IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - El clasico
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

El clasico

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:10

Ел Класико“ ќе ја решава титулата на 21 април од 20 часот


Шпанското „ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кое може да го даде идниот нов владетел во Ла Лига ќе се игра на 21 април во сабота во најубавиот термин од 20 часот, објави шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

Барселона ќе го пречека „кралскиот клуб“ пред своите гледачи на стадионот „Ноу Камп“ за десет дена и тоа во период кога и двата тима дербито ќе им биде помеѓу двата настапи во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде дуел од 35 коло, и до крајот ќе останат уште три кола, па титулата би можела практично да се реши во Каталонија.

Реал моментно има четири бода предност пред Барса, но утре игра градско дерби со Атлетико Мадрид на „Висенте Калдерон“ и не смее да киксне, за да не влезе во предност од само една победа, со која би и овозможил на каталонската гордост да ги прескокне на табелата со нов триумф (Барселона доминира во меѓусебните дуели).

До тоа дерби и двата тима ги очекува по два меча, Реал кај Атлетико, Барса дома со Гетафе, а веќе викендов, Каталонците гостуваат кај сензацијата Леванте, додека „кралевите“ се домаќини на Спортинг Хихон.

Реал во Каталонија ќе дојде со императив да не загуби без разлика со каква предност ќе допатува, но ако загуби, многу е веројатно дека во период на набиен и згуснат распоред и поради ЛШ, шансата во последните 270 минути да се лизне уште еднаш би биле поголеми



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:10
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 12:23

Вечерва 217 „Ел Класико“

Двата најдобри шпански клуба Реал Мадрид и Барселона, вечерва (22 часот) повторно ќе бидат во фокусот на светската јавност, но и на македонската, во отсуство на настапи на европските шампионати на репрезентациите во ракомет и ватерполо.

Се уште се чека блесок на Роналдо на „ел класико“

Реал против Барселона е ново поглавје во кое како и во изминатите две сезони, се сведува на битка на Меси со Роналдо, Чави со Чаби Алонсо, Касиљас со Валдес… Ништо ново, ништо поразлично нема да понудат двата тима, освен спектакл, и за навивачите на „кралскиот клуб“ конечно победа. Барселона во последните три сезони е доминантна, а Реал по секоја цена се обидува да ги преземе трофеите од својот најлут ривал. Досега скорот е 8-3-1 за Барселона.

Сезонава Реал и Барса играа трипати, победи Барса со 3-1 во Првенството, ремизираше 2-2 и победи 3-2 во Суперкупот. До крајот на сезоната можни се максимум уште четири дуели, сигурниот реванш во Купот, вториот првенствен меч, но и можноста за двомеч во Лигата на шампионите.

Во пресрет на мечот, нема непознаници меѓу двата тима, па 271 „Ел Класико“ во рамките од четврт-финалето на Кралскиот куп, на Пиринеите ви го презентираме низ призма на бројките, кои отсликуваат едно од најголемите светски дербија со речиси стогодишна традиција.

8 победи има Барселона под палката на Пеп Гвардиола во 12 дербија, откако е тренер на Барса во 2008 година

13 гола даде Лионел Меси, најдобриот светски играч и е петти најдобар стрелец во класиката заедно со легендарниот Француско Генто

18 гола има легендарниот Алфредо Ди Стефано, почесниот претседател на Реал, кој е најдобар стрелец на сите времиња, пред Ференц Пушкаш и Раул, кои имаат по 15 гола

18 картони добил Фернандо Иеро, поранешниот дефанзивец на Реал и на Шпанија (17 жолти и еден црвен картон).

22 победи од 23 меча има Реал во периодов во сите натпреварувања. Единствениот пораз им е од Барселона со 1-3 во Примера на „Сантијаго Бернабе“.

33 гола постигна Лионел Меси досега во сите натпреварувања, а неговиот голем ривал Кристијано Роналдо е прв стрелец во Примера со 21 гол и вкупни 26 гола во сите натпреварувања.

86 победи има Реал над Барселона во официјалните пресметки, еден повеќе од Барселона, која има 85.

216 „Ел Класика“ се одиграни од 13 мај 1902 година до сега. Првото дерби го доби Барселона со истиот резултат како и последното, 3-1.

362 гола постигнал Реал во мечевите со Барселона, 12 повеќе од Каталонците.



Изменето од емил - 21.Април.2012 во 12:23
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 12:30
Коефициенти:
 
Барселона - Реал  1 1,70  Х 3,80  2 4,80
 
Ееее, Реал на што спадна... 4,80 за двојка... газење од смеење  губитникooserssss ...
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 12:54


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2013 во 21:35
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2014 во 12:23
Лудило во Мадрид: Седум гола, три пенали, едно исклучување и многу контроверзии...

Барселона во еден неверојатно драматичен и возбудлив натпревар славеше на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид со 4-3.голема насмевка

Лионел Меси со хет-трик го покори „Сантијаго Бернабеу“ и стана најдобриот стрелец на „Ел Класико“ натпреварите со вкупно 21 гол. Аргентинецот два погодоци постигна од пенал (64-та и 84-та) и еден од игра во 42-ра минута.

Резултатот на вечерашниот натпревар беше отворен по само осум минути игра. Меси го проигра Иниеста, одбраната на Реал „заспа“ за момент, а Иниеста со прецизен удар од левата страна погоди во спротивниот агол на Диего Лопез за 1-0. Само неколку минути подоцна Бензема промаши одлична шанса, но веќе во 20-та минута ја исправи грешката и погоди за 1-1. Ди Мариа центрираше од левата страна, Бензема беше највисок во шеснаесетникот на Барса, биеше со глава и го совлада Валдес за израмнување на резултатот.

Четири минути подоцна Реал доаѓа во водство! Марсело нафрли од левата страна, Бензема одлично ја прими топката и одлично шутираше. Валдес немаше никакви шанси. Продолжи налетот на Реал, а три минути подоцна Бензема биеше, меѓутоа фудбалерите на Барса ја извадија топката од самата гол-линија. Во 42 минута Меси израмни на 2-2 после одличната акција во која што учевствуваа Аргентинецот, Фабрегас и асистентот Нејмар.

Во вториот дел по само девет минути игра Реал повторно поведе. Стрелец беше Роналдо од белата точка. Дани Алвес го собори Португалецот, но фаулот беше надвор од казнениот простор, меѓутоа Маљенко секако покажа на белата точка. Десетина минути подоцна нова контроверзија, Рамос го собори Нејмар во казнениот простор на Реал и заработи директен црвен картон, а Меси беше сигурен од белата точка за 3-3. На пет минути до крајот Иниеста беше соборен во казнениот простор, Маљенко повторно покажа на белата точка, а Меси со својот хет-трик ја запечати судбината на Реал за голема победа на Барселона со 4-3 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и враќање на неизвесноста во трката за титулата во Примера.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:30
Искрено го мразам маркетиншкиот термин на „Ел Класико“ но се се врти околу парите нели? 
Вчера Реал Мадрид - Барселона 3:1

23 години Реал не ја победил Барселона ако таа поведе, вчера ја прекинаа таа низа. По голот на Неимар во 3’  се знеше дека ќе биде добар натпревар.  Во 35’ Кики од пенал изедначи и така заврши првото полувреме. Пепе во 50’ и Бензема во 61’ му донесоа победа на Реал и нови три бода кои го доближија на само еден бод разлика од водечката Барселона во Примера.
Меси, Неимар, Пике ( кој заборави дека не е голман голема насмевка) и Иниеста завршија со жолти картони од редовите на Барселона. А Карвахал и Роналдо ( во 90’) „пожолтеа“ од редовите на Реал. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2014 во 01:34
Супер натпревар, само не ми се исполни желбата Барселона да прими уште некој гол.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2014 во 11:53
Барем примија ..... неколку .... голема насмевканамигнување
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2014 во 22:16
Па добро, тројка е супер, али јас сакав Петарда голема насмевка

Ај наредното Ел Класико
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.