројче, еднаш, можеби два пати, мооожебиииии три пати... и толку!
Мала сума, која била собирана месец и половина, а сме можеле да ја собереме за половина саат! Срам да ни е!!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 13:43
Незнам каде да прашам..........
Што се случи со Јованче детето што беше во кома
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 02:50
Скокам од радост и СлавоСловија и Фалби за Се’Светиот и Се’Добриот!!! Фала Ти, Најмил Мој, Срце Мое, Сонце Мое, Светлино Моја, Топлино Моја, Надеж Моја, Радост Моја, Милост Моја, Прибежиште Мое, Сило Моја, Песно Моја, Закрилнику Мој, Љубоооов Мојааааааа!!!!!!! Фала Тииииииииииии!!!! 
љубовљубовљубовголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
Ти се молам уште за Емил: помогни му!!! Спаси го, Те моламмммм!!! љубовљубовљубовголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
Обезбедени 200.000 евра за лекување на Мартина

15.12.2009 16:41
Мартина Димитрова
Малата Мартина конечно доби шанса за лекување. Второстепената комисија во Министерството за здравство одобри 200 илјади евра за трансплантација во Германија.
До крајов на неделава Мартина Димитрова треба да замине во болницата во Франкфурт каде ќе остане наредните 6 до 9 месеци.
„Мартина е добра, спремна за трансплантација, значи спремни сме да заминеме таму. Вака е добра, се надеваме на најдобро“, вели Горан Димитров, татко на Мартина.
Дополнителен проблем може да биде патувањето до германија со редовен лет, во време на епидемија на грип.
„Малку ни е страв да одиме со редовна линија. Нема директен лет до Франкфурт, значи треба со претовар, дали во Виена, дали во Прага, со неколку часа чекање. Сега доаѓаат и новогодишните празници, гужви се по аеродромите и навистина мислам дека патот ни е голем проблем“, рече Горан Димитров.
Државата цел месец го одложи лекувањето на Мартина која боледува од редок тип на леукемија. Петгодишното девојче успеа да ја издржи тешката цитостатска терапија како што и наложија од второстепената комисија. Сега ја чека нова борба. Трансплантација на коскена срцевина во болница во Франкфурт. Мартина повеќе од три месеци е на Детската клиника.

-----------

Превземено од сајтот на А1. Линк: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117535
__________________
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2009 во 16:59
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Скокам од радост и СлавоСловија и Фалби за Се’Светиот и Се’Добриот!!! Фала Ти, Најмил Мој, Срце Мое, Сонце Мое, Светлино Моја, Топлино Моја, Надеж Моја, Радост Моја, Милост Моја, Прибежиште Мое, Сило Моја, Песно Моја, Закрилнику Мој, Љубоооов Мојааааааа!!!!!!! Фала Тииииииииииии!!!! 
љубовљубовљубовголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
Ти се молам уште за Емил: помогни му!!! Спаси го, Те моламмммм!!! љубовљубовљубовголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
Обезбедени 200.000 евра за лекување на Мартина

 Се надевам дека собраните средства од донациите (ако ги имало) по завршувањеето на лечењето на Мартина ке бидат префрлени на донаторскуите сметки на другите болни. Само така ке го прошириме кругот на добродетели и повеќе оздравени лица.


Изменето од mamamd - 17.Декември.2009 во 16:59
Кон врв
nace Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 00:02
nikoj ne bi odbil da donira po 100denari
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 00:45
Originally posted by nace nace напиша:

nikoj ne bi odbil da donira po 100denari
дај Боже да е така! големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
nace, добредојде на форум.ИДИВИДИ и на подфорумот “Хуманост на дело“. Се надевам дека ќе се читаме... големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 00:58

Како што прочитав на групата на фејсбук

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ЕМИЛ НОВЕСКИ

нашиот Емил треба во понеделник на 15.март да замине за Германија, оти фондот реши да покрие еден добар дел од трошоците. Еве, во контекст на ова уште една статија која е на веб сајтот на Вест.
 
Еден од коментарите на групата

Za pomosh na Emil Noveski

даден од Игор Узунов вели:
 
Igor Uzunov: Emil odi naskoro vo Germanija...Odobreni se sredstvata od fondot a telefonskite linii se aktivni uste ovoj vikend...znaci-MASOVNO TELEFONIRANJE i postignuvanje na celta,da se vrati Emil zdrav!p.s.kolku za potsetuvanje fondot pokriva samo 80 posto od lekuvanjeto,tie 20 posto se prilicno mnogu...Vi blagodarime!
 
 
Се надевам дека ова е навистина крај на оваа долга и тешка и тажна приказна, и се надевам дека крајот ќе и’ биде навистина среќен! Дај Боже!!
 
Фала Му на Бога!!!
 
Дај Боже да е се’ во ред и Емил да појде и да се врати жив и потполно здрав! Амин!!!  големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 01:38
Приказната одела вака:

Деветмесечната Анастасија Шикановска има срцева мана (Атриовентрикуларен септален дефект ) и е потребно под хитно да се изврши операција во Софија, Бугарија која изнесува 11, 800 ЕВРА. Нејзините родители се невработени и не можат да ги покријат трошоците за операцијата. БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА: 070/143 121 -T-mobile 075/143 222 - ONE 077/143 706 -VIP Можете да донирате и преку жиро сметка : ZIRO SMETKA / WIRE TRANSFER INFO: UNIBANKA
240 157 016 097 273 IBAN
MK07240157016097273 SWIFT
UIBMMK22 Unibanka Bulevar 1vi Maj br 53 Bitola, Macedonia


На Facebook го прочитав следново:

ANASTASIJA e veke doma vo odlicna zdravstvena sostojba!

Фала Му и Слава на Бога!!!

Изменето од Pravoslavie - 22.Април.2010 во 01:39
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
kiko555 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 24
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kiko555 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:06
Pravoslavie јас мислам дека правиш теми на кој не му е местото овде !! И малцем смири страсти и јас сум христијанин па не пишувам цело време бог !!

овде има и деца што се членови на форумов и неможат да донираат ке му остане во ум ке направат бења кој е крив
?
Дури дојдеш на ред сите правила ќе се променат Т.Е никогаш нема да стасаш на ред xD
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:11
Originally posted by kiko555 kiko555 напиша:

Pravoslavie јас мислам дека правиш теми на кој не му е местото овде !! И малцем смири страсти и јас сум христијанин па не пишувам цело време бог !!

овде има и деца што се членови на форумов и неможат да донираат ке му остане во ум ке направат бења кој е крив
?


Како на темите не им е местото тука? Па каде би им било на друго место? На политика можеби?
Подфорумот е наменет токму за тоа, да се известат сите они луѓе, тука спаѓаат и форумџиите доколку се во можност да донираат средства за да помогнат да се спаси нечиј живот.
И кој тоа ќе направи белја? Ако си во можност донирај, ако не - здравје!

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:53
Originally posted by Lithium Lithium напиша:


Како на темите не им е местото тука? Па каде би им било на друго место? На политика можеби?Подфорумот е наменет токму за тоа, да се известат сите они луѓе, тука спаѓаат и форумџиите доколку се во можност да донираат средства за да помогнат да се спаси нечиј живот.И кој тоа ќе направи белја? Ако си во можност донирај, ако не - здравје!
Мислам дека малце му засмета СлавоСловењето на Бога...

Фала на кунструктивноста Lithium

Изменето од Pravoslavie - 02.Мај.2010 во 14:53
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 01:08

Со молитви во „Бигорски“ зависниците го бркаат злото


Овде ги спознав љубовта кон луѓето и вербата во Бога. Во болниците и во центрите за рехабилитација ме третираа само како бројка. Никој не ми посветуваше ни збор. Ќе дојдев утрото, ќе ми ја дадеа редовната метадонска терапија и ќе си одев. Следниот ден истото. И така со денови и години. Десет години безуспешно се лекував. Не се симнував од 12 „кубика“ секој ден. Овде сум три месеци и ја пребродив кризата. Овде добив мир и спокојство и спасение, ни кажа Ѓорѓи

%20

Во моментот во манастирот престојуваат дваесетина зависници, кои поминуваат низ периодот на апстиненција, во која им помагаат духовникот и монашкото братство. Деновите ги минуваат во повеќечасовните богослужби и во извршување на работите во манастирските конаци и овоштарник


Александар, Зоран и Ѓорѓи стоеја набожно пред иконите во големиот храм на Бигорскиот манастир, посветен на свети Јован Крстител. Погледите им беа насочени во кивотот со моштите на светителот и честицата од Чесниот Крст на кој бил распнат Господ Исус Христос. Трите момчиња тивкоим се молеа на светците да им дадат сила да истраат во своите намери да се спасат од злото што долги години ги има заробено нивните души и тела.

Секое утро трите момчиња, кои се на возраст меѓу 25 и 35 години, преку богослуженијата, со заедничка молитва во храмот го бараат лекот од долгогодишната зависност од дрога. Во моментот во манастирот престојуваат дваесетина зависници што поминуваат низ периодот на апстиненција во која им помагаат духовникот и монашкото братство. Деновите ги минуваат во повеќечасовните богослужби и во извршување на работите во манастирските конаци и овоштарник. Дента кога го посетивме манастирот тие беа ангажирани околу расчистување на градежниот шут од објектот што беше зафатен со минатогодишниот голем пожар.

Заедно со групата млади волонтери дојдени од Битола, работеше и Александар од Скопје. Силно момче, кое не го криеше задоволството што помага во манастирот. На прв поглед не оддава впечаток дека цели петнаесет години бил зависник на тешки дроги. Нé пречека со насмевка на лицето кога сакавме да поразговараме за неговото лекување од зависности.

Чудна енергија

- Го допрев дното и побарав излез. Ме советуваа да дојдам тука ако сакам вистински да се спасам. Тука сум десет месеци и добро се чувствувам. Ми се смири душата и духовно се прочистив. Ми помогнаа игуменот, монасите и другите што се овде - ни рече триесет и двегодишниот Александар.

Чудна енергија се чувствуваше во манастирскиот комплекс, кој сјаеше со импресивна убавина и поглед од чардаците на Источниот палат и црквата во дворот. „Св. Јован Бигорски“, кој плени со неговиот изглед и изградба во која се вдахновени пораките на игумените, духовниците и преродбениците од минатото, повеќе години е местото каде што зависниците се обидуваат да го најдат вистинскиот пат во животот. Првиот бил од Скопје и дошол во 1998 година. Ги поминал сите искушенија и сега е среќно оженет човек со деца.

- Во почетокот, кога сé уште се непокаени и се во незнаење, тие не ги чувствуваат богослужбите и за нив тие се тешкотија. Но откако ќе ја почувствуваат благодетната сила на богослужбата, со радост доаѓаат на заедничките молитви. Учествуваат во нив, а оние што имаат слух и глас го изучуваат и црковното пеење - вели игуменот на „Бигорски“, архимандрит Партениј.

Методите што се применуваат во лекувањето на зависниците се од духовна природа. Овој порок се лекува особено со помош на молитвите, кои во православието ги има многу. Тука спаѓаат вообичаените редовни богослужби, молитвите од православните молитвеници, акатистите, молебните канони... А најмногу, пак, помага Светата литургија. Преку неа апстинентите, како и сите христијани се соединуваат со Бога, учат да живеат и да љубат. Преку литургијата се раѓа вистински слободен живот. Од особено значење за успешниот процес на лекување се и индивидуалните и заедничките разговори на духовникот отец Партениј со зависниците, исповедите, секојдневното слушање на Евангелието и поуките за време на трпезите.

Љубов и покајание

Вниманието, разговорот со ближниот и чувството на припадност на заедницата се она што најмногу го добиваат од братството во манастирот „Бигорски“. Во разговорите со неколкуте апстиненти дознавме дека токму отсуството на искрен разговор со пријателите и на љубов во нивното поранешно опкружување било и причината поради која посегале по злото. Чувството да се биде корисен и прифатен од заедницата го добиваат во братството.

- Од мал бев оставен сам на себе. Мајка ми беше инвалид. Ме чуваше колку можеше. Некое време ме чуваше вујко ми. Марихуаната и хероинот ми станаа најверни „другари“. Бев дете од улицата. Заспивав и се будев со неа. На дрогата „испушив“ еден стан. Кога немав повеќе каде да одам, дојдов во манастирот. Ова место ми беше единствен спас. Тука најдов љубов. Тука сфатив како е да бидеш сакан и почитуван - вели Зоран, кој е на триесетгодишна возраст и кој цврсто одлучил да почне нов живот, да формира дом и свое семејство.

Во манастирот дошол по едно утро кога се разбудил на улица, по пеколот што го поминал вечерта земајќи најтешки дроги. За манастирот знаел од претходните разговори со другите зависници, кои биле лекувани по разни болници и центри за одвикнување од зависноста. Овде не му барале пар, како во другите институции, во кои покрај лекувањето, морале да слушаат и предавање за некои инославни сектански учења. Ниту, пак, е услов да се биде верник на православната црква.

- Еден млад човек што подлегнал на искушението со наркотици не може да биде вистински верник. Верник, во вистинска смисла, ќе стане по успешното лекување и излегување од манастирот. Првиот услов за прием на зависникот се неговата подготвеност и доброволна одлука да биде лекуван во нашиот манастир. Пред неговото доаѓање остваруваме неколку разговори во кои им укажуваме на условите и редот во манастирот. Успехот на лекувањето зависи од самата личност, колку тој верува во Бога, колку ги исполнува задолженијата, преку кои го гради својот карактер. Секој човек е различен и од него зависи колку е потребно за духовно прочистување - објаснува отецот Силуан, кој пред четири години се замонашил во манастирот „Бигорски“.

Кога ќе пристигнат во манастирот, зависниците поминуваат низ првата фаза на детоксикација, преку чести разговори со духовникот за наркоманијата како големо зло. Повеќето момчиња поминуваат низ вообичаената апстиненцијална криза. Доколку е неопходно, се даваат лекарства во консултации со медицински лица. Откако физички се исчистиле, се преминува кон разговори што треба кај нив да предизвикаат вистинско покајание. Се учат на искреност и послушание. Следуваат и првата исповед и причест. Првата исповед не е секогаш доволно искрена. Но подоцна апстинентот целосно ја отвора душата и без стеснување говори за тешките мигови во својот минат живот. Оваа фаза на физичко прочистување трае три-четири месеци. Меѓутоа не сите апстиненти покажуваат ревност и интерес за да останат повеќе и сосема да се излечат. Некои од нив си заминуваат и повторно се враќаат на стариот начин на живот. Но повеќето остануваат колку што е потребно, покажувајќи цврста волја да се спасат. Тие, на крајот, се целосно исчистени физички и духовно и подготвени да влезат во православниот живот, кој почива на љубов, вера и надеж. Стануваат одговорни за обврските и за работите што ги добиваат. Растат желбата и интересирањето за читање духовна литература и за учество во богослужбите. Стануваат подготвени за социјален живот.

- Овде ги спознав љубовта кон луѓето и вербата во Бога. Во болниците и центрите за рехабилитација ме третираа само како бројка. Никој не ми посветуваше ни збор. Ќе дојдев утрото, ќе ми ја дадеа редовната метадонска терапија и ќе си одев. Следниот ден истото. И така со денови и години. Десет години безуспешно се лекував. Не се симнував од 12 „кубика“ секој ден. Овде сум три месеци и ја пребродив кризата. Овде добив мир и спокојство и спасение - ни кажа Ѓорѓи, решен лошото минато да го остави зад себе.

 
Автор: Митко Р. Јовановски / Томислав Кежаровски


----> извор: Нова Македонија



Изменето од Pravoslavie - 22.Мај.2011 во 01:10
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.