|
Историја на Грција |
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Автор | |
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Античка Грција
Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит. Територијата на Грција географски е поделена на северна - Епир и Тесалија; средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3000 m). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделие. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидит (460-369 п.н.е.), најстари жители на елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните. За Хомеровото време најмногу информации се исцрпени од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените се уште живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора, во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат на семејства, кои се обединувале во селски општини - Деми. По своето богаство се истакнувале родовските и воените старешини прераснувајќи во аристократи, а постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и робови. Извор:Википедија |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dosta interesno gledisti i zatoa morav da go postiram celosno iako i mene mi bese mrza da go citam celoto. Fala za zabeleskata |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |