IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Интернет зависност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Интернет зависност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2010 во 13:58
Како да си ги заштитите очите од компјутерот?

Во денешната компјутерска доба тешко е да се размислува за негативните последици кои ги носат компјутерите. Осум часа поминати пред екранот претставува големо оптеретување за вашите очи, но и за телото, па затоа многу е важно да ја прилагодите работната средина на вашите потреби.

Работата на комјутер стана наше секојдневие и најцврста врска со надворешниот свет. Сакале ние или не, полека стануваме дел од сосема нов начин на живот кој вклучува бројни направи кои ни ја олеснуваат работата и комуникацијата.

Било да очекувате имеил со резултати од испитот, или СМС порака од родителот кој доаѓа на посета, нашата врска со дигиталниот свет е воспоставена.

Во целата таа дигитална приказна нашите очи се главната врска, а најчесто не сме ни свесни колку може работата на компјутер да биде напорна за нив, а со самото тоа и за нашето тело. Со цел да си го олесните животот, ви нудиме четири совети за остварување здрава работна атмосфера.

Прилагодете го работниот простор

За да ги зачувате вашите очи здрави, како и енергијата која ќе ви биде потребна во текот на работниот ден, потребно е потполно да го прилагодите работниот простор на вашите потреби.

Мониторот е клучен момент за здравјето на очите, па затоа ако имате можност користете LCD екран бидејќи тој не ја рефлектира светлината. Избегнувајте мали монитори и користете заштита за екранот која го намалува напрегнувањето на очите. Истото важи и за работната маса и столот кои мора потполно да ви одговараат.

Осветлување

Доброто осветлување во просторијата во која го поминувате поголемиот дел од денот е многу важно за вашите очи. Светлото над вашиот компјутер нека биде доволно силно, но исто така важно е да знаете дека и премногу силно светло може да ги иритира очите. Прозорците треба да бидат поставени зад или покрај вас, а никако пред вас.

Агол на гледање

Уште една многу важна работа која го чува здравјето и помага при зачувувањето на енергија. Наместете го екранот 60 до 70 сантиметри оддалечен од вашите очи. Додека читате погледот треба да биде малку спуштен, однодно 15 до 20 сантиметни пониско. Не заборавајте на можноста за подесување на светлината и контрастот на мониторот бидејќи и тоа може да ви биде од голема помош.

Одмор за очите

Иако очите работат колку што е потребно, не заборавајте дека не сте машина и дека одморот ви е неопходен.

За полесно да зампомните, постои правило познато како 20-20-60, што всушност значи дека на секои 20 минути работа мора да направите пауза од 20 секунди, така што погледот ќе го префрлите од мониторот на нешто што од вас е оддалечено барем 6 метри. Исто така, не заборавајте да трепкате. Трепкањето е природна заштита која на окото му овозможува доволно влага.

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 16:24
emilглупчо
Кон врв
Dr. Walle Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
M.D. Anesthesiologist

Регистриран: 09.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dr. Walle Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 13:42
Главната причина за развивањето на зависност од интернет е инсуларниот кортекс, истиот дел од мозокот кој е одговорен за зависноста и од алкохолот, дрогата и цигарите...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:27
Зависноста од интернет ќе се класифицира како ментална болест!

Интернетот стана речиси незаменлив дел од човековото постоење, но тој има и свои негативни страни затоа што се поголем е бројот на луѓе зависни од интернет. Токму затоа, почнувајќи од следната година, зависноста од интернет ќе се смета за болест!

Од следната година, британските доктори во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални болести ќе ја класифицираат зависноста од интернетот како сериозна ментална болест, а со таквата класификација се согласува и австралиското здружение на психолози. 

Покрај нарушувањата од користењето на интернетот, дијагнозата ќе ја опфаќа и зависноста од таблет компјутерите, паметните телефони и слушалките. 

Австралијците сакаат во дефиницијата да ја додадат и зависноста од интернет игри затоа што велат дека кај денешните деца овој проблем е очигледен, а истиот се манифестира со нервоза и раздразливост кога на детето ќе му се ограничи пристапот кон интернет.

Дури 70% од клиентите во сиднејската клиника за одвикнување од интернет и видео игри се деца и тинејџери, а таму се пред се поради искривената слика за светот која е последица предизвикана од зависноста од игрите.


Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 21:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.