IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Историја на фудбалот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја на фудбалот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Историја на фудбалот
    Испратена: 29.Април.2009 во 00:44
  
    
 
 
 
 
 
 
   Прапочетоците на фудбалот,како денес убедливо најпопуларен спорт на денешницава датираао од околу 500-600 години пред новата ера.
Првите документирани докази и пишани документи за кои постојат и научни докази за игра со топка слична на денешниот фудбал потекнуваат од Кина 200-300 години пред нашата ера.
Во тоа време во Кина постоела игра со топка наречена Tshu shu која била многу слична со денешниот фудбал и во која игра учесниците се обидувале да протнат топка направена од животинска кожа низ дупка од мрежа распната помеѓу два Бамбусови стапови високи 10 метри.
Tshu shu била многу популарна за времето на Династијата Хан и била дел од строгата војничка обука на редовната Кинеска војска.
 
 
Уште еден облик на игра со топка  предходник на современиот фудбал исто така потекнува од далечниот исток,а тоа е играта
Kamari ,која се појавила во Јапонија околу 500 години подоцна отколку во Кина.Тоа била кружен тип на исгра но далеку помалку спектакуларен отколку Tshu shu.
Kamari повеќе бил чесна церемонијална активност,каде не се барало поголеми способности и немало натпреварувачки карактер.
За време траењето на играта учесниците немале никаков физички контакт,и не постоел ни нај мал знак за меѓусебна борба за топката.
Играчите на многу мал простор имале за цел да си ја додаваат топката и при тоа таа не смеело да падне на земја
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во Мексико и Централна Америка се појавува гумена топка во периодот помеѓу 600 и 1600 година од нашата ера.Играта која ја играле жителите на тие простори се одржувала на издолжен терен долг 12-15 метри во форма на правоаголник,кој имал изправен ѕид на средината на кој се наоѓала дупка.
Целта на играта била тешката гумена топка да се протне низ дупката.
 
 
Во Северна Америка во 16 век Американските Индијанци играле игра со топка која ја нарекувале " Psuschuakohowor" што во буквален превод значело," Да се собереме и да ја удираме топката со нога".
Плажите широки скоро еден километар  оддалечени со голови од 2 километри,биле игралиште за дури 1000 играчи истовремено.
Играта била премногу груба,па се случувало да бидат искршени многу коски за време траењето на играта,во која учесниците биле украсени со разни накити и исшарани со разни воени бои и не се препознавале визуелно помеѓу себе.
 
 
                                          
Сите овие предходни видови на игра со топка  имале некое влијание на фудбалската игра,но разбојот на фудбалската игра каква што денес ја знаеме се случувал во Англија и Шкотска.
Играта која се играла на Островот има корени од 8 век од нашата ера и имала голем број на локални и регионални облици кои со тек на време се усовршуваел до денешниот поим за фудбал,ваков како што го знаеме.Тие почетоци на фудбалот во Британија се разликувале од сите до тогаш познати видови на колективна игри кои постоеле до тогаш.Биле многу малку организирани,повеќе насилни и спонтани и обично во нив учевствувале неограничен број на играчи.
Повремено игрите биле натпреварување помеѓу села и населби и се играле на селските улици,пазари или на полињата.Се случувало понекогаш околу 1000 играчи во занес по топката да уништат цели села и населби.За време на играта која била претерано груба било дозволено секаков вид на удирање како и се останато.Фудбалот кој тогаш се играл бил масовен фудбал во кој бројот на играчи не бил ограничен,и никакви правила не постоеле.
Според еден запис од Ворктинктон Англија,за да се исполни целта постигнување на погодок било дозволено се освем Убиство.
 
 
 image007.jpg%20%287362%20bytes%29
 Голем број на закони и забрани во текот на фудбалската историја не придонеле за намалување на неговата популарност.Понекогаш забраните и законите биле построги,некогаш поблаги но ентузијазмот кај неговите љубители со секој поминат меч растел се повеќе и повеќе,иако кај власта во Англија и Шкотска многу ретко за време на неговите почетоци наидувал на одобрение.
 
 
Лорд Мејор од Лондон во 1314 година издал прокламација во која го забранил играњето на фудбалот.Причините биле во тоа што за време на фудбалските мечеви поради големиот број на играчи доаѓало до големи нереди во кои учествувале и до неколку стотини луѓе,а просторот каде се играло бил потоа целиот неупотреблив за било што,скоро секогаш се случувало да настрада некое помало селце или населба,а после завршувањето на мечот имало голем број на повредени,а не ретко се случувало и да има човечки жртви.
За времетраењето на стогодишната војна од 1338 до 1453 година помеѓу Англија и Франција фудбалот бил забранет за играње.
Англиските кралеви Едвард III,Ричард II,Хенри IV и Хенри V го забранувале фудбалот поради тоа што омилената игра ги одвраќала војниците од вежбањето на корисни војнички вештини,како стрелање кое имало голема важност во Британската војска во тоа време.
Сите Шкотски кралеви во XV век исто така го забранувале играњето фудбал.
Во декретот кој го донесол Џејмс I во 1424 година се вели дека " Ниеден човек нема да игра фудбал ".
 
Настанување на правила во Фудбалот
 
            Иако забрануван како најпопуларна игра,ни една од мерките за спречување на играњето фудбал не дала резултат.Популарноста на играта секојдневно растела и луѓето премногу ја сакале грубата игра со топка за некој да може да им ја забрани.За време на ренесансата во Италија,поточно во Фиренца и Венеција се играл вид на фудбал наречен “calcio”.
За разлика од фудбалот што се играл во Англија и Шкотска,Калчото во Италија бил далеку поорганизирана игра со топка, и играчите биле облечени во дресови со различни бои на екипите и се играло на сите големи свечености и празници во Фиренца.
Во Англија играта се уште била многу груба и немало никаков напредок во развојот за време од 500 години.Ништо се немало сменето се до почетокот на 19 век ,кога се почнало да се игра фудбал во познатите јавни училишта во Англија.Фудбалот на почеток се играл како зимска игра помеѓу домовите во јавните училишта Winchester, Charterhouse и Ethon а многу ретко помеѓу нив поради тоа што секое училиште си имало воведено свои правила, од кои некои си имале правила каде било дозволено контакт на топката со раце а некои училишта не.Матурантите од јавните училишта кога ќе појделе на универзитет,тамо не смееле да играат фудбал освем со своите стари школски другари.
Прво обид да се направат стандардни правила и да се отклонат големите разлики во фудбалот е направено на Универзитетот Кембриџ во 1843 и 1846 година,по што голем број на јавни училишта ги прифатиле тие правила и се познати потоа ка Кембриџски Правила во фудбалот.Потоа во 1862 и 1863 година се одржани серија состаноци на училишни и вонучилишни клубови од Лондонското подрачје и соседните окрузи,кои се сложиле дека ќе објават правила и така ќе го одвојат Рагбито од новонастанатиот Фудбалски Сојуз(FA).
Многу клубови не ги прифатиле новонастанатите фудбалски правила и продолжиле по свои,посебно ова било изразено во Шефилд и неговата околина.Во 1867 година е формиран фудбалскиот сојуз на Шефилд,како предходница на подоцна окружните сојузи кои постојат во Англија.Шефилд и Лондон играле два меча помеѓу себе во 1866 година и тогаш за прв пат времето за игра е ограничено на час и половина.Во 1871 година ФА ги поканува сите 15 клубови на сојузот да учествуваат во натпреварувањето за трофејот на ФА,кое станува прво официјално фудбаласко натпреварување во светот.
Со ФА купот почнува модерната историја на најважната споредна работа во светот Фудбалот.
                                                              


Изменето од fiks - 06.Ноември.2009 во 13:31
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 13:32
Па форумџии повелете додадете се што би било надополнување на темава.среќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 01:19
Nekade imam citano deka igra slicna na denesen fudbal se igrala vo Meksiko i Centralna Amerika vo vremeto na cutot na tamosnite civilizacii, no... postoese teorija deka se igrala na zivot i smrt...
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 22:04

И јас да додам нешто што прочитав: среќа

Модерниот фудбал настанал во Англија, а првите топки според некои податоци биле отсечените глави на заробениците. изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување Кралот Едвард III ја забранил оваа игра во 1365 год. поради нејзиниот насилен карактер, но и поради тоа што играта на војниците им одземала време од вежбите за стрелаштво. Сепак, играта била популарна и понатаму се ширела.


Првите организирани натпревари биле масовни конфронтации помеѓу тимови составени од жители на два или три градови, а головите биле поставени на оддалеченост и до 50 км. Околу 1801 год. фудбалските правиле биле усовршени, тимовите морале да имаат ист број на играчи, а фудбалскиот терен не смеел да биде подолг од 70,9 м. Самата игра била нешто измеѓу рагби и фудбал и играта била груба. Во наредните години правилата на играта се менувале сè додека не дошло до конечно разграничување на овие два спорта и основањето на првиот фудбалски сојуз на 26 октомври 1863 год. Осум години покасно, во 1871 год. и рагбито добива свој сојуз и почнува да се развива независно.


Бројот на играчите во играта се движел меѓу 15 и 20, а зависел од местото на играње. Сегашното правило за 11 играчи формално било донесено 1870 год. и вообичаено било да се игра со 9 офанзинвни и 2 дефанзивни играчи. Голманот бил воведен во околу 1880 год., како еднинствен играч кој смее да игра со раце.

Први меѓународни натпревари
Фудбалот во следните години се ширел и надвор од Англија, на европскиот континент, а потоа и пошироко. Постепено биле формирани повеќе национални сојузи, а во 1904 год. формирана е и светската фудбалска федерација ФИФА (Fédération Internationale de Football Association). Формирањето на оваа федерација овозможило одржување на меѓународни натпревари и првиот меѓународен натпревар бил одигран меѓу Англија и Шкотска во 1872 год. Во 1902 год. во Виена бил одигран прв таков натпревар надвор од Велика Британија, а играле Австрија и Унгарија.

Прв натпревар со натпреварувачки карактер, или Светско првенство, било одржано во 1930 год. во Уругвај. Домашниот тим ја победил Аргентина во финалето со 4:2. На ова светско првенство учествувале 13 нации.

Фудбалот во Македонија
Фудбалот, или "футболот", како што ја нарекувале оваа игра во Македонија во времето на нејзиното актуелизирање, започнал да се развива во почетокот на XX век. Во 1919 год. биле основани фудбалските клубови: „Македонија“, „Напредок“, „Сингелиќ“, а во 1920 год. клубовите „Вардар“ и „Југ“. Во 1922 била формирана ФК Беласица од Струмица, а една година подоцна и фудбалскиот клуб „Тиверија“ од истиот град. Првиот Скопски "лоптачки" потсојуз бил формиран во 1927 год. Десетина години покасно бројот на фудбалски клубови пораснал на 55, а броел над 2500 членови
 
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.