IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Се’уште чекаат на наша помош! Да им помогнеме!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се’уште чекаат на наша помош! Да им помогнеме!!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Се’уште чекаат на наша помош! Да им помогнеме!!
    Испратена: 03.Ноември.2009 во 00:33

ДР­ЖА­ВА­ТА И ЛЕ­КА­РИ­ТЕ КРЕ­НАА РА­ЦЕ ОД ДЕ­ВЕТ­ГО­ДИШ­НО ДЕ­ТЕ ВО КО­МА - ни рекоа пуштете го да умре

Да му помогнеме на Јован Коловски

ЖИРО-СМЕТКИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Димитрија Коловски, улица Едвард Кардељ број 485 Струга, Стопанска банка - Денарска сметка-200001366009767 и Девизна сметка-200001877047186. ТЕЛЕФОНИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА: Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402; Т-мобајл: 070-143-102

Ни­кој не знае од што точ­но бо­ле­ду­ва де­вет­го­диш­ни­от Јо­ван Ко­лов­ски од Стру­га, кој ве­ќе ед­на го­ди­на е во ко­ма, а по­ло­ви­на го­ди­на не­го­ви­те ро­ди­те­ли го чу­ва­ат и со­се­ма са­ми без ни­ка­ков ле­кар­ски над­зор, го не­гу­ва­ат во нив­ни­от дом во на­сел­ба­та Мис­ле­ше­во

Иа­ко се­мејс­тво­то Ко­лов­ски е здравс­тве­но оси­гу­ра­но, не са­мо што са­ми ги ку­пу­ва­ат ле­ко­ви­те и си­те дру­ги по­ма­га­ла за не­га на па­ци­ент во ко­ма, ту­ку го пла­ќа­ат и фи­зи­о­те­ра­пев­тот кој ре­дов­но до­а­ѓа за да го одр­жу­ва то­ну­сот на мус­ку­ла­ту­ра­та на це­ло­то те­ло на ма­ли­от Јо­ван

БРОЕВИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402

(ТЕКСТОТ Е ОБЈАВЕН НА 20 ОКТОМВРИ 2009 ГОДИНА)

До­мот на се­мејс­тво­то Ко­лов­ски во Стру­га е прет­во­рен во бол­ни­ца. Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја Ко­лов­ски са­ми се гри­жат за нив­ни­от де­вет­го­ди­шен син Јо­ван кој пред ед­на го­ди­на пад­нал во ко­ма. Ле­ка­ри­те не зна­ат од што точ­но бо­ле­ду­ва де­те­то и што ја пре­ди­зи­ка­ло ко­ма­тоз­на­та сос­тој­ба.. Ка­ко без­на­де­жен слу­чај, от­ка­ко си­те ме­дицн­ски ин­сти­ту­ции диг­на­ле ра­ка од не­го и ни­кој не са­кал да го при­ми би­деј­ќи твр­де­ле де­ка му не­ма спас,,де­те­то е пуш­те­но до­ма без ни­как­ва ле­кар­ска гри­жа. Ле­кар до­а­ѓа са­мо на по­вик. Се­га за ма­ли­от Јо­ван са­ми­те во нив­ни­от дом во струш­ка­та на­сел­ба Мис­ле­ше­во се гри­жат не­го­ви­те ро­ди­те­ли иа­ко не­ма­ат ни­как­ва вр­ска со ме­ди­ци­на­та.
"Не зне­ме што точ­но пра­ви­ме. Не­ко­гаш де­те­то ре­а­ги­ра мо­же­би се бу­ди од ко­ма, а ние со ле­карс­тва­та мож­но е да го вра­ќа­ме пов­тор­но во ко­ма", во очај ни ре­коа Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја ко­га не пре­че­каа во нив­ни­от дом во Стру­га.
Са­ми му ја да­ва­ат про­пи­ша­на­та те­ра­пи­ја, му ста­ва­ат кис­ло­род, се спра­ву­ва­ат со си­те кри­зи на де­те­то кои нај­чес­то за­вр­шу­ва­ат со до­за ја­ки се­да­ти­ви. Нас­про­ти ле­ка­ри­те кои твр­де­ле де­ка не­ма на­деж за де­те­то и ве­ќе од по­до­ам­на ја прд­ви­ду­ва­ат не­го­ва­та смрт, би­деј­ќи пад­на­ло во ре­док вид на ко­ма, Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја се оп­ти­мис­ти и ве­ру­ва­ат де­ка за нив­ни­от Јо­ван има на­деж. Но во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ко­ма цен­тар и спе­ци­ја­лис­ти за вак­ви сос­тој­би, па тој мо­ра да се ле­ку­ва во стран­ство, а Фон­дот за здрав­ство по­ве­ќе не им да­ва па­ри. "Од Дет­ска­та кли­ни­ка ни го пуш­ти­ја до­ма. Ед­на док­тор­ка то­гаш ни ре­че ва­ша­та гри­жа не му доз­во­лу­ва да ум­ре. Пуш­те­те го да ис­пуш­ти ду­ша до­ма", се при­се­ту­ва Мир­ја­на на теш­ки­те и не­зи­вес­ни де­но­ви по­ми­на­ти во Дет­ска­та кли­ни­ка во Скоп­је
Оча­јот и по­тиш­те­нос­та се чи­та­ше на ли­ца­та на Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја ко­га не пре­че­каа во нив­ни­от дом во на­сел­ба­та Мис­ли­ше­во во Стру­га. Јов­че е смес­тен во по­себ­на со­ба во бол­нич­ки кре­вет. Вед­наш спро­ти не­го бе­ше от­во­ре­на вра­та­та од не­го­ва­та дет­ска со­ба на ко­ја $ се ра­ду­вал са­мо две не­де­ли. Иг­рач­ки­те беа не­доп­ре­ни. На кре­ве­тот му сто­е­ше ма­ло­то хар­мо­ни­че, и син­ти­сај­зе­рот со ми­кор­фон, на кои тој сви­рел до­де­ка бил здра­во де­те. Јов­че спи­е­ше. Не за­мо­ли­ја пред да вле­зе­ме да ста­ви­ме ма­ски и да ја де­зин­фи­ци­ра­ме об­ле­ка­та. Кај не­го, ве­лат, мо­ра да се вле­гу­ва стро­го кон­тро­ли­ра­но, по­ра­ди тоа што е под­ло­жен и на нај­ма­ла ин­фек­ци­ја. Мас­ки­те и средс­тва­та за де­зин­фек­ци­ја са­ми ги ку­пу­ва­ат. Иа­ко здравс­тве­но се оси­гу­ра­ни, са­ми ги ку­пу­ва­ат си­те ле­ко­ви и се дру­го што е пот­реб­но за не­га на де­те­то. Пла­ќа­ат и за фи­зи­о­тер­певт кој мо­ра ре­дов­но му пра­ви веж­би да го ма­си­ра де­те­то за да се одр­жи то­ну­сот на мус­ку­ла­ту­ра­та. Про­да­ле ре­чи­си се са­мо да го спа­сат си­нот, а дел од па­ри­те обез­бе­ду­ва­ат и од до­на­ции од ху­ма­ни­те лу­ѓе.
И двај­ца­та се ед­ног­лас­ни де­ка за вак­ва­та без­на­деж­на сос­тој­ба на Јо­ван нај­мно­гу е ви­нов­на док­тор­ка од Дет­ска­та кли­ни­ка ко­ја не ус­пе­а­ла нав­ре­ме да пос­та­ви пра­ва диј­гно­за на де­те­то и да му да­де со­од­вет­на те­ра­пи­ја. Тие не мо­жат да го при­фа­тат и тоа што др­жав­ни­те ис­ти­ту­ции не да­ва­ат па­ри Јо­ван пов­тор­но да се ле­ку­ва во стран­ство и да се смес­ти во со­од­ве­тен ко­ма цен­тар ка­де што ќе му се пру­жа со­од­вет­на ме­ди­цин­ска не­га.
Аго­ни­ја­та на се­мејс­тво­то Ко­лов­ски за­поч­на­ла на 13 ок­том­ври ла­ни ко­га де­те­то не­на­деј­но до­би­ло ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра и гр­че­ви по што ка­ко итен слу­чај од струш­ка­та бол­ни­ца би­ло ис­пра­те­но на Дет­ска­та кли­ни­ка во Скоп­је. Та­му на Јо­ван му би­ла пос­та­ве­на ди­јаг­но­за ме­нин­гит, иа­ко ре­зул­та­ти­те не по­ка­жа­ле при­су­ство на бак­те­ри­ја за овој тип на бо­лест. Так­ва бак­те­ри­ја би­ла изо­ли­ра­на кај па­ци­ен­тка­та со ко­ја Јо­ван бил во ис­та со­ба. "Ко­га во бол­ни­ца­та доз­наа де­ка ќе дој­де ин­спек­ци­ја тие ги раз­де­ли­ја де­ца­та", ве­ли Мир­ја­на. По не­кол­ку де­на сос­тој­ба­та на ма­ли­от Јо­ван се по­доб­ри­ла, но са­мо што по­мис­ли­ле де­ка заз­дра­ву­ва, сос­тој­ба­та наг­ло му се вло­ши­ла.
"Поч­на да ја зав­ле­ку­ва но­га­та, одед­наш ос­ла­бе 4 ки­лог­ра­ми. Гу­бе­ше фун­кци­ја по фун­кци­ја. Се­кој­днев­но не ше­таа од дет­ско­то до ин­тен­зив­но­то од­де­ле­ние. Јов­че пад­на во дла­бо­ка ко­ма На­ед­наш му ја сме­ни­ја ди­јаг­но­за­та. Од ви­ру­сен во ту­бер­ко­ло­зен ме­нин­гит. Му да­ваа сил­ни ле­кар­ства. По три де­на се ут­вр­ди де­ка и оваа ди­јаг­но­за не е точ­на Ле­ка­ри­те ве­леа зе­ми си го де­те­то ќе ви ум­ре. Ко­га ги пра­шу­вав од што, тие не зна­е­ја да ми ка­жат", рас­ка­жу­ва мај­ка­та Мир­ја­на ко­ја што по­тен­ци­ра­де­ка единс­тве­на мо­рал­на по­дрш­ка во тие теш­ки мо­мен­ти до­би­ва­ла од док­тор­ка­та Со­фи­ја­но­ва и ди­рек­то­рот на бол­ни­ца­та Ацо Кос­тов­ски.
Ко­га ви­де­ле де­ка му не­ма спас на де­те­то, на нив­но ба­ра­ње со ле­кар­ска прид­руж­ба Јов­че го од­не­ле во Љуб­ља­на. По се­ри­ја­та ис­пи­ту­ва­ња би­ло ут­вр­де­но де­ка не­му во Скоп­је му би­ла да­ва­на пог­реш­на те­ра­пи­ја што про­во­ци­ра­ла но­ви гр­че­ви. От­поч­на­ле со но­ва те­ра­пи­ја. Јов­че бил др­жен во веш­тач­ка ко­ма. "Ни­ту та­му не ја кон­ста­ти­раа ди­јаг­но­за­та. Се по­сом­не­ваа во 'пор­фи­ри­ја', не­ко­ја рет­ка бо­лест", ве­ли Ди­мит­ри­ја.
По три ме­се­ци, ко­га сос­тој­ба­та на де­те­то поч­на­ла да се по­доб­ру­ва би­деј­ќи Фон­дот не са­кал по­ве­ќе да ги пла­ќа тро­шо­ци­те за ле­ку­ва­ње, ро­ди­те­ли­те со де­те­то се вра­ти­ле по­во­тр­но во Скоп­је и би­ле смес­те­ни на ин­тен­зив­но­то од­де­ле­ние на Дет­ска­та кли­ни­ка би­деј­ќи де­те­то тре­ба­ло да ја доп­ри­ма те­ра­пи­ја­та . "По два ме­се­ца ни ре­коа де­ка тре­ба да ја на­пуш­ти­ле кли­ни­ка­та би­деј­ќи тре­ба да поч­не­ме со фи­зи­кал­на те­ра­пи­ја", рас­ка­жу­ва со воз­диш­ка Мир­ја­на.
За­ми­на­ле во ох­рид­ска­та бол­ни­ца Све­ти Ераз­мо. Иа­ко оваа бол­ни­ца не рас­по­ла­га со со­од­ве­тен пер­со­нал за ва­ков вид на па­ци­ен­ти, тие, се­пак, им из­лег­ле во прес­рет и ги при­ми­ле во бол­ни­ца­та. Та­му Јо­ван бил смес­тен два ме­се­ци. Сос­тој­ба­та пак му се вло­ши­ла и мо­ра­ле да се вра­тат на ин­тен­зив­но­то од­де­ле­ние на Дет­ска­та кли­ни­ка бид­јќи де­те­то не мо­же­ло да ди­ше.
По ше­та­ње­то од кли­на­ка до кли­ни­ка, Ко­лов­ски де­те­то си го зе­ле до­ма и от­поч­на­ле са­ми да го ле­ку­ва­ат со те­ра­пи­ја­та што им ја пре­пи­ша­ле во Љуб­ља­на. Ре­дов­но со меј­ло­ви кон­так­ти­ра­ат со док­тор­ка­та Мир­ја­на Пер­ко­виќ.
"Не зна­е­ме ве­ќе што да пра­ви­ме. Фи­нан­си­ски не сме моќ­ни да го од­не­се­ме на­ши­от син са­ми во стран­ство. Ни ос­та­ну­ва са­мо јав­но да упа­ти­ме апел до си­те над­леж­ни ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­ва да се за­ин­те­ре­си­ра­ат за овој слу­чај, да по­мог­нат на­ши­от Јов­че да до­бие со­од­ветн ле­кар­ски трет­ман и да му да­дат шан­са за жи­вот", ве­лат очај­ни­те ро­ди­те­ли.
П.А.Ла­за­ро­ва

Ма­ли­от Јо­ван ре­а­ги­ра на драз­би

Ро­ди­те­ли­те твр­дат де­ка сос­тој­ба­та на Јов­че се по­доб­ру­ва. Ус­пе­а­ле не­го­ва­та те­лес­на те­жи­на да ја по­ка­чат од 17 ки­лог­ра­ми ко­га имал ко­га го отуш­ти­ле од бол­ни­ца на 25. Тој ре­а­ги­ра на од­ре­де­ни драз­би, ду­ри и ко­га ро­ди­те­ли­те му рас­ка­жу­ва­ат случ­ки што за­ед­но ги до­жи­ве­а­ле ко­га бил зда­ра­во де­те, од­вре­ме на вре­ме се нас­мев­ну­ва на ше­ги­те што му ги ка­жу­ва не­го­ва­та мај­ка., ра­ни­те по те­ло­то му за­рас­ну­ва­ат, а ре­а­ги­ра и на раз­ни зву­ци.


Го ле­чеа со ле­ко­ви што ве­ќе не се про­из­ве­ду­ва­ат


Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја ве­лат де­ка ма­ли­от Јо­ван го ле­че­ле со се и сеш­то оти ле­ка­ри­те мно­гу чес­то му ја ме­ну­ва­ле и ди­јаг­но­за­та и ле­ко­ви­те.
"Ле­ка­ри­те одеа од крај­ност во крај­ност. Не те­раа са­ми да ба­ра­ме и ку­пу­ва­ме ле­ко­ви. Не­кои од нив ве­ќе и не се про­из­ве­ду­ваа, па во очај ги ба­рав­ме на­се­ка­де. Се слу­чи ед­наш да нај­дам лек во ед­на пи­ља­ра. Го ку­пил не­кој чо­век чие де­те би­ло бол­но, а по­тоа се ут­вр­ди­ло де­ка не му е пот­ре­бен та­ков лек. Ко­га им го ка­жав ова на док­то­ри­те во Сло­ве­ни­ја тие се фа­ти­ја за гла­ва".
"Си­те док­то­ри кои го прег­ле­даа Јов­че да­ва­ат раз­лич­ни ди­јаг­но­зи, а сос­тој­ба­та ја ко­мен­ти­ра­ат ка­ко си­ту­а­ци­ја ме­ѓу ко­ма и сон" ве­ли Ди­мит­ри­ја.

БРОЕВИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402


Текстот е прочитан 23821 пати.
#
 
------------------------------------------------------
(превземено од веб сајтот на Вест. Линк: http://www.vest.com.mk/?ItemID=193FFBA3B156C849A952654B47E075F3)
 
*************************************************
 
 
 
 
„И животот би го дал за да го спасам моето бебе“
 
 
 
Итно му е потребна операција во Бугарија

 

4-Месечниот Езерџан е роден со срцева маана. Итно му е потребна операција во Бугарија. Но неговите родители се сиромашни и немаат можност да соберат дел од парите.

Четири илјади евра се потребни за нивното дете да се спаси. Во семејството работи само таткото. Досега потрошиле многу за прегледите во Бугарија. Веќе немаат средства. Со солзи на очите тој моли за помош.

„Јас сум во таква ситуација што и по десет денари кога би ми давале јас би бил среќен, само да ги соберам средствата. На моето бебе ако треба и животот би му го дал само да го спасам“, вели таткото на Езерџан.

Езерџан не може да чека. Болеста напредува, а неговото срце е се послабо. Мора веднаш да биде оперирано. Веќе неколку пати досега имало кризи кои можеле да завршат фатално.

„На устата и на челото е помодрен. Кога ќе почне да плаче неможе да земе воздух“, вели таткото.

Животот на ова бебе е во рацете на хуманите луѓе. Неговите родители се надеваат дека некој ќе им помогне за да може четиримесечниот езерџан да продолжи да се смее во животот.

Телефони за донација:

-070 143 402

-075 143 402

-Жиро сметка 300001000020178 - Комерцијална банка

-------------------------------------
превземено од веб страницата на А1. Линк: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114805
 
***********************************************
 
 
Дејан Анѓелески

vozdvizenie.jpg 

Почитувани,
Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате нашето  барање.

 
 
Ние сме родители на 7 и пол годишно дете, Дејан Анделески, кое боледува од ретка генетска болест Hereditary Angioedema (HAE) или недостиг на C1 inhibitor кој е особено важен за контрола на имунитетниот систем на организмот. Се работи за болест која предизвикува животозагрозувачки напади при што  е потребна итна медицинска интервенција. До сега детето, попради недостаток на лекови во Македонија, е третирано  со свежосмрзната плазма, меѓутоа во последните напади изреагира со  влошување на состојбата и после апликацијата на плазма, поради што мораше да прими Ц1 Инхибитор – лек кој според важечките препораки на медицината базирани на докази му е потребен за лекувањое.
 
Овој лек е набавен од наша страна приватно во неколку наврати, но со оглед на честите напади што ги добива нашиот син (во последните два месеци имаше вкупно 10 напади и ни беа потребни 10 инекции),
 
 
Ви се обраќаме за помош за обезбедување на средства за набавка на лекарствата. Ампулите со Ц1 инхибитор концентрат му помагаат да се смират нападите што ги добива, а во Македонија не се достапни. Ние досега успевавме да ги набавиме од Германија и Унгарија и истите се со  цена од 700 дп 900 ЕУР. Вкупните трошоци за годишното лекување на Дејан како и набавката на лекарствата се движат околу 80.000 ЕУР.
 
Вашата помош за набавка на лекарствата ќе му помогне на Дејан да има колку што е можно  поквалитетен живот исполнет со игра и дружење со неговите врсници и редовно следење на наставата во училиште како ученик во второ одделение, кои досега поради честиот престој во болница и интензитетот на болеста се сведени на минимум.
 
Ве молиме во согласност со Вашите мопжнопсти да ни излезете во пресрет на нашето барање. Финансиските средства за купување на лекарствата мопже да се уплатат на допнатопрската сметка за Дејан Анделески в Алфа банка воп Скппје соп бр.280124100136128.
 
Со почит,
Влатко  и Наташа Анѓелески
Тел: 3070318
070 248 225
070 328 849
075 846 071


ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ за ДОНАЦИЈА:
ВИП 077 143413
Т-МОБИЛЕ 070 143414
КОСМПФОН ТЕЛЕКОМ СЛОПВЕНИЈА 075 143 424


СО СЕКОЕ ЈАВУВАЊЕ ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ НА СМЕТКАТА НА ДЕЈАН

За донација надвор од Македонија:

vozdvizenie.jpg

За донација од Македонија

vozdvizenie.jpg
 
----------------------------------------------------------
 
Превземено од Премин Портал (Линк: http://preminportal.com.mk/content/view/5133/1/)
 
 
Погледнете го и писмото (линкот го превземав од forum.Kajgana.com, и тоа од следниот линк: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=45070)
 
 
*********************************************
 
 
 
Господ нека се смилува на сите нив и на сите луѓе во светов, кои страдаат и имаат потреба од помош и поддршка, и нека се смилува и на нас! Амин!!!
 
Да им помогнеме лично, да ги замолиме другите да им помогнат, да разгласиме по весници, медиуми, низ интернет, до сите луѓе чии е-меил адреси знаеме, до сите нам познати, на сите веб сајтови, СЕКАДЕ. Некој ќе види / чуе / прочита и ќе помогне! Дај Боже!!!


 
 
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 01:18
Дали некој има контакт информации за Јован Коловски и за Езерџан?
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 01:37
i jas bi sakala da znam
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.