|
Естетска операција на нос |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Страв ми е од такви ствари.
Цел отечен да бидеш за еден нос? Јас си го сака мојов, прчаст ми е ама убав. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
ritai
Нов член Регистриран: 10.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali se lezi vo bolnica posle operacijata na nos?
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека хоспитализацијата трае 2 дена,потоа се вадат тампоните од носот и пациентот може да си оди дома олеснет за 30.000 денари
Пост- оперативниот период трае еден месец,а потоа пациентот се враќа во нормално секојдневие без завои, а крајните резултати се добиваат после 6 месеци,а во некои случаи и до една година. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку се одлучите за ринопластија...
Ринопластија, или повторно моделирање на носот, е една од најраширените постапки за пластична операција. Ринопластијата може да ви го намали или зголеми носот, може да ја смени формата на работ и сводот од носот, може да ги намали ноздрвите или да го смени аголот на носот во однос на горната усна. Истотака, таа може да поправи и некои вродени аномалии и може да помогне во решавањето на проблемите со дишењето. Најпогодни кандидати за ринопластија Ринопластијата за зголемување, го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатите може и да не одговараат на вашите идеали. Размислете внимателно за вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата и дискутирајте за тоа со вашиот хирург. Најпогодните кандидати за ринопластија се оние кои се со очигледна деформација на носот и кои сакаат тоа да им биде поправен. Доколку физички сте здрави и реални сте во очекувањата, можете да бидете добар кандидат. Ринопластијата може да се изведе со цел да се постигне естетскиот идеал или за реконструктивни цели, а и како што се вродените аномалии или корекциите на проблемите за дишење. Возраста е значаен фактор.
Голем број на хирурзи не сакаат да вршат операции на млади луѓе кај кои
сеуште не е целосно завршен процесот на растење – тоа е возраста околу
15-17 години кај девојките а кај момчињата малку подоцна, некаде на
возраст од околу 17-19 години. Важно е да се земе во обѕир социјалниот
и емоционалниот план на младиот човек и да се биде сигурен дека тоа е
негова сопствена воља а не воља на неговите/нејзините родители. Кога ринопластијата се изведува во внатрешноста на носот, после операцијата не се видливи лузните; кога се користи “отворената“ техника, или кога широките ноздрви се стеснуваат, на основата од носот се јавуваат мали, неприметливи лузни кои, обично се невидливи. Приближно еден од петнаесет пациенти може да побара повторна постапка – на пример; тоа може да биде корективна хирургија на мала деформација. Корективната хирургија обично е мошне мала операција. После операцијата После операцијата, особено во текот на првите 24
часа, ќе почувствувате отекување на лицето. Може да имате лесна болка
на носот и тапа главоболка. Носните завои ќе го спречат дишењето преку
нос; ве молиме да не ги чепкате носните завои. Било кои нелагодности
може да се стават под контрола со аналгетици препишани од страна на
вашиот лекар. Првиот ден од операцијата, би требало да лежите со
главата во крената позиција (со исклучок кога одите во WC). |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ti se zgadi od shto?
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..од клипот што го гледав...а и од сликите...a и текстов..не ми е..убав..кога го читам се навраќам на тоа што го гледав
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Носот не игра голема улога во животот но многумина кој сметаат дека имаат естетски проблем и здравствен, целосно ги поддржувам во нивната намера да се подложат на овој оперативен зафат, секако притоа избирајќи врвен стручњак на ова поле.
Малку различен пример ќе дадам ама многупати слушам од некои ликови кои изгледаат исклучително убаво дека-не е важна убавината, туку каков си како човек.
Ќе ги прашам истите тие луѓе како би се чувствувале да не изгледаа толку доброи да не привлекуваа толку внимание кое го добиваат секој ден.
Кога нешто ужасно не ти се допаѓа на сопственото тело и на твоето лице и многу влијае на твојата самодоверба и како те доживуваат луѓето поради тој нос, уши и сл. сметам дека личноста која секојдневно се соочува со ниски навреди од типот на големината на носот, влијае многу негативно на психата и доколку има можност тоа да го промени со пластична операција-Па зошто да не?
Секоја чест на оние кои си се сакаат онакви какви што се, но подршка и за оние кои решаваат да го изменат она што го сметаат за недостаток или што ќе направи да се чувствуваат добро во својата кожа.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |