IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колку често пиете млеко?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колку често пиете млеко?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 22:44
Пресното млеко мене ми прави проблеми дури и кога пример сум пиел макијато малечко порано,и затоа го откажав.

Додека со кисело млеко или јогурт немам таков проблем,можам без проблеми да го пијам.

Не секаде е малкото застапена намирница во храна,пример жителите да далечниот исток немаат езим Лактаза што ја " вари "  Лактозата од млекото и во најголем процент не пијат млеко,црнците во САД исто така во голем процент немаат ензим Лактаза па и тие имаат проблеми.

Кај Европјаните е задржана консумацијата со векови и како возраси и поради тоа немаме проблеми.

Е сега колку ова што го купуваме од маркети е Млеко во вистинска смисла на зборот тоа е друга работазагриженост
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:24
Originally posted by fiks fiks напиша:


Е сега колку ова што го купуваме од маркети е Млеко во вистинска смисла на зборот тоа е друга работазагриженост

Кога кравите примаат било какви лекарства млекото не е за употреба. 
Кој од нашите сточари го почитува ова збунетост
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:28
Абе кравите најмногу заболуваат од Маститис,и после за лечење антибиотици,е сега после некој период на лечење што ќе премине во млекото од тие антибиотици е големо прашање,али ова е најмал проблем.

Крава треба да пасе треба или да јаде сено или силажа за да дава најквалитетно млеко,а дали тоа го може животно врзано во штала и кое гледа дневна светлина само 1-2 саати во денот?

А да не прајме муабет што со пастеризација ил истерилизација се уништува цел ензимско-витамински комплекс на млекото,на крај ко ќе видиме пиеме(јас не пијам намигнување )све само не млеко..судбина шо ќе прајш
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:38
чаре изненадување
да си чуваме по една кравичка плазење

па кога некоја мајка ќе каже, моето дете пие по литар млеко на ден загриженост

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:46
Чаре ами да купуваш од некој што чува крава или две за сопствено млеко,али тешко тоа денеска.

Абе тие трајните се многу сиромашни со нутриенти,така да што знам дали има некоја придобивка од пиење такво млеко.

Трајното млеко отворено да го оставиш и на собна температура не ќе се скисели и неколку дена,додека тазе молзено млеко од крава што пасе трева ќе се скисели за неколку часа.

Моментално во Македонија според мене е најдобро да се консумира овчо млеко и сирење од причина што најприродно се хранат,за сирењето ќе се снајдеш,ама за пресно плеко тешко некако.

За тие останатите чоколадни млека и глупости па не сакам муабет да правам.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:55
За колку е квалитетно и здраво ич не коментира..
Пијам неколку пати во неделата, најчесто со бисквити или мусли.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 23:57
Калипсо,за здраво е здраво ако под тоа се мисли на микробиолошки исправо,али нутритивниот состав му е приближно нула,тоа е проблемот со млекото од маркети.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 00:06
11 ФАКТИ ЗА МЛЕКОТО

1. Млекото содржи соматски клетки, кои се всушност крвни клетки кои се борат против инфекции.

2. 345 стисоци се потребни за да се наполнат четири литри млеко.

3. Млекото се состои од 85 до 95 проценти вода. Остатокот се белковини, шеќер, масти, витамини и други хранливи материи.

4. Протеините во млекото содржат аминокиселини многу важни за нормалното функционирање на човечкиот организам.

5. Млекото може да биде доста штетно, доколку на неговото пакување пишува дека е користен HGH хормон за количинско поголемо произведување на млекото.

6. Антибиотиците и лактозата не се поднесуваат. Затоа, оставете го сладоледот, јогуртот или млекото додека консумирате антибиотици.

7. Полномасното млеко е поздраво отколку млекото со намалена масленост. За некое чудо, полномасното млеко покажало дека е поделотворно кога станува збор за намалување на тежината.

8. Млечната маст разубавува. Одлична е за косата, ја зацврстува и го враќа природниот сјај.

9. Ако видите знак или текст кој означува дека млекото поминало низ ултра висока температура заради пастеризација, знајте дека тоа изгубило околу 60 проценти од хранливите материи.

10. Млечните крави добиваат додаток од житарици, покрај стандардната исхрана, за квалитетот и хранливоста на млекото да биде поголемо.

11. Не сте приморани да го пиете млекото. Доколку не уживате во вкусот на млекото, практикувајте ги сирењата, кашкавалите и павлаките. Тие се исто толку богати со лактоза колку и млекото.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 00:52
ne pijam mleko
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 22:15
Последниве години не пијам воопшто.
Млекото го обожавам единствено во комбинација
на бисквити,мед и несквик:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 22:22
Млеко само со инстант кафе или нешто слично како ова: 
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:31

Што ќе се случи ако секој ден пиете по 1 чаша млеко со мед?


Детското правило чаша млеко пред спиење не е воопшто за потценување, со таа разлика што треба да додадете само 1 лажичка мед.

sto-ke-se-sluci-ako-sekoj-den-piete-po-1-casa-mleko-so-med-01.jpg

Еве какви придобивки ќе имате ако ја усвоите оваа навика:

Добар сон

Преголемата количина на шеќер може да ве разбуди и вознемири, но сосема мало количество на глукоза ќе му помогне на вашиот мозок да го исклучи орексинот, невротрансмитер кој е одговорен за будноста на телото.


Издржливост

Само 1 чаша млеко и 2 лажици мед во утринските часови може да ви ја зголеми издржливоста во текот на денот. Млекото содржи многу протеини, а медот јаглехидрати.


Побавно стареење

Истражувањата покажуваат дека медот и млекото делуваат на здравјето на целото тело, а не само кожата, кога се работи за стареење. Многу лица во старите цивилизации пиеле и се негувале со оваа комбинација која се верува дека е еликсир на младоста.

sto-ke-se-sluci-ako-sekoj-den-piete-po-1-casa-mleko-so-med-02.jpg

Антибактериско дејство

Комбинацијата од мед и млеко успешно се бори против стафилокока (опасна бактерија), па затоа се верува дека има силни антибактериски дејства.


Варење

Шолја топло млеко со малку мед може да помогне кај неправилната столица, подуеноста и многу цревни болести.


Респираторни болести

Топлото млеко е одличен лек против настинките и кашлицата, исто како и медот. Ако ги споите нивните својства, ќе добиете лек кој е подобар од било кој купечки производ.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2015 во 11:27
Originally posted by jovanka27 jovanka27 напиша:

Нутриционистите не го препорачуваат млекото за возрасни
 

Нутриционистите не препорачуваат многу работи, не е само млеко.
Да се слушаа тие, според мене, денеска ќе бевме како папагали сите, ќе јадевме само просо и во кафези ќе живеевме.

Здравјето на еден организам не го носи само храната, нормално е огромен фактор, но храната не е само зготви и изеди, храната е љубов и ритуал.
Што мислите, зошто во некои култури се придава огромно значење на секој оброк, не бадијала било каков важен настан и случка се прославува со вечера или ручек, скоцкан и среден.

Млекото, спорд она што сум го учел и читал е супер храна и не дозволувајте некој да ве убедува во спротивното, од млеко нема штета, освем некој дел од популацијата кој нема ензим Лактаза за да ја  " свари " Лактозата или млечниот шеќер од млекото.

Сите кога ќе се родиме цицка бараме, немој тоа да го заборавите.
Повеќето од нас виделе мало бебенце како цица, како ужива во цицањето и како го допира изворот на храна за него и после некој паметен ќе тресе дека млекото било вакво или вило такво. 
Не може млекото од почеток да ни е живот а потоа не знам што, секако има разлика меѓу хумано млеко и мелкото кое го консумираме потоа.
Тука не е на одмет да споменам дека според постојните законски правила во Македонија а и во светот под млеко се подразбира "Кравјо Млеко ", додека сите останати треба да се наведат според потекло од животното, пример : којзо, овчо, биволско и други.

Секако праам муабет за млеко кое се добило од животни кои се одгледувани на најприроден начин што се може.



А некој чим сака да го сатанизира, нека живее од соја и марули, тука му се, и нека продолжи да јаде несварливи растителни влакна во големи количества, нека не чепка месо и млеко, нека ни ги остави на нас другите.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,813 секунди.