Некој ве брка, ви отпаѓаат забите... Со сигурност барем еднаш сте ги имале некои од овие кошмари. Дознајте што значат тие.
Различни луѓе имаат различни соништа, но сепак постојат и оние кои што за сите нас се заеднички, а овие пет соништа секој од нас барем еднаш во животот ги сонувал.
Паѓање – Најчестиот сон е токму паѓањето. Одеднаш во сонот го губите тлото под нозете и започнува слободен пад, како и чувството кое што го следи ваквиот пад. Тоа значи дека во животот имате недостаток од поддршка, како и тоа дека се чувствувате преоптеретено, па најмногу би сакале "да дигнете раце" од решавањето на проблемите.
Голи сте во јавност – Луѓето често сонуваат дека се голи во јавност, а тоа е проследено и со чувство на срам. Тоа значи дека во реалниот живот не сте подготвени да се откриете себе си пред луѓето од својата околина и токму поради тоа се чувствувате непријатно.
Отпаѓање на забите – Постојат бројни верзии поврзани со забите и соништата. Во некои забите се расипани, во други отпаѓаат, а во трети се веќе отпаднати. Тоа значи дека во реалниот живот имате страв од тоа да сте им непривлечни на другите, а на подлабоко ниво, тоа е страв од срам и губиток на моќта во животот.
Некој ве брка – Најчестиот кошмар за поголемиот дел од луѓето е тоа дека некој се обидува да ги фати, а тие бегаат. Тоа значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозено и дека имате страв од некого, или пак од нешто.
Болест или смрт – Уште еден од најчестите кошмари е токму болеста или смртта, вашата или на некоја ваша блиска личност. Тоа значи дека во реалноста сте емотивно повредени или се плашите дека ќе бидете повредени. Кога се работи за смрт на блиска личност, тоа значи дека стравувате дека ќе останете без неа или дека сакате таа да си оди од вашиот живот, а може да го означува и едното и другото.