|
plagij.at turns 4 @ МКЦ, 04.09.2009 |
Внеси реплика |
Автор | |
plagijat
Нов член Регистриран: 08.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Август.2009 во 14:22 |
Нашето опстојување меѓу другото го одбележуваме преку бројките кои го градат нашиот код. Годините не потсетуваат на моментите на нашето созревање и на релативноста во космичкиот свет во кој создаваме и праќаме сигнали за нашето присуство. Водени единствено од креативната моќ на човековиот ум, креираме микро свет во кој преживуваме и се трудиме да ја најдеме поентата на нашето постоење.
Четири години се движиме по различни улици, куќи, згради, кафичи, кафани, клубови, лизгалишта, паркови, езера, мориња, океани, планини и го градиме тој свет. Напишавме 3473 текста во кои ги споменуваме и опишуваме тие места, моменти, љубови, флертови.. 993 членови на бор комјунитито помогнаа да го градиме и разубавуваме нашиот онирички простор. Денес 9397 коментари некаде патуваат и истовремено се во голема битка со уметноста, урбаната култура, кичот.. Лутаат некаде далеку, оставајќи трага зад себе.. На 04.09. (петок) електронскиот магазин за алтернативна култура Плагијат ќе го прослави својот четврти роденден. Роденденската забава ќе се одржи во бифето во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 21 часот. Во склоп на прославата ќе може да ги проследите концертниот настап на Me Ves Y Sufres и сетот на DJ Iljche. Вашите покани ќе може да ги подигнете од понеделник вечер (31.08.) во Лаика, Браво или Круг (Аеродром). ME VES Y SUFRES (Куманово) Me Ves Y Sufres е проект кој доаѓа од исклучително инвентивната кумановска сцена. Во бендот членуваат двајца искусни музичари кои зад себе имаат еден куп концерти. Me Ves Y Sufres се Ивица Димитријевиќ (од Т.Б. Трачери) и Оливер Митевски (од White Noise in a White Room). Настапот на четвртиот роденден на Плагијат ќе биде нивно прво појавување пред јавноста. Иако нивното име може да ве натера да помислите дека свират фламенко, ќе ви откриеме дека Spacemen 3 ќе звучеа токму вака доколку Jason Pierce искачаше во Агора. DJ ILJCHE (Скопје/Виена) Веќе стана традиција дел од роденденските забави на Плагијат да биде DJ Iljche. Човекот кој сака да ги спаси дождовните шуми. За оние ретките кои не го познаваат, тоа е ликот кој со своите бројни настапи, но и организирањето на гостувања на реномирани диџеи од регионот и пошироко е еден од носителите на македонската drum n’ bass сцена. Традицијата нема да ја изневериме ниту годинава. Овојпат Iljche подготвува таква мешавина на музички стилови од која и самиот ќе биде изненаден. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |