|
Убава коса!!!! |
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исправување на косатаДали и вие сте зависни од пресата за коса? Ако одговорот е да, сега ќе ви помогнеме да дознаете дали пропуштате нешто додека ја правите вашата коса блескава и идеално права. Од друга страна, ако досега никогаш не сте си ја исправиле косата, сега ќе научите како правилно да го направите тоа и сигурно ќе посакате да пробате. Правата коса секогаш има подобар сјај, па затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Правата коса секогаш има подобар сјај и затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Но, треба да знаеме дека честата употреба на преса влијае лошо врз здравјето на косата. Денес постојат најразлични преси за коса – големи, мали, метални, керамички, со јонизатор, со инфраред технологија и сл. Некои од нив побрзо и потрајно ја исправуваат косата, а други не толку. Без разлика каква преса користите, има неколку универзални правила за да добиете убава, сјајна и идеално права коса.
Како правилно да ја исправите косата?Ако вашата коса е многу виткана, најдобро е прво да ја исфенирате со голема четка. Правете го тоа прамен по прамен. Така поголем дел од косата ќе ви биде исправена уште пред да ја допрете пресата.
Прамен по прамен ќе добиете мазна, права и сјајна коса. Радувајте се! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заблуди и вистини за косата
Во желбата косата да ни изгледа совршено убаво,здраво и негувано,честопати сме подготвени да посегнеме по различни методи и помагала за кои сме слушнале од разни страни.Светските експерти за коса откриваат кои се најчестите заблуди во врска со правилната нега на косата.. Косата расте побрзо ако почесто ја потстрижувате Вистината гласи:Косата расте од коренот,а не од врвовите.Со потстрижувањето на врвовите се отстрануваат распуканите врвови со што се спречува да се прошири и врз здравите влакна.А редовното потстрижување овозможува да не морате толку многу да ја кратите.Косата можете да ја одржувате здрава со помош на разни препарати и третмани кои ја штитат од исушување. Зачестеното четкање на косата ја прави поздрава и поцврста Вистината гласи:Упорното долготрајно четкање на косата пред спиење нема да и помогне да изгледа подобро.Всушност,четкањето може дури и да ја влоши состојбата.Четкањето може да ја оштети косата и да го уништи коранот,како и влакното и врвовите. Користењето лоши четки исто така може дополнително да ја оштети косата.Четките со пластични и метални влакна можат да го ослабат коренот на косата и да предизвикаат оштетување или да ја наполнат со електрицитет.Подобо да користите фини четки со природни животински влакна.Косата треба да се четка но само онолку колку што е доволно да се расчешла.Тоа значи само неколку потези еднаш,двапати дневно. Масирањето на темето го стимулира растот на косата Вистината гласи:Масажата ја темето ја поттикнува подобрата прокрвеност на скалпот,го ублажува стресот и помага природната маснотија подобро да се распореди по темето на косата.Сето тоа може да доведе до подобро функционирање на клеткит кои учествувале во создавањето фоликули на косата,па со тоа се овозможува оптимален раст на косата.Меѓутоа со тоа не се забрзува растот,Во просек,косата расте од еден до еден и пол сантиметар месечно. Косата може да стане имуна на шампонот Вистината гласи:Шампонот секогаш ќе ја заврши својата работа,а тоа е миење на косата.Па зошто тогаш одеднаш нашиот омилен шампон престанува да делува? Шампонот содржи состојки кои чистат и помагаат во подоброто стилизирање на фризурата,но со текот на времето може да се создаде филм околу влакното кој не дозволува во него да навлезат добрите состојки.Па ако забележите дека косата почнала лошо да реагира на шампонот и изгледа овенато,еднаш или двапати месечно употребете специјален шампон за отстранување на насобраните остатоци од производите за коса.Тоа ќе овозможи нормално да се излачуваат здравите,природни масла на косата.
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |