IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Тајната на убавата кожа..
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тајната на убавата кожа..

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 00:15
Автентичен и сепак професионален, Благородна е професионален козметичар.големо%20гушкање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Месечина Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Месечина Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 12:18
Е си најдов нов козметичар!
For me,the summer will be pure gray-mother-of-pearl gray, very pale gray. To me, this is the big statement for summer. Then we have light blue,light turquoise, lots of pink..by Mesecina-"Miss mistery"
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 23:08
Ednas mesecno na kozmeticar,ednas nedelno piling i maska .Sekojdnevno stavanje soodveten krem za tipot na kozata.Zdrava ishrana,mnogu ovosje, zelencuk, voda i osum casa spienje...
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 09:46
Son , sex , ponekoj orgazam , antioxidanti , krem hidranten i kolekcija za cistenje lice Clinique ili slicno...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 11:37
Pravilna ishrana,dobar son,sekojdnevna nega,soodveten krem sporet tipot na kozhata...
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:53

Домашни третмани за нега на мрсна кожа

Постојано се обидувате да го отстраните сјајот на вашата кожа? Ви се чини дека вашето чело, носот и образите секогаш имаат непосакуван отсјај и за вас одржувањето на мат изглед на кожата е огромен предизвик? Ако одговоривте потврдно, најверојатно се соочувате со проблемот наречен мрсна кожа на лицето.

Мрсната кожа се карактеризира со видливи проширени пори и мрсен блесок, а на неа често се образуваат акни и митесери. Овој тип на кожа бара специјална нега. Во спротивно, изгледа неуредно и нечисто. За утеха, мрсната кожа има и позитивна страна – подолго време го задржува младешкиот изглед, затоа што ја зачувува својата еластичност и е помалку склона кон појава на брчки.

Жена%20со%20мрсна%20кожаМрсната кожа бара интензивна, но нежна нега

Дерматолозите советуваат дека најдобриот начин да ја негувате мрсната кожа е да ја третирате како чувствителна. Тоа значи: без употреба на алкохол, без миење со жешка вода и без агресивни пилинзи.

Следниве домашни третмани ќе ви помогнат да одржите привлечен изглед на мрсната кожа, со тоа што ќе ѝ пружите интензивна, но нежна нега:

Нежна ексфолијација

  • Бадеми и мед. Измешајте две лажици мелени бадеми со две лажици мед. Со помош на кружни движења нежно нанесете ја смесата на лицето. Не тријте силно! Оставете ја смесата да делува како маска 5-10 минути, а потоа измијте со млака вода.
  • Гел од алое вера и овесни снегулки. Направете смеса од 3-4 лажици овесни снегулки и малку гел од алое вера. Добро измешајте, а потоа нанесете ја смесата на лицето со нежни движења. Ако имате акни, не ја тријте кожата, туку само нанесете врз неа од смесата. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со млака вода.

Хранливи маски

  • Зелена глина. Измешајте неколку лажици зелена глина со мало количество вода за да добиете густа паста. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја додека не се исуши, односно 20 минути. Потоа, додека го миете лицето со млака вода, нежно правете кружни движења. Малите зрнца на глината ќе дејствуваат како пилинг.
  • Краставица и лимон. Изрендајте половина краставица и со помош на газа исцедете една кафена лажичка сок. Додајте еднакво количество сок од лимон. Со помош на памук премачкајте го лицето со течноста 10 минути пред туширање. Мешавината од соковите од краставица и лимон не само што ќе ја освежи вашата кожа, туку и ќе ѝ помогне да се ослободи од непотребните маснотии.
  • Пивски квасец и јогурт. Измешајте една лажица пивски квасец во прав со малку јогурт за да добиете паста. Нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува 20 минути. Пивскиот квасец го намалува лачењето на маснотии и помага во борбата со акните.
  • Лимон. Измешајте еднакви количества сок од лимон и вода и ставете ја течноста во распрскувач. Затворете ги очите и напрскајте го лицето. Релаксирајте се со замижани очи додека не почувствувате дека кожата ви се исушила. Потоа, измијте го лицето со вода.
  • Солен спреј. Наполнете шише со распрскувач со вода и во него додајте една лажичка сол. Протресете го за да се раствори солта. Затворете ги очите и испрскајте го лицето со мало количество солен раствор, а потоа избришете го со суво марамче. Правете го ова неколку пати дневно и набрзо ќе забележите дека мрсниот сјај на лицето ќе се намали.
  • Домати. Изгмечете еден домат за да извадите од него што повеќе пулпа. Натопете памук и премачкајте го лицето. Оставете кожата да се исуши пред да се измиете со вода. Сокот од домат ќе го намали масниот блесок и ќе ги направи порите на лицето помалку видливи.

Дополнителни совети

Значително ќе ги намалите проблемите со мрсната кожа ако се придржувате кон следниве совети:

  • Мијте го лицето со ладна вода. Најмалку двапати дневно освежувајте ја кожата со ладна вода. Ладната вода ги затвора порите и на неагресивен начин ги чисти маснотиите.
  • Чувајте ја косата подалеку од лицето. Додека сте дома, држете ја косата фатена во коњско опавче. Често луѓето кои имаат мрсна кожа имаат и мрсна коса, па лесно маснотиите и нечистотијата од косата можат да преминат врз порите на кожата на лицето.
  • Не го допирајте лицето со рацете. Ако имате навика често да си го допирате лицето во текот на денот, сега е време да ја оставите во минатото. Со секое допирање вие само ја иритирате кожата и го стимулирате создавањето на акни и митесери
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:54

Грижа за кожата според нејзиниот тип

Факт е дека секој се раѓа со различна кожа на лицето. Без разлика дали вашето лице е проблематично или не, вие постојано треба да водите грижа за него. Пред да започнете со потрагата по идеалната козметика за вашето лице, потребно е да знаете каков тип на кожа имате.

Како да го определите вашиот тип на кожа?

Типот на кожата може многу едноставно да се определи визуелно. Најпрво е потребно внимателно да го измиете вашето лице за да нема по него траги од козметика. Без да нанесувате каков и да било крем, оставете ја кожата да се релаксира 3-4 часа. Потоа со само еден поглед во огледалото лесно можете да го одредите типот на вашата кожа.

Жена%20со%20лупа%20на%20лицетоПред да започнете да ја негувате вашата кожа, потребно е да знаете каков тип е таа.
  • Нормална кожа – рамномерен тен на лицето и без непотребен блесок. Кожата изгледа мазна, еластична, свежа. По неа нема дефекти како проширени пори, комедони, кафеави флеки и т.н.
  • Сува кожа – тенка, нежна, мазна, мат. Во младите години изгледа многу убава, но таа е најсклона кон рано стареење. Може да се појави лупење, рано ја губи својата еластичност и се појавуваат брчки особено во областа околу очите.
  • Мрсна кожа – дебела и груба, со големи пори и мрсен блесок, често по неа се образуваат комедони. По надворешениот изглед оваа кожа потсетува на кора од лимон. Добрата страна на овој тип кожа е тоа што долго ја задржува својата еластичност.
  • Комбинирана кожа – истовремено покажува карактеристики и на нормална и на мрсна/сува кожа. Најчесто во Т-зоната (чело, нос и брадичка) кожата е мрсна, склона кон образување на комедони, а во другиот дел на лицето е нормална.

Само откако ќе утврдите каков тип е кожата на вашето лице, можете да започнете со правилна грижа за неа.

Специјална грижа за нормалната кожа

Нормална%20кожаНормалната кожа се карактеризира со рамномерен тен на лицето и е без непотребен блесок.
  • Користете маски за лице. Поради фактот што оваа кожа не создава непријатни проблеми, можете да употребувате маска за лице еднаш седмично и поретко.
  • Пилингот за лице нека стане ваша навика еднаш седмично, за да не го изгубите здравиот изглед на кожата.
  • Не користете сапун за миење на лицето. Има различни козметички средства направени за вашиот тип кожа. Избирајте не многу силна козметика. Таа е наменета за проблематична кожа.
  • Заштитете ја од сонцето. Со цел да ја зачувате вашата кожа квалитетна, потребно е да користите дневен крем со заштитен фактор 15.
Маски за нормална кожа
  1. Една супена лажица млеко во прав се меша со 1 ч.л. бебешки крем и неколку капки сок од лимон. Смесата нанесете ја на лицето, оставете ја да дејствува 20 минути и измиете ја со млака вода.
  2. Се мешаат 2 рендани моркови со 1 избиена белка од јајце и 1 ч.л. маслиново масло. Смесата се нанесува на лицето, каде е потребно да дејствува 20 минути.
  3. Една чајна лажица сол се меша со 1 с.л. кисело млеко, 1 с.л. брашно и 1 с.л. мед. Добиената смеса се нанесува на лицето да дејствува 10 минути. Се мие со млака вода.

Специјална грижа за сувата кожа

Сува%20кожаСувата кожа е тенка, нежна и најубаво изгледа во младите години, но најсклона е кон стареење.
  • Избегнувајте ја пудрата. Ако сепак решите да користите пудра, прво нанесете поголема количина хидратен крем. Подобрата варијанта е да употребувате крем пудра.
  • Класичните сапуни и тврдата вода се непријатели на сувата кожа. Наместо сапун, користете тоалетно млеко за чистење.
  • Хранете се здраво. Вклучете ги во вашето секојдневно мени зеленчуците и овошјето. Консумирајте храни богати со витамин А и Д. Препорачливо е да се пие рибино масло.
  • Пазете се од дехидратација. Секој ден пијте најмалку 6 чаши вода или други пијалаци кои не содржат кофеин.
  • Не користете многу силна козметика. Избегнувајте козметика која содржи алкохол, маски кои ја стегаат кожата или пилинг.
  • Не го изложувате лицето на сува топлина (сонце, оган, различни електрични уреди). Ако сте постојано изложени на клима уред, поставете во вашиот дом и работно место навлажнувач на воздухот.
Маски за сува кожа
  1. Се мешаат 100g мед, 2 жолчки, 100 маслиново масло и потоа се затоплуваат. Маската се нанесува на лицето неколку пати на интервал од 5-7 минути. Се отстранува од лицето со помош на памук, натопен во чај од липа.
  2. Се пасираат 2 варени компири, во нив се додаваат една жолчка од јајце и малку пресно млеко, за да стане смесата густа каша. Се нанесува на лицето и после 15 минути се мие со млака вода.
  3. Половина банана се пасира и се меша со 3 с.л. кисело млеко. Се нанесува на лицето каде треба да стои 15 минути. Потоа се мие лицето со чај од камилица.

Специјална грижа за мрсната кожа

Мрсна%20кожаМрсната кожа е дебела и груба, со големи пори и мрсен блесок, па често по неа се образуваат комедони.
  • Внимавајте на храната која ја внесувате. Продуктите што содржат шеќер (бонбони, чоколадо, сладолед и др.) се богати со јаглехидрати и ја активираат работата на лојните жлезди. Оттаму се појавува и досадниот мрсен сјај на лицето. Поради тоа овие храни треба да се избегнуваат.
  • Навечер чистете го лицето многу внимателно. Преку денот врз него се таложат не само продуктите од работата на лојните жлезди, но и прашина. Лицето треба да се чисти со козметичко млеко и потоа да се премачка со тоник. Полезно е преку денот лицето да се премачкува со сок од лимон.
  • Мрсната кожа не треба да се мие со жешка вода. Таа помага за активирање на лојните жлезди и со тоа лицето има повеќе сјај.
  • Два до три пати во седмицата користете пилинг за вашето лице. Така темелно се чистат силно проширените пори, кои се карактеристични за овој тип кожа.
  • Против проширените пори помагаат различните маски, кои ја регулираат работата на лојните жлезди.
  • Особено благопријатно влијаат парните бањи. За таа цел во сад со врела вода ставете кесичка со камилица, покријте ја вашата глава со крпа и останете над садот 10-тина минути. Оваа постапка помага за отворање на порите и полесно чистење на комедоните.
  • Употребувајте козметика која одговара на вашиот тип кожа. Се препорачува да се користат мат пудри.
Маски за мрсна кожа
  1. Во изматена белка од јајце додајте 1 ч.л. сок од лимон. Измешајте. Нанесете на лицето еден слој од смесата, почекајте 10 минути и нанесете уште еден слој. Откако ќе поминат уште 5 минути, измијте го лицето со млака вода. Оваа маска ги стега порите, ги измазнува брчките и ја избелува кожата.
  2. Со една чаша врела вода се преливаат 3 с.л. ситно исечкана краставица. Откако ќе поминат 2-3 часа течноста се цеди. Кон неа се додава 1 с.л. мед и се меша додека медот не се раствори. Така добиената смеса се нанесува на лицето со помош на памук и по 30 минути се отстранува со млака вода. Смесата од мед и сок од краставица е многу ефективно средство за лекување на комедони.
  3. Смешајте 1 с.л. глина во прав (се купува од аптеките) со 1 ч.л. сок од лимон и 1 ч.л. мед. Оставете ја смесата да дејствува на лицето 20 минути. Маските од глина одлично ја чистат мрсната кожа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:55

10 митови за убавината на кожата

Масажа%20на%20лице
Масажата на лицето ја подобрува циркулацијата и ја разубавува кожата.

Мит 1. Пиењето на два литра вода дневно ја прави кожата убава и здрава.
Вистината: Кинезите сметаат дека нашето тело е дизајнирано така што ни кажува кога му е потребна вода. Според нив, пиењето на големо количество вода непотребно натоварува некои органи како бубрезите. Кожата е последниот орган од телото кој што би ги почувствувал ползите од водата. Најдобро е да консумирате вода кога сте жедни. Пијте вода преку целиот ден. Внесувајте повеќе вода ако сте јаделе солена храна, пиеле алкохол или сте биле изложени на сонце.

Мит 2. Масажата на лицето ја прави кожата поубава.
Вистината:
Масажата на лицето ја зголемува циркулацијата на крв, а може и да ја намали појавата на акни.

Мит 3. Мачкањето со пиво пред сончање дава златен сјај на кожата.
Вистината: Докторите денес препорачуваат да се избегнува сончањето или користењето на солариум. Нанесувањето на пиво не влијае на никаков начин за добивањето на убав тен со златен сјај. Некои луѓе имаат предиспозиции да добијат убав тен, но повеќето само поцрвенуваат под зраците на сонцето. Сè е до гените.

Мит 4. Коректорот треба да биде посветол од вашата кожа.
Вистината: Ако употребувате коректор кој е со една или две нијанси посветол од вашата кожа, прикривањето на недостатоците на лицето ќе изгледа неприродно и вештачко. За успешно да ги прикриете темните кругови околу очите, употребувајте коректори со жолта основа. Кога купувате коректор, правете го вашиот избор во поголеми продавници за козметика, каде што ќе можете да ги искористите тестерите за проба. Не ја користете дланката на раката за тест при вашиот избор.

Мит 5. Кафето и чоколадото предизвикуваат акни.
Вистината: Насекаде околу нас можеме да сретнеме жени кои што се на строга диета и не консумираат ниту кафе, ниту чоколадо, а сепак имаат проблем со акните и црните точки. Научниците потврдуваат дека консумирањето на чоколадо не предизвикува проблеми со кожата. Најголем непријател на убавината на кожата е стресот.

Мит 6. Пастата за заби лечи акни.
Вистината: Пастите за заби содржат ментол и други активни состојки, кои што ги сушат акните и овозможуваат нивно брзо исчезнување. Но, во истото време пастите ја иритираат и непотребно ја сушат кожата. Затоа, при лекувањето на акните подобро е да користите кремови наменети за тоа.

Мит 7. Коцките мраз ги намалуваат порите.
Вистината: Големината на порите е генетски предодредена. Едноставно едни луѓе имаат помали пори, а други – поголеми. Ништо не може да ги направи порите помали.

Мит 8. Целулитот значи прекумерна телесна тежина.
Вистината: Независно од тежината, секој може да има целулит. Целулитот е проблем за 85% од жените, дури и за манекенките. Вежбањето и зголемувањето на мускулната маса може да ги намали маснотиите под кожата. Не постои лесен начин да се ослободите од целулитот. За успешно да го отстраните комбинирајте ги вежбањето, здравата храна и масажата.

Мит 9. Бричењето ги прави влакната погусти.
Вистината: Независно дали за отстранување на влакната користите брич или се депилирате, бројот на влакната останува ист. Вие ќе имате толку влакна колку што ви е генетички предодредено. Кога ги бричите влакната тие стануваат поостри и поцрни, затоа што ги пресекувате до површината на кожата. Со депилацијата влакното се извлекува од внатрешноста на кожата и затоа кога ќе порасне има помек врв.

Мит 10. Потстрижувањето на трепките на очните капаци помага тие да растат подолги.
Вистината: Потстрижувањето на трепките е погрешно и глупаво. Овој мит можеби е вистинит за 1% од жените, но не и за останатите 99%. Не правете го тоа, затоа што има голема веројатност трепките да не израснат повторно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Aureus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Статус: Офлајн
Поени: 108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aureus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 02:00
Имам нормална кон сува кожа и се шлапам со смеса од маслиново масло, малку млеко, талог од кафе и лажичка шеќер. Сон!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.