IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија тужи колекционери од САД за кратерот од
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија тужи колекционери од САД за кратерот од

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија тужи колекционери од САД за кратерот од
    Испратена: 29.Октомври.2009 во 12:54
Македонија тужи колекционери од САД за кратерот од Корешница

Македонија ќе почне судски процес со еврејското колекционерско семејство Шелби од САД за враќање на бронзениот сад од 6 век пр.н.е, познат како кратерот од Корешница, што е прв обид за реституција на вреден археолошки предмет нелегално изнесен надвор од земјава.

Кратерот со античко потекло, кој е висок 1,20 метри и служел за чување вино, пред 10 години е диво ископан на неистражениот локалитет Корешница во Демир Капија, а потоа бил тајно изнесен од земјава, понуден на аукција и откупен од семејството Шелби. Тој е направен од бронза и е редок пример на сад од раната антика, поточно од архајскиот период. Сличен примерок е пронајден и на локалитетот Требениште, кој, исто така, не е кај нас, туку е во сопственост на Народниот музеј од Белград. Паско Кузман од Управата за заштита на културното наследство вели дека Македонија има клучен сведок во судскиот процес со познатото колекционерско семејство Шелби. Станува збор за човек што присуствувал на криминалниот чин на ископување на гробницата во Корешница, во која е најден кратерот. Според претпоставките на археолозите, гробницата била владетелска и во неа имало и други вредни археолошки предмети. Во моментов Управата бара адвокат со искуство во оваа проблематика, кој ќе го води случајот.
-Човекот што присуствувал на чинот ќе сведочи дека кратерот, кој е во сопственост на колекционерите во Њујорк, потекнува од тука. Ќе дадеме се од себе Македонија да го врати - вели Кузман, потсетувајќи на големата археолошка вредност на кратерот, кој има ретко прецизна и убава изработка, а неговата вредност расте со претпоставката дека бил дел од гробница, која, можеби, била царска. При ограбувањето на гробницата, дивите копачи однеле и керамички бронзени садови, игли од требенишки тип, шлемови и други наоди. За поголемиот дел не се знае каде се денес, но некои од овие предмети се нудат на продажба на интернет-страниците специјализирани за археологија. Со судскиот процес за враќање на кратерот од Корешница, Македонија се приклучува на глобалната тенденција за враќање на културните богатства во земјите од каде што потекнуваат. Во моментов многу држави водат спорови за реституција на своите артефакти. Деновиве Египет ја побара познатата биста на египетската владетелка Нефертити, која се наоѓа во Берлин, а Грција води долги и мачни преговори со Британија за Елгиновиот мермер. Сепак и покрај изнемоштувачката должина, има обиди за реституција што завршиле успешно. Така Италија си поврати античка урна од познатиот музеј „Метрополитен“, а музејот „Гети“ од Лос Анџелес и врати на Грција неколку артефакти. Една од најуспешните акции за реституција на илегално разнесеното културно богатство, пак, е таа на Ирак, кој си поврати повеќе од 2.466 артефакти украдени во времето на падот на режимот на Садам Хусеин.

Два начина за враќање на отуѓените артефакти

Постојат два начина за докажување на потеклото, а со тоа и здрава основа за судски процес за докажување на потеклото на илегално ископаните и раселени артефакти: доколку се ископа уште некој дел од украдениот предмет, земјата во која е пронајдено парчето има факт со кој ќе докаже дека предметот е нејзин. Вториот е да се најде сведок што бил присутен на кражбата, каков што е случајот со демиркапискиот кратер.
-Да најдевме мал дел од кратерот дома, ќе беше поедноставно. Ќе го покажевме на сопствениците и ќе го вратевме дома. Во овој случај ни останува потешкиот пат - со лице што ќе сведочи. Крадците на гробницата од Корешница, буквално, не оставиле ниту еден вреден предмет или, пак, фрагмент од него. За жал, собрале се - вели Кузман, забележувајќи дека и со сведочење може да се вратат отуѓените богатства, но за тоа е потребно стрпливост и волја.
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 13:14

"Сличен примерок е пронајден и на локалитетот Требениште, кој, исто така, не е кај нас, туку е во сопственост на Народниот музеј од Белград."

Pasko vednas neka kopa kaj Trebenishte, moze ke se najde nekoe parce.

A, i advokatot so pokrenata tuzba protiv "Народниот музеј од Белград." mnogu pomalku ke ne koshta.

A, toa so Amerikancite moze da e i poednostavno.

Ke se ispita shto vino se pielo od kraterot.

Ke se utvrdi negovoto geogravsko poteklo, i gotova rabota, em "krater" vo raka, em dzabe reklama za nasheto vino.

Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 14:53
Originally posted by Popi Popi напиша:

BRAVO, mnogu me raduva ovoj poteg! среќа  Neznam shto ke e ova chudo nas da ni pomagaat Evreite збунетост, ama vo sekoj sluchaj e za respekt i poddrshka. среќа
Па не ни помагаат Евреите во случајот, всушност треба да ги тужиме. Најважно во случајот е да се докаже дека предметот е наш, а тоа значи да се откријат оние (најверојатно државјани наши) што го откопале и препродале и да се казнат најстрого по можност долги години затвор. Многу ретко има казнето некој кај нас за правење непроценлива штета како што е распродажба на националното богатство.

Подршка за вакви акции, иако премногу проказни слушаме за дивокопачи а не се презема ништо. Се надевам дека во последните години тоа е сведено на минимум.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.