|
Биологија |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи не се регенерираа?
Фино. -.- Иван исцелителот лечи од “искинати неурони“ -така пишува во неговата “книга“. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
hermiona
Сениор Регистриран: 04.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 564 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хибернација е состојба кога при ниска надворешна температура се намалува енергетскиот метаболизам како и телесната температура на животните при што тие престануваат да се движат,да се хранат а им престануваат и сите други активности меѓутоа тие остануваат во живот.Некогаш температурата кај поикилотермните животни паѓа до 0 ۫C.Ваквата состојба е позната како анабиоза.Меѓу цицачите пред се меѓу глодачите ,има такви кои во текот на зимата паѓаат во т.н зимски сон.Пред да паднат во летаргија овие животни се обезбедуваат со резервна храна(масти и гликогенски резерви) кои ги користат како ендогена исхрана така што на тој начин тие ја преживуваат зимата Бројот на отчукувања на срцето и дишењето се намалува, а температурата опаѓа. Во оваа состојба, на животните им треба многу малку храна. Сите потребни материи ги добиваат од мастите во своето тело, и не треба да јадат ништо друго во текот на целата зима!Меѓутоа има и такви животни кои во текот на зимата се будат се хранат и потоа повторно паѓаат во зимски сон.
За појава на зимскиот сон има повеке причини помеѓу кои можат да се спомнат најважните како: -ниската температура на надворешната средина -слабо развиената физичка терморегулација (крзно , влакна) и -сезоната(есен-зима) Зимскиот сон покажува сличности со спиењето меѓутоа тоа значајно се разликува и тие разлики се состојат од следново: -неактивност -напуштање на хомеотермната состојба -намалена телесна температура При паѓање во зимски сон последна се исклучува активноста на хипоталамусот во однос на другите делови од мозокот и значајно се зголемува присуството на серотонин. Овде можат да се забележа успорени бранови на ЕЕГ меѓутоа нема типичен РЕМ сон. Постојат 2 вида на зимски сон:природен и вешта чки зимски сон.Експериментално вештачкиот зимски сон се добива кога животното се доведува во хипотермија.Постои разлика помеѓу природниот и вештачкиот зимски сон по тоа што тие кои се во природен зимски сон се многу почуствителни од тие во вештачки зимски сон. Меѓу најпознатите и најдобро проучените презиму вачи е текуницата потоа мрмотот,ежот,хрчкот, лилја кот, мечката,верверичка и др. Ладнокрвните животни мораат да хибернираат таму каде што надворешната температура се спушта под точка на смрзнување. Еднакво на хибернација за време на лето е естивација. НЕКОИ ПРЕЗИМУВАЧИ Во умерената зона сонливците хибернираат во ладниот период, сон кој трае околу 6 месеци. Поради оваа особина го добиле своето име. Верверичките живеат во дупки на дрвјата или копаат дупки во почвата со многу тунели,отвори и различни соби наречени комори.Тие ја собираат храната ја носат во засолништата и во текот на зимскиот сон тие се будат на секои 10-14 дена и имаат “закуска ”. Возрасните мажјаци паѓаат во хибернација кон крајот на јуни а возрасните женки тоа го прават кон крајот на јули.Младите остануваат преку летото меѓутоа во есенските месеци кога веќе ќе нема храна и тие паѓаат во хибернација.Повторното излегување од хибернација е во март или април т.е во почетокот на пролетта. Во есента големи групи на лилјаци бараат засолништа за во зима.При хибернацијата тие висат наопаку и ги повлекуваат своите крилја и опашки до телото за да тоа може да се задржи топло.Лилјаците хибернираат од октомври до април и се будат еднаш месечно во среде ноќ. Жабите хибернираат на дното на потоците и езерата каде што водата не замрзнува.Шумските жаби пак наоѓаат засолништа под лисја и нечистотии.од хибернација се будат на почетокот на пролетта. Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.Повлекувањето на мечките гризли во своите дувла најчесто е после првата снежна бура. Во регионите каде што живеат, тоа се случува во октомври. Мечките одбираат заштитени пештери или дупки во кои ќе ја поминат зимата. Пресметано е дека овие животни поминуваат половина од животот во состојба на псеудо-хибернација. Псеудо-хибернација е состојба во која гризлито не е во длабок сон, туку лесно може да се разбуди доколку има некаква опасност. Дивите поларни мечки иако го маат истиот хормон за хибернација како и останатите мечки тие не ја преспиваат зимата освен бремените женки. ЗНАЧЕЊЕ НА ХИБЕРНАЦИЈАТА Во услови кога е потешко да се најде храна во текот на зимата,паѓањето во зимски сон значи и можност за преживување. |
|
благојче
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Биолошки организации на живите организми:
1.прокариотна организација -прокариотните клетнки немат морфолошко дифренцирано јадро -наследниот материјал е расфрлан низ цитоплазмата и се нарекува хуклеид -клетката има: *клеточен ѕид *мембрана *цитоплазма(рибозоми-учествуваат во синтезата на протеините;мезозоми-учествуваат во клеточното дишење) 2.еукариотна организација -има морфолошки дифренцирано јадро -повеќето еѕкариотни клетки функционираат самостојно како што се протоза(амебата,еуглената...) *разликуваме два вида на клетки -животинска клетка -растителна клетка |
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |