|
Рекорден трговски дефицит |
Внеси реплика |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Декември.2008 во 00:52 |
Трговскиот дефицит во периодот јануари-октомври 2008 година е 2,48 милијарди долари, што значи двојно зголемен во споредба со истиот период лани, кога изнесувал 1,37 милијарда долари. Дефицитот во тековната сметка достигна 14% од БДП. Тој расте со голема брзина и претставува голем ризик за економскиот раст на Македонија, се вели во извештајот на ММФ, што се аргументира со податокот дека само пред една година тој изнесувал 0,3 отсто од БДП.
- Дефицитот во платниот биланс расте поради дебалансот во трговската размена со светот, помалиот прилив на девизни пратки од странство и од влијанието на приходите од големите плаќања по основа на дивидендата на Телекомот, стои во извештајот на ММФ. „Македонски телеком“ во 2007 година оствари чиста добивка од 147 милиони евра. Од нив 60 милиони и' беа распределени на Владата, а останатите 87 милиони евра им беа распределени на мнозинскиот сопственик „Маѓар телеком“ и на помалите акционери. Во платниот биланс на Унгарија, матична земја на „Маѓар телеком“, исто така се јавува дебалансот. Но, него го прават зголемените парични трансфери од компаниите ќерки на операторот во другите држави. ММФ апелира до Владата и да се откаже од плановите во наредната година да го зголемува буџетскиот дефицит. Владата проектираше за 2009 година дефицит во државната каса од 2,8% од планираниот БДП и образложи дека дефицитот во буџетот го зголемуваат инвестициите во патната и во железничката инфраструктура. Бидејќи негативната разлика меѓу приходите и расходите во државната каса се финансира од странска финансиска помош или од девизните резерви, ММФ прогнозира дека на земјава и' се заканува опасност од поголема надворешна задолженост. - “Македонија треба да се откаже од високиот странски долг и да ги намали државните резерви. За да ја намали ранливоста кон надворешните влијанија, Владата треба да ја напушти политиката на фискална експанзија“. ММФ констатира дека Македонија веќе трпи индиректни штети од глобалната економска криза. Намалени се извозот, директните странски инвестиции, девизните дознаки и портфолио инвестициите. Сето ова може дополнително да зголеми јазот во тековната сметка. Владата мора да работи на зголемување на извозот, што е единствен начин да се извлечеме од кризата и да избере механизми за негова стимулација, и тоа што поскоро а не во пет до дванаесет. Во делот на увозот, освен во делот на увоз на сурова нафта и автомобили, може да влијае на намалување на увозот на струја: преку реализирање на пример на идејата за берза на струја, за увезување на струјата по пониска цена со обезбедување конк*ренција на пазарот, преку донесување и реализација на проекти од националната енергетска стратегија, за порационално искористување на потенцијалните домашните ресурси. Изменето од anastea - 10.Декември.2008 во 00:53 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија ќе ја заврши годината со речиси 10% дефицит на тековната сметка, објави Светска банка во најновиот извештај. Оптимистички, институцијата предвидува овој процент следната година двојно да се намали, а до 2010 да биде 3,5%. И ако е од Светска банка, премногу е оптимистичка прогнозата за завршување на годината со 10% дефицит.
Од годината остануваат уште две недели, како тоа мислат дека ќе се намали дефицитот за речиси 5%, не ми е јасно...
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ce gi ipseglaat brojkite onie od zavodot za statistika...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |