IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија и нејзините убавини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија и нејзините убавини

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија и нејзините убавини
    Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:41
Ovoj naslov vo Nova Makedonija zasluzuva da se najde tuka. Kolku si ja poznavame zemjata vo koja ziveeme? Kolku znaeme za nejzinite ubavini, za nejzinoto minato, za toa po shto e posebna?
Што се не знаеме за Македонија?!
Македонците не си ја познаваат доволно земјата, нејзината култура и историја. Ова понекогаш е вистински хендикеп во времето на офанзивната потврда на идентитетот, кој минатата година беше најчесто спомнуваниот збор, а се чини останува таков и во почетокот на оваа година. На микроплан, ваквото недоволно познавање на сопствената историја и митологија се манифестира особено кога треба на гостите од странство да им се препорача највредното што треба да се види при посетата на земјава. Затечени во своето незнаење, понекогаш не успеваме да наброиме ни пет важни локалитети што треба да се видат, а уште помалку барем пет важни факти за Македонија што треба да се знаат.

Дали знаевте, на пример (чест на исклучоците), дека најскапата колекција на монети што е продадена по светските аукциски куќи е токму од Македонија? Станува збор за колекцијата пеонски монети што биле украдени од земјава, а продадени без никакви последици на аукција во големата аукциска куќа „Сотби“?!

Знаете ли дека првата зоолошка градина на Балканот е токму нашата, скопската? Сегашната состојба на Зоолошката градина веројатно не поттикнува да се верува во овој податок, но така е. Знаете ли можеби дека 120-те кукли во Куклица, во близината на Кратово, се стари 10 милиони години, а дека ние за малку ќе ги потопевме со вештачко езеро?!

Овие податоци се извадени од текстот насловен „Знаеме ли кои сме“, објавен на веб-страницата „Он.нет“. Тука се наброени факти за Македонија, од кои најголем дел се однесуваат на културно-историското наследство, а кои не и се доволно познати на широката јавност. Текстот донесува и фрапантни податоци за кои веројатно првпат во својот живот ќе слушнете.

Откако македонскиот режисер Милчо Манчевски неодамна го промовира спотот „Македонија вечна“, кој би требало да ја претстави земјава пред странците како атрактивна туристичка дестинација, се слушнаа реакции дека спотот има тешка приказна за следење дури и за нас, Македонците, а не пак за странците, кои би требало да бидат поттикнати да нè посетат.

Приказната не е тешка за следење, само не успеваме да ги следиме визуелните поттици во неа зашто недоволно си ја познаваме сопствената земја. Колку цркви и манастири има Македонија? Голем дел од нас знаат дека ги има многу, но има и такви што не би знаеле да набројат повеќе од пет! Затоа пред да ја пуштиме на Си-ен-ен, рекламата на Манчевски би требало доволно долго да се емитува и на домашните ТВ-станици.

Еден од домашните блогери вака го објаснува спотот на Манчевски:
„Спотот почнува со сцена како еден татко влегува во собата на децата, за да и прочита приказна на ќерка си - за да може девојчето да заспие. Притоа дава знак за тишина и покажува кон другото дете, кое веќе заспало. Опис: имаме приказна да ви раскажеме на вас, младите генерации, но притоа ќе бидеме тивки, затоа што не сакаме да ги разбудиме оние што спијат и кои сè уште не знаат да ја разберат таа приказна. Не можел да направи подобра паралела од тоа - таткото е чуварот на македонската историја - македонскиот народ. Девојчето е новата генерација на Македонци, која треба да научи за историјата на својот вид. Малото дете што спие во другиот кревет е младата генерација соседи (Грци, Бугари, Албанци), коишто не ја разбираат и не сакаат да ја слушнат приказната - вистината за македонското минато, барем не сè уште“.

Ваквата паралела, која можеби и не била основната идеја на авторот, можеби најдобро ја објаснува тезата дека малку си ја познаваме земјата и дека младите и возрасните заедно треба да ја учат историјата за својата земја!





Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:42
A znaete li deka najgolemiot park na balkanov e tokmu nasiot park голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:43
Незнаењето ни се одразува на државотворноста

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, се согласува со констатацијата дека малку си ја познаваме сопствената земја.

- За разлика од другите народи, ние, за жал, недоволно си ја познаваме државата. За тоа би можел да наведам милион примери. Обичните луѓе не знаат доволно, медиумите грешат, па не сме баш подготвени да се самопрепорачаме - вели Кузман.

Причината за недозволивото општо незнаење, критичен е Кузман, е недоволната едукација.

- И кога сме биле во рамките на другата држава не се водело сметка за образованието, а не се води ни сега. Образовните центри и катедрите ни се за живо жалење. Сето тоа незнаење ни се одразува на државотворноста, па и на борбата за името - вели Кузман.

Дека проблемот делумно е во нашето образование потврдува и професорот по историја Радослав Гиновски.

- Децата малку знаат за македонската култура и културните знаменитости во нашата земја. Во учебниците по историја има лекции за античкото наоѓалиште Хераклеја, за Стоби, пишува за Самуиловата тврдина... Значи, податоци за македонската историја и култура во книгите постојат, но учениците не учат. Кога се запишуваат во средно образование, најголемите културно-историски средишта во земјава им се познати само како поими: Хераклеја, Стоби, манастирот „Св. Јован Бигорски“... - вели Гиновски.

Според него, некои од наставниците и професорите се обидуваат да го поправат тоа.

- Организираме екск*рзии на места со културни знаменитости. Последен пат бевме во Битола, во спомен-собата на Мустафа Ќемал Ататурк и таму одржавме час по историја. Претходно бевме на Гумење, на Мечкин Камен. Сметам дека затворените спомен-соби треба да се отворат, да се укине плаќањето влезници во музеите, артефактите да им станат подостапни на децата. Само така ќе научат повеќе за културата - вели професорот Гиновски.

Амбасадорот Јордан Плевнеш, писател и проучувач на Македонија, го дели мислењето на своите соговорници.

- Би било прекрасно денес да помислиме на реченицата што римскиот хроничар Тит Ливиј ја кажал пред повеќе од 15 века: „Во Македонија сретнав луѓе што не ги познаваат реалните граници на својата земја“. Денес секој граѓанин на Македонија би требало да разбуди во себе едно надреално чувство за да ја запознае својата земја. Тој мора ургентно да се сврти кон тајните на оваа земја, тие се секојдневна негова потреба. Како што во Преспанско Езеро се огледува античката палата како во огледало, во тајните на оваа земја се огледуваат сечии стремежи и соништа - вели Плевнеш.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:44
Se e toa ubavo. Samo use standardot malce da ni ripnese pa da mozeme da uzivame vo tie ubavini.

P.S. I mene Plevnes na edna sredba me opisa kako nebare od renesansa sum izlegla плазење


Изменето од blueprayer - 12.Јануари.2009 во 19:45
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:46
Британскиот музеј чува носии од Мариово!

Ако Интернет станува основен извор на информации за новите генерации, компјутерски едуцирани деца, тогаш тоа и треба да биде искористено за нивната културно-историска наобразба.

Ако пребарувате под клучен збор „мацедониа“ на гигантскиот веб-сајт еуропеана.еу, најголемата виртуелна библиотека на Стариот континент, се појавуваат артефакти (мапи, карти) на Македонија од времето на Александар Велики (од различен извор), стари манускрипти од НУБ „Св.Климент Охридски“, три документарци за Галичник, за Охрид и за средновековните фрески од Кинотека на Македонија и, верувале или не, две носии, машка и женска од Мариово (не е означена земјата), кои се дел од трезорот на Британскиот музеј?!

Фрапантен е податокот дека мариовските носии од 1899 година и битолската од 1850 година стигнале во овој светски најзначаен музеј. Колкумина ја знаат, на пример, оваа информација?

Да не беше проектот на Европската Унија за дигитализација и презентација на целокупното богатство на Стариот континент, и ние можеби немаше да дознаеме дека дел од народната традиција на Мариово им е достапна на милионите посетители на престижниот Британски музеј во Лондон.

Во проектот „Европеана“ учествува и Кинотеката на Македонија.

Селектирани се неколку документарни филма за Охрид, Галичник и за средновековните фрески.

Знаете ли дека Кинотеката има богата филмска архива, а дека овие документарци се снимени во првата половина на 20 век? И дека се во боја?

На сајтот „Европеана“ има и манускрипти од НУБ „Св.Климент Охридски“. НУБ исто така има вредна колекција на стари ракописи - уметнички ракописи од 19 век, манускрипт „Кратовските четири госпели“ од средината на 14 век, Коранот од 1276-1859 година на Хасан Ташин, религиозен манускрипт од втората половина на 13 век и уште многу други.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:47
E sega citajte i ucete...
Знаеме ли кои сме?

Еве и неколку податоците извадени од текстот насловен „Знаеме ли кои сме“, објавен на веб-страницата „Он.нет“. Дел податоци можеби се непрецизни, но сепак поголемиот дел дава информации што за многумина ќе бидат фрапантни.

- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што може да се видат во светските каталози се прошверцувани од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд, и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери, како што е прилепскиот сивец.

- Македонскиот рудник „Алшар“ на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален „рудник“ на еколошки чиста енергија. Од 2004 година рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на „Емералд“, мрежа за заштита на природните реткости.

- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики другите (колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ, македонскиот е, замислете, со 14 морфиски единици!).

- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – Виа Игнација.

- Пештерата Пешна во Македонски Брод во „Њујорк тајмс“ е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.

- Во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“, како и во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско.

- Гробот на славниот Грк Зорба е на градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба, кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“, живеел во Скопје, имал жена и деца и во 1942 починал тука.

- Во Битола се школувал таткото на модерна Турција Кемал Ататурк, а неговиот татко е роден во овие краишта на денешна Македонија.

- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад, кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини, меѓу кои и катапултот.

- Музиката во Македонија датира од 11 век. Болоњскиот псалтир е напишан со кирилица во охридското село Равне, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма, 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

- Најстаро дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот. Расте од времето на св.Климент Охридски 9 век.

- Најпознатата песна за Палестина и нејзина химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола, напиша песна за Палестина во далечната 1982 година и ја објави во весникот „Нова Македонија“ и денес таа е химна на арапскиот свет.

- Во МПЦ, само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“, се изработуваат митри, кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква туку и пошироко. Од 2003 година до денес монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостојници на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

- Првиот светски златен медал на македонски фотографи: Браќата Манаки 1905 година во Битола отвораат ново „Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде што освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7.000-8.000 години. Докази се неолитската тумба во Маџари, Говрлево и Грначарица, кај Штип.

- Првата зоолошка на Балканот е во Скопје.

- Сто и дваесетте камени кукли во Куклица во близината на Кратово се стари 10 милиони години (а ние за малку ќе ги потопевме со вештачко езеро...).

- Еден од преживеаните од „Титаник“ е Македонец. Стојко Додоловски од селото Чучер, Скопска Црна Гора, во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на „Титаник“. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа што не го дозволиле тоа. Пливал сè додека не го нашол единствениот од екипажот што се вратил по преживеани. Овој член на екипажот спасил 12 лица, меѓу кои и Стојко.

- Според НАСА, Кокино е 4-то на листата најстари опсерватории во светот... Другите се Абу Симбел Египет, Стонехенџ во Британија, Ангкор Ват во Камбоџа. Но помалку позната е и Чочев Камен, близу Кокино, стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

- Македонија има 34 планини, 53 езера (природни и вештачки), најстарото во Европа е Охридско Езеро, кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години, во себе чува 200 ендемски вида, кои се со светска важност.

- Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

- Првата железничка пруга на Балканот, Салоника–Скопје, е изградена во 19 век.

- Во 50 година по Христа, апостолот Павле како пастир на христијанството сакал да оди во Азија, но како што се вели во Библијата и Новиот завет во „Дела апостолски 16.13“: Преку ноќта на Павле му се јави привид, стоеше пред него еден човек, МАКЕ­ДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: „Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни!“. Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија...

- Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир, која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја е сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови, но и симбол на борба на востаничките знамиња

- Лесновскиот манастир е прва монашка република на Балканот.
Во него постоело книжевното училиште „Лесновски скрипторум“, и тоа уште од половината на 11 век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во 13 век. Сè до 40-тите години од 19 век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечните краеви, но и создавани тука.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.