IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Колитис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колитис

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Колитис
    Испратена: 11.Октомври.2009 во 18:49
Колитис е општ израз за воспалителни болести на долниот дел на дигестивниот тракт, поточно на цревата, вклучувајќи ги и Кроновата болест и хроничниот улцерозен колитис.
Кај улцерозниот колитис во дебелото црево се создаваат мали улкуси (чиреви) и други воспаленија, кои со тек на време се разгоруваат и се манифестираат со појава на крвави измети или проливи што можат да бидат значително болни. Обично се јавува кај млади, возрасни пациенти, но ова заболување може да се јави на која било возраст и е поврзано со разни други нарушувања: од очни тегоби, па се до артритис во зглобовите на рацете и на нозете. Болеста се манифестира со следниве симптоми: болка во пределот на стомакот, чести, упорни празнења или проливи, проследени со појава на крв или гној, температура, замор, слабост, намалување на телесната тежина, болки и осетливост во зглобовите. Нападите кај улцерозниот колитис обично се повторуваат, а опасноста од појава на карцином на дебелото црево забрзано се зголемува по 8-10 години од појавата на болеста.

Иако постојат повеќе теории што ја објаснуваат можната причина за појавата на ова заболување, ниту една од нив не дава конечен одговор поткрепен со цврсти, научно докажани факти. Многу болести даваат симптоми како улцерозниот колитис, на пр. труењето со салмонела. Дури и при земање на некои видови антибиотици, како амоксицилин, клиндамицин, тетрациклини, можат да предизвикаат симптоми како кај колитисот, но со престанок на терапијата симптомите исчезнуваат.

Дијагнозата се воспоставува со преглед на дебелото црево со сигмоидоскоп - растеглива цевка што се вовлекува во дебелото црево, но често се користи и биопсија - со земање на дел од слузницата на дебелото црево за цитолошка анализа на клетките под микроскоп.

Мајката природа за секоја болест создала и лек.
За нарушена функција на цревата и за отежнато варење на храната природен лек се ферментираните јужни овошја папајата и гуавата. Папајата е овошје на долговечноста - вели една стара кинеска мудрост. Во Порторико ја нарекуваат "ванти", што значи здравје, т.е. "тиквичка на здравјето", а во Куба - "витаминска бомба" - поради изобилството витамини, ензими, аминокиселини, минерали и други важни биоактивни супстанции, кои се присутни како во плодот така и во листовите, младите фиданки и во коренот на ова благородно растение. Гуавата е лековито, тропско овошје што може да биде складирано само за кратко време, па во трговијата речиси и го нема, а свежи листови има само во тропските земји. Од листовите и од плодот на недозреаната папаја и гуава можат да се произведуваат ферментирани производи. Со тоа, продуктот ја задржува живата пробиотска сила, а хемиските средства, конзервансите и преголемите загревања стануваат непотребни.

Во многу земји се користи ферментираната папаја со гуава. Процесот го разви научникот Јосе Перко, кој успеа гуавата и папајата да ги направи способни за долготрајно складирање со помош на ферментацијата со помош на комбухата. Во процесот на ферментацијата таа продуцира пробиотици, витамин Б, фолна киселина, глук*ронска киселина, млечна киселина. "Гуава-папаја концентратот" содржи висока концентрација на млечна киселина, која пак е природен конзерванс. Утврдено е дека папајата и гуавата во своите лековити својства одлично се надополнуваат, а збогатени со различни лековити материи (бозел, лимон, зелен чај) се постигнува поширок спектар на дејствување. Папајата и гуавата се богати со ензими што ја забрзуваат дигестијата. Причината зошто папајата им помага на толку луѓе во варењето лежи во тоа што нејзините разложувачки ензими, папаин и chymopapai, дејствуваат во многу широко pH-подрачје. Гуавата, пак, со својата особина да стега, го намалува бројот на течни и болни празнења на цревата.

Со соодветен режим на исхрана без лактоза и богата со растителни влакна, умерена физичка активност и со редовна употреба на ферментирани ензимски производи, во голема мера можат да се ублажат тегобите од улцерозниот колитис. При таква терапија доаѓа до смирување на воспалените црева и до подобрување на општата здравствена состојба на пациентот.
Емоциите (бес, гнев, лутење, страв) можат да предизвикат телесна болест, или да ја влошат веќе постоечката. Значи, тоа се болести во кој психичкиот    фактор    игра    значајна    улога.
Према Franc Aleksander (1950 г.) класични психосоматски болести:
Гастродуоденален улкус
Улцерозен колитис
ХТА
Хипертиреоза
Бронхијална    астма
Хроничен полиреуматизам    на зглобовите
Неуродерматитис
Денеска, према МКБ:
Алергиски реакции; ангина  пекторис; ангионеуротичен едем; аритмии; ХТА; бронхијална астма; гастродфуоденален улкус; диабетес меллитус; хиперинсулинизам; хипертиреоза; иритабилен колон; кардиоспазам; мигрена; болни менструални пореметувања; мукозен колитис; неуродерматитис; пилороспазам; пруритусани; реуматоидни артритис; регионален ентеритис; тахикардија; туберкулоза; улцерозен колит; уртикарија.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 19:25

„Дијастоп“, нов лек за дијареја на „Алкалоид“

Нашата најголема фармацевтска компанија „Алкалоид“ деновиве го промовираше „дијастоп“, нов препарат за дијареја. Станува збор за ефикасен пробиотик кој успешно дејствува при дијареја, гасови и при надуеност, што се особено актуелни во овој летен период. Овој пробиотик е врз база на спори од бактеријата бацилус суптилис ИП 5832, кои ги решаваат проблемите на нарушената цревна рамнотежа, со што позитивно дејствува на цревната микрофлора која е одговорна за правилното варење на храната. Овој препарат е сосема безбеден за употреба кај сите возрасти, без контраиндикации и несакани ефекти.

„Дијастоп“ се употребува како симптоматска терапија на дијареја кај новороденчиња, мали деца и кај возрасни, при ентеритис и колитис придружени со дијареја, при суперинфекции во текот на терапијата со антибиотици од широк спектар и при нарушувања во варењето на храната придружени со надуеност на стомакот. Ефикасноста на терапијата со „дијастоп“ е потврдена кај речиси сто отсто од случаите, а ефектот се забележува веќе по 2-3 дена, а кај најупорните случаи до 7 дена.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 19:38

МЕСАЛАЗИН
mesalazine
филм-обложени таблети 50 x 250 mg; 50 x 500 mg

» се издава на рецепт
» се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО



Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт.
Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

ИМЕ НА ЛЕКОТ
МЕСАЛАЗИН
mesalazine
ATC A07E C02
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН СОСТАВ
1 филм-обложена таблета, гастрорезистентна содржи 250 mg месалазин (месаламин USP/Ph.Eur.).
1 филм-обложена таблета, гастрорезистентна содржи 500 mg месалазин (месаламин USP/Ph.Eur.).
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Месалазин таблетите се намененти за:
- третман на акутни напади на улцеративен колитис и Crohn-ова болест;
- превенција на релапси на улцеративен колитис. 
 

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Месалазин таблетите можат да се комбинираат со супозиториите или ректалната суспензија, но треба да се внимава на вкупната доза на лекот, бидејќи со зголемување на дозата се зголемува и ризикот од бубрежни токсични ефекти.
Дозата треба индивидуално да се прилагоди. Третманот на акутни почетоци на заболувањето треба да трае се додека не настапи ремисија на болеста, најчесто 8 до 12 недели. Во колку не се постигне терапевтски одговор после 4 недели, месалазин треба да се замени со некој друг лек.
Во колку е неопходно, месалазин може да се комбинира со кортикостероиди или метронидазол.
Во текот на третманот со месалазин, треба да се обезбеди добра хидратација на пациентот.
Возрасни и деца над 40 kg телесна тежина 
Месалазин таблетите треба да се проголтаат цели, без да се џвакаат или кршат.
Пациентите треба да го земаат лекот најмалку 1 час пред оброкот.
Препорачаните дози на месалазин се:
- Акутни почетоци на улцеративен колитис: 1,5 g до 3,0 g на ден, поделени во три дози.
- Акутни почетоци на Crohn-ова болест: 1,5 g до 4,5 g на ден, поделени во три дози.
- Превенција на релапси на улцеративен колитис: 1,5 g на ден, поделени во две до четири дози.
Највисоката препорачана дневна доза изнесува 4,5 g кај тешки акутни почетоци на Crohn-ова болест и 3,0 g кај улцеративен колитис. Откако симптомите ќе се намалат, дозата треба постепено да се намалува.

Деца под 40 kg телесна тежина
Врз основа на досегашните искуства стекнати од утврдувањето на клиничката ефикасност и безбедност, месалазин може да се применува кај деца над две годишна возраст. Дозата ја одредува специјалист во зависност од активноста и локацијата на инфламаторниот процес и телесната тежина на детето.
- Акутни почетоци на улцеративен колитис и Crohn-ова болест: 30 до 50 mg месалазин на kg телесна тежина на ден, поделени во три дози.
- Превенција на релапси на улцеративен колитис: 15 до 30 mg месалазин на kg телесна тежина на ден, поделени во две до три дози.
Со оглед на тоа дека таблетите треба да се проголтаат цели, без да се џвакаат или кршат, тие не се погодни за многу мали деца.
Децата треба да го земаат лекот најмалку 1 час пред оброкот. Третманот на акутни почетоци на заболувањето треба да трае 8 до 12 недели.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Месалазин е контраиндициран во случаи на:
- преосетливост кон салицилната киселина, нејзините деривати или било која друга составна компонента на лекот;
- тешки оштетувања на бубрежната или црнодробната функција;
- гастричен или дуоденален улкус;
- хеморагична дијатеза.
Месалазин не се препорачува за употреба кај деца под две годишна возраст, бидејќи безбедноста и ефикасноста на третманот кај нив не е утврдена.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 50 филм-обложени таблети, гастрорезистентни
(Филм-обложена таблета, гастрореризстентна со специјално филм обложување, нерастворливо во кисел медиум pH 1,2; пуферски медиум pH 6,0 а растворливо во пуферски медиум pH 7,2) од 250 mg
Кутија со 50 филм-обложени таблети, гастрорезистентни
(Филм-обложена таблета, гастрорезистентна со специјално филм обложување, нерастворливо во кисел медиум pH 1,2; пуферски медиум pH 6,0 а растворливо во пуферски медиум pH 7,2) од 500 mg




Изменето од bijonse1 - 11.Октомври.2009 во 19:54
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.