IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Рели 2009
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рели 2009

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рели 2009
    Испратена: 15.Јануари.2009 во 08:52
Водечкиот на Релито Дакар дисквалификуван

Водечкиот го генералниот пласман на Релито Дакар кај автомобилистите Насер Ал Атијах од Катар е дисквалификуван поради напуштање на службената делница во текот на шестата етапа од релито, објавија организаторите.

Судиите го пријавиле Катарецот дека ја избегнал службената делница низ пустината и значително го скратил патот кон победата во шестата етапа, а грешката ја признал и самиот Ал Атијах.

"Не се држевме до службената делница, бидејќи имав проблеми со моторот на моето БМВ и нема да поминам преку песочните дини. Ја признавам грешката и ги прифаќам санкциите" - изјавил Катарецот, кој до сега победи во две етапи.

Меѓу автомобилистите водството го презеде Јужноафриканецот Жинел Де Вилиерс, а втор е поранешниот рели шампион Шпанецот Карлос Саинц.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 08:53
Саинц ја презеде контролата!

По саботниот ден одмор, Карлос Саинц повторно покажа зошто е еден од главните фаворити за победа на Дакар релито со триумф на кратката 294 километри долга етапа од Валпараисо до Ла Серена. Возачот на Фолскваген доминираше, а неговиот тим оствари 1-2-3 победа со Германецот Дитер Депинг на второто и Американецот Марк Милер на третото место. Уште поважно за Саинц, четвртиот Фолксваген на Јужноафриканецот Жиниел де Вилиер беше само петти со повеќе од 10 минути заостанување, така што сега Шпанецот води во генерален пласман со речиси 1 минути предност.

"Се додека не заврши релито ништо не е сигурно. Денес за првпат возевме на патеки и ова беше вистинска традиционална етапа. Се надевам дека ќе продолжиме како денес", вели Саинц.

Французинот Сирил Деспре на КТМ победи на осмата етапа во пласман на мотоцикли, но мораше да избегнува невообичаена пречка - магаре на патеката! Марк Кома, кој заврши втор на етапата со 1:49 заостанување, се уште има огромна предност во генерален пласман. Ова е втора етапна победа за Деспре оваа година, со што шампионот од 2005 и 2007 се искачи на третото место во генерален пласман со час и половина заостанување зад Кома.

"На околу 15 километри од финишот, едно магаре одеднаш се појави зад една грмушка пред мене. Тоа беше среќно избегнување, за мене и за него", вели Деспре.



РЕЗУЛТАТИ

НЕДЕЛА, 11.ЕТАПА, ВАЛПАРАИСО-ЛА СЕРЕНА, 294КМ

АВТОМОБИЛИ

1.Саинц (Шпа) - Фолскваген 3:47:19

2.Депинг (Гер) - Фолскваген +4:02

3.Милер (САД) - Фолскваген +4:12

4.Рома (Шпа) - Мицубиши +4:15

5.Де Вилиер (ЈАР) - Фолскваген +10:48

МОТОЦИКЛИ

1.Деспре (Фра) - КТМ 4:07:39

2.Кома (Шпа) - КТМ +1:49

3.Лопез (Чил) - КТМ +2:56

4.Дукло (Фра) - КТМ +12:39

5.Виладомс (Шпа) - КТМ +13:12



ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

АВТОМОБИЛИ

1.Саинц (Шпа) - Фолскваген 27:20:59

2.Де Вилиер (ЈАР) - Фолскваген +10:57

3.Милер (САД) - Хамер +18:05

4.Рома (Шпа) - Мицубиши +33:31

5.Гордон (САД) - Хамер +1:32:01

МОТОЦИКЛИ

1.Кома (Шпа) - КТМ 30:33:15

2.Фретиње (Фра) - Јамаха +1:06:28

3.Деспре (Фра) - КТМ +1:33:34

4.Стрит (САД) - КТМ +1:39:07

5.Улевалсетер (Нор) - КТМ +1:42:24
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 08:53
Рели трките се поважни од тенисот

Аргентинскиот тенисер, Давид Налбандијан е еден од најголемите таленти во историјата на тенисот, но неговиот однос кон спортот го спречува да се вклучи во борбата за самиот врв.

Аргентинскиот тенисер, Давид Налбандијан, моментално 11-тиот тенисер на светот, не ги менува своите навики. Брзината зад воланот е во неговата крв и не може да и одолее. Многу пати наместо на тенискиот терен времето го минува на патека и тоа баш кога ќе биде во добра форма и ќе стане опасен за Федерер и Надал.

Некогаш, а и сега, својот тениски распоред го составува според рели трките кои се одржуваат во Аргентина или негде каде му се при рака. Неколку пати нагласуваше дека повеќе го сака своето хоби (релито), отколку својата работа (тенисот).

На истиот начин му започна и тениската 2009 година. Налбандијан, инаку четврти носител на актуелниот АТП турнир во Сиднеј, за премиерниот меч против Французинот Мишел Лодре се подготвувал возејќи картинг трки.

"Такви работи никако не можам да ги одбијам. Картингот ми го покрева адреналинот и уживам во тоа." - изјавил Налбандијан, кој поради новинарите морал да каже збор - два и за тенисот.

"Одморав две недели и по тоа се подготвував дома. Најмногу време му посветив на сервисот, како и секогаш. Постојано работам на тој удар. Очекувања? Ќе видиме, секоја година е нов предизвик. Како и секој турнир."
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 08:54
Одложена 11-тата етапа од Релито Дакар

Денешната единаесетта етапа од Релито Дакар била одложена поради лошите временски услови и густата магла на патот.

Етапата која требаше да се вози на релација Копиапо-Фимбала поминува низ стрмните предели на Андите, а возачите ќе треба да ја минат и границата помеѓу Чиле и Аргентина. До крајот на Релито остануваат уште три етапи кој ќе ги одредат и победниците на овогодинешното рели.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.