IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Хуманитарна крводарителска акција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хуманитарна крводарителска акција

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хуманитарна крводарителска акција
    Испратена: 01.Февруари.2009 во 19:29

Хуманитарна акција: Кајганџии даруваат крв! (07.02.2009, 12-16 часот во Даре Џамбаз)

Крводарителската акција ќе се одвива во "Даре Џамбаз" (мапа) на 07.02.2009 (сабота) од 12:00 до 16:00 часот.
Користете ја темата околу договори за групно присуство и организација. Би ви биле благодарни доколку ја поддржите и промовирате акцијава преку вашите потписи на форумов, вашите блогови, фејсбук профили, месинџери, пријатели и тн...



ИНФОРМАЦИИ:
По успешната акција за собирање на облека и трајна храна за оние на кои им е потребна, во тек е реализација на уште една хуманитарна акција од страна на форумџиите на Кајгана и Црвениот Крст.

Отворена е и анкета, со цел да ги официјализираме резултатите.

Имајте на ум дека за да станете крводарител треба:

• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.

• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима Вашата крв.

• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.

• После следи разговор со лекарот, кој го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек. По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.

• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За крводарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни продукти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи не постои начин да се заразите. Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.

• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи.
Но сепак запаметете неколку совети:


- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.

- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.

- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.

- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.

- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.

- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во нашата служба. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може нам да ни користи во проценката на безбедноста на продуктите кои сме ги изработиле од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .

Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.


Акцијата е крајно хумана. Со секое дарување, спасувате живот.
Доколку имате желба да помогнете, дадете го вашиот глас на анкетата - а точниот датум и место за дарување ќе го објавиме откако ќе се координираме со Републичкиот завод за трансфузиологија и ЦК (надополнето: датумот е веќе официјализиран, читај горе!).

Банерче за потпис:



 
 
 
-------------------------
 
Превземено од Форум Кајгана. Линк: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=33132


Изменето од Pravoslavie - 01.Февруари.2009 во 19:33
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 02:39
Потсетување за акцијава големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.