|
Синаксис |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зора на Слободата, јас успеав да го прочитам твојот пост и сочуствувам со твојата болка. |
||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Донски не сум го читал .Пред некој ден купив книга од него, ама не сум ја читал уште. Инаку историјата на Црквата не можеш да не ја поврзеш ( барем во некои моменти ) со историјата на нациите и државите.
Точно е тоа дека не е национална, меѓутоа тоа треба да им го објасни некој на нашите соседи и на вашата група, која веќе не можејќи како да им се додвори на соседите почна да говори дека ние сме Бугари, Грци и Срби. А најлошо е што некој кој и денес боледува од етнофилетизам нам ни кажува дека боледуваме. Па Цариградската Патријаршија,Бугарската Егазрхија и Српската Патријаршија до вчера што правеа на просторите на Македонија. Спроведуваа национални политики диктирани од нивните матични земји. Треба ли да објаснувам за Кравангелис? Треба ли да објаснувам за тоа што му се случи на Теодосиј Гологанов? Значи тие што денес не обвинуваат не се подобни тоа да го прават, туку треба да се извинат за се што му направиле на овој народ.
Јас немам проблем, сега за сега. Не барам јас да се жртвува Црквата за националните интереси, ама не сум слеп и многу убаво гледам што се прави. Како некои во името на Црквата бараат да се откажеме од се што е македонско, па дури и на телевизија кажуваат дека сме нација создадена од комунистите, дека пред тоа сме биле Грци, Срби и Бугари. И ти мислиш дека тоа е соодветно знаење по историја? Јас мислам дека тоа е индоктринација и тоа толку евидентна што дури и децата ја забележуваат. Добро е што ти рече Македонци, добро е што не рече Бугари, Срби или ПЈРМ или нешто слично.Бидејќи тоа сум го слушнал и видел.
Не со историјата на Црквата толку многу, меѓутоа сигурно си слушнала за свештениците кои оделе по селата и ги заколнувале Македонците дека нема да зборуваат повеќе македонски, туку само грчки. Тоа зар не е етнофилетизам на грчката Црква?Зар не е етнофилетизам тоа што Црквите и гробовите во Грција беа одново испишувани со грчки букви само за да се задоволи нечија политика? И сега таа да доаѓа да кажува дека ние боледуваме од етнофилетизам? Зар човек со здрав разум и мало познавање на работите ќе го прифати тоа? |
||||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |