|
Бугарски КИЦ ја негира македонската нација |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да Владимир, се си има граници...
Само нашата толеранција е апсолутно бесконечна...
Јас понекогаш се прашувам колку можеме да издржиме???...
|
|||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Spored poslednoto testiranje pet veka mozeme da izdrzime
|
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ма можеме ние и повеќе, сигурна сум...
Само треба некој да ни ги даде одговорите од следниот тест...
За да не го зае..ме негде резултатот...
|
|||
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Историчарите не се изненадени од бугарската провокација
Ќе биде тешко да се води дебата за историската вистина, кога дел од бугарските научници ја негираат македонската посебност, но тоа би било корисно за Македонија. Вака дел од македонските историчари реагираат на вчерашната провокација на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје, каде се делат книги со кои се негира македонската нација. „Мојата функција како директор е преку Центарот да ја претставам целосната слика за Бугарија. Се разбира, во таа слика има и работи кои вам не ви се допаѓаат, но мислам дека со еден толерантен пристап проблемите ќе бидат надминати“, изјави Спас Ташев, директор на Културно информативен центар на Република Бугарија. Спас Ташев Еден од помладата генерација македонски историчари, Никола Жежов, вели дека и покрај двата претходни обиди за соочување меѓу бугарските и македонските историчари кои завршиле со кавга, научната дебата мора да продолжи, затоа што меѓу бугарските историчари има многумина кои се подготвени за научно, а не за идеолошко читање на историјата. Дополнително, при објавување на историски документи, на јавноста мора да и се објасни историскиот контекст во кои живееле македонските револуционери за да се избегне погрешниот впечаток кој што се појави на пример, при објавувањето на дневникот на Крсте Петков Мисирков. Не може да има дилеми за македонството на Мисирков, кога се знае дека тој се борел за независна македонска држава со јасни територии и граници различни од бугарските. Никола Жежов „Ако се направи еден научен пристап, еден издржан методолошки научен пристап на овој проблем, особено во периодот меѓу двете светски војни, може да се најде едно адекватно решение коешто ќе биде прифатливо и за нас како Република Македонија и за нашиот сосед“, рече Никола Жежов, универзитетски професор. „Тука веднаш би сакал да истакнам дека сепак ние како македонски историчари, македонската историја треба да ја интерпретираме со фактите коишто ќе одат во правец на одбрана на нашата македонска национална и државна кауза. За тоа не смее да постои никаква двосмисленост“, вели Жежов. За разлика од Жежов, кој повикува на научна дебата, дел од гостите на бугарскиот Центар во Скопје со порадикални идеи. „Би било нешто слично кога нашиот Културен центар во Софија би почнал да раздава книги во кои се негира дека постојат Бугарите или дека Бигарите се татари“, вели посетител на Центарот. Дел од историчарите повикуваат на научната дебата која би била корисна и поради големиот број на историски документи кои говорат за националната и државната посебност на македонскиот народ, кои се дел од архивите на Бугарија, Србија и други земји на Балканот. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99903 |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ВО КОНТРАОФАНЗИВА
Бугарската пропаганда ќе се замолчува со факти Преку дистрибуција на книги во речиси сите меѓународни организации, во кои ќе биде презентирана вистинската слика за односите помеѓу Бугарија и Македонија, историчарите од Македонија ќе се бранат од налетот на бугарскиот национализам. Неколкумина македонски историчари своите најнови изданија ќе ги испратат до Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ, како и до амбасадите на сите земји од ЕУ за да се укаже дека земја-членка на Унијата се служи со невистини кои имаат цел негирање на македонската нација, различна од бугарската. Тоа претставува своевидна контраофанзива на неодамнешната провокација на бугарскиот Културен центар во земјава, кој на посетителите им делеше книги во кои Македонците се претставени како неизоставен дел од бугарската историја. Едно од изданијата, кое полемизира со овие бугарски тези, е делото „Историски соочувања“ на д-р Михајло Миновски, во кое се презентирани факти за односите меѓу Македонија и Бугарија од античкиот период до денес. Во него јасно е истакната посебноста и потеклото на македонскиот и на бугарскиот народ, како и документи од кои се гледа зошто Бугарија константно ги негира македонска нација и јазик. - Потребно е што повеќе наслови од македонски автори да бидат преведени на неколку јазици и дистрибуирани насекаде низ светот како што тоа константно го прави Бугарија и на тој начин ја шири својата верзија за историјата на односите со Македонија - вели Миновски. „Бугарскиот карактер на Македонија“, „Десетте лаги на македонизмот“ и многу други наслови се дела кои директно навлегуваат во нашиот идентитет и токму затоа историчарите повикуваат на научна дебата меѓу историчарите и академиците од регионов и отворање на архивите и на историските документи кои точно говорат за националната и за државната посебност на македонскиот народ. При објавувањето на историските документи мора да биде истакнат периодот во кој живееле македонските револуционери за да се избегне впечатокот кој го имаат многумина, дека се работи за Македонци кои имале нагласен бугарски идентитет. Книги во кои се презентира македонската историја во поголемите светски библиотеки веќе подолго време испраќа и Институтот за национална историја. Директорот на Институтот, Тодор Чепреганов, вели дека делото „Историја на македонскиот народ“, дело на повеќемина автори, е испратено до неколку светски универзитети, но смета дека тоа не е доволно. Тоа се само инцидентни случаи поради недоволната поддршка што ја имаат од државните институции, пред се од Министерството за култура. - Бугарија, за разлика од нас, вложува многу пари за што повеќе книги, во кои се негира македонскиот народ, да бидат преведени на англиски и достапни на што повеќе луѓе. На тој начин тие ја шират својата пропаганда на која ние не сме подготвени да одговориме соодветно - вели Чепреганов. Историчарот Александар Литовски вели дека бугарската држава на овој начин функционира со децении и тоа е смислена стратегија за негирање на македонската нација. Затоа Македонија мора да одговори со постојана презентација на дела од македонски автори за да се подигне свеста за презентирање на вистината во односите меѓу Македонија и Бугарија. - Во изминатиот период премногу се фокусиравме на античкото минато и подзаборавивме на периодот на 19 и 20 век, кој е најзначаен за нас. Потребни се многу повеќе дела во кои ќе се претстави вистината за македонската историја - вели Литовски. ------------------------------------------------------------------------------------------
Убаво им текнало на историчарите да се разбудат од летаргијата и зимскиот сон, ама тешко дека можат многу да постигнат без конкретна поддршка од политичарите. Кога и самите политичари се неусогласени и имаат различни ставови и гледања на македонската историја, од неукост или идеолошки причини, поарно да си ќутат и да не одмагаат.
|
|||
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе ајде смеење е ова што го кажале, ќе ги видите утре, како ќе седат со тој директорот на Татарски КИЦ во Балканика, ќе се мезат, и ќе се утепуваат од смеење, врска нема ништо нема да направат како и обично ќе си преќутат....пред се зошто повеќе од 50% од професорите во МАНУ се корумпирани........еден куп бугаромани и србомани има таму. Да се разбереме сите не се исти, има и луѓе кои си ја сакаат и почитуваат својата историја и идентитет, но повеќето се изроди. Изменето од moira - 15.Ноември.2008 во 03:00 |
|||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ништо ново
|
|||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |