IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Паганизам во верувањето
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Паганизам во верувањето

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Паганизам во верувањето
    Испратена: 02.Декември.2008 во 04:30
Многу малку од тоа што денес претставува „цивилизација“ може да кажеме дека носи симболи на модерното, разбрано на начин дека модерното претставува нешто поново и посовршено.
За да ја разбереме тезата на поставениот наслов, ќе мора да ги разбереме системите кои моментално функционираат во светот.Но за да ја докажеме поврзаноста помеѓу антиката и сегашноста ќе мора да мислиме на една незаменлива работа, како во антиката така и низ вековите, за да на крајот ја разбереме сегашноста.Тоа нешто е наречено идеја. Идејата за нашето постоење и идејата на тоа што се сме должни, и на кој се сме му должни за овој наш живот, го дава правецот на нашето дејствување и на нашиот начин на живеење. Материјализирањето на идејата ја менувало општествената слика и сликата за светот околу нас, и човекот под влијание на таканаречените „општествени вредности“ се градел, растел и живеел со идејата која му била поставена од воспитувачот и учителот. Верата како идеја била главно нешто кое не водело и сеуште не води сите нас.Човекот кој верува во „нешто“ бил за неколку степени подобар, посилен и поиздржлив од тој што викал дека                  „ неверува во ништо“.
Зошто е тоа така? Па затоа што човекот си поставувал цели кои, иако објективно не биле добри , тие биле водечка сила во своето време и со тоа освен што го исполнувале егото , тие го исплаќале таканаречениот долг кон таканаречените „богоучители“ или нивните преставници на Земјата, свештени лица или водачи. Денеска тие свештени лица се заменети со луѓе кои што веруваат во други „богоучители“ кои ја спознале целта преку следење на закони кои ги поставил човекот и закони кои би сториле се да се самозаштитат, макар и по цена да ја уништи поисправната идеја, бидејќи им одговара на принципите кои се поставени од учители кои несакаат да го навредат                    „ богоучителот“ или подобро речено „ богочовекот“, кој во ниедно време како сега има желба да се издигне на ниво на создавач и креатор на општествените прилики и физичките закони кои важат во Вселената! Таа идеја на паганизмот, и таа мисла на создавање на „оаза на мирот“ како си ја преставува модерниот човек има своја историја и таа историја и желба на човекот да се постави како некој кој што создавал и креирал и дека може подобро од било што да ги разбере законите кои ни се наметнати и не водат кон утопистичките желби во кои човекот е контролор на материјата и енергијата и со тоа се наметнува со природата на своето алтерего или на „богочовек“ предизвикува самоуништувачко дејствије врз она што го учат сетилата. Сетилата ни кажуваат дека се е толку совршено, а самата помисла на тоа не плаши и поради неразјаснети причини бараме оправданија за нашето постоење преку природни закони .Сетилата ни укажуваат дека позади ова висечко платно пред нас и ова пространство што не опкружува постои нешто совршено и Способно да создава што сака и како сака и дека тоа „нешто“ е контролор на енергијата , времето и просторот. Но, сепак ние луѓето сме избрале за себе да се прогласиме како единствени наследници на монополот кој е пред нас. До вчера бевме само една ќелија , за да по неколку години се прогласиме за контролори на материјата и способни да ги толкуваме Вселенските закони. Милиони години пред нас материјата постоела и е последица на едно создавање за кој модерната наука денеска го нарекува Биг Бенг, или поточно речено Големиот Прасок.Од своето постоење материјалниот свет егзистирал по точно утврдени закони и прописи кои важат за нас позната Вселена. Човекот од своето постоење креирал за себе систем на мерки и правила по кои се водел и кои ги осознавал преку упатствата испратени од два вида на луѓе. Едните се нарекувале Божји пратеници , и другите кои се нарекувале боголуѓе. Првите повикувале во следење на правилата поставени од Единиот Бог, Создател , на кого ништо неможе да му се спореди, додека другите повикувале на давање жртви и поклонување пред многу божества и пред материјата и следење на ритуали и правила со кои на тие невидливи и видливи сили човекот би ги задоволил и им изразил почит.За да ја разбереме оваа втора нелогична мисла која досега само му штетела на човештвото, и да покажеме еден процес кој трае илјадници години и кој иако бил ослабен во еден период на историјата, последниот век кој што го познаваме, а го нарекуваме модерно доба, е дека нашата цивилизација не оди кон Светскиот мир туку кон едно поглавје наречено самоуништување и ера на луѓе кои себеси се издигаат на ниво на мали богови. Трагедијата која ја имаме со себе, ќе треба да ја побараме и решиме првин во нашите срца , а идејата која не ослободува и ни ја дава „оазата на мирот“ ќе треба да се развие под банерот на признавање на нашата немоќ да ги протолкваме сите работи околу нас .


Изменето од Litvinenko - 02.Декември.2008 во 22:30
Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 04:32
Влијанието на паганизмот и припишување на божественоста на материјалното се илустрира во сите познати верувања и системи на општествено живеење.Тоа е нешто што е неизбежен дел од човековата историја и неговиот развој во личности кои ќе бидат духовни градители на својата иднина, со тоа и на нашата судбина и начин на дејствување.
Во историјата на човекот има периоди на божества и кралеви кои комуницирале меѓу себе , воспоставувале ред и поредок над луѓето во општествата и племињата кои ги контролирале.Со тоа нивните филозофии и погледи на светот влијаеле врз животот на луѓето и со тоа ги контролирале економските , социјалните и духовните(културните) прилики во општеството.
Секоја цивилизација и секое верување имало соодветен простор- време , специфични карактеристики на развој и доминација или делување врз други опшества и простори.Многу од тие цивилизации набргу исчезнале и биле заменети со други системи на верување и поредок. Водени од разни култови и празноверија кои доведувале до често банални ситуации, ние низ ова патешествие низ историјата нема да ја пручуваме и да ги напаѓаме достигнувањето кое тие цивилизации го направиле во научна, уметничка или економска смисла, туку ќе ги проучуваме верувањата кои се провлекувале низ сите тие тогашни , но и сегашни идеи кои преовладувале и со тоа пристапот на целите на човештвото и неговиот стремеж за разбирање на светот во кој што живееме бил поинаков.
Многу мислители денес се чудат на сумерското писмо, наука и култура, за митот на Гилгамеш, за архитектура на нивните градови , познавањето од астрономија, календарот и развиеното мореплоство.Сумерите биле заменети со други племиња кои носеле своја култура и традиција и свој поглед на светот.Настапува Вавилон како седиште на култот Мардок, со храмови и светилишта кон него и кој е опишан од нивна страна како најсовршен од сите други родени божества и имајќи четири уши и четири очи,и кој по нивното верување го изградил Вавилон.Што да се каже за паганизмот во Египет кој 32 века пред новата ера се украсил со династии и цареви, за фараоните и за пирамидите, за Гиза , за нивните култови , за Аменемхет, за Ехнатон кој изградил храм за сонцето, за изградбата на скалестата пирамида и за египатскиот календар.Феничаните со своите бродови и храброст откриле многу простори на Медитеранот и основале свои колонии.Кина и Индија со своите цивилизации носат посебен белег , бидејќи имаат континуитет како цивилизации според некои истражители.Барутот, нафтата, компасот, хартијата, свилата , истражувањата, градбата на Кинескиот ѕид и многу други факти говорат за развиеноста на оваа Кинеска цивилизација.Но верувањата се сосема од обична природа и тоа се воглавном верувања во петте природни елементи,верување во змејови, во заштитници на воловите и ловот како и во календарот кој зависно која година е , луѓето влегуваат во година на некое животно.Наспроти тоа индиската цивилизација е исполнета со духовност и го проучува небескиот свод , тука се раѓа будизмот и размислувањата за универзумот.Но паганистичкиот концепт тука се засилува до тие граници да почнува да влијае на сите поголеми религии со тек на времето и да ги менува општествените системи по системот на касти и сталежи.На другата страна се јавува една империја во која цути архитектурата и цивилизацијата, а тоа е Рим.Во Рим се појавува Јудаизмот, а подоцна и Христијанството го превзема приматот на водечка сила во ова општество и со тоа ги презема и многуте учења , па дури и статуите и ликовите на некогашните богови, едноставно беа заменети со светците прогласени од страна на Црквата. Финишот на цивилизациите го прави Исламот и арапската култура и цивилизација е таа која опстанува наредните 1000 години и како водечка сила ги менува дотогашните текови на историјата.Новиот модерен свет по рушењето на последната империја, Османскиот хилафет, ги враќа пофторно на сцена старите пагански симболи и ја велича припадноста на племето, односно нацијата.Човекот создава независни држави преку кои го уредува системот на живеење според концепти кои општеството го контролира образованието, воспитанието и насоката на живот на секој човек.Принципот на слобода и зборот демократија е искористен како мисла која потекнува од стара Грција и Рим и со оживување на старите божества и култови се враќа паганизмот и паганската култура повторно на сцена .Човекот преку науката и филозофијата е убеден дека потекнува од мајмун и дека работата го направила човекот.Со тоа ова општествено животно со поголема интелегенција сега стои спремен да се соочи со сите факти кои ќе го изнесат модерните сознанија од луѓето кои го контролираат јавното мнение.Од луѓе кои ги контролираат медиумите и општествените насоки.Дали човекот ќе поверува во овие митологии кои му се сервираат и ќе ја прифати долго припреманата замка?! Тоа останува да видиме.



Изменето од Litvinenko - 02.Декември.2008 во 22:31
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 05:07
Litvinenko, dobredojde na nashioov forum.

Ti pozheluvam ubavi momenti so nash*te chlenovi i interesni i sodrzhajni diskusii. Od moeto iskustvo na ovie stranici, dokolku sakash da bidesh chitan, mozham da ti poracham da pishuvash so pokusi i pochesti pasusi vmesto so golemi blokovi od tekst.

Lugjevo sakaat povekje konkreten lichen pogled i komentar na bilo koja tema, a pomalu dolgi istoriijski podatoci.

Se nadevam deka nabrzo ke se snajdesjh megju nas i deka ke ne posetuvash pochesto.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 12:04
blagodaram na sovetite koi mi se dadeni,i se nadevam deka i jas ke dadam konstruktiven priod i temi od koi ke se razvie konstruktivna diskusija.Eve ova shto go postirav sepak e moe licno delo,i moe licno pisuvanje koe ne e prezemeno od nikade,neshto sepak samo sakav da go spodelam i so vas!Pozdrav i se pishuvame!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 18:24
Селам побратиме Litvinenko !

Алах да те награди за твојот труд и да ти даде Светлина да можеш да ја видиш СОВРШЕНАТА ВИСТИНА кој паганите и заразените со паганскиот квасец неможат да ја видат!

За мене и сите чеда на ЖИВОТОТ, ова е ВИСТИНАТА во однос со паганите:

Паганите одсекогаш обожавале творба велејќи дека Го обожаваат Творецот. Така ти опиша многу убави примери за тоа но заборави (се надевам случајно) да истакнеш неколку факти.
Факт е дека паганите посебно имаат голема склоност да ја обожаваат месечината и каменот велејќи дека го обожаваат БОГА!
Во времето кога БОЖЈОТО СЛОВО се отелотвори – на пример – дури и јудејските фаризеи биле заразени со овој пагански квасец и повеќе се концентрирале на месечината и на книгите одколку на *БОЖЈОТО *ЖИВО СЛОВО и *Неговиот СВЕТОЛ ДУХ кое што стоело пред ними!
Без ова Вечно БОЖЈЕ СЛОВО не би било нити сонцето а со тоа ни месечината, ни небото, ни земјата, ... а со тоа нити камењата. Но книжниците тогашни и денешни не ја разбрале суштината и затоа го отврлале и го отврлаат својот спас и спасот на своите деца!

Потполно се сложувам со тебе дака паганизмот а пред се прикриениот паганизам е како паразит кој не му дозволува на од БОГА саканиот човек да се развие кон неговата совршена цел како што е БОЖЈА ВОЛЈА.

Тука се наметнува прашањето: Која е човековата цел и кој човек беше и е примерот кој е вреден да се следи како би сме се оделиле од паганизмите и развиле како поединци но и како колектив во правилниот правец!?

Би се радувал на твојот предлог.

Со родбински поздрави

Спирос

       



Изменето од spiros - 07.Декември.2008 во 18:27
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:28
те разбрав сосема што сакаш да кажеш,и за тоа со месечината и за тоа со звездите ,како и за ова знаме Македонско,и античко,како и за Давудовата звезда.Тоа се пагански симболи и луѓето ги употребуваат без да знаат дека со тоа му сметаат рамен на Бог.Единствениот симбол дозволив е Нема Бог освен Единиот Бог и нема пракса подостојна за следење од праксата на Божјите Пратеници чив печат и крај и финиш бил Мухаммед а.с.Заборави и ти да спомнеш дека најголемата идолатрија е и самиот човек да се смета за Бог или да си припишува Божји особини .Затоа и секој кој смета дека Исус е Бог,или Мојсие е Бог или Мухаммед е Бог или дека имаат Божји особини,тој вечно се осудил себеси на пропаст и Бог вика дека нема да прости таков грев,а се друго кога тогаш ќе прости...
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:39
Originally posted by Litvinenko Litvinenko напиша:

те разбрав сосема што сакаш да кажеш,и за тоа со месечината и за тоа со звездите ,како и за ова знаме Македонско,и античко,како и за Давудовата звезда.Тоа се пагански симболи и луѓето ги употребуваат без да знаат дека со тоа му сметаат рамен на Бог.Единствениот симбол дозволив е Нема Бог освен Единиот Бог и нема пракса подостојна за следење од праксата на Божјите Пратеници чив печат и крај и финиш бил Мухаммед а.с.Заборави и ти да спомнеш дека најголемата идолатрија е и самиот човек да се смета за Бог или да си припишува Божји особини .Затоа и секој кој смета дека Исус е Бог,или Мојсие е Бог или Мухаммед е Бог или дека имаат Божји особини,тој вечно се осудил себеси на пропаст и Бог вика дека нема да прости таков грев,а се друго кога тогаш ќе прости...


Побратиме, во ИСУС не се отелотвори нити семе од маж ниту пак материја туку ВОЛЈАТА БОЖЈА преку која се создадени и Ангелите и Небото и земјата и сè што е во нив!

Ако ми речеш дека нетреба да се обожава човекот во ИСУС, јас со тебе можам да се согласам, но ВОЛЈАТА БОЖЈА отелотворена во Него е поголема од секој пророк и ангел и е ЕДИНСТВЕНИОТ МОСТ во вечноста!

Само БОГ е вечен и оние кои не и се противат на Неговата ВОЛЈА ЧИСТА!

Селам!
       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:40
Навистина е така. Бог рекол дека може да го прости секој грев освен ширкот или припишувањето другар на Него. Е сега нашиот Спирос очигледно алудирајќи на звездата и месечината како и наКабата во Мека и при тоа мислејќи дека се работи за паганизми, го прескокна најголемиот ПАГАНИЗАМ КОЈ ГО ПАМЕТИ ЧОВЕЧКАТА ИСТОРИЈА.

ВЕРУВАЊЕТО ДЕКА ИСУС Е БОГ. Очигледно Митра и некои други пагански богови, оставиле големо влијание врз паганот Константин кој сето тоа под негова присмотра преку одредени свештеници го впротнал во христијанството.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:47
Originally posted by deshad deshad напиша:

Навистина е така. Бог рекол дека може да го прости секој грев освен ширкот или припишувањето другар на Него. Е сега нашиот Спирос очигледно алудирајќи на звездата и месечината како и наКабата во Мека и при тоа мислејќи дека се работи за паганизми, го прескокна најголемиот ПАГАНИЗАМ КОЈ ГО ПАМЕТИ ЧОВЕЧКАТА ИСТОРИЈА.

ВЕРУВАЊЕТО ДЕКА ИСУС Е БОГ. Очигледно Митра и некои други пагански богови, оставиле големо влијание врз паганот Константин кој сето тоа под негова присмотра преку одредени свештеници го впротнал во христијанството.


Сите пагански религии па дури и арабската која сака да ја емитира СОВРШЕНАТА, имаат нешто вистинито во себе кое укажува на суштината, а Тоа е СЕОПФАТНОТО СЛОВО БОЖЈЕ!


       




Изменето од spiros - 07.Декември.2008 во 21:47
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:53
Интересна споредба.Кога ќе се истрошат сите алатки и средства човекот да го прифати христијанството,почнуваат да се измислуваат некои нови фино спакувани термини кои немаат никаква врска со христијанството и лебдат во ниедна религија.Или можеби спирос сака да оформи некоја своја секта?
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 22:20
Originally posted by Litvinenko Litvinenko напиша:

Интересна споредба.Кога ќе се истрошат сите алатки и средства човекот да го прифати христијанството,почнуваат да се измислуваат некои нови фино спакувани термини кои немаат никаква врска со христијанството и лебдат во ниедна религија.Или можеби спирос сака да оформи некоја своја секта?


Ова беше и изјавата на јудејските книжници (која до денес се врти кај сите неверници во светот) дека во ИСУС отелотвореното СЛОВО и ДУХ БОЖЈИ е секта.

Прито забораваат неверниците дека баш Тоа СЛОВО; Тој ДУХ ги одржува во живот!

Голема е невербата на овој свет . Многу голема!       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 02:02
Ете незнаев,ама погодив,дали е до твојот стил или до нешто друго?
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 22:19
Originally posted by Litvinenko Litvinenko напиша:

Ете незнаев, ама погодив, дали е до твојот стил или до нешто друго?


Мојот стил, побратиме, воопшто не е мој – тоа е проблемот ваш и конкретно твој.

Сите пагански религии имаат нешто вистинито во себе кое укажува на *СВЕТЛИНАТА, на *ДУХОТ *БОЖЈИ, која се отелотвори во ИСУС под верното срце на Дева Марија, за спасение на целиот свет!

Без Него (БОЖЈОТО Вечно СЛОВО, БОЖЈИОТ Вечен ДУХ (ХРИСТОС) секоја вера е паганска, без да е свесна за тоа!

Луѓето кој навистина го надминале паганизмот, се молат само во ДУХ и ВИСТИНА на СОВРШЕНИОТ АЛАХ кој живееше и живее во чистото срце на ЈАХШУАХ ХА МЕШИАХ!

Дапобратиме мој Litvinenko, само во Него е СОВРШЕНИОТ и ЧИСТИОТ *****!
       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 16:24

Така и луѓето имаа разни верувања во текот на историјата, но една друга идеја ги засени сите други.Тоа е верувањето и сведочењето за Едниот Бог. Една сила која го создала светот кој што постои и се на него. Една сила која е неприкосновена и неизмерно силна и во чиј посед се наоѓа се. Моќ која руши и создава се, Моќ која го контролира сите закони и му дава упаства на човекот и морални начела по кои ќе живее.Таа сила му всадила срам и страв, му всадила природна вера и разум со кој ќе ги разбере природните науки и закони и алати кои човекот ќе ги користи за да го усоврши своето спознание за Создателот.Тоа сознание за својот Господар било затруено со многу неразбирливи работи, сказни и фантастични приказни кои потекнуваат од митологијата и традицијата на секој народ и ваквата природна вера станала неприродна и непрепознатлива.Таа неприродна вера добила свети луѓе кои , баш како во антиката што се божествата, поседувале моќ да им помагаат на живите и да бидат посредници за слабаци и немоќни.Овој начин на размислување го отргнал човекот од својот спас исклучително да го бара спасението и помошта преку Бог и само во него да верува.Најдобар обид за препознавање на природната вера според мене го има дадено еден од најголемите мислители и писатели на сите времиња. Ќе ги цитирам зборовите од писмото кое го пратил Лав Н.Толстој до една жена на генерал со што би го поврдил ова наше мало истражување :
„ Колку и да е свесна верата за овие искривувања на реалноста, толку ги има што и да бидат откриени од оние кои служат на верата, сепак вистината останува некаде во мракот. Токму поради тоа и во старите религии има толку чуда и измислици кои не даваат на вистината да излезе во вистинско светло. Тоа го има во најстарата вера, брахманизмот, малку после неа во хебрејството, па тогаш кај Буда, Конфучие, во таоизмот, па во христијанството и на крај, колку малку, но има, и во оваа последна и најголема вера – исламот. Од ова гледиште исламот е во најповолна ситуација."
                                                      Паганизмот во сите вери и верувања во сите облици е едно од најбитните работи на денешото време.Со неговото препознавање и ништење, би се добил нов правец во светката историја.Би било одговорено најбитното прашање на секој човек, а тоа е зошто живееме и кон каде се движи оваа наша цивилизација.      

Изменето од Litvinenko - 09.Декември.2008 во 16:26
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.