IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Борба против акни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Борба против акни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 18:44
Немам акни... фала мајко природа.
Само бубуљици и тоа на челото пошо иам шишки... сеа шишкиве ми се онакви разгрицкани и помалце ми се појавуваат.
Нивеа бај-бај е супер колекција.   
И таа од Еуцерин, али поприлично е соленка.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:30

Акни – како да си помогнете сами?

Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се имаат соочено со акните во одреден момент од нивниот живот. Иако многумина ја имале среќата лесно да се справат и да си ја повратат убавината на кожата, милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да се гордеат со својата кожа.

Жена%20пред%20огледалоОсвен лузни на лицето, досадните акни можат да предизвикаат и психолошки проблеми.

Најчести причинители на акни

Акните најчесто се појавуваат на лицето, деколтето и горниот дел на грбот. Освен лузни на лицето, може да предизвикаат и психички последици како губење на самодоверба, срам, па дури и социјална фобија.

Постојат многу различни причинители на акни, па поради тоа можеби најтешката фаза во борбата против нив е утврдувањето на вистинскиот виновник. Хормоните играат голема улога во создавањето на акни, па затоа тинејџерите се најзасегната група.

За жал, за многу луѓе акните не се минлив проблем кој заминува со адолесценцијата и им предизвикуваат непријатности понекогаш и до 40-годишна возраст. Хормоналните промени кои се појавуваат како резултат на бременоста, менструалниот циклус, започнувањето и прекратувањето на примањето на контрацептивни пилули кај жените ги зголемуваат шансите за појава на акни.

Освен хормоните, акните можат да бидат последица на зголеменото лачење на себум, бактериите, примањето на одредени лекови (литиум), употребата на силни козметички производи и заболувањата како синдром на полицистични јајници. Ако вашите родители страдале од акни, многу е голема веројатноста дека и вие се соочувате со овој проблем, т.е. акните се наследни.

Спротивно на распространетото мислење, научните истражувања покажале дека мрсната храна и чоколадото имаат мало влијание врз акните.

Нега на кожа склона кон акни

Целта на негата на кожа склона кон акни е да се излечат веќе постоечките акни, да се избегне создавањето на нови и да се спречи појавата на лузни и флеки. За да го постигнете тоа и да го вратите беспрекорниот изглед на кожата, потребно е секојдневно да применувате неколку основни правила:

  • Мијте ја кожата два пати дневно. Миењето ја отстранува прекумерната мрснотија од лицето и мртвите клетки на кожата. Но, ако се миете премногу често, може да предизвикате иритација и прекумерно лачење на себум, кој е главен сојузник на акните.
  • Користете соодветни козметички продукти. Проблематичната кожа бара соодветна грижа и користење на козметички продукти наменети за кожа со акни. Избирајте продукти кои содржат салицилна киселина и бензоил пероксид.
  • Не ги притискајте. Тешко кој го почитува ова правило, затоа што понекогаш е мошне непријатно да се појавите некаде со акни кои што можете да ги намалите со стискање. Но, стискањето на акните може да доведе до создавање на белези кои тешко исчезнуваат, а и до распространување на бактериите.
  • Парете го лицето. Во сад со жешка вода додајте неколку капки масло од чајно дрво, покријте ја главата со крпа и застанете со лицето над садот 5-10 минути. Можете да ставите и чај од камилица. Пареата ќе ви ги отвори порите. Потоа врз акните ставете мало количество масло од чајно дрво. Парете го лицето еднаш неделно.
  • Никогаш не си легнувајте со шминка. Спиењето со шминка на лицето може да предизвика затнување на порите. Секоја вечер пред легнување отстранувајте ја правилно и темелно шминката. Најдобро е да користите шминка само кога навистина имате потреба од тоа.
  • Пијте доволно вода. Водата ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од телото и да го олесните проблемот со акните. Осум чаши вода дневно се сосема доволно.
  • Јадете храна богата со витамини А, Ц и Е и цинк. Сите тие помагаат за одржувањето на добар изглед на кожата.
  • Туширајте се веднаш после вежбање. Потта може да ја зароби нечистотијата и бактериите во порите на кожата и со тоа да предизвика појава на акни.
  • Перете ги често крпите и навлаките за перница. Бактериите врз крпите и навлаките можат да ја влошат состојбата со акните. Менувајте ја навлаката за перница секој втор ден.
  • Чувајте ја косата понастрана од лицето. Ако имате мрсна коса, мијте ја секој ден и не дозволувајте да го допира вашето лице. Кога и да имате можност, фаќајте ја косата со ластик.
  • Носете широка памучна облека. Акните на грбот и деколтето се појавуваат поради носењето на тесна облека. Избирајте поширока облека изработена од памук, за да ѝ дозволите на кожата слободно да дише.
  • Заштитете ја кожата од сонцето. Иако сончевите зраци може моментално да ја подобрат состојбата на кожата, тие носат само краткотрајни резултати. Извесно време по изложувањето на сонце акните стануваат поголем проблем отколку што биле претходно. Некои луѓе избегнуваат кремови за сонце, токму поради тоа што тие им предизвикуваат акни. Вистината е дека некои кремови навистина ги влошуваат акните, па потребно е да си најдете соодветен продукт со кој ќе го избегнете тоа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:31

Жешките облоги на лицето – идеални против акни

Сигурно до сега сте пробале различни методи и продукти со надеж дека ќе се ослободите од досадните акни. Некои од нив ви помогнале повеќе, а други помалку. Акните се голем проблем, кој не се отстранува така лесно.

Сојузник во борбата против акните се жешките облоги на лицето. Тие помагаат порите на лицето да се отворат. На тој начин полесно можете да ги отстраните нечистотиите кои се насобрале во нив. Сето тоа ќе ве донесе еден чекор поблиску до победата над акните.

Како да направите жешки облоги на лицето?

  1. Земете една крпа и натопете ја со вода.
  2. Можете врз неа да ставите чај од камилица или некоја друга состојка која ќе влијае успокојувачки на лицето. Завиткајте го чајот во крпата.
  3. Ставете ја крпата во микробранова печка за околу 30 секунди.
  4. Извадете ја внимателно. Ако крпата не е топла, вратете ја да се затопли дополнително. Но, внимавајте не треба да биде прежешка.
  5. Притиснете ја крпата кон лицето со двете раце, додека сте наведнати надолу. Чувајте ја врз лицето додека не се олади.
  6. Порите на лицето веќе треба да се отворени. Тоа можете да го забележите со еден поглед во огледало. Ако сметате дека не се доволно отворени, повторете ја постапката.
  7. Измијте го лицето со пилинг или гел и топла вода. Сега кога порите се отворени, полесно ќе се ослободите од нечистотиите.
  8. Повторете ја постапката со облогите уште еднаш.
  9. Премачкајте го лицето со масло со витамин Е или крем.
  10. Употребете крпа потопена во ладна вода за да им помогнете на порите да се затворат. Избегнувајте да го допирате лицето во следните 10 минути.

Облогите на кожата на лицето можете да ги правите 2-3 пати неделно. Тие се безбедни за секој тип на кожа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:34

5 природни маски за лице против акни

Акните се проблем кој им создава непријатности не само на тинејџерите, туку често и на возрасните. Секој што се соочил со овој проблем знае дека не постои еден „лек“ кој магично ќе ја исчисти кожата еднаш засекогаш. За да се добие максимален ефект, потребно е да се комбинираат различни третмани.

Маските за лице треба да бидат дел од негата на кожата склона кон акни. Единствениот проблем кај нив е што не делуваат на еднаков начин кај сите луѓе, па потребно е малку да експериментирате. Токму за тие што имаат желба да го сторат тоа, подолу се дадени некои од најпопуларните домашни маски за лице за кожа склона кон појава на акни.

Жена%20со%20маска%20на%20лицетоМаските за лице се незаменлив дел од негата на кожа склона кон акни

Понудените маски против акни се целосно природни, ги чистат порите, ја одржуваат цврстината на кожата и го успокојуваат црвенилото. Ако имате проблем со акните, вреди да ги пробате. Кога ќе ја пронајдете маската што има најдобар ефект на вашето лице, користете ја двапати неделно.

Јаболко и мед

Можеби ќе ви биде послатко да го исечете јаболкото, да го премачкате со мед и да го изедете како десерт, но одолејте му на тоа искушение и направете си маска за бенефициите од јаболкото и медот да ги почувствува вашето лице.

  • 1 изрендано јаболко
  • 2 супени лажици мед

Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не чекајте да се случи тоа за да ја измиете.

Овесна каша со мирис на босилек

Овесот и босилекот се добро познати сојузници во борбата со акните и помагаат за темелно чистење и успокојување на кожата. Може да се користат и одделно (овесните снегулки помешани со вода како маска, а босилекот како лосион), но заедно се моќна комбинација која делува благопријатно на кожата склона кон акни.

  • 2-3 мали лажички босилек
  • овесни снегулки
  • вода

Во чаша со жешка вода ставете 2-3 мали лажички сув босилек и оставете ја додека не постигне собна температура. Во меѓувреме, земете неколку лажици овесни снегулки и ставете ги во блендер за да се иситнат. Кога растворот од босилек ќе се олади, започнете да ставате мало количество од него во иситнетите овесни снегулки. Додавајте малку по малку од растворот за да можете да ја контролирате густината на смесата. Смесата треба да биде доволно густа за да се нанесува на лицето без да тече.

Нежно нанесете ја маската на лицето и оставете ја делува 20 минути. Додека го миете лицето, можете да правите кружни движења за да ја ексфолирате кожата.

Белка од јајце со лимон

Белката од јајце ќе ви помогне да го намалите црвенилото на лицето и да ја ублажите иритацијата, а како краен резултат ќе добиете помазна и позатегната кожа.

  • 1 јајце
  • неколку капки лимон

Разделете ги жолчката и белката. Матете ја белката додека не се направи слој од пена. Ако имате мрсна кожа, додајте неколку капки лимон (можете и да го прескокнете лимонот). Премачкајте го чистото лице со белката и оставете ја да делува 15 минути. Измијте го лицето со топла вода.

Мед и јогурт

Комбинирајќи ги медот и јогуртот ќе добиете смеса која ја навлажнува кожата, ги чисти маснотиите и го намалува црвенилото предизвикано од акните. Уште една позитивна страна на оваа маска е што не ја суши кожата и може да се употребува за сите типови на кожа.

  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка јогурт

Ставете го медот во чист сад и затоплете го малку во микробранова печка за да стане течен. Доколку немате микробранова, едноставно потопете го дното на садот во жешка вода. Потоа додајте го јогуртот и добро промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, ставајќи повеќе на местата засегнати од акни. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте со топла вода.

Солена вода

Солта на природен начин ја чисти кожата. Таа не само што ги прочистува порите, туку и ги суши веќе појавените акни. Пливањето во солена морска вода е одличен третман за акните, но бидејќи не можеме да си дозволиме во текот на целата година да сме на море, добро е да ја користиме моќта на солта во домашни услови.

  • 5 мали лажички сол (морска или за готвење)
  • вода

Во солта додајте една по една неколку мали лажички вода. Постојано мешајте и постепено додавајте вода додека не добиете густа смеса (паста). Оставете ја смесата да стои 10 минути, а потоа нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Измијте го лицето со топла вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
selektordooel Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Септември.2017
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај selektordooel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2017 во 17:19
Здраво

и јас имам ист проблем како тебе и каде се немав отидено на лекар козметичар и сл. но пред некаде еден месец кога купувава нешто од Еурофарм ми предложија некави таблети Se*acTASE кој биле единствена природна терапија за кожни проблими и дека била нова кај нас на пазарот и дека се француски производ, јас се согласив ги купив неакте олоку 900ден ме чинеа едно паковање за месец дена и еве сега веќе 80-90% бубулјиците ги нема, сега ми се прикрај и мислам дека со уште едно паковање ке имам чисто лице.
Се надевам дека и кај вас ќе успеете како мене да го исчистите лицето од бубуљици

поздрав
Елена
Кон врв
selektordooel Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Септември.2017
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај selektordooel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2017 во 17:20
Здраво

и јас имам ист проблем како тебе и каде се немав отидено на лекар козметичар и сл. но пред некаде еден месец кога купувава нешто од Еурофарм ми предложија некави таблети Себактазе кој биле единствена природна терапија за кожни проблими и дека била нова кај нас на пазарот и дека се француски производ, јас се согласив ги купив неакте олоку 900ден ме чинеа едно паковање за месец дена и еве сега веќе 80-90% бубулјиците ги нема, сега ми се прикрај и мислам дека со уште едно паковање ке имам чисто лице.
Се надевам дека и кај вас ќе успеете како мене да го исчистите лицето од бубуљици

поздрав
Елена
Кон врв
selektordooel Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Септември.2017
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај selektordooel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2017 во 17:20
Здраво

и јас имам ист проблем како тебе и каде се немав отидено на лекар козметичар и сл. но пред некаде еден месец кога купувава нешто од Еурофарм ми предложија некави таблети Себактазе (se*actase) кој биле единствена природна терапија за кожни проблими и дека била нова кај нас на пазарот и дека се француски производ, јас се согласив ги купив неакте олоку 900ден ме чинеа едно паковање за месец дена и еве сега веќе 80-90% бубулјиците ги нема, сега ми се прикрај и мислам дека со уште едно паковање ке имам чисто лице.
Се надевам дека и кај вас ќе успеете како мене да го исчистите лицето од бубуљици

поздрав
Елена
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2019 во 11:19

Аспиринот дејствува уште помоќно кога е измешан со овие состојки- Го ослободува лицето од акни и белези

Многу луѓе страдаат од акни и белези, а со помош на оваа чудесна домашна комбинација конечно ќе можете да му кажете збогум на овој проблем.

Сè што ќе ви биде потребно да ја подготвите моќната домашна маска е се следните состојки.

Домашна маска од аспирин

Потребни состојки

  • 2 кафени лажици мед
  • 5 таблети аспирин
  • 1 кафена лажица кисело млеко

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно до добивање една соединета смеса, а потоа добиената маска нанесете на врз чисто лице. Оставете ја маската да отстои 10 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Практикувајте го третманот 2 пати неделно, додека да го добиете посакуваниот резултат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2019 во 11:23

Еве кои се причините за лузните од акни, како да ги спречите, но и соодветно да ги лекувате истите

Акните се најчесто привремен проблем, но лузните од акни може да бидат трајни. Како и да е, несаканите лузни се дел од нормалниот процес на заздравување на кожата откако тој е оштетен од рана или повреда. Повеќето површни рани завршуваат без лузни. Кога се оштетува дермисот тогаш се создаваат лузни на кожата. Дознајте што ги предизвикува лузните од акни и како можете да ги спречите и лекувате.

Причини

Лузните од акните најчесто се производ на воспалена лезија, како што се акните, брадавиците или цистата. Воспалено црвенило се случуваат кога фоликулите, или порите, се претопуваат со вишокмаснотии, мртви клетки на кожата и бактерии. Пората отекува, предизвикувајќи пукнатина во ѕидот на фоликулите. Ако пукнатината се јави во близина на површината на кожата, лезијата обично е мала и брзо се лекува. Повеќе сериозни лезии се јавуваат кога има длабока пукнатина во ѕидот на фоликулите. Инфицираниот материјал се излева во дермисот и го уништува здравото ткиво на кожата.

Колку е поголемо воспалението на кожата, толку е поверојатно да се појават лузни. Колку е посериозна ситуацијата со акните толку е поголема можноста за појава на лузни.

Видови на лузни од акни

Како што раната заздравува, телото понекогаш произведува премногу колаген, што создава маса на покачено ткиво на површината на кожата. Овој тип на лузни се нарекува хипертрофичен, или келоидни, лузни.

Почесто, акните предизвикуваат атрофични или депресивни лузни. Атрофичните лузни се развиваат кога има губење на ткивото.

Превенција на лузни од акни

Не можете целосно да ги спречите лузните, но овие чекори можат да ги минимизираат шансите за развој на лузни од акни:

Третирајте ги акните веднаш штом ќе се појават: Најдоброто нешто што можете да го направите е да ги ставите акните под контрола што е можно побрзо. Започнете да ги лекувате веднаш така што ќе побарате помош од дерматолог. Брзиот третман помага да се задржи пробивот на минимум и ги спречува акните да се развијат во потешка форма. Ако ги спречите акните ќе ги спречите и лузните.

Намалување на воспалението: Големо, воспалено црвенило од акни има многу поголеми шанси да остави лузни од не-воспалени пробивања и црнки. Вашата цел секогаш треба да биде да се смири воспалението и да се избегне да направите нешто што дополнително ќе ја иритира кожата. Треба да се избегнуваат агресивни пилинзи и силни производи за нега на кожата.

Не ги стискајте, пукајте или корнете мозолчињата: Воздржете се од ова искушение. Наместо да се ослободите од акните ќе предизвикате инфекција во ткивото и само ќе го влошите воспалението.

Не ги лупете крастите: Крастата е природен „завој“ за кожата кој ја заштитува раната додека зараснува. Лупењето на крастата од раната пред да биде подготвена го продолжува процесот на лекување и ги зголемува шансите за лузни.

Знајте дали сте подлежни на лузни: Реалноста е дека некои луѓе се повеќе склони кон лузни, додека други поминуваат низ тежок случај на акни без ниту една лузна на повидок. Ако сте многу склони кон лузни, веднаш посетете дерматолог за да разговарате за опции за третман на акни.

Посетете дерматолог доколку добиете сериозни осипи со акни или цисти: Иако дури и малото црвенило може да ја оштети кожата големите ја прават вистинската штета. За вакви акни нема да ви помогнат стандардните производи против акни ниту пак традиционалните лекови. Затоа веднаш закажете си состанок кај дерматолог. Брзиот, ефективен третман може да помогне да се намалат шансите за развој на длабоки лузни.

Лекување и третман

Сепак колку и да се трудите постои можност да ви останат лузни од акни. За среќа постојат третмани за лузни од акни кои можат да му помогнат на секој пациент индивидуално, бидејќи постојат различни видови на лузни од акни, со различна големина и длабочина.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2020 во 19:55

Домашен билен спреј против акни, кој лесно и ефикасно го решава вечниот проблем на дамите

Речиси секој во животот се соочил со несаканата појава на акни, кои лесно може да го нарушат надворешниот изглед, како и самата самодоверба на личноста, а кои лесно може да настанат како резултат на хормонски промени.

Со цел брзо и ефикасно да се ослободите од овој вечен проблем, кој ги мачи речиси сите девојки и жени, денес ви го претставуваме најлесното домашно решение. Прочитајте во продолжение за што станува збор.

Домашен билен спреј против акни

Потребни состојки

  • 1 ќесичка зелен чај
  • 1 ќесичка чај од нане
  • 3 капки масло од чајно дрво
  • 1 кафена шолја врела вода
  • Дополнително ќе ви бидат потребни чајник, керамичка шолја и шише – спреј

Начин на подготовка и употреба

Поставете ги ќесичките со чај во чајникот, полејте со врелата вода и оставете ги да се варат околу 5 минути. Откако истиот ќе се свари, прецедете го и оставете го да се излади целосно. Потоа додадете 3 капки масло од чајно дрво и исипете ја добиената смеса во шишето.

Спрејот секогаш нанесувајте го на претходно исчистена кожа. Откако ќе го нанесете, оставете го да се исуши, а потоа нанесете соодветна лесна навлажнувачка крема.

Зошто овој спреј е ефикасен?

Зелениот чај и чајот од нане со векови се познати и многу користени поради нивните моќни лековити својства. Тие се богати со антиоксиданти, ензими, аминокиселини, фитохемикалии, витамини од групата Б, фолна киселина, магнан, калиум, магнезиум и кофеин. Благодарение на овие елементи, чаевите ефикасно ги отстрануваат токсините од кожата, ги лекуваат дамките и белезите и ја подобруваат еластичноста.

Маслото од чајно дрво ја освежува кожата и го спречува затнувањето на порите, воедно благодарение на моќните антивоспалителни и антигабични својства, истото е одлично средство протв акните.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2020 во 22:53

3-те најчести митови за акните, во кои дамите треба да престанат да веруваат

Акните се можеби еден од најголемите и најчестите проблеми на дамите и затоа е потребно да ги знаат следните факти при нивното третирање. На големо изненадување и спротивно на честите верувања на дамите, всушност следните 3 фактори имаат мал до никаков ефект врз акните:

1. Чоколадо и мрсна храна

Консумирањето на чоколадо или мрсна храна нема многу никакво влијание врз акните.

2. Хигиена

Акните не се предизвикани од нечиста кожа. Всушност, премногу грубото чистење на кожата или чистење со груби сапуни или хемикалии ја иритираат кожата, што дополнително може да ги влоши акните.

3. Козметика




Изменето од Valerija - 02.Декември.2020 во 22:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2020 во 22:55

Најефикасниот домашен лосион од магдонос кој брзо и долготрајно ги елиминира акните

Чудесен домашен лосион од магданос ефикасно ја елиминира вцрвенетата кожа, дразнењето и подуеноста, притоа ја избелува и освежува и сето тоа благодарение на моќните својства на магдоносот. Лосионот се подготвува супер лесно и нема да ве чини богатство.

Домашен лосион за долготрајно елиминирање на акни

Потребни состојки

  • 2 супени лажици исечени листови од магдонос
  • 1 кафена лажица сок од лимон или јаболков оцет
  • 200 мл вода

Начин на подготовка и употреба

Полејте го магдоносот со врела вода и поставете го да се вари 15 минути на слаб оган. Отстранете од оганот и оставете ја смесата да се излади. Следно, додадете 1 кафена лажица сок од лимон или јаболков оцет и добро измешајте ги состојките заедно. Добиената смеса исипете ја во стаклен сад и складирајте ја течноста во ладилникот.

Користете го домашниот лосион наутро и навечер, секој ден. Покрај тоа што ќе ги елиминира акните, исто така ќе ги затегне порите, ќе ја избели кожата и значително ќе ја намали видливоста на лузните и темните дамки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.