|
Меморандум на македонска бизнис заедницa |
Внеси реплика |
Автор | |
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Јуни.2008 во 22:39 |
Интензивирање на соработката меѓу Владата и Бизнис заедницата со цел подобрување на економскиот развој, поттикнување на вработувањето и привлекување странски инвестиции е целта на Меморандумот на Македонската бизнис заедница што денеска го презентира Европската бизнис асоцијација (ЕБА). Зад документот, кој е своевидна порака до идната Влада, стојат девет бизнис асоцијации, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Американската комора, Македонско-германската асоцијација, Македонско-руската стопанска комора, Словенечко-македонскиот бизнис клуб, Европската бизнис асоцијација, Асоцијацијата на странски инвеститори и Британската бизнис група. - Добрата соработка на Владата со деловната заедница е важен столб за зголемување на економскиот раст и за подобрување на животниот стандард. Се надевам дека Меморандумот ќе биде прв чекор кон постојан дијалог со политичките институции, рече Гинтер Офнер, претседател на Европската бизнис асоцијација, на прес-конференцијата пред официјалното презентирање на Меморандумот. Офнер нагласи дека сугестиите и предлозите содржани во документот се понуда до Владата да го искористи искуството на домашните и меѓународните компании. Според Николај Бејкерс од Македонско-германската бизнис асоцијација, Македонија постигна прогрес во однос на законската безбедност и стабилност, транспарентноста на јавните тендерски постапки и борбата против криминалот и корупцијата, но, како што рече, се уште има простор за натамошно подобрување во овие сфери. Околу 70 отсто од германските компании во Македонија ја оценуваат деловната клима како добра, а зголемен е и интересот за инвестирање, покажува последното истражување што го направи Македонско-германската асоцијација. Поефикасно искористување на субвенциите и програмите од Европската унија, подобрување на процедурите за тендерските постапки за поголема ефикасност и транспарентност, минимизирање на регулативите и бирократските пречки, зајакнување на финансискиот пазар, како и развивање на круцијалната економска инфраструктура се само дел од препораките од Меморандумот на Македонската бизнис заедница. |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија се најде на 50 место во создавање услови за водење на бизнис во листата на магазин „Форбс“, што претставува напредок од 32 места во споредба со лани. Во класификацијата на американскиот магазин „Форбс“, во која се опфатени 121 држава, Македонија во категоријата монетарна слобода се најде меѓу првите десет земји, заземајќи го високото осмо место. Најлоша оценка Македонија има во категоријата иновации, каде што се наоѓа на 86 место. Македонија е високо рангирана и во категоријата ефикасна администрација, каде што по воведувањето на едношалтерскиот систем, го зазема 19 место. Во категоријата трговска слобода Македонија е на 39 место, во категоријата заштита на инвеститорите е 62-ра, во категоријата лична слобода е 64-та, а во категоријата борба против корупцијата е на 67 место. Македонија е послабо рангирана во заштита на правото на имот, каде се наоѓа на 79 место и во воведување на нови технологии, каде е на 81 место. Магазинот „Форбс“ во својата сторија наведува дека Македонија има раст на БДП од 5,1 отсто, додека БДП по жител достигнал 8.100 долари. Притоа се додава дека невработеноста во Македонија изнесува 34,8 отсто, додека нема податоци за надворешно трговскиот дефицит. Македонија, благодарение на огромниот напредок од 32 места, се најде пред соседна Грција, која е рангирана на 53 место. Најдобро рангирана балканска држава е Романија на 40 место, пред Турција (41), Хрватска (42), Бугарија (44), Албанија се наоѓа на 77 место, Босна и Херцеговина на 101, додека за Црна Гора и Србија нема податоци. Според „Форбс“, најдобро рангирана држава за водење бизнис, е Данска, пред Ирска и Финска. Следат Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Шведска, Канада, Сингапур, Хонг Конг, а место меѓу првите десет избори и поранешната комунистичка држава Естонија. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претседатели на стопанските комори на 11 држави од Југоисточна Европа, владини претставници, истакнати научни работници, експерти по економја, како и претставници на бизнис-заедницата, учествуваат на Економскиот форум „Забрзано кон ЕУ“, што почна денеска во Охрид.
На собирот што го организира Стопанската комора на Македонија се разговара за искуствата на земјите-членки на ЕУ од ЈИЕ, државите-кандидати и аспиранти за членство, за нивните аспирации, подготвеноста за реформи, проблемите со кои се соочуваат во тие процеси, градењето консензус за реформите и мобилизирањето што поголем број економски субјекти што ќе ги поддржат. Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески најави дека од почетокот на идната година, со цел спречување на повторно создавање на регулаторен товар, ќе стартува системот за заштита од „бирократизација“ на новите регулативи, во европските земји попознат како „Regulatory Impact Assessment“ - РИА. - РИА има за цел постигнување поголема предвидливот на регулативата, активни консултации во сите фази на подготовка на законите и проценка на ефектите и трошоците од новата регулатива врз деловното окружување и граѓаните. Од јануари 2009 сите засегнати страни ќе можат да дадат свој придонес во креирањето на законите на транспарентен и ефикасен начин, нагласи Ставрески. Професорот Борис Цизељ, директор на словенечката Асоцијација за бизнис и истражување, која се занимава со лобирање во Брисел, во рамките на Форумот го претстави начинот на кој таа лоби-група може да им помогне на македонските стопански субјекти да дојдат до повеќе средства од ЕУ. - На овој значаен собир претставив како конкретно тоа би функционирало. Во Брисел постојат повеќе од три илјади организации што се занимаваат со лобирање, а голем број веќе постојат и за регионот на Западен Балкан. Не е дека без лобисти не може да се дојде до европските средства, но со лобирање тоа е мошне полесно. Македонија има квота од повеќе од 200 милиони евра преку ИПА-програмата, но ние можеме многу да помогнеме во делот на учеството на македонските фирми преку т.н. комунитарни програми, за кои заинтересираните компании мораат да се обраќат директно во Брисел, додека средствата од ИПА-програмата се реализираат преку владини проекти, истакна Цизељ, поранешен шеф на словенечката дипломатија и амбасадор на Словенија во Брисел. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |