IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Божидар Димитров - новиот посланик на Бугариjа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Божидар Димитров - новиот посланик на Бугариjа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
luke Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 30.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај luke Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2008 во 21:23
Наближувајќи се до своето полнолетство како независна и демократска држава, на Македонија и; претстои еден чекор на преиспитување, кој со самото тоа што ќе биде сериозен и парадигматичен тест за нашата свест, во голема мера ќе го решава и опстанокот на државата. Прашањето на етногенезата и самобитноста на македонската нација е точката која ќе го определува нашето колективно ниво на вистинољубивост, а вистинољубивоста, пак, како особина што ја дава основната сила на секој човечки, институционален и каков било ентитет, ќе ја определува и внатрешната сила на ентитетот што се вика Република Македонија

По козметичките и принудни демократски промени во Македонија, навистина селективно и со секакви можни пречки, но на површина почна да излегува големиот фалсификат за наводното македонско етничко чувство на луѓето кои самата поранешна југословенска Социјалистичка Република Македонија ги прогласи за духовен темел на своето суштествување. Станува збор за нашите преродбеници и револуционери: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович, браќата Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Партениј Зографски, Марко Цепенков, Војдан Чернодрински, дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев Беровски, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Узунов, Димо Хаџи Димов и недоброј други. Сите тие, вклучувајќи го во поголемиот дел од својот живот и Крсте Петков Мисирков, недвосмислено се чувствувале како Бугари и во своето дејствување секогаш барајќи разни модели се бореле да ја заштитат бугарштината во Македонија.
Во оваа насока се движи и ставот на познатиот хрватски историчар Иво Банац, соопштен во емисијата “Во центар” на Канал 5. Тој во интервјуто кое се емитуваше на 6 декември на новинарот Васко Ефтов му рече дека за суштествување на македонска нација може да се зборува од втората половина на 20 век, а зачетоци на македонска етноидентификација се појавуваат кај одредени интелектуалци во 20-тите и 30-тите на тоа столетие. Не само тоа, туку Банац јасно кажа оти словенските Македонци имаат доживеано две национални интеграции, а за првата тој рече: “Не е тајна дека македонските револуционери себеси се чувствуваа и се декларираа како Бугари”.Со диплома и магистратура на Стенфорд универзитетот, со статус на сегашен професор на реномираниот Јел универзитет, Иво Банац и неговите ставови имаат тежина. Интересното за нас е тоа што Банац, не без причина претставен од Ефтов како “најголем познавач на балканската историја”, за етногенезата на македонската нација тврди нешто сосема спротивно од нашата официјална историографија.
Што е тука веста, шокот, темата и импулсот за новинарот? Кое е новото сознание? За делот од македонската јавност кој, барем во однос на историографските догми ја поддржува политичката, медиумската и (мултипартиски распоредената) разузнавачка власт, тоа е тврдењето на светскиот авторитет во историската наука Банац, дека оние што денес се чувствуваат како етнички Македонци имаат бугарски корени. Зошто тогаш новинарот Ефтов кој е претставител на догматската и наследена од југокомунизмот медиумска власт, јавно и машки не му се спротивстави на тврдењето на Банац, кое е спротивно на теоријата за самобитноста на македонската нација, застапувана само кај нас од 1944/1945 година досега? Знаејќи дека понатамошно задлабочување во темата за етногенезата не му одговара, Ефтов фиксирајќи се на позитивниот одговор од Банац, не; дефокусира од временски неповолното (за официјалниот југомакедонизам) ситуирање на македонската нација и од наведувањето на најзините бугарски корени. Притоа тој не го почитува основното новинарско правило, да го следи со потпрашања она што е ново и шокантно во тврдењата на соговорникот, иако претходно е неверојатно упорен во прашањата со кои бара потврден одговор од Банац за суштествување македонска нација. Во моментите на финалното прашање околу етногенезата дури му сугерира на Банац, белки тој ќе потврди дека етномакедонска свест се јавила пред 100 или 150 години. Со оваа волунтаристичка временска рамка, Ефтов не само што е на каршилак од Банац (и од светската историографија), туку е на каршилак и од дервишот на југомакедонизмот Блаже Ристовски кој во интервјуто за “Вечер” од 3 декември, зборува за “народ што со векови веќе го носи македонското име”. Зошто Ефтов или некој друг новинар, љубејќи ја вистината, не ги соочи спротивните мислења на овие два докажани авторитета, од кои едниот е докажан во светот, а другиот од Табановце до Гевгелија.
На едно ниво Ефтов го пренасочува вниманието, сакајќи да ја продолжи југомакедонистичката илузија, но на друго му центрира топка на “дервишот”, за овој да ја заврши валканата работа. Имено на почетокот на емисијата Ефтов ја пушта следната изјава на Ристовски: “Нашите револуционери водеа туѓа политика (мисли на почетокот на 20 век, з.н.), не од позиции на македонскиот национален идентитет, туку се декларираа како Бугари, Грци, Срби…”. Настрана бесрамната, психосоматска, релативизирачка еквидистанца за “Бугари, Грци, Срби” – нашите револуционери никогаш не се декларирале како Грци и Срби ами секогаш како Бугари – оваа изјава на Ристовски треба да ни импутира комплекс и чувство на вина за нешто што во светската историографија е чиста работа. Според Ристовски, Гоце Делчев, Даме Груев (иако перфидно не ги спомнува со име) и нивните соборци треба да бидат виновни што не настапувале од позиции на македонскиот национален идентитет во време кога, според Банац, таков идентитет немало.
Вакво обвинување на сметка на оние што си ги дале животите за слободата на Македонија, доаѓа од личност за која има тврдења дека во минатиот систем под шифрата “Фолклорист” доставувала информации до “поранешната” Служба за државна безбедност. Ова сведоштво пред повеќе од десетина години за списанието “Македонско Дело” го дал човек кој самиот со име и презиме тврдел дека бил пренесувач на информациите што “Фолклористот” ги доставувал до службата.
До какви подли размери достигнува манипулирањето со историските факти, сведочи и една од претходните емисии “Во центар” на новинарот и водител Васко Ефтов, емитувана на 22 ноември. Тогаш во интервјуто со Амфилохие Радовиќ, митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква, Ефтов во еден момент со обвинувачки тон квалификува одредени тврдења дека одговараат на тезите на Ванчо Михајлов за Македонија како Швајцарија на Балканот, во која нема етнички Македонци ами делови на народи од соседните држави.
Ефтов верно ја пренесува тезата на Ванчо Михајлов, но кукавички избегнува да каже оти исти сфаќања за Македонија имале Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Татарчев…, а не сме виделе сведоштва дека народот во нивно време имал проблеми со тие ставови. Некој може да претпостави оти Ефтов не знаел за идентичноста на етничкото чувство на Ванчо Михајлов и Гоце Делчев, но во емисијата со Амфилохие Радовиќ има една вметната изјава од Иво Банац, што значи дека интервјуто со хрватскиот историчар во тој момент било снимено и нашата новинарска ѕвезда веќе се соочила со непријатната вистина.
Каков новинар и каков човек е тој што свесно ја крие вистината и манипулира со неа? Каква е таа држава која силеџиски сака да им забрани на дел од своите граѓани да продолжат да се чувствуваат Бугари и како такви културно да се организираат, а притоа на својата територија има градови, населби, плоштади, улици и институции со имиња на луѓе од минатото на Македонија, кои исто се чувствувале Бугари и со своето делување ја негирале самобитноста на македонската нација. Логично е да се претпостави дека лицемерието во историографијата се пресликува и во политиката, економијата, стопанството… Може ли на сите внатрешни полиња (вклучувајќи ги и културата, естрадата, спортот, новинарството…) да се наметнува југословенска свест, а да се бара светот да не н# вика Поранешна Југословенска Република Македонија?
Не треба голем ум за да се сфати дека најголемиот дел од меѓуетничките и проблемите со соседните земји се базираат токму на фалсификатот за етногенезата на македонската нација. Дали инаетењето со вистината помага или одмага за опстанокот на македонската држава? Кога ќе одговориме чесно на ова прашање?Виктор Канзуров
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2008 во 22:06
Originally posted by luke luke напиша:

Викторче-Педерче го читаш?

Изменето од Vladimir88 - 02.Април.2008 во 22:06
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.