|
Игри (новитети и рецензии) |
Внеси реплика |
Автор | |
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 30.Јули.2009 во 10:35 |
Кога последен пат сте играле игра чии настани се случуваат на Дивиот Запад?
Пред нас е вистинска игра чии настани се случуваат на западот во
времето од 1864. па наваму, а ги прати авантурите на двајцата браќа Реј
и Томас МекКол, во една од највозбудливите и најопасните делови на
нивниот живот . Поточно, тројца се, едниот е свештеникот Вилијам кој
игра споредна улога. Нема да ви недостасуваат ниту револвери,
развојници... и индијанци. Во двобоите ќе се борите и со главните
негативци, шерифи, а некои сцени ќе ве воодушеват како да гледате некој
вестерн филм. Почеток Првото поглавје завршува со приказната за војната. Наиме, ова е важен дел како би ставиле како некогаш толку мирните фармери, наеднаш станаа врви пукачи со револвери и одметници. Вашиот генерал ве праќа на бојното поле, но браќата одбиваат и се прогласени за бегалци. Враќајќи се дома ќе наидете на уште една група од Северот кои повлекувајќи се палат и убиваат се што ќе им дојде под рака, а одејќи спрема вашиот ранч ќе средите прилично голем број на противници. Вашата мајка умрела од војничкиот стрес, жив останал единствено вашиот брат Вилијам кој покасно ќе се придружи. Војната и одмаздата го променија животот на браќата МекКол кои станаа арогантни одметници и нема да бираат начин за да дојдат до тоа што го бараат... Реј и Томас се доста вешти борци. Реј повеќе ја сака борбата од близина, одличен е со револвери и динамити, додека Томас е попрецизен од далечина, повеќе ги сака пушките и пиштолите, а добар е и со лак и стрела и јаже. Се на се, идеален пар кој може да се снајде во секаква ситуација. На располагање ви се повеќе видови на оружја во зависност од околината во која се наоѓате. Воглавно секогаш имате пиштол или два (кога сте со два пиштоли се пука од левиот и десниот клик на маусот), пушка, ножеви, динамит и јаже. Останатото е по потреба. И еден совет, штом испукате неколку к*ршуми и нема противник во близина од менувајте ја муницијата бидејќи ќе ви биде и повеќе од потреба. Исто така додека менувате, засолнете се за да не бидете погодени. Колку добро ви оди и колку добро да се спремени браќате, не заборавајте да ја зачувате играта("F5", а се учитува од "F8"). На каде треба да се движите ќе ви покажува жолтата петокрака. Посебно интересен за пукањето е Concentrate Mode, во кој на посебен начин нишаните на вашите противници и ги средувате како вистински револвераш. Изгледа супер, само треба да останете доволно сконцентрирани и брзи. Друг интересен мод е и Cover Mode. Вашето “здравје“ може да издржи само неколку погодоци, но доколку почнете брзо да дишете и вашиот екран се мати и црвенее, одма бегајте да се сокриете. Малку одмерете и одма сте како нов! Овде го осеќаме нагласувањето на аркадниот дел, но добро е, делува сосема во ред. Па, кој би бегал стално и оживувал... :) Понекогаш и на екранот ќе ви се појави црвен индикатор на динамит. Бегајте што подалеку можете, бидејќи доколку сте доволно блиску може да ве разнесе. Со текот на играта, ќе сватите како со некои оружја подобро се пука, а со некои полошо. Воглавно, доколку добро нишаните не би требало да имате проблем. За да нишаните од поблиску, со десниот клик можете да зумирате, а доколку го држете ќе оди се поблиску и поблиску. Запомнете, ова важи само доколку имате еден пиштол. Освен со препукувањето надвор, на поединични делови од мапата (куќи, амбари, околу мртвите противници) ќе наоѓате вреќи со пари, собирајт ги, бидејќи ќе ви бидат потребни за да купите некое подобро оружје. Исто така, понекогаш ќе најдете и "Secret", тајни предмети кои отвараат тајни делови на мапата.
Графика и звук За крај... [+] Пофалби
ОЦЕНА 9,0/10 Изменето од Gravedigger - 04.Август.2009 во 20:51 |
|
|
|
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Летниот мултиплатформски хит ни е пред вратите!
Младиот волшебник се врати во шестото продолжение од играта направена
според најпопуларната литературна сага. Додека Хари, Рон и Хермиона се
спремат за шестата година во Хогвортс, Редарот на Фениксот и Дамблдор
ја продолжуваат битката со злото и смртта која отворено го тероризира
светот на волшебниците.Со почетокот на новата школска година и во
Хогвортс се случуваат големи
промени: пристигнува нов професор, два предмети добиваат нови предавачи. Помогнете му на Хари да го уништи злото кое се шири во неговиот свет. Во овој наслов ќе му помагаме на Хари во различни дисциплини. Двобој натпревари помеѓу магионичари и мешање на волшебни напивки. На нашиот Хари пријателската помош му е и тоа како потребна. Дамблдор се припрема за конечна пресметка, така што почнува да ги регрутира и старите пријатели волшебници, а и најдобрите студенти. Меѓу студентите кружат разни гласини, но тука е Хари за да одигра главна улога. Како нашиот волшебник ќе се снајде, останува на вас. Почеток Комуникацијата меѓу главните ликови и сите протогонисти во играта во целост е превземена од филмот. Со други зборови, ликовите се препознатливи, а со толку добро изработени ликови повторно ќе добиете чувство како да сте во филмот, а не да ја играте играта. Едноставно речено, сјајно! Одма мораме да напомениме една важна работа. Од време-на-време ќе биде потребно да стигнете до некоја локација која нема да можете одма да ја пронајдете и лесно да пристапите. И за тоа има решение, претиснете на копчето “N“ и одма на помош ќе ви дојде духот Сир Ник, тој безглавиот. После неколку саати играње свативме како играта се сведува на три работи - двобои, мешање на волшебни напивки и учење. Оваа година стално ќе учите. Од самиот почеток на играта стално учете како да употребувате магии. Добро ги запамтете уште на почетокот бидејќи ќе ви бидат потребни. Нивното активирање е сосема лесно, се можете да направите само со движење и кликање на маусот, а инструкциите ќе ви се појавуват на екранот. Посебно е интересен делот кога мешате волшебни напивки. На кратко, пратете ги само упатствата и немојте да претерувате со состојките, бидејќи може да ви исчурли казанот. Ставете само толку состојки колку што е потребно за да ја добиете посакувана напивка. Самото правење на напивки е прилично иновантно направено, така што ќе уживате во тоа. Ќе спомениме дека Хари во текот на играта собира магични штитови и други елементи кои порано или покасно ќе бидат потребни. Графика и звук [+] Позитивно
[-] Минус
Извор: www.gamingmk.com
|
|
|
|
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказната е позната - во зависност од тоа на која страна се наоѓате,
дали ќе бидете добри или лоши. Ова е една од тие епските приказни во
кои се спротиставуваат лошото и доброто, но овој пат на “роботски“
начин. Во Трансформери, на страната на доброто се Автоботовите, додека
на лошата Децептикоите. Добрите ги бранат луѓето, додека лошите сакаат
да ги заробат, или полошо - да ги убијат.
Одлучив да бидам добар(), па ги избрав Автоботовите. Но, доста пишував околу доброто и злото, да одам на главното...
Прво влегувате во Autobot War Room каде што ве очекуваат останатите Автоботови со Optimuson Prime како водач (лошиот е Megatron). Тоа е место каде што ќе одбирате мисии, но пред тоа ќе морате да го поминете туторијалот. Без него не може да почнете да ги вршите мисиите. Четири основни форми морате да ги совладате за квалитетно да го управувате својот Автобот. Можат да трчат, да возат по цестите или да летаат. Секој од нив има свои команди кои ќе морате да ги научите. Исто така, ќе научите како да пукате со различни оружја и да ги користите специјалните потези на секој робот. По default, се употребуват преку тастерот “F“. Кога ќе го поминете туторијалот, почнувате со првата мисија. На глобусот ќе го видите кризното подрачје, односно каде се наоѓаат мисиите. Можете да пристапите на тиа кои ви се отклучени, додека за другите ќе треба да вршите и така ќе добивате нови мисии. Главен дел на мисиите е да го исчистите теренот од противничките роботи. Самата борба е направена прилично добра, имате доста оружја и потези на располагање и се надевам дека ги запамтивте сите од туторијалот. () Да не заборавам и да напоменам дека после секое уништување на некој робот тој испушта “енергон“, елемент кој го собирате(некаков вид на кредит, иако не е) и го користите за надоградба на својот робот. Можете да им ја појачите издржливоста, оружјето, брзината и сл. Графиката
држи вода, искрено.Иако во темните сцени прилично тешко може да се види
противникот но сепак можеме да се ориентираме според индикаторот на
енергија над главата. Во целост, не сум премногу задоволен од
графиката, можеле многу подобро. Сепак, тие недостатоци се пополнуваат
со добрите борбени потези, поготово специјалните. Авторите на играта нагласуваа дека ќе можеме да ги командиме сите Автоботови и да ги менуваме, тоа се покажа како супер идеа и успешно е реализирана. Секој од нив има посебни потези и оружја со кои можете да ги изненадите противниците. Само да ве опоменам дека два оштетени роботи се појаки од еден целосен, поготово доколку ве опколат. Затоа, кога ќе се најдете во таква ситуација скокајте, рипајте по згради и сл со што ќе го збуните непријателот. Верувајте, вашата тактика ќе успее. И
на крај, што друго да кажам после саатови и саатови беспрекорно пукање?
Дефинитивно е подобра од првиот дел, но сепак можеле да ја направат
многу подобро. Вака изгледа уште една игра во низа која многу брзо ќе
помине низ нашите мисли и нема да ја задржиме, или така ми се чини? [+] Позитивно
Извор: www.gamingmk.com
|
|
|
|
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлични рецензии Gravedigger многу ми се допаднаа , ги спив сите во една тема , така да тука можи да пишувате за сите нови игри што излегуваат или што треба да излезат и кратки или подолги рецензии за нив.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фликс ја погледна страната www.gamingmk.com ?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Незнам зошто мене не ми ја отвара , ама знам дека се преземени од негде :) |
|
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има проблеми со серверот ќе се среди брзо... иначе мој е сајтот и од мене се скоро сите текстови напишани на него, освен за нешто од конзолите колешката ги пишува (Voegele - Wii Addict).
Поз фликс од А*1*Т*Е*А*М (т.е јас) |
|
|
|
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Night at the Museum: Battle of the SmithsonianВреме е за магија, нешто поразлично, нешто необично. Замислете како тоа изгледа касно навечер, секогаш во исто време, сите музејски експонати оживуваат? Е, баш тоа ве очекува во оваа игра во која ќе се дружи со нашиот јунак (Larry Daley), ноќен чувер во музеј. Пред да почнеме да ја рецензираме играта, одлучивме прво да ги погледнете двата филма, за подобро да навлеземе во самата приказна на играта.Приказната во играта делумно ја прати приказната
на вториот дел од филмот(Night at the Museum: Battle of the
Smithsonian), а централен лик е нашиот Larry Daley(кој во филмот го
глуми Ben Stiller) кој во првиот дел беше ноќен чувар во Њујоршкиот
музеј, каде што доживеа авантури кои никогаш нема да иг заборави.
Сепак, човекот напредува, се фати за работа и измисли моќна ноќна ламба
која свети во темината без да е запалена (night flash light). Сепак,
сето тоа што го доживеа во музејот го врати назад меѓу пријателите. Самата
приказна, односно идеата е сјајна, што посебно го цениме кај филмот, но
и кај играта. Ок, играта и филмот излегоа во исто време, но сеедно,
воодушевени сме од идеата. Само уште играта да беше позабавна и
интересна. Приказна Како
и во филмот (е, доста веќе со тој филмот!) нашиот јунак, Larry Daley,
бивш ноќен чувар во музејот ќе мора да ги спаси Jedediah, Octavius и
другите свои пријатели од лошиот египетски фараон Akhmenraha кој
пробува да ја украде магичната плоча (Magic Tablanet) и има намера да
подигне нова војска (Army of Horus) и да завладее со светот. За
работата да биде полоша, неговиот музеј (Museum of Natural History) се
преуредува и сите експонати се префрлаат во Washington во Smithsonian
Institut, музејки комплекс со повеќе од 136 милиони експонати. Токму
магичната плоча овозможува се' да оживее во музејот, а сега кога е
блиску до Akhmenraha, се ни станува јасно. Наоружен
со ноќна ламба и клучеви, делувате некако неуверливо против огромната
зла војска, но Лари ќе знае паметно да ги искористи своите предмети,
како и магиите кои ќе ги научите на почетокот. Освен самата главна
приказна, ќе собирате и разно разни предмети кои ќе ви бидат од помош
во играта која има 14. нивоа вклучувајќи ги и Federal Archives,
National Air and Space Museum, па и Линколновиот меморијал. Контроли Одма
на почетокот еве и попис на контролите кои ќе ви бидат потребни. Инаку,
играта е многу едноставна и линеарна, така што цело време ве води каде
треба и што треба да правите (или ќе ви се испише на екранот), така што
и помалите деца од 10. години добро ќе се снајдат во играта (иако
пишува дека е наменета за 10+). W - напред S - назад А - лево D - десно E - акција, интеракција С - поништување на акцијата Y/X - бирате магија Space - скок Left Mouse - активирање на ноќна ламба / магија Right Mouse - активирање на ланците со клучеви / штит Q - помош Tab - мапа Esc - пауза И во Вашингтон и во Њу Јорк прво ќе треба да ја пронајдете мапата на музејот бидејќи ќе ви користи во играта. Ако не знаете што треба да направите или каде треба да одите, кликнете на Tab за да ви се отвори мапата, или на Q за помош. Или уште поедноставно - одете таму кадешто е означено со бела светилка. Магии Пред
да отидете во Вашингтон, ќе научите како се користат магиите. Собирајќи
ги деветте потребни предмети за да ја наполните магичната плоча, ќе
научите како делуваат магиите, односно како се активират. Брзо ќе се
навикнете. На екранот нешто ќе засвети и ќе добиете звучен сигнал за да
направите некаква акција. Се што треба е да ја запалете ноќната
ламба(Лев клик) и ја одберете магијата(Y/X) па повторно да стиснете на
левиот клик, и тоа е тоа! Ќе откривате скриени предмети, боете слики,
отварате врати, кршете и составувате предмети и слично. Нема повеќе
никакви тајни, се' останато е лесно. Графика и звук Само
накратко за тоа. Графиката не е ништо револуционерно, но држи вода.
Сосема е ОК за ваков вид на игра. Сепак, посебно не импресионираше
звукот со својата реалистичност. Заклучок Ништо
посебно не очекувавме од играта, но сепак се забавувавме. На жал,
играта е прилично монотона и се сведува само на решавање поединечни
задачи во низа, кои се колку-толку интересни. После некое време ќе ви
досаде, но немојте да се откажувате бидејќи играта ќе ја свртете за
едно попладне, доколку го загреете столчето. Изменето од Gravedigger - 04.Август.2009 во 20:54 |
|
|
|
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штом се твои нема проблем и така кажисе ти кој си |
|
Gravedigger
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 17.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
После 2 години и 216 дена постоење, gamingmk замина во неповрат. Дефинитивно толку биде од првиот гејминг портал, голема несериозност од страна на другите автори и од хостинг компанијата каде што е хостиран сајтот доведе до пропаст. Епа, луѓе доста беше, преку глава ми дојде од проблемите со кои се справувам веќе една година.
Али, јас ќе си продолжам како индивидуалец да пишувам на таа и околу таа тема на мојот блог www.supergame.blog.com.mk. Блогот го почнав со колумната “едукација низ игрите“, има уште многу за пишување на таа тема али мислам дека доволно работи опфатив. Поздрав и се читаме за некој ден со колумната за Clutch Armageddon Riders. |
|
|
|
Jovan.74
Сениор Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
штета |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |