|
Како да се искористат парите од ИПА-фондовите? |
Внеси реплика |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Март.2009 во 18:02 |
Инфраструктура,
рурален развој, селски туризам и погранична соработка се гранките каде
што македонските компании планираат да инвестираат најголем дел од
европските пари што ќе ги повлечат преку ИПА-фондовите. Нивните
претставници вчера, пред почетокот на програмата за обука за пристап до
фондовите на ЕУ, порачаа дека знаат како да подготват бизнис-планови,
но и дека допрва ќе учат како најсоодветно да конк*рираат за
претпристапните средства.
- Имаме неколку проекти што се во согласност со ИПА-фондовите. Планираме да аплицираме за рурален развој и погранична соработка. Но бизнис-секторот треба подобро да се запознае како и во кои гранки да ги користи европските пари - изјави Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопанските комори. Годинава еден од врвните приоритети на Владата во врска со европската интеграција е токму преносот на менаџмент, односно целосната акредитација за употреба на ИПА-фондовите. - Домашните македонски институции ќе бидат оние што ќе планираат, ќе влечат и ќе ги трошат средствата што ни се на располагање од ЕУ. Ова ќе значи голем успех за македонските институции, зашто тие на еден начин ќе станат проширен дел од европскиот систем на институции одговорен за трошење на структурните и кохезивните ЕУ-фондови - рече вицепремиерот Ивица Боцевски. И покрај тоа што акредитацијата се очекува оваа есен, потребно е, додаде Боцевски, уште сега да се работи со сите учесници во процесот, пред се бизнис-заедницата и цивилното општество. Според него, во моментов администрацијата е најподготвениот дел од системот. Кога станува збор за бизнис-плановите, пак, Владата и стопанствениците ќе соработуваат за изработката да биде во согласност со европските норми. До 2013 година за сите пет компоненти од ИПА, Македонија ќе има на располагање околу 300 милиони евра. По истекувањето на петгодишниот период, до кога е планирано нивното користење, почнува нов циклус што подразбира и нови средства. Парите од ИПА-фондовите проектирани за одредена година може да се користат плус уште три. Вицепремиерот Боцевски вели дека има доволно време за да се овозможи целосна апсорпција на средствата. Тој информира дека кон крајот на идниот месец треба да почне масовна теренска кампања во чии рамки сите земјоделски домаќинства ќе бидат темелно информирани за она што е на располагање во делот на руралниот развој. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nikako i vo nisto ............. ruralen razvoj i turizam pa posle da im gi " lapne " onoj 24 / 7 i kukjite i imotite na onie na koi nesto im ostana po avanturata so kravite .............. infrastruktura nikako ............ koj kje ceka izbori za da se pocne so kamen temelnici i razno razni gradezni avanturi za slikanje na 24 / 7 vo reklamni celi ................ pogranicna sorabotka so KOGO ? ............ sve u svemu , i dokolku gi zemat parite od tie fondovi , bidete sigurni deka 24/7 & Co , ltd najprvin kje gi " svrtat " preku samo nim poznati banki ( lihvarski zdruzenija ) pa potoa kje gi vratat so opravduvanje deka momentalno vo MKD nema KLIMA za takvi vlozuvanja i investicii
Изменето од miroslav_g8 - 25.Март.2009 во 18:08 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема веќе оправдувања дека евробирократите го одолговлекуваат или бирократизираат процесот на добивање средства од ИПА фондовите, дека процедурата била таква или онаква...
Од сега парите се даваат на управување на Македонија, сами да ги распределуваме и одобруваме по проекти, а од Владата зависи дали ќе ги покрене, мотивира и пред се’ информира граѓаните и институциите за начинот на искористување на парите, проектите кои ќе се одобруваат, процедурата... Македонија надлежна за управување со ИПА фондовите |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најдобро е да ги поделат за плати за да не издаваат УШТЕ државни обврзници за да се зголемува надворешниот долг кој според својата висина лесно може да стане дестинација на наредните алпинистички потфати ............ наместо оној на Хималаите
Изменето од МАРШАЛ - 28.Јули.2009 во 18:40 |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ма еве со невладина организација ќе аплицирам со издржан проект,и.......Има копрупција па и за овие пари ти треба некој............добро подмитен.
|
|
Кој бара ќе најде.
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MINISTEROT PREDLOZI NAJEFIKASEN PREDLOG ZA ZEMJODELCITE, DA SE SOEDINAT POVEJKE PROIZVODITELI I DA SE PRETSTAVAT KAKO EDEN.VO PRASAJNE SE PETSTO MILIONI EVRA GODISNO.
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
odlicen predlog
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Информативна сесија за ИПА програмата одржана во Охрид
Информативната сесија имаше за цел реализација на предлог проекти наменети за поддршка на активности за вклучување на социјално исклучени лица на пазарот на трудот. Објавениот Повик финансира активности поделени во следните три приоритени области: -Поттикнување на социјалното вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот; Oпшта цел на грантовата програма е активно вклучување на најранливите категории на пазарот на трудот цо цел создавање еднакви можности на пазарот на трудот. Големината на грантовите е минимум 61 000 евра, а максимум 200 000 евра. Проектите би се реализирале во период до две години. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...hahahhaaa,imase za ova jak komentar na eden od ministrite.Mislam za iskoristuvanje na parite od toj fond....
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |